Повик на акција
Евромејдеј прес конференција: понеделник, 14ти април, 14h30, Maison de LA PAIX rue Van Elewijck, 35, 1050 Brussels/Bruxelles/Brussel
МејДеј! Мејдеј! Од Милано до Хелсинки, од Малага до Берлин, МејДеј парадите се шират низ Европа и подалеку.
Тие ја изразуваат заедничката желба да се борат против прекаризацијата и криминализацијата на мигрантите/ките, да ги направи видливи секојдневните борби на прекаритетните, да соработуваат во субвертирањето и нарушувањето на текот на парите и моќта во Тврдината Европа.
Денес, прекаритетот е структурален и генерализиран. Тој е една парадигматска состојба на работата. Структурален, затоа што претставува модерна форма на капиталистичката доминација врз трудот, резултат од индивидуалното договарање на условите за работа, на сметка на она колективното. Понатаму, трудовиот прекаритет е трансформиран во прекаритет за живот. Кога ќе замагли разграничувањето помеѓу работното време и времето за живеење, во контекст каде работното време може да се шири без граници, прекаризираните работни услови станаа прекаритетни услови на постоење. Работниците/чките мигранти/ки се најпрекаритетни меѓу прекаритетните. Ова е и главното тврдење на ЕвроМејДеј 008. Прекаритетот негативно се одразува врз сигурниот доход, станувањето, движењето, произведува дискриминаторен пристап до знаењето и вештините, ја отфрла отворената и слободна информација, комуникација и споделување.
Иако нашите ситуации се различни, ние сме обединети во потребата да најдиме нови начини да се спротиставиме се поголемото капиталистичко барање на сопственост врз нашите животи. обединети сме против прекаритетот и центрите за задржување, и затоа бараме:
И затоа бараме: безусловен основен стабилен доход, европска плата за живеење целосно легализирана за мигрантите/ките, само-организираните и права ослободени од репресија, пристап до култура, знаење, вештини, право на евтино станување.
Европа 008: Нема каде да се бега
Воздухот што го дишеме - неформално споделување, општо превземање на индустриската култура, бесконечни денови, ноќи на тага, моменти на надеж, каде исчезнаа моите пари, кај ли ќе надам пари. Тежок воздух - луѓе во бегство, пловечка европа, грнична контрола на грб. Тежок здив - стариот режим на регулирање и социјално осигурување во европа во криза; капитализам - повеќе од збор, тоталитарна дозвола да заебе секого, искориско доба кое мора да се надмине. Воздухот што го дишеме - нашите општества, нашите пријатели, нашите врски, нашите борби, нашиот заеднички здив, нашите идеи во развој и гласни барања: европска легализација за sans papiers (луѓето без документи) и за основен доход за сите. Затоа што утре мора да биде подобар ден. На секој можен начин.
R U Precarious?
Get Up, Stand Up,
Fight 4 EuroRights,
Get, Up, Stand Up,
Take Up a EuroFight.
PayBack Time is Here.
See Ya There.
"Emancipate yourselves from mental slavery none but ourselves can free our minds." Bob Marley
извор: euromayday.org