Во овој град
Каде во 1920 ги изгуби своите муслимани/ки
Каде во 1940 ги изгуби своите евреи/ки
Каде веднаш потоа грчките патриоти/ки ги избришаа трагите на изгубените и од тоа направија бедем на грчкиот национализам, конзервативизам и поулизам
Каде беше преплавен од луѓе во 1992та со поворките за создавање на национален договорпод непомирливото националистичко мото “македонија е грчка”
Каде денес се разгледува рационалното справување со ова прашање во стилот на еден аеродинамичен национализам кој е заснован на “економска инфилтрација” и идеалот за “моќна Грција”
Во оваа земја
Каде липа на отворачката церемонија на олимписките игри
Каде станува емоционална кога национален музички хит ќе победи на некој ценет натрпевар
Каде грчките спортски фанови ги линчуваат оние кои никогаш нема да станат грци
Каде анти-империјализмот и анти-американизмот на левицата одат рака под рака со националистичката реторика
Каде ветото во националните организации се слави како чин на покажување моќ и политички чекор кон клубот на моќните
Каде името македонија го идентификува со симболична структура на моќна грција до тој степен што признавањето на историската нехомогеност на грчкото население создава страв од пукање во националното јадро
Во овој регион
Каде првенствена цел на националните држави била да приграбат, со оружје и пропаганда, бедно население par excellence
Каде составот на моќните национални држави е лост на незауздан капиталистички развој
Каде либерализацијата на пазарот му го дарува капиталот на домовината, населението од кое се осиромашува
Каде на секој желен грк му нуди ефтин секс и обилни мали задоволства по привилегирани цени, потврдувајќи ја, со бруталност и цинизам, неговата национална супериорност
Постојат некои луѓе кои се бедници со меморијата
Затоа што дилемите во врска со именувањето се безначајни
Затоа што не се чувствуваме македонци, бидејќи не припаѓаме во ниту еден национален идентитет, нтиу грчки ниту македонски
Затоа што нашите непријатели не се национални
Затоа што сме инспирирани од примери како историјата на Federacionво солун, бугарските анархисти/ки , илјадниците словенски дезертери, бранителите на мултинационално Сараево, кои го надминуваат националниот идентитет. Ако општеството без држави и домовини изгледа далеку денес, тогаш наша единствена должност ни е да се бориме ова да стане реалност утре.
Сквот Фабрика Ифанет