Европа е во војна
Бомбите не паѓаат во Европа.Паѓаат неколку илјади км понатаму во Ирак и Авганистан. Но сепак војната е водена од Европа. Европа служи како лансирачка подлога за воените интервенции низ цел свет. Рамките во кои функционира се менуваат: НАТО, ЕУ, САД коалцијата на согласните, ОН. Се менуваат и целите: Ирак, Авганистан, Либан, Чад, итн. Она што не се менува се точките (местата) на отпочнување/одлетување: воените бази цивилнте аеродроми и пристаништа во Европа.
Европа поседува огромна машинерија за воени интервенции
Ирачката војна го направи ова многу видливо. Војната на САД и ВБ водена преку нивните европски бази. Во 2003, во Европа имаше 54000 американски персонал, кои директно беа инволвирани во војната против Ирак. На пример, американската војска беше распоредена во Германија и Италија, бомбашките летови одеа од британските бази, а авио-носачите на Медитеранот. Маринците се внесуваа во северен Ирак од Крит и Бугарија. Ова трае сеуште. Во 2006 две третини од европско-базираната американска војска беа распоредени во Ирак и Авганистан, подготвувајќи се да замине или само што се вратиле. Од јануари 2003, преку 1 милион американски трупи поминаа преку аеродромот Шенон во Ирска кон Авганистан и Ирак. Аеродромите низ Европа се користат за "интерпретирање" летови. Без Европа Ирачката војна немаше да биде возможна.
Самите европски земји учествуваат во тековните конфликти во Авганистан и Ирак. Повеќе од 25000 европски војници/чки се борат под НАТО команда во Авганистан. ЕУ силите се вмешани во Африка. И НАТО и ЕУ развиваат брзи сили на интервенција. Неколку европски земји имаат воени бази надвор од Европа за поддршка на овие интервенции.
Ние создаваме војна под етикетите "воена хумантарна интервенција" и "војна против тероризмот". Зад овие PR етикети, воените машинерии за интервенција ги штитат економските интереси и го оддржуваат постоечкиот глобален поредок.
Војната започнува од Европа. Ајде да ја запреме војната од Европа
Повикуваме на Европски ден на ненасилна директна акција против војната на 14-15 ноември 2008. Овој ден на акција не се организира од некаква организација - идејата е антимилитаристите/кте низ Европа да можат да го прилагодат денот на акција во нивен локален контекст. Овој повик се изроди во дискусиите помеѓу анти-милитаристичките активисти/ки од цела Европа, на акцијата "NATO> Game Over" во март 2008.
Важно е да се се охрабруваме и поддржуваме меѓу себе. Исто така може да биде корисно доколку се бавите со медиумска работа да имате можност да кажете колку раширен е денот на акција низ Европа. Логирај се на http://europeanpeaceaction.org за да се инспирираш од идеите на другите и однапред да ја испратиш твојата планирана акција (освен ако не е акција "изненадување"). По денот на акција те/ве молиме испрати/ете извештаи/слики/видеа.
Преземи/ете акција во твоите/вашите локални воени бази и инсталации кои се користат за воени интервенции! Ајде заедно да пружиме отпор на воената глобализација!
http://europeanpeaceaction.org