за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти
|
Во Солун (грција) минатиот петок (30/3) се оддржа критична маса од група подилатисти, а во саботата (31/3) се оддржа демо (како reclaim the streets) против градењето на подводниот тунел (околу 3 км) кој ќе служи како автопат за возилата кои поминуваат од тука, без да мора да поминат низ центарот на градот. Целата идеја е глупава, безвредна и опасна од различни причини. Само ќе донесе повеќе возила во градот, само ќе го префрли проблемот на возила, бука и загадување од едно место на друго и ќе ги намали слободните и зелени простори во градот кој веќе е доволно сив и грд. Демото беше прилично успешно, не поради неговата големина, туку дојдоа многу различни луѓе, кои претходно немаат дојдено на слични демоси, и многу луѓе можеа да не видат, затоа што поминавме преку крајбрежната улица, каде се наоѓаат многу кафе барови. Борбата ќе продолжи и се повеќе луѓе се убедени дека оваа работа не ни е од корист. Нашата група се вика ";pirates of the coast"
Извор: другарите/ките од Солун |