Во соработка со ЗМАГ и Што читаш?, објавена е книгата ,, Зелени алатки за одржлива револуција” на Бруно Мотика и Дражен Шимљеша. Книгата покрива широк спектар практични совети, социјални, политички и еколошки мотиви во контекстот на одржлива револуција.
Книгата е замислена како практичен советник, т.е. знаења собрани во текот на годините занимавајќи се интезивно со пермакултурата и се поврзано околу неа.
Деталните описи и совети ја прават оваа книга битен извор на информации во врска со функционирањето на друг возможен начин и воопшто околу целиот пристап кон производството, превозот, енергетиката…Од создавањето на пермакултурна градина и покренувајќи извори за обновувањето на основните извори на енергија, се до изработката на еко- сапуни и изградба на куќа, живеалишта на еколошки принцип, ја прави одржливата револуција се поблиска, а оваа книга ни го дава потребниот пристап до потребните алатки.
Често кај ваквиот вид книги пристапот е кон повикот околу штедењето на електричната енергија, селекцијата на отпадот и рециклирањето, одењето или возењето со точак; меѓутоа, оваа книга оди неколку чекори понапред... Наместо да се повикува кон ваков вид мали, но воедно многу важни повици, таа овозможува цела низа на детални описи за покренувањето на одржливоста во секојдневниот живот, без обзир на претходното искуство или знаење.
Книгата е поделена на неколку основни делови, каде првиот дел не води кон проблемот на преголемиот еколошки отисок, воопшто кон проблемот на еколошкиот отисок, и на кој начин го оставаме на Земјата. После откривањето на проблемот, авторите не воведуваат во светот на пермакултурата, појаснувајќи ни ги основните концепти и идеи во пермакултурата, различните пристапи и нивната важност, со што се завршува теорискиот, уводен дел и започнува со оној нагласениот, практичен и применлив дел.
Чекор по чекор ја поминуваме пермакултурната практика, каде се започнува со создавањето на пермакултурната градина. Поглавјето околу содавањето на градината е разработено до најситниот детал, од анализа на земјата (која лесно и едноставно можете да ја направите сами), до распоредот на гредите во дворот, таблици со лоши и добри соседи, природната заштита на растенијата, произведувањето на хумусот и цела низа совети и препораки соберени на едно место.
После култивирањето на храната, книгата не воведува кон дизајнот на пермакултурата, бидејќи пермакултурата во суштина е прашање на дизајнот, кој тука е објаснет кон примерот на рециклираниот имот во падините на Вукомерич околијата, кој воедно е и матичен проект на авторите.
Бидејќи, одржливата револуција не може да биде потполна без извор на енергија, во книгата енергијата на ветерот, сонцето и биомасата детално се обработуваат, како со различни мерења и во споредба со други облици на извори на енергија, така и низ практични совети за изградба на соларни колектори, ветерници, масивни пекари итн. Посебен дел завзема прашањето на транспортот, тесно поврзан со енергијата, односно горивото, каде што авторите го појаснуваат процесот и користењето на био- горивата.
Делот околу градителството директно се поврзува со прашањето на енергијата, каде што самата градба мора да биде енергетска (учинковита), било да станува збор околу прашањето за изолацијата, видот на материјалот кој го користиме или положбата на објектот кој го градиме. Куќи од слама, од дрво, автомобилски гуми, надземни или подземни, сите тие се вклопуваат во приказната околу пермакултурата…
Бидејќи не можеме да живееме без вода, книгата во посебен дел го разработува проблемот околу снабдувањето со вода, ресурс кој според многу тврдења во иднина ќе биде причина за почеток на нови војни. Ако сакате да изградите сопствен прочистувач , ја смалите потрошувачката на вода или да произведувате сопствени еко-сапуни, средства за чистење и детергенти, во овој дел ќе ги пронајдете сите потребни рецепти и алати.
Прашањето околу отпадот кој за нас претставува голем проблем, донесува различни пристапи, од неговото рециклирање до концептот на живеење без отпад, но и ги објаснува начините на искоритувањето на различните видови на отпад, било да станува збор за индустриски или органски вид на отпад.
Книгата завршува со прашањето за организацијата, без која нема опстанок, бидејќи одржливоста освен еколошка компонента, мора да содржи и социјална.
Кога би заокружиле, книгата не ги покрива само можностите во руралните средини, ниту пак повиците кон изолација, туку нуди многу технички решенија кон одржливост во градски и селски средини, па секој/а ќе пронајде во неа тоа што го/ја интересира, независно од тоа дали сакате да изградите своја куќа, направите свој сапун, да имате градина во градска средина или се возите со свое био-гориво. Сето ова е подржано со фотографии во боја, графикони, таблици, со конкретни примери употребени во пракса, каде луѓето, заедниците веќе работат на случајот. Освен самите податоци во книгата, авторите наведоа и цела низа од додатна литература, книги и интернет сајтови…Сега се што треба е да се (г)ради!
Извор:
www.stocitas.org