АРХИВА

30ти август, 2007
Нов текст во Терор 13 онлајн читанката

Директна Акција или за делувањето
Насетувам приговори дека сум премногу скептичен, пасивен, дека сум навлегол во некаков мистицизам. Дека сум всушност несериозен позер, дека дури и теориските расправи кои ги пишувам се само фрлање прав врз она што е кристално јасно. Се потешко станува затоа да се пишува на теми од ваков вид, да се расправа за концепции донесени од страна. Никогаш на ниту еден текст не му била целта да критикува, во вообичаената смисла на зборот. Постои пририодна недоверба кон туѓите нешта; потребно е да се испитаат, да им се определи местото во новата средина, да се провери дали евентуално немале некој свој претходник тука…А постои и она големо несогласување со односот на доминантните западни анархистички идеи кон моралноста, кон вредностите со кои во овие кругови обично се оправдува делувањето. Оттука, таа мала доза на непријателство кон некои добро познати анархо-фрази. повеќе

14ти август, 2007

Сите ние сме 129а!

Четири германски активисти/ки беа уапсени под сомневање дека се членови/ки на некојаси *терористичка организација* [правнички печат известувње од печатот | de]. Германската федерална полиција се сомнева дека Militante Gruppe (МГ или Милитантна група) се наоѓаше зад неколку акции за палење на полициските и армиските возила од моментот кога групата се појави во 2001 [Известување за печат на Федералното обвинителство]. повеќе

3ти август, 2007

Немаш дом? Сквотирај!Победа на борбата на "les Tanneries" – Победа на судењето во случајот со окупацијата на мексиканскиот конзулат
1. Минатата година за време на конференцијата на pga во дижон, имаше окупација на мексиканскиот конзулат во солидарност со борбите во Оахака. повеќе

25ти јули, 2007

Тоталниот приговарач на совеста Анти Раутиаинен е затворен Само што дознавме дека Анти, нашиот пријател е повторно затворен во Финска. Анти, освен тоа што е другар и соборец на многумина, тој е дел од антимилитаристичкото и анархистичкото движење во Финска, но пред се Русија и Источна Европа повеќе


ИТЕН ПОВОК ЗА ДОНАЦИИ

Драг/а пријателе/ке,

Огромните правни трошоци на здружената палестинско-израелска борба против окупацијата не принудува да го испратиме овој итен апел за пари. Бараме од вас поддршка да ја продолжиме работата на израелската група Анархистите/ките против ѕидот (АПЅ). повеќе

19ти јули, 2007

Повик на Акција за ОАХАКА: Ова што следи е извештај од анархистичкиот другар кој во моментот се наоѓа во Оахака
Другари/ки,
Подоле се наоѓа ИТЕН повик за меѓународна солидарност од АРРО од Оахака. Ве молиме препратете го овој повик насекаде.повеќе

17ти јули, 2007

Балканска инфотурнеја на ГАЛ (PGA): Септември – октомври 2007 повеќе
15ти јули, 2007

Женева: Повик за мобилизација против евикциите: Евакуација на сквотот *La Tour* повеќе

14ти јули 2007
телата на тројца/три емигранти/ки, кои се верува дека се од Ирак се најдени во камион со фрижидер-приколка близу Венеција. повеќе

14ти јули, 2007

Принципи на Балканската Анархистичка Федерација повеќе

Разград, Бугарија: Се отвори нов контра-културен младински дом *Екотопија* повеќе

12ти јули, 2007

Pride-от во Загреб нападнат повеќе

 


Романија: Извештај за Lovekills анархо-фменинистичкиот фестивал повеќе

Нов текст во Читанка: Political Correctness: what’s in common for modern democratic regimes and ancient Empires? повеќе

10ти јули, 2007

Сурова и многу методична тортура врз двајца емигранти обвинети за кражба, во грќката полициска станица повеќе

 

8ми јули, 2007

Поддржи го затворениот белоруски анти-фашист! повеќе

7ми јули, 2007

Трансмаршот во Твин ситис успешен повеќе

Геј Шејм во Сан Франциско повеќе


Автоном #28 во Терор 13 (анархо магазин на руски јазик) повеќе

Abolishing the borders from bellow #29 (анархо журнал за ист. европа - анг.) повеќе

Квир контингентот на Парадата на гордоста во Њу Јорк преку слики

15ти јуни, 2007

Немаш дом? Сквотирај!Сквотирање

Јужна Африка: Борба на сквотерите/ките против евикциите повеќе

Сквотирање во Хелсинки повеќе

8ми јуни, 2007

анти г8 вести

Протестерите/ките ги блокираат патиштата до г8 повеќе

Слики од Хајлегедам анти г8 протестите повеќе

Извештај од Германија #7 повеќе

Блокирани руски делегати испокршена им е колата повеќе

Блокада на западната капија повеќе

Децентрализирани акции против самитот на Г8 повеќе

Немаш дом? Сквотирај!

Нови текстови во онлајн библиотеката на Терор 13

Сквотерско движење во USA повеќе

Сквотерско движење во бивша Југославија повеќе

Сквотерско движење во Франција повеќе

Сквотирање во Загреб повеќе

Сквотерско движење во Британија повеќе

Сквотерско движење во Холандија повеќе

6ти јуни, 2007
30ти мај, 2007

Немаш дом? Сквотирај!

Палење, камења, боја, и банери во очи на Г8 самитот

Еве преглед на акциите во очи на Г8 самитот: повеќе

Г8 Фестивал на уметноста на отпорот

Алтернативна култура против одземањето на слободата и стандардизацијата на луѓето и културата --- Уметноста е наше оружје!! повеќе

Г8 ударни вести!! Полицијата го програси за нелегален протестниот марш закажан за 7ми јуниповеќе

Кратка историја на германската репресија врз активистите/ките

Здраво,
Ако ја прочиташ хронологијта подоле, ќе видиш дека на медиумите им е кажано да покриваат ништо од она што луѓето ќе прават таму во Германија. повеќе

Денови на акција во Хелигендам
од 2ри јуни до 8ми јуни 2007 повеќе

 

28ми мај, 2007

СКВОТИРАЊЕ 2 дел

Немаш дом? Сквотирај!Сквотерско движење во Германија

Сквотерското движење во Германија е дел од широкото автономно движење, кое е едно од најјаките во Европа. Кулминација доживеа во почетокот на 1980-тите во тогашен поделен Берлин, Хамбург и во други западно германски градови, а 1990-тите се прошири и на источниот дел на Германија. Сквотирањето на просторите беше решение за сиромашните млади луѓе кои барале независност од фамилијата. повеќе

Сквотерско движење во Италија

Сквотирањето низ времето, некаде се јавува помалку, а некаде повеќе организирано; а од 1960-тите толку се раширило што не може веќе да се говори за изолирани акции на поединци, туку веќе за ново друштвено движење. Сквотерското движење во текот на неколку децении постојано делимично се осамостојува од анархистичкото и левичарското движење, во чие крило растело. повеќе

21ви мај, 2007
СКВОТИРАЊЕ 1 дел

Проверете ги новододадените текстови на тема сквотирање...

skvotiranjeВовед

Запоседнувањето е старо колку што и поседувањето, затоа што имот, изворно е парче земја заземен од личност која на тоа парче има права( затоа што прва стигнала, работела или градела на неа) повеќе

Типови на сквотирање според Ханс Пруит

Ханс Пруит е професор на Факултетот за општествени науки во Ротердам, а главно поле на истражување му се урбаните друштвени движења. Инаку, еден од ретките научници во светот, кои од социолошка перспектива се занимава со сквотирањето. повеќе

Автономни движења

Автономните движења( герм. Autonomen, итал. Autonomia) се радикално левичарски движења, кои се јавуваат во 1970-те, најпрво во Италија, а потоа и во Германија и на други места во Европа. Се карактеризираат со одвојување од традиционалната политика и се стремат кон самостојно управување врз сопствените животи, кои се изразуваат преку самоуправување и автономија. повеќе

Холандија, Утрехт: полицијата прекинала Г8 собир. 115 уапсени анархисти/ки во неволја

5 Мај 2007 во Утрехт се уапсени преку 100 активити/ки од Г8 караванот (Гр8цхаоскараваан)

Полицијата почна да апси луѓе околу 15:00 часот. Судејки според исказите на холандските активисти/ки полицијата била добро опремена и се верува дека акцијата била однапред припремена. Според еден извор, полицијата се однесувава многу агресивно, но за сега нема повеќе детали околу тоа. повеќе

16ти мај, 2007

ПОКАНА ЗА LOVEKILLS АНАРХА-ФЕМИНИСТИЧКИ ФЕСТИВАЛ #2

Колективот беше роден од анарха-феминистичкиот зин, наречен LOVEKILLS. Низ тек на годините, овој зин ги натера луѓето од локалната d.i.y. сцена да го разберат учеството на жените во анархистичкото движење и нивното влијание на него. повеќе
9ти мај, 2007
Копи продаден!!!!!!

Најпрво: фала на сите оние кои не поддржаа последните денови!!! Огромна демонстрација од 2000 луѓе во саботата и 400 луѓе пред судот во 7 сабајле на денот на аукција ни покажаа висок степен на солидарност со Копи и подалеку од границите на Германија, но конечно не можеше да ја спречи продажбата на Копи на 8ми мај за 835000 евра. повеќе

Полициски упади против Г8 мобилизацијата во Германија

Ова утро полицијата упадна во околу 40 места, вклучувајќи социјални центри и неколку приватни домови во Берлин и Хамбург, како и во алтернативниот веб провајдер so36.net. полициските сили ја пребараа “Rote Flora” во хамбург, како и делови на “Bethanien” во Берлин, и двете места се планирани да бидат децентрални простори на собирот за Г8 протестите. Види de.indymedia.org за подетални инфо. повеќе

6ти мај, 2007
Полска: Прва годишнина од Анархистичкиот Информациски Центар

Веб проектот наречен CIA (Anarchist Information Center) е една година стар!
CIA е анархистички веб сајт колектив кој е содржински моделиран на полски, англиски и други јазици. Исто така имаме мала медиумска библиотека и CIA канал кој се надеваме дека ќе го развиеме следната година. Нашиот колектив расте и се надеваме дека ќе продолжиме да го развиеме уште повеќе. повеќе

Меј Деј во Џакарта, Индонезија 2007

Околу 200 Анархисти од Индонезија наречени Jaringan Anti- Otoritarian (Anti- Anthoritarian Network) одржаа долг марш околу Џакарта во одбележување на Светскиот Ден на Трудот

На повеќето транспаренти беше напишано: Kami tidak butuh bos tapi bos butuh kami (Нам не ни требаат шефови, но ние сме им потребни) повеќе

Турција, Бурса: Анти-авторитарна иницијатива веб страна

28 Април 2007

Веб страната на Анти-авторитарците од Бурса е: http://ozgurruhlar.blogcu.com

Адреса за комуникација за другарите/ките од Бурса е: eternity_wine@hotmail.com

Извор:
http://ainfos.ca/en

4ти мај, 2007
29ти април, 2007
Информации за ситуацијата околу сквотирањето во Копенхаген

Акциите продолжуваат. Секој четврток илјадници млади демонстрираат со што им го зголемуваат работното време на полицајците, а во исто време предизвикуваат нервоза кај политичарите. Се сквотираат нови куќи со полн ентузијазам, и покрај тоа што полицијата е брза во евикцијата на веќе сквотираните куќи. повеќе

Сквотирање во Барселона повеќе
barsa

 

 

 

 

Бунт на затворениците во Грција

Во понеделникот наутро, на 23/4 Април, затворениците од Маландрино затворот (близу Фокија) се побунија.
Искрата која го распали бунтот беше претепувањето на анархистичкиот затвореник Јанис Димитракис, како и насилното возвраќање на чуварите во затворот во обидот при побуна на пријателите на Јанис, исто така затвореници во Маландрино затворот. повеќе

Турција: 1 Мај вебсајт (за анархистите кои ќе дојдат на средбата)

Можете да ги проследите последните повици околу собирот на 1Мај и последните информации околу партиципацијата на анархистите од адресата http://mayis.anarsi.org
Исто така можете да ги испратите вашите повици на адресата 1mayis@anarsi.org;

Преземено од : anarsistiletisim email list.
Извор:

A-infos-en mailing list
A-infos-en@ainfos.ca
http://ainfos.ca/cgi-bin/mailman/listinfo/a-infos-en
http://ainfos.ca/en

Турција, Истанбул: Собир на Анархисти (Таксим, 2007)

На 14 Април, анархистите/ките кои се сретнаа на Таксим Мекан од различни делови на Истанбул одлучија да се соберат на Таксим на 1 Мај, 2007...место кое беше затворено 30 години порано, поради крвавите случувања на 1 Мај 1977 година. Собирот сега има повеќе смисла отколку левтичките шпекулации пред 30 тина години. На 1 Мај, истамбулскиот Таксим плоштад кој беше многу пати посетуван од расизам, лумпенизам и милитаризам, сега ќе биде средба место на многу анархисти/ки со учество од предградијата на Истанбул, потоа од другите градови на Турција, како Анкара, Измит, Битлис, Измир и Сиваш.

Постер: http://istanbul.indymedia.org/uploads/2007/04/taksimdeyiz.jpgmid.jpg

Извор: http://istanbul.indymedia.org/news/2007/04/181200.php
A-infos-en mailing list
A-infos-en@ainfos.ca
http://ainfos.ca/cgi-bin/mailman/listinfo/a-infos-en
http://ainfos.ca/en

Канада, Монтреал: Анархо Арт изложба (3-13 Мај)

Повеќе од 230 политички ангажирани уметници/чки ќе ги изложат своите трудови во Art+Anarchy Монтреал 2007, изложба со политичка ангажираност во визуелните уметности, која ќе се одржи во Монтреал од 3 до 13 Мај; во Esplanade Loft Project 6750 Esplanade, како дел од месечниот - Фестивал на Анархија и осмиот по ред Анархо- книга саем. повеќе

Дижон (Франција) : Во одбрана на автономниот простор

,, Les Tanneries ”

По 9 години постоење, сквотираниот автономен простор ,,Les Tanneries”  (Дижон, Франција) е загрозен од изградбата на огромен градски медицински центар тајно испланиран од градскиот совет, кој исто така ја загрозува јавната здравствена грижа. повеќе

Полска, Варшава: Анархо-Синдикална Конференција и Меј Деј настани во Варшава

Настаните ќе траат четири дена: Април 28-29 конференција, Април 30 директна акција против постоечкото вработување и 1 Мај демонстрација и излет. повеќе

 

26ти април, 2007

За Анарха-феминистичкиот фестивал во Загреб 13, 14,15ти април

Вештерките повторно на мeтли повеќе

Западна Атина, Грција
Минатата недела еден албански емигрант беше најден мртов во неговата ќелија во полицискиот оддел, каде беше држен поради сомневање за некакви мали кражби. Полицијата изјави дека тој извршил самоубиство бесејќи се во својата келија. Таа ноќ пред полициската станица се собраа неговите роднини и и викаа и ги пцуеја џандарите за неговото убиство. повеќе

Германски поддржувач на судентскиот штрајк е уапсен во Грција

На 20 февруари 2007, во “Универзитетот Солун”, кој е сквотиран веќе неолку месеци се случи голем концерт, организиран од студентите/ките. по концертот имаше расправија со полицијата која сакаше да го расчисти местото. Доцна истата вечер од полицијата беше брутално уапсено едно лице од Берлин кое помагаше околу концертот. повеќе

25ти април, 2007

Зелени алатки за одржлива револуција

Во соработка со ЗМАГ и "Што читаш?", објавена е книгата ,, Зелени алатки за одржлива револуција” на Бруно Мотика и Дражен Шимљеша. Книгата покрива широк спектар практични совети, социјални, политички и еколошки мотиви во контекстот на одржлива револуција. повеќе

САД, pdf на Anarchist Atlanta број 5- Февруари 2007 достапно on-line

Списанието на Capital Terminus колективот е достапно on-line. Можете да го simnete на http://nefac.net/~ctc/pdf/AA5.pdf

Ако сакате да го исконтактирате Capital Terminus колективот, email: capitalterminus@2gmail.com или на Myspace: http://www.myspace.com/capitalterminus

Забелешки и коментари, се добредојдени на : anarchist_atlanta@yahoo.com

Извор:
A-infos-en mailing list
A-infos-en@ainfos.ca
http://ainfos.ca/cgi-bin/mailman/listinfo/a-infos-en
http://ainfos.ca/en

Чикаго, САД: Во потрага по корените;
Анархо конференција (Теорија на анархизмот)
27-29 април, 2007

Оваа конференција е прва од предвидените која се фокусира на анархистичката теорија. Темата на следните конференции ќе биде колективната организација и директната акција. Овие настани се замислени како апел кон повеќе луѓе за да дојдат, присутсуваат, се сретнат, разменат мислења, искуства, информации, и најважно, разговори или дебати околу- револуцијата која е пред нас и во изнаоѓањето на начините за нејзиното остварување. Организирањето на конференцијата е во тек. повеќе
12ти април, 2007

Сиднеј, Австралија: Отварање на анархистичка книжара- Црна Роза (Black Rose)

Добри вести за анархистичкото движење во Сиднеј!
Повторно имаме ситуација со постоење на две анархо книжари во Сиднеј. По подолг период, анархо книжарата "Црна Роза" повторно работи, во нова и подобра локација: 22 Enmore road, Newtown . Односите помеѓу другата книжара со име: Јура, се посилни од било кога; меѓу нив постои размена на опрема, луѓе, идеи и тн. Заедничкиот план е взаемно градење на анархизмот во Сиднеј. Двете анархистички места значат двојно забава за нас, но исто така и двојно проблеми за владеачката класа. повеќе

Анархо саем на книги во Познан, Полска од 1 до 3 Мај

Мили пријатели/ки и другари/ки!

Би сакале да ве повикаме во Познан на саемот на независните издавачки куќи (од анархистичка содржина, еколошка, социјално-културна и други...) на 1, 2, 3 Мај 2007. Би сакале саемот да претставува место каде што луѓето ќе можат да ги покажат своите изданија, разменат идеи, искуства, коцепти, и настанот да послужи како подлога за основање на контакти и соработки, на локално и меѓународно ниво. повеќе

Турција: Веб сајт на анархистите од Битлис

http://www.anarkotopya.com/
ја очекуваме вашата комуникација и подршка.

Извор:
А-infos- en mailing list
А-infos- em@ainfos.ca
http://ainfos.ca/cgi-bin/mailman/listinfo/a-infos-en
http://ainfos.ca/en

12ти април, 2007

ЧИТАНКА

Институционално/Неинституционално

Изгледа крајно очајно да се пишува за работни институции во модерните општества. Тоа неизбежно се претвора во цмиздрење за немоќта на “обичната индивидуа” (еден од омилените здраво за готово примени концпети на денешницата), набројување на потенцијалите на модерните институции, нивната монументалност и историчност наспроти ситните идиотштини на “приватното лице_ (в. подолу за приватноста). Нема место за приватни ликови во современите производствени односи. Се што се создава зад неформален превез е одамна префрлено во инаква категорија. повеќе
11ти април, 2007
Во Солун (грција) минатиот петок (30/3) се оддржа критична маса од група подилатисти, а во саботата (31/3) се оддржа демо (како reclaim the streets) против градењето на подводниот тунел (околу 3 км) кој ќе служи како автопат за возилата кои поминуваат од тука, без да мора да поминат низ центарот на градот. Целата идеја е глупава, безвредна и опасна од различни причини. повеќе

повеќе

11ти април, 2007
Во Солун (грција) минатиот петок (30/3) се оддржа критична маса од група подилатисти, а во саботата (31/3) се оддржа демо (како reclaim the streets) против градењето на подводниот тунел (околу 3 км) кој ќе служи како автопат за возилата кои поминуваат од тука, без да мора да поминат низ центарот на градот. Целата идеја е глупава, безвредна и опасна од различни причини. повеќе

9ти април, 2007

Извештај за грчкото студентско движење 2006-2007

Универзитетот е битен фактор во регулирањето на мобилноста на младите во Грција, како и секаде. Младите луѓе сонуваат за добар живот, или кариера, учат многу во текот на средното школо, со цел да се запишат на универзитет. Оттаму тие сакаат диплома, и работа. повеќе

15000 во демонстрацијата за слободни простори

Околу 15000 луѓе демонстрираа во Копенхаген во саботата во солидарност со кристијанија и Унгдомсхусет повеќе

 

 

Караванот на мир

Караванот на мир е повторно на пат! Подготовката за третиот по ред Регионален караван на мирот - Караван на мирот 2007 - “Мир во изградба”, полека влегува во својата завршна фаза. Со цел да се олесни процесот на избор на учесници/чки на Караванот на мир 2007, веб тимот на Регионалната мировна мрежа “Приговор за мир” на страницата www.antimilitarizam.org го стави он-лајн апликациониот формулар повеќе

Класни и расни немири: Парис Гар ду норд (железничка и метро станица)

Вторникот, на 27ми март 2007, околу 4 попладне, рутинска контрола на Гар ду норд се претвори во немир се до доцна во ноќта: црн маж (30-годишен емигрант со легален статус според мејнстрим медиумите, а тинејџер од околу 15 години според сведоците/чките) беше контролиран и немаше метро билет, па се обиде да избега... Инспекторите/ките го блокираа, според сведоците/чките беше претепан. повеќе

Abolishing the borders from bellow #28 во Терор 13!

Главна тема: КОЛЕТИВИ - ОРГАНИЗИРАЊЕ
Теми на новиот број:

  1. Фашистичките тенденции во современа Словенија
  2. Кој е луд а кој е организатор: Анти-капиталистите/ките во главниот град на Бугарија повеќе

Ново видео он-лајн
Црвени години, црни години - Шпанската граѓанска војна - Пролог

ChristieBooks - Предлог за документарец кој содржи шест получасовни програми за историјата на современа Шпанија, гокусирајќи се на историјата на шпанскиот анархизам и анархо-синдикализам. повеќе

Вовед во анархизмот и отпорот во Богота

На 11ти март, 2007, центарот на Богота беше преполн со војници, снајперисти, андеркавер џандари, и рајот полиција заради посетата на Џорџ Буш на Колумбија. Сепак, стотици се собраа пред полициските барикади палејќи знамиња и изразувајќи го своето спротиставување со неолибералниот капитализам. Кога полицијата почна да користи водни топови, солзавци и пендраци врз толпата, протестерите/ките ги корнеа бандерите и клупите по тротоарите за да се одбранат и ги кршеа излозите од банките и продавниците. повеќе

Конференцијата Против патријархијата од 4ти до 6ти мај во универзитетскиот кампус на Орегон

Оваа година конференција ќе се оддржи на 4ти, 5ти и 6ти мај на Универзитетот на Орегон на која ќе следува главно обраќање од екофеминистичката авторка и активистка Ноел Стурџен. Потврдените работилници вклучуваат: Критични маженствености, Анарха-феминизам, и критична дискусија за сексуалните работници/чки. Нашата група сеуште бара повеќе организатори/ки, пари ипрезентери/ки/панелисти/ки на работилници. Се среќаваме секој четврток во 7:45 попладне. Е. пошта: againstpatriarchy@gmail.com повеќе

1ви април, 2007
Санкт Петерсбург, Русија.Фотографии од анархисти; антифашистичка акција во Казан

Додека траеше неделата против расизам и нетолеранција, голем број на акции беа организирани во Санкт Петерсбург. Минатата сабота имаше легална демонстрација, додека вчера се одржа нелегална, во Казан катедралата; иако полицајците беа подготвени, немаше уапсени.
повеќе

Полска, двајца анархисти осудени по брза постапка (таканаречена Итна Правда)

Групите за заштита на човековите права беа изреволтирани од инцидентот кој се слуи во Вроцлав на 21 Март? Меѓународниот ден против расизмот. Фашисти од NOP (Polish National Rebirth, the Polish arm of the international Third Positionists) одлучија да одржат демонстрација против имигрантите и за “Бела Полска”. Околу 100 фашистички буљаши се мобилизираа и околу 300 анархисти и антифашисти контрадемонстрираа.
повеќе

Полицијата на Копенхгаген користела опасен гас во евикцијата на Унгдомхусет

Додека траела евикцијата на Унгдомхусет, данската полиција призна дека употребувала опасен гас, солзавец, наречен "Ferret-40" од одбранбената технологијата, произведен од компанија со седиште во Флорида. Овој вид на солзевец е опасен, т.с. смртоносен кога би бил/е насочен директно кон некого/ја.
повеќе

Користење на камери за следење за правење на претстава

Во 1948, англискиот писател Џорџ Орвел, ја објави 1984. Во неа тој го портретира општеството во иднина, каде секој граѓанин/ка е посматран/а од Големиот брат 24 часа на ден, каде и да било, од видни или скриени камери. Иако Орвел неговата книга ја престави како фикција во која главното внимание беше насочено кон Комунистичкиот тоталитаризам, спротивно, истата, стана пророштво на денешниот хипер-технологиски капитализам, во кое: за еден човек по една камера.
повеќе

"Gaza Strip" Документарец за Палестинскиот конфликт

Alternative Media Gaza Strip е документарец околу израелско/палестинскиот конфликт направен во 2002год.
Еве го линкот до RealPlayer's website, кај што можете да ја погледнете и филмот.

Gaza Strip film's website: газа

Анархисти против полициската држава во Краиова

Анархистичкиот Фронт од Краиова, АФК (Initiativa Autonoma Craiova Anarchist Front, CAF) е продолжеток од десет годишната борба на отпор во градот Краиова, јужна Романија. Откога диктаторството замре во 1989 год, анархистичото движење порасна, со дел т.e. влијание од панк музиката. Но како и да е, Романија остана во голема мерка полициска држава и аристокрација, и државната репресија ги натера многуте анархисти/ки, да или да ја напуштат државата засекогаш или да најдат излез во музичката сцена.
повеќе

 

23ти Март, 2007

Презентација во Скопје

Стуентските демонстрации и моменталната ситуација во движењето во Грција
Минатиот викенд, не посети другар од сквотот Ифанет, Солун, и иако првенствена цел беше да оствариме контакт, да се запознаеме, да промуабетиме, да се подружиме, успеавме да изорганизираме мала презентација за она што се случува деновиве во Грција.
повеќе
16ти Март, 2007
copГрција: Акциите на солидарност со уапсените, повторно нападнати од полицијата

12ти март, понеделник: Судењето на 49те уапсени се соочуваат со полесни обвиненија е одложено до следната среда, 21ти март со цел да ги добијат сите легални документи и да подготви одбрана со своите адвокати/ки.
повеќе

Србија: Студентски протест и окупација

Извештај од еден/на учесник/чка во новите студентски протести против нео-либералните “реформи” на образовниот сектор ---- “Денес пред Архитектонскиот факултет се собраа околу 300 студенти/ки. По блокирањето на главниот булевар некое време, само пред неколку часа беше донесена одлука да се преспие во зградата на факултетот, што изутрина ќе се претвори во цело-дневна и ноќна блокада на зградата.
повеќе

Пост-Унгдомсхусет, Данска - полициска држава

Блек Блок и европските анархисти/ки одлучија да продолжат да се борат со данската полиција, а на својата веб страна издадоа изјава дека ќе продолжат да ја притискаат данската влада за друг Младински центар. Веќе е нанесена штета од вкупно 14 милиони евра. Предвидените вкупни губитоци на данската економија се проценети на 81 милиони евра.
повеќе

Акција против хомофобичното иселување на “Унгдомсхусет”

Објавено на indymedia.dk во четвртокот на 8ми март, 2007, од страна на ЛГБТ луѓето кои жевеат во Норебро, Копенхаген Со иселувањето на “Унгдомсхусет” властите на Копенхаген ослободија простор за хомофобичната крстоносна војна.
повеќе

Манифестација во Барселона: поддршка на Унгдомсхусет

12ти март, 2007, Барселона
протести во барселона против евикцијата на унгдомсхусет и во солидарност со затворениците/чките.
повеќе

Мала група на анархисти/ки се судирија со полцијата за немири во централна Атина
11ти март, 2007, Атина
Неделата сабајле анархистичката младина се судри со полицијата за немири во централна Атина, фрлајќи камења и молотови пред книжарницата на крајно десничарски политичар, изјавија властите.
повеќе

Ново комунике од Унгдомсхусет тимот

“Се се измени, се измени од корен: Се роди страшна убавина.”

повеќе

Градење на движење на солидарност - За солидарноста со данските другари/ки - Ослободување на сите уапсени
8ми март, 2007, Грција
Федерацијата на Анархисти/ки на Грција (ОАЕ) се спротиставува на насилната евикција и рушење на сквотот и социјалниот центар Унгдомсхусет во Копенхаген во текот на последнава недела од страна на данската држава и полиција, и ги прегрнува акциите на солидарност и протестите. --- ОАЕ исто така се спротиставува на обидот за затворање на Анархистичкиот Црн Крст (АВС) Копенхаген
повеќе

Индијанските воини/ки ја преземаат одговорноста за симнување на олимпиското знаме
Во раните утрински часови, на 6ти март 2007, го симнавме олимпиското знаме од столбот на кој тоа стоеше во градското собрание на Ванкувер. Пристапниот панел го отворивме со помош на пејсер, клешти, а металниот кабел кој беше внатре во панелот го пресековме, што го сруши знамето на земја.
повеќе

Студентското востание сеуште се води низ цела Грција
11ти март,2007, Грција
Во Месолоѓу улицата, предвечерието се нападнати џандари. Претепани се со метални шипки и одземени им се штитовите и шлемовите. Двајца џандари се повредени. Не се користени молотови. Потоа подоцна дошле џандари во цивилка кои ги легитимирале луѓето од тој дел на градот.
повеќе

5ти Март,2007

10ти Март: Глобален ден на солидарна акција со Унгдомсхусет

Солидарност со Унгдомсхусет: Тел Авив, Њу Јорк, Варшава, Истанбул, други места

Унгдомсусет: во живо свежи инфо на http://www.emoware.org/ungdomshuset.asp

Приказната за Унгдомсхусет повеќе


2ри Март,2007

УНГДОМСХУСЕТ Е ЕВИКТИРАН!!!
УНГДОМСХУСЕТ Е ЕВИКТИРАН!!!
УНГДОМСХУСЕТ Е ЕВИКТИРАН!!!

Последен апдејт: Indymedia Denmark

На 1ви март Унгдомсхусет е евиктиран. Кратко потоа во Копенхаген избија немири.

Чувствувај се добредојден/а во Копенхаген каде отпорот ќе продолжи следните денови. Поставени се инфоместа за да им помогнат на активистите/ките со практичните работи, како снаоѓање околу, каде да спијат, најдат заеднички кујни. Инфоместата можат да се контактираат на следниве телефони: повеќе

Полицијата го евиктира Данскиот Младински Социјален Центар, избиваат меѓународни протести

Ова утро (Четврток, 1ви март) во 7 часот полицијата започнанапад на Унгдомсхусет Младинскиот Центар во Копенхаген. Жителите/ките на соседството беа предупредени преку радио и телевизија да очекуваат борба на улиците, да се држат подалеку од областа Норебро, каде се наоѓа куќата. Медиумите веќе збореа за насилни акции, и пред да започне самата евикција. повеќе

Демонстрацијата во Атина брутално нападната од полицијата

На 22ри, 2007, повеќе од 25000 луѓе, главно студенти/ки, вклучувајќи ученици/чки и учители/ки, излегоа на улиците на Атина, како одговор на реформата за високото образование, објавена од владата, во најголемата студентска демонстрација досега. Исто така дојдоа некои 1000 учесници/чки од насекаде во Грција. повеќе

И мртвите се закана за обзбедувањето?

Израелските окупациони сили подигнаа улична блокада на еден од гланите патишта до гробиштата во Беит Омар, пресекувајќи еден дел од селото да може да влезе таму. Кога луѓето од Беит Омар се доближија до војниците да ги запрашаат за објаснување за патната блокада, им беше кажано дека било од “безбедносни причини”. повеќе

Нов социјален центар и сквот градина се отворени во Хорта

Наредба за евикција за 6 дена, време за размислување и ре-активирање на окупа движењето (сквотерското движење во Барселона)... повеќе

Чешката полиција користи сила во растурањето на судирот помеѓу националистите/ките и анархистите/ките

На 24ти февруари, во саботата полицијата користеше гранати за распрскување, за да ги разбие судирите помеѓу ривалските националисти/ки и анархисти/ки поради предложеното стационирање на американска воена база на чешка почва, изјавија чешките медиуми, цитирано од AFP. повеќе

Анархистите маршираат против војните во Чеченија, Ирак

Повеќе од 100 анархисти/ки зедоа учество во недозволениот анти-воен марш во петокот. Тие повикаа на крај на конфликтите во Чеченија и Ирак, и Русите да одбијат да служат војска. Демонстрацијата беше планирана да ја комеморира 63-годишнината на депортацијата од времето на Сталин на чеческиот и ингушки народ, од нивната родна Чеченија во Централна Азија и Западен Сибир. повеќе

24ти Февруари, 2007
Белгија, Гент Март 10 - 6 ти Меѓународен алтернативен саем на книга

10 Март, Гент (Белгија) : 6ти Алтернативен & Слободарски саем на книга. Место каде што ќе најдете критички, анти - мејнстрим книги и публикации, изданија кои тешко или воопшто се наоѓаат во книжарниците. Ќе има многу независни издавачи и дистрибутери, невладини орг. и акциони групи од Белгија и подалеку (Холандија, Британија, Франција, Германија) кои ќе се претстават со своите изданија, книги, списанија, фанзини, филмски и музички записи, маици итн.
повеќе

Анти-Хомофобија состанок 2007, од Четврток до Недела, Мај 17-20

Ден на активизам и отпор против сите видови на физичко, етичко и симболично насилство поврзано со родовиот идентитет и сексуалната ориентација. Преку координација и соработка, целта е да инспирира и подржи секакви инцијативи кои се борат за еднаквост. Состанокот ќе се одржи од 17 до 21 Мај.
повеќе
15ти Февруари, 2007
Затворениот анархо новинар Џош Волф проговорува во затвор по 170 дена поминати зад решетки

Џош Волф, 24, помина скоро шест месеци во затвор. Повеќе време од било кој/а друг/а новинар/ка во американската историја за заштита на своите извори. Беше затворен на 1ви август минатата година кога одбил да ја предаде видео лентата на која ја снимил анти-Г8 демонстрацијата во Сан Франциско, на федералниот висок суд.
повеќе

Москва, Русија: Покана за фестивалот „Ден на дезертерите“

Од 22ри до 24ти февруари во Москва, и 25ти февруари во Нижни Новгород ќе се случи фестивалот Ден на дезертерите. Ние сме антимилитаристи/ки, против државната војска како форма на насилство, средство за контрола на владеачките групи и интрумент за интеграција на младите во патријархалните, авторитарни и хиерархиски структури на владеење.
повеќе

Франција: Улична демократија: активностите на „Alternative Libertaire“

француската анархо-комунистичка организација „Alternative Libertaire“ дава пост-VIII Конгрес извештај за своите активности. Главна тема на политичката сцена е кампањата за претседателските избори со првиот и вториот изборен круг...
повеќе
13ти Февруари, 2007
До сите пријатели/ки на Унгдомсхусет

Унгдомсхусет рече не на купување друга куќа, но остави отворена врата на политичарите/ките. Нема да плаќаме за проблемот кој тие го создадоа. Ако сакат да не преместат, може да пробат да ни понудат куќа без пари, но бидејќи не се спремни да го направат тоа, очекуваме скоро евикција.
повеќе

Европа: Ескалирачки акции против самитите на СЕФ, НАТО и Г8

26ти јануари, 2007, Хамбург „Револуционерните анти-милитаристички активисти” го спалија мерцедесот на врвниот менаџер за вооружување на Blohm & Voss Maritime Systems и фрлија бомби со боја врз куќата на друг. Тие напишаа “Нападни ја НАТО воената конференција во Минхен - парализирај го Г8 Самитот во Хелигендам“...
повеќе

Очигледен бомбашки напад против Храна, а не оружје во Ст. Петерсбург, Русија

На 4ти февруари мала бомба, со тајмер, експлодираше во 4.15 попладне на Владимирскаја плоштадот во Ст. Петерсбург, каде секоја недела се организира Храна, а не оружје од различни ротирачки групи.
повеќе
11ти Февруари, 2007
Интервју со Жоел Оброн “Затворот не е смртна казна”

Жоел Оброн, поранешна членка на Action Directe, беше ослободена во јуни поради здравствени причини:
на 14ти јуни Жоел Оброн, 45-годишна, е ослободена после 17 години затвор од Бапауме затворот (Pas-de-Calais). Причината за суспензија на нејзината казна беше рак со метастази на мозокот. Поранешната членка на Action Directe (AD) беше осудена доживотно за две убиства во 1985та и 1986та, врз Рене Одран, генерален испектор на војска, и Жорж Бесе, директорот на Рено. За Liberacion таа се сеќава на нејзините години во затвор и AD.
повеќе

Грција: Двајцата анархисти кои штрајкуваа со глад се ослободени

Сите тројца уапсени, по демонстрациите одржани за време на Европскиот Социјален Форум, на 6ти мај, 2006, по одлуката на Судскиот Совет, се ослободени. Ослободени се под рестрикции, сеуште чекајќи на судењето кое ќе ја докаже нивната невиност, како што тврдат.
повеќе
29ти Јануари, 2007
Германија, Г8 - започна изградбата на 12 километри безбедносната ограда.

На 15ти јануари властите во Германија започна да ја издига 12-километри безбедносната ограда околу областа на местото на Г8 Самитот во 2007. Оградата чини 12.5 милиони евра и ќе треба 15 недели да се заврши. Не пропуштајќи ништо активистите/ките беа таму да ја пречекаат оградата, закачувајќи банер кој велеше: “Ограда Во Капитализмот!”.
повеќе

Италија, Џенова: повторно почнува судењето на 25 активисти/ки


На 16ти јануари, беше повторно отворено судењето против 25те активисти/ки обвинети за “палење и уништување” за време на Самитот на Групата 8 во Џенова, во јули 2001, по подолг период, поради одлуката да се сменат неколку судии во судот. Сослушувањата треба да се одвиваат во текот на еден месец, се до 16ти февруари.
повеќе

Данска: Приказната за сквотот Унгдомсхусет, од анархистичкиот трубадур Дејвид Рович
повеќе

Aкции во Франција! Не НАТО!
Француската CNT, во солидарност со шпанската CGT мобилизација во Арагон против проектот за градење НАТО база во Сарагоса, на 18ти јануари, 2007, организира акции во различни градови во Франција (Парис, Лион, Тулуз, Перпињан). Француската CNT ја поддржува CGT демонстрацијата на 21ви јануари 2007 во Сарагоса.
повеќе

Германија: Копи нападнат
"Продадовте повеќето од градот - Копи е наш!" Веќе повеќе од 17 години на Копеникер штрасе 137 егзистира заеднички простор, некомерцијален простор кој е отворен за политички и културни проекти од секој вид. Но идејата дека луѓето можат и сакаат да се организираат без било каков економски интерес очигледно е надвор од имагинацијата на некои од политичарите/ките кои го водат градот, кои наместо тоа се чини дека овој простор го сметаат за закана.
повеќе

 

26ти мај, 2006

>> 16 мај, 2006, Барселона Нов репресивен удар во Барселона. 4 анархисти/ки задржани во притвор.

читајте на:http://barcelona.indymedia.org/

>> Србија, Белград: Трибин на тема “Современите тенденции во анархизмот” беше одржана на 15ти мај, во „Домот на омладината“, Белград. Идниот месец ќе бидат одржани уште три трибини на теми поврзани со анрхизмот, феминизмот... повеќе

>> 14.05 Европскиот Социјален Форум во Грција: импресии на еден руски анархист повеќе

>> Чиапас, EZLN: Запатистите/ките објавуваат црвена узбуна; Суспендирање на активностите на La Otra Campana; Демонстрации за солидарност се планирани насекаде низ светот повеќе

>> 09.05 Индија: Народен Форум против АБР ГСГ во Хидерабад повеќе

>> 06.05 Бојно поле: Атина повеќе

>> Франција: Улица во Париз ќе биде крстена по Мумија Абу Џамал повеќе

>> 6ти мај 2006 Мексико:Затворениците од Атенко започнаа штрајк со глад повеќе

>>Бонано преместен во домашен притворАлфредо Бонано е “ослободен” од затвор и ставен во домашен притвор поради здравствени причини. Тој се наоѓаше во затворот во Трст од март 2004та по процесот Марини. Новата адреса сеуште не е позната.

>>19.04 Турција: Јавна дискусија за анархистичкиот комунизам во Турција повеќе

>>Турција анти-милитаризам: Мехмет Таркан е на слобода, но... повеќе

>>13.04 Атина: “Онаму каде што не може да стигне пендракот на полицаецот, може да стигне ножот (и пиштолот) на фашистот” повеќе

>>13.04 Грција: Околу илјада анархисти/ки и други анти-фашистистички протестери/ки, носејќи мото-шлемови и наоружани со железни шипки, се судрија со полицијата... повеќе

>> Хомофобија во хрватските болници. Градско друштво - Сплит и Одделот за трансфузија при Клиничката болница во Сплит во која стои дека трајно се одбива давање крв на “машки особи кои имале сексуални односи со други машки”. повеќе

>> 03.05(среда) Скопје - ХРАНА, А НЕ ОРУЖЈЕ - бесплатно делење на храна пред "Дом на АРМ" 12:00

>>САД, Мејдеј: Повик за создавање на Анархистички Блок на државниот марш за права на емигрантите/ките во Орландо.

>> МЕЈДЕЈ - 1ВИ МАЈ 2006
!!Мејдеј Парада !!

>>Ноќ на Валпурги- Варшава, Полска 29.04 - 01.05

>>11.04 Париз: Во понеделникот наутро владата одлучи да го “замени” CPE (Договорот за првото вработување). Таа е поразена, ние мораме да продолжиме со мобилизацијата повеќе 

>>07.03 Мексико: Демонстранти наоружани со мачети грабнале пет државни претставници повеќе

>>25.03 Љубљана - Во сабота, 25.03 во напуштената фабрика на Рог започна да се одржува новата општествена програма и отворање на просторот за пошироката јавност за продукција на независни и непрофитни програми... повеќе

>>Бугарија: Анархисти/ки маршираат по улиците на Софија повеќе