Драги, многу сме задоволни да ја објавиме официјалната дата за следниот
Queeruption/
Queeruption 11 ќе се оддржи во Рим, ова лето, 1-7 јули 2008.
Еден колектив во Рим веќе на големо работи за да осигури седум прекрасни дена на радикална квир култура, квир-политика, антирасизам, зинови, работилници, кино, сексуално здравје, готвење, секс-простори, уметност, еко-квир, сексуални практики, музика, човекови права, театар, квир кабаре, плажа, журки и повеќе.
Queeruption 11 ќе обезбеди алтернативно политичка, квир-анархистичка, не-хиерархиска и креативна средина, квирови од исте сексуалности се поканети да се соберат заедно на овој слободен настан, испланирај си го патувањето, земи си вреќа за спиење и придружи ни се! Добредојдени сте!
О моментот Италија се соочува со контрадикторни моменти, каде и најблагат верзија на цивилно партнерство лежи “во магла”, хомо-транс-фобијата е нормализирана, а геј асоцијациите се прекриени со коб мрежи... да не го спомнуваме ватикан... но постои трансродов пратеник кој седи во парламентарниот дом... знак на надеж?
Како што може да видите има многу што да се дискутира, промовира различноста, охрабрува солидарноста, споделат мислења, и сигурни сме дека Queeruption 11 ќе се случи во право место и време за да протресе нечии газови, исто така!
Рим има богата историја на окупирани згради, НС активизам, автономни социјални центри, антифашистичка култура; па ова може да биде една супер можност да ја разнобоиме, да изградиме доверба и моментум во и онака веќе растечката квир сцена на Рим.
Фестивалот е НС настан и може сам да се оддржи, но потребно ни е ваше учество, поддршка и споделување, за да можеме да создадеме радикална алтернатива на комерцијалната “геј сцена”.
Па вклучете се! Ќе има пред-програма за да ни помогне да се организираме и максималнно да го искористиме секој ден, зато ве молиме придонесете со арт-материјал, перформанси & работилници. Е-постирајте ни за да го закажеме вашиот простор!
Queeruption 11 е само-финансиран фестивал, ќе има некои тековни трошоци кои треба да се случат, иако некои бенефит-настани теба да се случат во Еврпа и Италија, што ќе помогнат во олеснувањето на трошоците. Сета ваша помош во однос на финансирањто на Queeruption 11 е добреојдена. Можеби да организирате бенефити во вашиот град!
Било каков фидбек, коментари и идеи се многу ценети.
Еве некои од начините како да стапите во контакт со Q11 колективот во Рим:
Веб алатки:
www.queeruption.org/q11
www.myspace.com/queeruption11roma
email: q11roma@queeruption.org
Следат повеќе детаљи и инфо.
Ве молиме препрате те ја поракава на вашите квир пријатели/ки и доколку имате време, додадете превод на ова.
Искрено сме возбудени и очекуваме многу од вас.
Се гледаме летово!
Queeruption Roma
Извор: queeruption.org