3ти јули 2007-07-07
Сан Франциск не мора да се справува со анти-Прајд протести кои ги гледаме во други делови на светот.
Но парадата и Прајдфестот си имаат свои попречувачи, а најгласните се од ЛГБТ заедницата. Активистичката група Gay Shame споделува идеолошки цели со мејнстрим ЛГБТ движењето, како што се универзална здравствена грижа, соодветен пристап до домување, и социјална правда, но членовите/ките се спротиставуваат на т.н. геј брак и воена служба. Тие се исто така антикапиталисти/ки, и поради оваа причина се спротиставуваат на вклучувањето на спонзорства од големи корпорации Budweiser, Comcast, Delta Air Lines, Bank of America, и Macy's, како и наметнување на регистрациони чланарини за парадата.
Геј Шејм Сан Франциско – анархо, директна акција колектив индиректно поврзана со настаните оддржани под Геј Шејм Името во Њу Јорк во доцнте 90ти, како и со активистичките групи ACT-UP и Queer Nation – има цела историја на конфликти со СФ Прајд од 2001. Членовите/ките секоја година се обидуваат да се вклучат себеси и своите анти-корпоративни пораки во парадата, редовно конфронтирајќи се со обезбедувањето и полицијата на парадата. Во 2003 неколку члена/ки беа уапсени со обвиненија за тероризам откако се доближиле премногу до масата на градоначалникот Њусом (обвиненија кои подоцна беа отфрлени , шоради поддршката од ЛГБТ заедницата).
Гејшејм е во постојана расправија со градскиот ЛГБТ Центар на ул. Маркет, забележувајќи на нивната асоцијација со конзервативни политичари/ки (а постојат ли други?) и релативно ексклузивната чланарина која и/му се наметнува на членот/ката. Еден Геј Шејм протест во центарот во 2003 заврши со претепани членови/ки на тротоарот од страна на еден сквадрон од геј полиција како *не-профит типови гледаат низ прозорците*, според еден/ма член/ка (кој/а одби да се идентификува). Групата исто така ги критикуваше различните соседни асоцијации како Лоуер Полк Нејборс и Североисточната Бернал алијанса за организирање со полиција и сопственици/чки во протерување на бездомните, нарко зависните и проститутките (кои се диспропорционални на ЛГБТ, според National Gay and Lesbian Task Force).
Повеќе на http://www.infoshop.org/inews/article.php?story=20070703160328273