Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Информации за ситуацијата околу сквотирањето во Копенхаген

Акциите продолжуваат. Секој четврток илјадници млади демонстрираат со што им го зголемуваат работното време на полицајците, а во исто време предизвикуваат нервоза кај политичарите. Се сквотираат нови куќи со полн ентузијазам, и покрај тоа што полицијата е брза во евикцијата на веќе сквотираните куќи.

Во последните 2 месеци процесот на отстранување е се поинтензивен, а борбите не губат воопшто од нивната константност и јачина. Судирот продолжува, со нови иницијативи, се создаваат секојдневно нови акции, освежени и со нови стојалишта.

Тоталниот број на уапсени луѓе до 1 Март е близу 1000. Триесеттина од нив се уште се во притвор-половината надвор од куќите. Оваа среда одлуката е на судијата кој треба да одлучи за нивниот престој во затворот без судење, во времетраење од 4 недели.

Во меѓувреме основниот суд ги донесе првите пресуди за луѓето кои се бореа со полицијата на улиците. Дански и странски државјани/ки беа осудени за фрлање на предмети кон полицијата и ќе бидат пратени во затвор во времетраење од 3 до 6 месеци. Овие пресуди се многу повисоки од нормалните.

ABC ги следат случаите и даваат се од себе да им помогнат на луѓето кои се во затвор.

Како во затворите, така и надвор од нив, луѓето се борат. Но политичарите пак одбиваат да слушаат, затоа директните акции не престануваат.

Овој понеделник состанокот на неделната координација беше откажан, поради итната потреба од директна акција, отколку водењето разговори. Околу 150 луѓе сквотираа еден простор кој политичарите сакаа да го продадат за 12 000 000 дански круни ( приближно 1 600 000 евра ) како замена за Ungdomshuset,  Jagtvej 69. ,,Понудата” беше одбиена; никој не прифати да плати за куќата. Но во понеделникот, куќата беше одземена; неколку часа полицајците чекаа додека не се собраа во доволен број за да можат да влезат внатре и се движат безбедно.

Во оваа акција, куќата беше одбранета по пат на пасивен отпор, што не значи дека така ќе биде и во идните окупирања .

Друг проблем е музичката сцена. Луѓето од старите групи сега се трудат да најдат начин да продолжат со панк и хард кор концертите. Нема многу простори, а и парите се голем проблем. Сепак останува надежта дека ќе биде можно да се направат серија на концерти.
Контакт: haevn69(a)gmail.com

http://www.ungdomshuset.dk

 

Училиштето во Stevnsgade испразнето

Во понеделникот (на 15 април) полицијата го испразни училиштето во Stevnsgade , кое кратко време беше окупирано до илјадници активисти. Акцијата беше мирна и тивка, но околу 40 луѓе беа уапсени. До 21:30 улиците околу училиштето беа ,,исчистени” , а неколку часа пред тоа тие го испразнија училиштето. Најголем број од луѓето решија да седат на покриви и беа собирани еден по еден и апсени. Во исто време илјада симпатизери беа на улиците, извикувајќи слогани за Ungdomshuset.

Околу 23:30 часот полицијата ги притисна луѓето кои ја набљудуваа ситуацијата од страна, иако генерално изгледаше дека нема да има никаква полициска акција. Полицијата ги притисна набљудувачите од улицата Stevnsgade и ги избрка од прометната улица Jagtvej. Кога 50-тина луѓе се придвижија кон "ground 69" полицијата ја блокираше Jagtvej, инсистираше сите да се вратат назад без разлика дали се работи за луѓе кои немаат никаква врска со протестот. Без никакво предупредување едно лице беше уапсено под непознати околности. Modkraft.dk бараше објаснување за апсењето, а полицијата не сакаше да даде изјава. Сведоците кои одеа со човекот кој беше уапсен беа шокирани од инцидентот.

Окупацијата на училиштето Stevnsgade беше последната од серијата акции за Ungdomshuset. По расчистувањето на прашањата за потребите на јавниот прес, група од Ungdomshuset потврди дека окупациите ќе продолжат.

Училиштето Stevnsgade е окупирано

Неколку илјади активисти го заземаа училиштето Stevnsgade во Nørrebro. Сопственоста ја потврдија како нова Ungdomshus од старите ungdomshus активисти од jagtvej 69 и ги барикадираа сите влезови. Полицијата беше таму да ја провери ситуацијата, меѓутоа не превзеде ништо. Со помош на SMS окупаторите ги охрабруваа луѓето да дојдат. Позади окупацијата стојат активисти од "monday meetings". Тоа се предходни корисници на ungdomshuset од кои ги продолжуваат нивните ,,понеделнички состаноци” на други простори. Тие се уморни поради немањето сопствена куќа и поради тоа е окупирано бившото училиште во Nørrebro.

Окупаторите ги барикадираа влезовите и не постои никаков знак дека окупацијата е симболична, што беше пример на серија на окупации во и околу средината на  Копенхаген до пред извесно време. Некои од окупаторите беа маскирани.

Пред чистењето на  Ungdomshuset на 1-ви март, училиштето беше потенцијална алтернатива за новите ungdomshus. ,, Социјалдемократите беа на ,,мисловна пауза” и ништо не се менуваше. Затоа се решивме да ги земеме работите во свои раце. Затоа што треба да постои ungdomshus во Копенхаген. Ние така мислиме, а и мнозинството во Копенаген го делат нашето мислење. Не можеме да чекаме вечно од политичарите. Куќата е празна” вели Jan од  Ungdomshuset.

Според активистите, зависи од Ritt Bjerregaard ( градоначалничката) дали куќата ќе биде исчистена, затоа што е сопственост на советот. ,, Мислиме дека таа треба ова да го смета како чекор нанапред кон дијалог” велат окупаторите.

 

http://www.emoware.org/ungdomshuset.asp