Полицијата влегла вчера во централното место каде што се наоѓаа антиНАТО демонстраторите и тепале луѓе.
НАТО самитот се одржува во Букурешт од 2-ри до 4-ти Април. На самиот почеток на самитот романската полиција влегла во центарот кој бил изнајмен легално од страна на демонстраторите кои пак сакале да направат работилннци и да одржуваат анти-милитаристички сесии. Биле уапсени 50-тина луѓе. Некои од демонстраторите биле претепани за време на нивниот транспорт до полициската станица. Еден германски активист е сеуште држен од полицијата.
Во знак на солидарност, активисти од најразлични европски земји организираа акции за информирање на луѓето за тоа што се случува во Букурешт.