Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Трет анархистички саем на книгата во Софија

Балканскиот анархистички саем на книгата е институција чија цел е ширење на антиавторитарни принципи во локалните заедници, собирање на активисти/ките од балканските земји и целиот свет, и на крај, реализација на политички и културни случувања.

Првиот Балкански анархистички саем на книгата е оддржан во Љубљана, Словенија, 2003 со присуство на голем број посетители/ки и се смета за успешен. Вториот анархистички саем на книгата е оддржан во Загреб, Хрватска, следната година, но бидејќи локалните движења не можеа во потполност да помогнат во неговата реализација, целата идеја за организирање на годишниот саем на книгата изгуби на сила.

Иницијативната група за организирање на третиот балкански анархистички саем на книгата се состои од групи и поединци од Бугарија, Србија и Грција, кои учествувале на претходните саеми. со желба институцијата да ја вратиме во живот ја одбравме Софија како место на кое ќе биде организиран саемот на книгата од две различни причини: пред се заради значајната историја на анархистичкото движење во Бугарија, а исто така и поради огромната современа политичка активност. Корените на анархистичкото движење на оваа земја се протегаат до Христо Ботев, национален поет и востаник, кој живеел во средината на 19тиот век. Бугарските анархисти биле присутни во важните моменти, како на Бугарија, така и на глобалната историја, затоа што освен пружањето отпор на бугарскиот цар, некои анархисти се вклучиле во шпанската револуција. Континуитетот на движењето е нарушен по завршувањето на втората светска војна, по воспоставувањто на комунистичкиот режим, кога се потиснати сите анархистички учења, амногу анархисти затворени.

 

По падот на комунистичкиот режим, анархистичките учења, вратени се во живот, а движењето повторно се издигна. Денес, кога неолиберализмот и национализмот преовладуваат, бугарските анархисти делуваат во крајно тешки околности, приморани да се соочуваат со бандите екстремни десничари со општа индиферентност на населението.

Го/ја повикуваме секој/а анархист/ка, антиавторитарец/ка или антикапиталист/ка, со своето присуство да го поддржи овој настан, дури и да немаат сопствени публикации за претставување, и исто така да земат учество во акциите кои ќе бидат организирани.

Саемот на книгата ќе биде оддржан од 31ви мај до 2ри јуни 2008 во Софија.

За повеќе информации за сместување итн. пишете на fab@a-bg.org, ita_gr@yahoo.co.uk, inicjativa.org

 

извор: kontrapunkt