22ри март, 2008 - информација за печат
Околу 1000 луѓе од 17 европски земји, ова утро отидоа во главниот штаб на НАТО во Брисел за да учествуваат во меѓународната ненасилна акција NATO GAME OVER. 5 години по почетокот на војната во Ирак и 10 дена пред Букурешкиот НАТО самит, мировни активисти/ки од цела Европа ја покажаа дека спречувањето на војна започнува тука во Европа.

Договорите на НАТО ги претворат европските земји во логистички центри на американската војска. Преку нашите пристаништа, аеродроми и автопати американската воена машинерија се транспортира во Ирак. А исто така и наша војска е вклучена во Авганистан. Ирак беше нападнат, а на Иран му закануваат, затоа што наводни имале, или развивлае оружје за масовно уништување. Во меѓувреме НАТО има распоредено 350 американски нуклеарни оружја во Германија, Италија, Белгија, Холандија, Велика Британија и Турција. Според меѓународниот хуманитарен закон овие оружја тука се илегални, како и на било кое друго место.
Од почетокот на ова попладне, мировни активисти/ки во големи броеви одеа во правец на НАТО и се обидоа да влезат во самото место на ненасилен начин. Постоеше огромен контраст помеѓу ненасилниот став на мировните активисти/ки и агресивното однесување на полициските сили, кои беа масовно присутни и користеа кучиња, коњи, пепер спреј, пендраци, водени топови,... Околу 500 луѓе беа уапсени. И покрај ова, повече од 50 активисти/ки успеаја да влезат во воениот комплекс и да го затворат.
NATO GAME OVER не е само околу спречување на криминал, туку и и за да и повратиме едно парче демократија. Мировните активисти/ки беа соочени со огромен број на полиција, превентивни апсења, километри бодликава жица. Штета. Кога граѓаните ќе извршат кривично дело, тие се казнети, а нивното кривично дело мора да биде поправено. Но сега, кога нашите власти вршат кривично дело, тие ја користат полицијата, не за да го стопираат кривичното дело, туку за да го задржат таму и такво какво што е.
Без НАТО војната во Ирак и Авганистан не би била можна
Пред 5 години започна војната во Ирак. Низ цел свет се оддржуваат анти-воени демонстрации. Со NATO GAME OVER целиме на воените структури кои ја прават војната возможна. Во Авганистан војниците/чките од европските НАТО земји се борат во американско-водената војна против теророт. НАТО договоирите ги претвораат европсите земји во логистички центри на американската војска. Во 2003 година 54000 американски воен пероснал, базиран во Европа беа распоредени или работеа во директна поддршка на војната против Ирак. Американска војска беше распоредена надвор од Германија и Италија, додека пак бомбардерските летови тргнуваа од британските бази, а авио-носачите од Медитеранот. Во 2006 две третини од европски-базираната американска војска беа распоредени во Ирак и Авганистан, подготвувајќи се да заминат, или пак само што вратени. Без Европа ирачката војна беше невозможна.
НАТО создава повеќе проблеми, отколку што решава
НАТО дискутира за својата иднина. Десет дена по NATO GAME OVER, се оддржува НАТО самитот во Букурешт. Во многу европски земји голем број од населението се спротиставува на изборот на светските лидери/ки да користат војна и воени закани за да ги разрешат конфликтите. Одбрана со проектили, нуклеарно оружје, нови воени бази, војници/чки во Авганистан,.... луѓето не го сакаат тоа. Но владите не ги слушаат овие желби. Секогаш кога НАТО се сипречува напатот. НАТО создава повеќе проблеми, отколку што решава.
NATO GAME OVER: ден на меѓународна акција
На 22ри март активисти/ки од 17 европски земји ненасилно се обидоа да влезат во главниот штаб на НАТО, во Брисел, со цел да го затворат. Акции на групи од цела Европа испратија сигнал дека нуклеарното оружје мора да исчезне. Активисти/ки од Германија, Италија и Шпанија беа јасни во тоа дека не сакаат нови воени бази или инфраструктури. Чешки и полски мировни активисти/ки сметаат дека одбранбените инсталации на проектили под НАТО знаме, како и под американско знаме, се неприфатливи. Хрватски, македонски, фински и шведски активисти/ки не сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО или да развива тесни воени односи со НАТО. Исто така, од Холандија, Франција и Велика Британија доаѓа НЕ против вената политика.
Поздрав,
Hans Lammerant
Bombspotting - Vredesactie
www.bombspotting.org - www.vredesactie.be - www.mcmilitary.org
Повеќе информации/слики/видео клипови од настанот на
http://www.vredesactie.be/article.php?id=510