Дикили – Турција 25/08 – 02.09.2008
YURTSUZ DÜNYALILARA SINIRDA UMUT KAMPI
Камп на граница на бездомните земјаци/чки
Рајот на Егејското море за одмор и морнарите, помеѓу грчките острови и турскиот брег создаде име како премин од 80тите. Многу луѓе побегнаа од репресијата на турската воена власт во текот на ‘80тите, користејќи го овој премин. Како надворешна граница на ЕУ – испловувајќи од тврдината Европа наспроти несаканата миграција, областа се претвори во кошмар за луѓето кои се обидуваат да влезат во Европа. Постојат две главни маршути за луѓето кои доаѓаат од Ирак, Иран и Авганистан или од Африка, особено од Сомалија и Судан: маршутата по земјен пат која ги поминува границата помеѓу Турција и Грција или Турција и Бугарија, а другата е морската маршутам егејскиот брег.
Далечината помеѓу брегот близу Измир и грчките острови е само неколку морски милји. Особено во текот на зимските месеци, емигрантите/ките ја користеа оваа маршута помеѓу Турција и Грција која фаќа еден до два саати. Рибарските и одморски села Кушадаси, Сеферихисар, Чешме, Карабурун и Дикили се места на кои тие се нафаќаат на овој несигурен премин.
Грчкиата крајбрежна стража ја извршува наредбата да ги чува интересите на ЕУ земјите за контролирана миграција на млада, обучена, дисциплинирана, но евтина работна сила. На сите можни начини и со сите можни средства крајбрежната стража се обидува да го спречи секое влегување и уземјување на грчка територија: фаќајќи бродови со “погрешен товар”, влечејќи бродови назад до турската страна од морската граница, изложувајќи ги луѓето на ненаселиви острови без вода, принудувајќи ги бродовите да одат на отворено море, за да го спречат секое враќање, физичко малтретирање... Па дури и користење на огнено оружје.
Несаканите поднесители/ки за азил се буткаат натаму наваму од страна на грчките и турските власти. Ниту една страна не сака да преземе одговорност за нив. Во градови како Измир емигрантите/ките кои чекаат на шанса да заминат за Европа изминативе години развија цели заедници. Во Грција несаканите поднесители/ки за азил се држат во притвор се депортираат. Во Турција – во недостаток ма било каква јасна правна рамка – се држат во “Гостилници за странци/ки” во неодредено време и мора да чекаат тука се додека не ги избркаат.
Лошото време го олеснува преносот, спречувајќи спуштањето на земја да биде разоткриено од локалните крајбрежни власти. Од друга страна пак лошото време занчи и опасност за претоварените бротчиња; некои фатени бротчиња се често споменувани во вестите во текот на зимата. Луѓето често не знаат да пливат, па се спасувани од рибарите или турската крајбрежна стража. За некои од нив, секоја помош е задоцнета, локалните жители/ки често наоѓаат мртви тела на плажите. Фицијалните извори говорат за 82 мртви и 102 исчезнати во 2007, и 20 мртви и 53 исчезнати во 2006 во егејската област. fortresseurope.blogspot.com проценува 410 мртви и 402 исчезнати од 1994 до денес. Овие бројки треба да се сметаат само како врвот на сантата мраз.
Непостоењето на било каков правен влез во Европа за поднесителите/ките на азил произвдува пазар на илегални начини за превоз, просперитетен бизнис на ЕУ границите. Затворените граници го произведоа овој пазар, во исто време криминализирајќи ги чинителите/ките на тој пазар. Драконските казни против – како што ја нарекува граничниот режим – “трговијата со луѓе” ги зголемува цените на транспорт од една страна, а од друга пак го прави пазарот попривлечен, и оневозможувајќи го безбедното пристигнување на целната дестинација.
Миграцијата од области кои станаа осиромашени, опустошени и невозможни за живеење поради војна и/или поради производстсво и исфрлање на електронски/текстилни/сирови материјали е еден од начините да го предизвикаш светскиот поредок. Целта на нашиот протест е да ги поддржиме интересите на лужето кои решиле да се нафата за овој тежок и опасен пат.
25ти август – 2ри септември Камп Без граници во Дикили, Измир
Со задоволство го очекуваме вашето учество, соработка и со—учество во работилниците. За фидбек и прашања: dikili2008-sinirkampi@hotmail.com
Нашата веб страна е во прогрес.
НИКОЈ/А НЕ Е ИЛЕГАЛЕЦ/КА
СИТЕ СМЕ МИГРАНТИ/КИ
Извор: Pgabalkan листа