за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти
Сурова и многу методична тортура врз двајца емигранти обвинети за кражба, во грќката полициска станицаГлавниот измачувач со стап ги тера своите жртви да се тепаат меѓу себе, давајќи им броеви и секој пат измислувајќи нова *игра*. На крај тие мораат да се претепаат помеѓу себе и да викаат *Јас сум ѓубре*... околу се наоѓаат и други полицајци кои добро се забавуваат! Да споменеме дека околу 10 вакви инциденти се случија последните 15 дена. Пред две недели, беше уапсен еден ментално болен човек, поради правење галама во еден паб. Тој беше префрлен од полициската станица Калитеа во Атина во болница речиси мртов по дивјачко претепување. Тој се наоѓа сеуште во кома. Иста е приказната со еден ирачки емигрант кој отишол во полициската станица во Ханија – Крит со цел да поднесе барање за азил, па завршил лошо претепан и исфрлен од зградата. Ниту еден од овие случаи не го привлече вниманието на истражниот судија или на јавниот обвинител. Сеуште нема само-инициран процес, туку само внатрешна т.н. *административна* истрага на инцидентите. Ниту збор не изустил елоквентниот министер за внатрешни г. Полидорас кој обожува да ги злоупотребува латинските поговорки за да ги пофали грчките полицајци како *вистински* претставници на законот. Во овојј случај барем имаме видео снимка, очигледно снимена од фалбаџиска свиња кој сакал да ја импресионира девојката... СТОП НА ГРЧКАТА ФАШИСТИЧКО-РАСИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА! види исто: http://athens.indymedia.org |