за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти

Информација

 

Германски поддржувач на судентскиот штрајк е уапен во Грција

На 20 февруари 2007, во “Универзитетот Солун”, кој е сквотиран веќе неолку месеци се случи голем концерт, организиран од студентите/ките. по концертот имаше расправија со полицијата која сакаше да го расчисти местото. Доцна истата вечер од полицијата беше брутално уапсено едно лице од Берлин кое помагаше околу концертот.

Наводно тиј се вклучил во протестот против полициското мешање. Не постои доказ за ова обвинување, и едвај постојат некои сведоци од полицијата кои тврдат дека го виделе. Дури и на самата дата на habeas corpus  - пред огромната поддржувачка публика - не можеше да се извади друг доказ. Од 24ти февруари претходно неосудуваното лице од Берлин се држи во продолжен затвор близу турската граница, а според грчкиот правен систем можат да го држат во затвор и до 18 месеци без правен спор. Може да биде посетено само од своето семејство. Студентските протести во Грција продолжуваат од летото 2006 необесхрабрени.

Позадината на ова е намерата на владата (поддржана од опозиционата социјалистичка ПАСОК) да го поништат член 16 од грчкиот устав. Овој член го гарантира правото на грчките граѓани/ки на бесплатно јавно образование - исто така гарантира дека образовниот систем е во рацете на владата.

Со тоа член 16 ги оневозможува економските интереси кои се стремат кон приватизација на образованието. За приватизација на образованието беше одлучено од ЕУ со договорите од Есен, Болоња и Лисабон. На 8ми март преку гласање грчкиот парламент одлучи да го укине член 16. половина од универзитетите се суште сквотирани во Грција, а во другите постои забрана за штрајк. Во неделнте демонстрации со десетина илјадници демонстранти/ки, кои со месеци се одвиваат, се вклучени професори/ки, синдикати. Редовно полицијата повредува и апси луѓе. лицето од Берлин, кое беше уапсено во овој контекст, сега ќе биде индивидуално казнето за широките студентски протести, како и многу пред него.

Германската амбасада во Атина се огласи ден по неговото апсење: ”Тероризмот пристигна и во Грција, па сега грците мора да се бранат себеси. Позадината е досега невидена, а со тоа не само што на уапсените им е однапред пресудено, ами целото движење за укинување на член 16 е криминализирано. Задржаното лице од Берлин е само-вработен/а мото механичар/ка, а со своето знаење помага на само-организирани, колегијални иницијативи. Веќе со години го поправа автобусот за “Заедничкиот студентски комитет” и “Слободниот универзитет на Берлин” и ги советува студентите/ките како да го користат.

Широко распространетото воведување на платени предавања и елитна универзитети низ Европа бара здружен одговор од евроспските студенти/ки.  Тоа значи дека се залагаме за подобра комуникација помеѓу политичките иницијативи на универзитетите. Цврстото учество и поддршка на студентските протести во цела Европа треба да стане повторно тема на германските универзитети. Во продолжение би сакале да се заложиме за ослободување на лицето од Берлин. Ве молиме обзнанете го случајов и информирајте ги своите пријатели/ки за протестите во Грција!

 

http://www.unistreik.does.it/