Понеделник, 14 Мај 2007-05-16
Колективот беше роден од анарха-феминистичкиот зин, наречен LOVEKILLS. Низ тек на годините, овој зин ги натера луѓето од локалната d.i.y. сцена да го разберат учеството на жените во анархистичкото движење и нивното влијание на него. Во почетокот LOVEKILLS колективот беше створен само за развивање и подобрување на зинот; кој е сеуште единствениот анарха-феминистички зин од Романија и се справува со теми со кои жените се соочуваат во романското општество, како и во d.i.y. сцената; многу написи се за жените во анархизмот(од обете: идеолошки и практичка точка на гледање). Со тек на време ние сфативме дека пишувањето на зин со сигурност не е доволно. Иако d.i.y. сцената од која што и ние сме дел, е многу мала, сексизмот е присутен и е во неговото највисоко ниво, па така и идеата за организирање на анарха-феминистички фестивал се роди. Нашите можности во однос на финансии и простор се ограничени, но ние правие се* што е возможно да ги ставиме нашите идеи во пракса. Нашите пријатели од Романија, како и оние од странство, го изразија нивниот ентузијазам и се желни да не поддржат.
LOVEKILLS анарха-феминистичкиот фестивал сака да биде отворен простор за момчиња, девојки, и секако квир. Целта е предизвикување на дискусии и дебати за двојната опресија со која што жените се соочуваат секој ден поради обичаите, традициите и предрасудите на патријахалното општество кое ги развива чувствата на инфериорност низ неговите авторитарни врски, чувства на страв и терор, како резултат на консантните закани за сексуално напастување, напади, злоупотреба; чувства на вина поради агресивните религиозни догми; чувство на експлоатираност низ исцрпувачки часови на работа во општеството и дома; дебелофобија и други проблеми во однос на телесните претстави, како резултат на стандардите на убавина кои се насилно наметнувани на нас секој ден, и така натаму...
Кога го имаме силното убедување дека со дискутирање и менување на искуството ние сме способни да развиеме повеќе ефикасни начини на борба против патријархијата и сите натечени очи кои доаѓаат со тоа.
Фестивалот ќе се оддржи на 6-7 Јули во Темишвар (Западна Романија). Во тек на тие два дена од фестивалот ќе има работилници, концерт, изложби и видео проекции.
Секој кој што е заинтересиран во земање учество во овие случувања, било да е за презентирање на работилница/документарец/изложба, настапување, свирење, носење на дистрибуција или било што друго, ве молиме да не контактира за повеќе детали колку што е можно побргу. Исто така се надеваме дека ќе ни дадете предлози и идеи.
Било каква поддршка е добредојдена.
Контактирајте не: 3lovekills3@gmail.com
LOVEKILLS
http://www.waste.org/~roadrunner/horea/
http://www.waste.org/~roadrunner/horea/caf_fac/lovekills1/LOVEKILLS1.htm
http://www.waste.org/~roadrunner/horea/caf_fac/lovekills2/LoveCover.html
_______________________________________________
A-infos-en mailing list
A-infos-en@ainfos.ca
http://ainfos.ca/cgi-bin/mailman/listinfo/a-infos-en
http://ainfos.ca/en