за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти

Информација

Кратка историја на германската репресија врз активистите/ките

Здраво,
Ако ја прочиташ хронологијта подоле, ќе видиш дека на медиумите им е кажано да покриваат ништо од она што луѓето ќе прават таму во Германија. Ова е стандард, нормално и типично, и секако останува на нас да ја прошириме информацијата што е можно повеќе. хронологијата подоле ќе ни даде контекст за она што се случува и покажува со што се соочени луѓето. Највредното нешто што го имаме е контекстот, и токму тој контекст се обидуваат да ни го украдат. Без контекст, сите ние сме изолирани наслови за вести, кратки блесоци на надеж, целосно неповрзани со се она што ние или било кој/а друг/а прави. Распространетото анархистичко движење е насекаде, од Филипините до Калифорнија, од Грција до Јапонија, од Ајова до Турција. Многу од нас веќе го знаат ова, но добро е да се потсетиме колку добивме и колку имаме да се надеваме, и покрај тоа со што се се справуваме.

со љубов, Реј Кавик

ХРОНОЛОГИЈА:

(Gipfelsoli Infogruppe) правен апдејт за Хелигендам 13ти мај

17.04.2007: полициски акции против “прошетка покрај оградата” на 15ти април. Учесници/чки: барем 220 (соред медиумите 300) “Безбедносни сили”: два полициски водни бродови, еден хеликоптер, двеста рајот џандари, еден специјален сквод за апсење, и многу, многу повеќе...

18.04.2007: репресија и отпор против Г8. Напад на канцеларијата на “Хансе-Гате” во Хамбург беше поврзан со Г8 самитот во Хелигендам. Еден весник од Хамбург примил писмо од “Автономните Антикапиталистички Групи” критикувајќи ги компаниите лоцирани во зградата, и опишувајќи ја акцијата како “Загревање” за самитот. Во саботата, 14ти април, непознати лица ги скршија прозорците на зградата и фрлија боја-бомби, нанесувајќи штета од неколку десетици илјади евра.

19.04.2007: “Нула-Толеранција против хулиганите/ките од самитот”. Шефот на полицијата од Хамбург, Јанош рече дека сака да ги “улови” лидерите/ките на немирите пред да стигнат во Хелигендам. Крајот на мај ќе биде возбудлив за Хамбург: покрај протестите на самитот, ќе се случи и АСЕМ конференцијата, и отворањето на омразениот Васертурм хотел.

19.04.2007: џандарите упаѓаат во една проект куќа во Потсдам во потрага по анти Г8 банер. Околу 50 џандари ревносно упаѓаат во проект куќа во Потсдам, засновајќи ја својата акција на судскиот налог да го отстрани банерот кој висел на куќата. Банерот, тврдат, претставувало поттикнување криминална активност.

24.04.2007: невнимателните разговори можат да чинат животи! Целосно набљудување во Хамбург: од медиумите се бара да не известуваат за милитантните акции околу Г8 самитот; поставена е инфо-хотлајн за оптужби; се лоцираат мобилни телефони, се прислушкуваат телефони, се следат коли. Министерот за внатрешни Негал: наскоро ќе видиме резултати.

28.04.2007: Г8 демо во Берлин - полицијата е обвинета за насилство. Полицијата е обвинета за тепање демонстранти/ки и намерно оштетување на возилото со опремата за звук. Според полицијата, демонстрантите/ките своеволно јас промениле маршутата, па така полицијата морала да реагира.

29.04.2007: Сурово справување со милитантните Г8 критичари/ки. Регионалните полицајци/ки во Мекленбург-Ворпомерн им се закануваат на милитантните Г8 критичари/ки со брз судски процеси, доколку извршат некое кривично дело. Странските насилни протестанти/ки ќе се соочат со казни од 150 до 2000 евра, според листата на казни, донесена за светскиот фудбалски куп во 2006. во исто време, правниците/чките се подготвуваат за поддршка на Г8 критичарите/ките за бесплатни, прекршување на нивните основни права. На местото ќе се наоѓа итна правна служба.

30.04.2007: на 30 луѓе им е забрането да ја посетат оградата. Полицијата веќе им забрани на 30 луѓе да се доближат до оградата околу местото на самитот, но сега, вели Абрамовски, престанаа да бројат. Околу оградата, атмосферата е несомнено “Големиот Брат”, со видео комбиња постојано во патрола. Еден жител: бев таму кога го изградија ѕидот. Се сеќавам.

30.04.2007: пред неколку недели, внатрешната безбецност се обиде да врбува еден тинејџер во Луенеберг како тастер. Се обидоа да обијат информации за левичарската сцена и активностите во градот.

01.05.2007: андерковер џандари/ките  основаа своја специјална единица. Иако не е некоја вест дека стотици андеркавер џандари/ки ги преплавуваат улиците на Берлин за 1ви мај, сега тие конечно добија своја специјална единица: “Разузнавање + Интервенција”. Специјалната единица најверојатно ќе биде распоредена во Хелигендам, па така луѓето работат на нивно идентификување претходно.

04.05.2007: Кавала рекламирање на ТВ и радио против протестите. Поолицијата ги предупредува “бељаџиите/ките од првиот јавен настан во врска со Хелигендам. Сега тие одат на следното ниво, користење на ТВ и радио реклами. Исто тка преку турнеии: полициските “Инфомобил”

05.05.2007: Г8: дуќанџиите/ките мора да ги обезбедат своите продавници. Очекувајќи немири во текот на главната демонстрација во Росток, полицијата ги предупреди дуќанџиите/ките да се подготват за немирите, обезбедувајќи ги своите продавници.

05.05.2007: Распоредување на војска за време на Г8 самитот. Иако војниците нема да преземат офанзивни акции во текот на самитот, тие го задржуваат правото да се бранат од кривични дела против војската, како и правото на само-одбрана.

06.05.2007: Утрехт/Холандија: 4 луѓе се сеуште во затвор по задржувањето на 100 демонстратори/ки на точаци. Прес изјава од инфо-бирото на велосипедскиот караван во Росток (извадоци) Вчера, 100 учесници/чки во велосипедското демо во Утрехт беа уапсени и задржани цела ноќ во ужасни услови, затоа што не возеле на велосипедската патека. 4 од нив и денес се во затвор.

06.05.2007: Бад Доберман ќе се изолира/отсече? Се интензивираат сигналите дека градот Бад Доберман ќе доживее сериозни незгоди за време на самитот: жителите/ките ќе мора да носат лична карта со себе цело време. луѓето кои не се жители/ки на Бад Доберман ќе мора да носат писма од своите работодавци/ки кои покажуват дека мора да бидат таму. Безбедносните експерти/ки  истакнуваат дека цврст безбедносен концепт за самитот е невозможен без затворање на Бад Доберман.

07.05.2007: РАФ дебата – службата за внатрешна безбедност предупредува на новиот левичарски терор. Внатрешното обезбедување на Баден-Вуертемберг предупреди дека левичарскиот тероризам може да доживее ренесанса во Германија. Се вели дека милитантните групи се повеќе иконизираат стари членови/ки на Фракцијата на Црвената Армија, и се повеќе се обраќаат на нивните идеи како позитивни, на пример како со писмото напишано од екс-РАФ членот Кристијан Клар.

07.05.2007: Шефот на Г8 полицијата во добро расположение. Абрамовски, лидерот на специјалната полициска “Кавала” единица позитивно ги претстави пред полицијата придобивките од нивната работа на Г8 самитот 2007 во изминативе 2 години.  Во текот на самитот тој ќе има 580 полицајци/ки, кои ќе работат директно за него, а ќе командува со околу 16000 полицајци/ки, што Ќе чини 100 милиони евра. Заедно со колегите/шките од надвор тој ќе оддржува под контрола десетици илјади протестери/ки, неколку стотици кои ќе дојдат со не толку мирољубиви намери, и можни поединци/ки или мали групи кои од полицијата се третираат под името “меѓународен тероризам”.

08.05.2007: Полицијата ги сака податоците од гостите/нките во хотел. Полицијата барада и бидат однапред предадени податоците за хотелските гости/нки кои ќе престојуваат во и околу Хелигендам. Полицијата ги притиска сопствениците/чките, заканувајќи им се дека ќе бидат вознемирувани доколку не соработуваат

09.05.2007: Стегнете ги појасите! На 9ти мај, германската федерална полиција (БКА) упадна во 40 места низ земјата. 900 полицајци/ки беа распоредени да заплашуваат поединци/ки и левичарски проекти. Се водат истраг по член 129а, кој се однесува на “создавање терористичка организација која цели да го спречи Г8 самитот”. Позадината на упадите се наоѓа во акциите на милитантни групи против државата и комерцијалната сопственост. Само 2% од истрагите водени според овој анти-терор закон доведоа до обвиненија. Самото обвинителство признава деја упадите немаа намера да спречат ниту еден конкретен напад, ами едноставно да соберат информации.

10.05.2007: повторно воспоставување на гранични контроли за Г8 самитот. Геманскиот министер за внатрешни одлучи повторно да бидат поставени гранични контроли на границите на Германија со шенген земјите во текот и пред самитот, со цел да се спречат потенцијално криминалните и насилни протестери/ки да влезат во земјата.

10.05.2007: Лајпциг: полициска бруталност. Спонтаната демонстрација во Лајпциг против арбитрарните мерки против левичарските структури на 9.5.2007 беше масовно нападната од полицијата.

11.05.2007: регионалната влада поставува масовни затвори за превентивно задржување до 10 дена. Министерот за внатрешни на Макленбург-Ворпомерн истакна дека е можно во неговата држава да се задржат бељаџиите/ките до 10 дена. Подоцна портпаролката на министерот додаде дека државата сигурно ќе ја искористи целосно оваа опција за време на протестите. Како и да е, се забележува дека после секое такво апсење, судијата/ката ќе мора да го одобри задржувањето и одлучи за неговото времетраење.

11.05.2007: министерот за внатрешни се заканува со превентивно задржување. Нула толеранција против милитантните Г8-критичари/ки: германскиот министер за внатрешни Шеубл им се заканува на насилните екстремисти/ки кои планираат да го нарушат Г8 самитот во Хелигендам со превентивно задржување. Милитантите/ките можат да бидат задржани и до 14 дена со доказ за планирано злодело. Исто така збореше за зголеменото ниво на закана за време на самитот: “Треба да внимаваме: страшните напади во Лондон се случија додека траеше Г8 самитот во Глинеглс”.

12.05.2007: Хамбург: масовно задржување на демонстранти/ки?  Сенаторот за внатрешни на Хамбург Удо Нагел планира, доколку е потребно, да ги задржи насилните демонстрант/ки против Г8. тој ги повика мировните демонстранти/кид а се дистанцираат од насилните.

12.05.2007: засрамувачки препреки во истрагите против Г8 критичарите/ките. Шпигел известува дека истражителите/ките против анти-Г8 активистите/ките направија некои срамни грешки: некои одобвинетите беа предупредени за акциите преку телефонски сметки, погрешно испратени писма. Некои од обвинетите се веќе пензионери/ки, најстариот/та има 68 години. Полицијата спак претпоставува дека сами би можеле да ги изведат акциите.

13.05.2007: Хамбург: запленета кола: вчера, федерлната полиција заплени кола паркирана на јавно место, со образложение дека беа најдени анти-Г8 материјали.

13.05.2007: берлинската полиција го иследи младинскиот семинар за Г8 протестите. Во неделата, берлинската полиција ги забележа податоците за учесниците/чките на работилницата за Г8 протестите, организирана од левичарската младинска организација Солид, запленувајќи два мобилни телефони. Претставниците/чките на Левата партија беа доста критични во однос на акцијата.

13.05.2007: по упадите во Берлин: откриен апарат за следење. Кампински медиумска група, прес изјава (извадок): три дена по упадите низ Германија, на колата на еден од обвинетите  членови/ки а авторскиот колектив AG Grauwacke", наводно основачки/а член/ка на во сенка “Милитантна кампања против Економскиот самит, беше најдена полициска направа за следење. Со оглед на тоа дека направата беше прикачена на колата веќе некое време, тој ги советува луѓети инволвирани во упадите “темелно да ги проверуваат своите коли”.

За да добиваш вести за престојните активности против Г8 самитот во Хелигендам http://help.riseup.net/lists/subscribers/