Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Разград, Бугарија: Се отвори нов контра-културен младински дом *Екотопија*

10ти јули, 2007

Во бугарскиот град Разград се основа алтернативен младински информационен центар. Инфоцентарот е наречен *Екотопија* и е прв контра-културен младински дом во Бугарија. Во него има бесплатна библиотека и читална каде можеш да најдеш материјали во врска со екологијата, борбата на угнетените народи заедници низ светот, правата на животните, вегетаријанството, анарха-феминизмот, анархопанкот итн.

Инфоцентарот работи еднаш неделно – секоја среда од 15:00 до 17:00. Веќе почнаа со видео проекци, а планираат да организираат и дискусии, презентации, изложби, концерти и други активности во иднина. Секој/а кој/а е заинтересиран/а, или има нови идеи, или сака да помогне на некој начин – контиктирајте не.

Отворањето на инфоцентарот беше на 4ти јули, 2007. имаше голем интерес, а местото се наполни со повеќе од 50 луѓе. Се оддржа видео проекција на *Незгодната вистина*, кој презентира еден сериозен еколошки проблем – глобалното затоплување. Вечерта заврши со хип хоп концерт на бендот Rhymes From Ra. раперите беа навистина добри, и покрај лошото озвучување и ја загреаја атмосферата до максимум. Со овој проект се надеваат да донесат позитивна промена, да создадат цврста заедница на разбудени и активни луѓе, подготвени за борба за подобра иднина.

Ако има некој/а/и кој/а/и би можеле да им помогне/ат со пропаганден материјал, книги, двд, било што за инфошопот, пишете ни на: infocenter.ecotopia(at)gmail.com

извор: infoshop.org