Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Тоталниот приговарач на совеста Анти Раутиаинен е затворен

 

Само што дознавме дека Анти, нашиот пријател е повторно затворен во Финска. Анти, освен тоа што е другар и соборец на многумина, тој е дел од антимилитаристичкото и анархистичкото движење во Финска, но пред се Русија и Источна Европа
Анти, нашата сила е во обединетоста и солидарноста, мислат дека затвориле еден, но присутна е силата на милиони. Сила и љубов во борбата против милитаризмот и угнетувачката држава.
Терор 13

War Resisters' International денес дозна дека финскиот тотален приговарач Анти Раутиаинен е повторно во затвор, овој пат на 16 дена. Раутиаинен постојано одбиваше да се огласи на повиците, секогаш кога ќе беше прозван, се од ноември 1997. Оттогаш тој бил повикан се на се 20 пати. На 20ти август 2001 WRI објави co-alert (алерт кој WRI го објавува за приговарачи на совеста кои се во невоља) за Раутиаинен.

Најголемиот дел од последните 10 месеци Раутиаинен ги помина со налог за разбирање. Скоро секој пат кога тој морал да се справува со полицијата или службениците/чките од царина добивал казна (пропорционална со неговиот доход, обично 90-120 евра) и одредена нова дата за повик. Од принцип тој ги одбивал казните и поради тоа казните ги трансформирале во казна затвор од 7-10 дена за секој повик.

Пред ова, Раутиаинен поминал 2 месеци во затвор во периодот јуни-септември 2001. во ноември 2005, Раутиаинен бил ,конечно изземен од воена служба, официјално поради медицински причини, и против неговата волја и без соодветен медицински преглед.

Како и да е, во тој момент тој сеуште имал некои неплатени казни (затоа што не се појавил на повиците) кои биле преиначени во казна затвор.

И иако овој пат ќе биде затворен само 16 дена, неколку кратки казни може сеуште да се појават.

, War Resisters' International повикува на писма со поддршка за Анти Раутиаинен
Antti Rautiainen
L�yk�ntie 53
54190 Konnunsuo
Finland
email supportantti@hotmail.com

War Resisters' International повикува на протестни писма до финскиот премиер Мати Ванханен, или финските амбасади низ светот. Протестен e-mail можете да испратите на http://wri-irg.org/co/alerts/20070724a.html. Листа на финските амбасади можете да најдете на http://formin.finland.fi/doc/eng/missions/embcount.html.