за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти
|
Мејдеј: Немири во ИстанбулВо Истанбул, Турција, мејдеј протестите се претворија во тешки немири, откако полицијата се обиде а ги запре неколкуте илјади протестери/ки да дојдат до централен Таксим во Истанбул каде 1977, 500000 луѓе го славеа мејдеј, а полициските снајперисти убија 36 души.
Турската полиција се обиде да ги запри мејдеј протестите со 17000 полиција. Револуционерните синдикати како ДИСК, револуционернте партии, неколку автономни групи и индивидуи успеаја да стигнат до Таксим. Полицијата реагираше брутално, масата ја прскаше со пепер спреј и уапси 580. Барем 4 души биле сериозни повредени. И покрај се 3000 протестери/ки влегоа во местото. Други 1000 луѓе започнаа улична борба со полицијата на улицата Истикал. Во Окмејдани, дел од Истанбул, 1000 луѓе изградија барикади против полицијата и исто така се обидоа да влезат во Таксим. Иако полицијата пукаше со гумени куршуми, полицијата мораше да се повлече и да ја изгуби оваа битка. Цели делови на Истанбул беа преполни со солзавци и тепачки. Полицијата користеше дури и полициски тенкови за да преземе контрола врз ситуацијата.
|