за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти
Западна Атина, Грција Минатата недела еден албански емигрант беше најден мртов во неговата келија во полицискиот оддел, каде беше држен поради сомневање за некакви мали кражби. Полицијата изјави дека тој извршил самоубиство бесејќи се во својата келија. Таа ноќ пред полициската станица се собраа неговите роднини и и викаа и ги пцуеја џандарите за неговото убиство. Да се биде емигрант/ка во Грција, и особено албански/а, значи да се биде мета на расизам кој брзо се шири во сите аспекти на животот и социјализацијата, од работното место каде си целосно експлоатиран/а, па до севкупниот живот во грчкото општество. Неговата приказна е само уште еден дел од ланецот на експлоатација и расизам врз емигрантите/ките, или пак не? Околу 300 анархисти/ки денес маршираа и ја уништија полициската станица, додека се судрија со полицијата за немири, изразувајќи го својот гнев и својата воља дека повеќе нема да го трпат ова варварство кое е напад на човештвото и општеството. Марширајќи со самодоверба, и целосно свесни за своите цели, добро организирани и добро самоуправувани тие успеаја да извршат напад без сериозни повреди и без апсења. Маршот започна од централниот плоштад на тој дел на Атина (многу сиромашна област на работничката класа), помина низ населбата на неговото семејство, за да ја изразат својата солидарност и потоа отидоа право кон полициската станица, следени од рајот полицијата. Таму тие почнаа да фрлаат камења и боја (купишта) врз полицијата, а тие вратија со солзавци но не успеаја да ја го скршат добро обединетиот блок. Потоа луѓето одмаршираа до плоштадот, викајќи на цел глас дека овие злосторства нема да останат неказнети. Слики: http://athens.indymedia.org/front.php3?lang=el&article_id=692650 Извор: другарите/ите од Солун
|