Мрежата Глобална акција на луѓето е глобален проект инспириран од запатистичкото
востание и новите форми на интернационализам развиени во 90тите. Но што
значо ГАЛ (PGA - peoples global action)? --- Од 23ти до 25ти февруари 1998
движења од сите краеви на светот се сретнаа во Женева – Швајцарија да дискутираат
за идејата на мрежа на отпорот против глобалниот пазар и СТО. ГАЛ е мрежа
базирана на децентрализација и автономија, мрежа без претставници/чки, без
членови/ки или правна особеност. --- ГАЛ мрежата во европа веќе се обиде
да организира 4 средби. Неколку стотици активисти/ки, разменија искуства
и планови, организираа кампањи и акции, започнаа секојдневна интернет комуникација
и физички средби. Овие средби се оддржаа во Милано (италија) 2001, во Лајден
(холандија) 2002, во белград пост југославија 2004 и во јужна франција 2006
(централизираната средба се оддржа во Дижон).
Поголемиот дел на ГАЛ средбите (3 од 4) се оддржаа на физички автономни
простори. Тоа јасно е политички избор. За луѓето и колективите инволвирани
во ГАЛ витално е важно да поддржуваат автономни проекти, простори каде луѓето
се обидуваат да го организираат својот секојдневен живот понатаму од капиталистичките
односи на доминација.
5та средба на ГАЛ во европа
по големи потешкотии и проблеми да најдеме простор и изведувач да ја модерира
следната ГАЛ конференција, активистите/ките од грчкиот регион ја лансираа
и охрабрија идејата за ГАЛ конференција во северна грција. Избирањето на
оваа локација беше резултат на широки дискусии кои ќе бидат вклучени во
презентациониот текст (повикот) за 5тата ГАЛ конференција.
Не само заради потребите на оваа конференција туку и заради понатамошно
вмрежување и координација на отпорот започнуваме едно-месечна инфотурнеја
во балканскиот регион.
Презентација на ГАЛ балканската инфотурнеја
По белградската конференција во 2004 постои огромен ентузијазам за отпочнување
на балканска мрежа на колективи, грасрут, антиавторитарни, анти-капиталистички
и други групи или индивидуи.
За жал, овој ентузијазам не беше доволно плодоносен можеби поради недостаток
на конкретни цели, или дури и некои учесници/чки го осетија традиционалниот
проблем *вмрежување за вмрежување*.
Идејата за инфотурнеја не е новост. Сепак, прв пат активисти/ки од балканските
земји одлучија да посетат групи и индивидѕи кои споделуваат слични идеи
и се соочуваат со слични проблеми.
Мислиме дека е потребно да ги истакнеме следните концепти во врска со инфотурнејата:
а) недека го почнуваме ова патување во врска со ГАЛ конференцијата, која самата е е совршена можност да се сретнеме и дејствуваме во солидарност во иднина, но исто така мислиме да дискутираме, можеби за прв пат, за средствата и идите кои ќе ни овозможат да се најдеме на заеднички терен.
б) да ги повикаме анти-авторитарните, автономните анти-капиталистички и други групи да помогнат во обликувњето и организирањето на ГАЛ конференцијата.
в) да дискутираме и размениме гледишта за моменталната состојба на Балканот, подемот на капитализмот и државното насилство, особено по падот на ѕидот и серијата војни кои беснееја во овој регион.
г) конечно, сакаме да нагласиме дека нашиот повик цели на групи, колективи и индивидуи кои дејствуваат и размислуваат надвор од хиерархиски социјални структури, кои се борат против доминацијата и капитализмот без согласност.
Неколку збора за темите на ГАЛ конференцијата:
- дигитални борби и зредства за алтернативен проток на информации / indymedia
средства – радио проекти итн.
- Против биотехнологијата на доминација и корпоративните лобија на биотехнологијата
- Автономни простори
- Прекаритет
- Без граници
- Балкан
- Близок исток
- Студентските борби
- Антиглобалистичкото движење (г8, самити итн)
- Репресија / контрола на државата и Солидарноста
- Патријархатот, сексизмот во активистичката сцена
- Климатските промени и енвироменталистички теми
- НС (Направи сам/а)
- Храна, а не оружје
* Мислиме дека доволно е очигледно дека листата на теми за конференцијата е отворена за додавање
Работни групи кои би сакале да делуваат во однос на оваа конференција:
- превод
- група за визи
- технички тим
- локација
- информатор
- презентација и вмрежување
Предлог за дискусија за правецот на движење и процесот на мрежата
*инфоточка мрежа
*глобална гонференција
*идни кампањи
*иднина на гал
*средства на мрежата
следната европска конференција
Стоп места и дати на инфотурнејата:
- Истанбул
- Софија
- Романија
- Љубљана
- Будапешт
- Загреб
Контакт: mailto:infotour_@no-log.org
-----------------------------------------------------------------------------
Основните поставки на ГАЛ:
· Многу јасно отфрлање на капитализмот, империјализмот и феудализмот; сите
договори за трговија, инситуции и влади кои промовираат деструктивна глобализација.
· Ги отфрламе сите форми и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќИ
ги, но не ограничувајќи се на нив, патријархатот, расизмот и религиозниот
фундаментализам од сите видови. Со отворени раце го прегрнуваме целосното
достоинство на сите човечки битија.
· Спротиставен став, бидејќи сметаме дека лобирањето нема голем одраз во
вакви бесмислени и недемократски организации, во кои транснационалниот капитал
е единствениот вистински создавач на политиката.
· Повик за директна акција и граѓанска непослушност, поддршка на борбата
на социјалните движења, застапувајќи ги формите на отпор кои
· Бескрајна почит кон животот и правата на угнетените луѓе, како и кон создавањето
на локални алтеернативи на глобалниот капитализам.
· Организациона филозофија заснована на децентрализација и автономија.