Пред неколку месеци двајца анти-фашисти беа уапсени за изведување директна акција. Уште еден, Максим Губски неодамна беше осуден на 3 години за *малициозен хулиганизам* (информација за другите затвореници ќе следи подоцна).
Максим се вклучи во антифа пред две години, кога имаше 15. тој беше еден од организаторите на Храна, а не оружје во Минск, акции се оддржаа во Горки парк, на плоштадот Слобода и на многу други места. Максим го поддржуваше фудбалскиот клуб МТЗ-РИПО, познат по своите анти-фашистички карактеристики. Максим беше добар пријател и талентиран уметник.
Доцна 2006тата се случи тепачка помеѓу наци бонхедите и антифа од Минск, каде нацистите беа претепани. Еден од расистите го меморирал лицето на Максим и отиде да го поткаже на џандарите. Со тек на време беше покренато обвинение против Максим, според член 339, дел 2 од белорускиот кривичен закон (малициозен хулиганизам), и судот го осуди на 3 години затвор, кој ќе го служи во затвор со *строг режим*.
Во моментот Максим е во процес на префрлување, и нема смисла да ја објавуваме неговата адреса се додека не стигне до конечната дестинација. Но ве молиме пишувајте на е-поштата afa-ripo@bk.ru, ќе биде испечатено и пренесено до него во затвор. Можете да му испратите роденденски честитки, на 24ти јули полни 18!
од http://avtonom.org/index.php?nid=1099