PGA – People's Global Action (Народна глобална акција) –
започна во 1998, како алатка и структура за соединување и координирање на групи и луѓе кои ги делат заедничките борби и практики, според разновидни анти-капиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги начелата). PGA го иницира Интернционалниот караван во 1999, како и интернационалните денови на акции против G8, Советот за надворешни односи СНО, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд ММФ... Во Сиетл, Џенова, Прага, и во бројни помалку популарни настани, PGA беше движечката сила позади бројни акции и рефлексии. На средбите на интернационалите иницијативи и локални борби, групите блиски на PGA сега бараат нови настани за да се спротивстават на стагнацијата.
Во Европа, групите кои се идентификуваат со начелата на PGA се среќаваат еднаш на секои две години, преку иницијатива на некој "собирачки" колектив. Уште од 1998, овие конференции беа можност за неколкудневна размена на практики и знаење, како и воспоставување на врски, кои ќе ни овозможат да бидеме подобро организирани во заедничките акции.
Петтиот собир на Народната глобална акција во Европа овој пат ќе се одржи во Грција.
Одговорноста на организирањето и координирањето на дискусијата што се отвори на последните средби на PGA europe, е прифатена од децентрализирана мрежа од активисти/ки и колективи од Балканот. Токму тоа е и предноста на оваа иницијатива. Covenor(собирачкиот колектив) не е локален колектив како што беше случајот со другите конференции во минатото, туку е витална балканска децентрализирана мрежа. При подготовките во овие неколку месеци, неколку прашања, проблеми и идеји за акција се веќе спомнати од сите нас кои сме вклучени во конференцијата овде!!! Повторно на Балканот!
Ние би сакале да отвориме долга дискусија за локалниот активизам во комбинација со глобалната перспектива. Со други зборови ние сакаме да дискутираме за иднината на PGA мрежата и нејзините процеси, како и различните проекти, теми и идеји за акција.
На пример, темите на кои веќе работиме се следните:
Автономни простори и сквотирање, патријархалност, пол, радикален феминизам, анти-репресија, анти-милитаризам, биотехнологија, борби за заштита на околината, домородни простори, анти-глобализација, G8, DIY активности и вештини за споделување, фанзини, инфошопови, PGA инфопоинти, земја и автономија, еко-заедници, дигитални борби и автономни сервери, индимедија алатки, precarity и флексибилност, радикална теорија, продуктивно вмрежување, локални алтернативи, активизам, и други.
Ако сакате да бидете дел од средбата ќе ни бидат потребни следните информации од вас!! Ве молиме пратете ни ги на con2008@no-log.org .. имајте на ум дека нашата динамичност не е најдобра и дека ќе ни треба многу голема интернационална подршка и дефинитивно да знаеме колку луѓе планираат да дојдат на средбата .. исто така ќе ви требаат вреќи за спиење и најверојатно шатор..
Начела на PGA:
· Многу јасно отфрлање на: капитализмот, империјализмот, феудализмот, сите трговски спогодби, институциите и владите кои ја подржуваат деструктивната глобализација.
· Одбиваме секаква форма и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) патријархат, расизам и верски фундаментализам од секаков вид. Се залагаме за потполно достоинство на секое човечко суштество.
· Спротивставен став, со оглед на тоа дека сметаме лобирањето не може да има голем ефект врз недемократските организации полни со предрасуди, чијашто единствена управувачка политика е транснационалниот капитал.
· Повик за директна акција и граѓанска непослушност, подршка на борбите за општествените движења, пропагирајќи заштитнички форми на отпор кои ја максимизираат почитта кон животот и погазените човекови права, како и за создавање на локални алтернативи на глобалниот капитализам.
· Философија на организирање која се базира на децентрализација и автономија. PGA е само инструмент за координација, а не е организација. PGA нема членови, нема, а и нема да има некого на чело. Ниедна организација или личност не ја претставува PGA.
Информации кои ни се потербни од вас:
име на колективот (ако припаѓате на некој колектив)
бројот на луѓе
работилница или тема која сакате да се организира (име на вашата работилница, што ви е потребно за тоа, на пример дали ќе ви треба проектор?)
ако сакате да учествувате во кујна (тоа дефинитивно ни треба)
во солидарност
Интернационална работна група на Петтата PGA конференција