Другари/ки од Балканот! – Како што веќе знаете Анархистичкиот Фронт (Турција) испрати повик до анархистичките групи, колективи и феерации на Балканот на 15ти јуни 2007 за организирање Балканска Анархистичка Федерација. Добивме многу охрабрувачки одговори од другарите/ките кои живеат и се борат во балканските земји. Анархистичкиот фронт им предлага на балканските другари/ки да организираат средба за да ги разјаснат принципите на можната регионална федерација. Оваа средба може да биде есента 2007. Местото и датата на средба може да се одредат според вашите предлози. Во межувреме сакаме да ги замолиме сите анархистички другари/ки од Балканот да подвлечат некои основни принципи кои ги препорачувате во краток текст и да ги споделите со нас. Како комбинација на сите сугестии, особено оние засновани на најзаедничките принципи предложени од други групи, можеме да ги создаеме општите принципи на Балканската Анархистичка Федерација.
Ајде да се држиме мотивирани за регионална солидарност и заедничка борба на анархистите/ките.
Да се обединиме за анархистички и ослободен Балкан!
АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ
Извор ainfos.ca/en