Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Експроприрани производи од супермаркет плус комунике (Атина, 31/5/2008)

“Околу 30 лица во саботата на пладне го запоседнаа супермаркетот “Склавенитис” на улицата Харилау Трикупи крадејќи храна... ”

Следува комунике, кое беше препратено на:
http://seeyouonthebarricades.blogspot.com - http://athens.indymedia.org.

Денес, 31/5 во 12:30 се случи интервенција против високите цени, во огромниот супермаркет, Склавенитис на Харилау Трикупи. Беа експроприрани работи од основна потреба (храна, средства за чистење, итн.) и сите беа раздадени на минувачите/ките на популарната пазарна област Егзархија, заедно со флаери со следниов текст.

Последниот пат сите бевме сведоци на (во реалност и во мисла) феномен кој отсекогаш бил дел од тактиките на вработувачите/ките и антиавторитарците/ките воопшто. Неопходни производи да се продаваат по шокантни цени, затоа што така работи “слободниот пазар”. Истата “слободна економија” која не обврзува  да изгубиме пола од нашите животи на равотоните места-занданите за 600 евра. Основни работи кои ни се потребни, и се произведуваат во нашата околина, се продаваат по скоро дупла цена од другите европски земји. Во исто време, храната која ја гледаме секој ден на нашите чинии, како маслото и маслиновото масло се сеуште надвор од контрола, додека говорат за илјадници тони загадени од минерални насла. Владата и министрите/ките зборат за неколку шпекулативни фемомени, обидувајќи се со смешни комуникациски трикови (види ги исто нивните 41 мерки против високите цени) за да го смират социјалниот немир. Заедно со ознатите поткажувачи (ТВ, весниците) сложувајќи се со се што ќе им наредат шефовите/иците. Секако, останатите политички партии нема да останат надвор од порта, разговарајќи општо за неконтролирачкиот пазар, за изолација на шпекулантите и значењето на консумерската свест. Свест произведена секако методолошкии, преку ТВ реклами и систематска ултра-консумерска култура.

Бидејќи одбиваме да се вклучиме во оваа наместена игра, се осврнуваме кон акција, наш пакет мерки против неконтролираната шпекулација на шефовите/иците!

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА СЕГА!!!
НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ КОИ ГИ ПРОИЗВЕДУВАМЕ
СЕ Е УКРАДЕНО
СЕ Е НАШЕ

ГНЕВНИ КОНСУМЕРИ/КИ

Извор: http://directactiongr.blogspot.com/