,, Les Tanneries ”
По 9 години постоење, сквотираниот автономен простор ,,Les Tanneries” (Дижон, Франција) е загрозен од изградбата на огромен градски медицински центар тајно испланиран од градскиот совет, кој исто така ја загрозува јавната здравствена грижа.
Без никаква јавна консултација градскиот совет на дижон донесе одлука да се стави крај на автономниот простор ,, Les Tanneries “ кој е со само-уредувачка политика, социјален и културен центар кој беше сквотиран во 1998 и од тогаш е значајно место за анархистичките организации и радикални активисти низ Европа. И е дом на People's Global Action Infopoint во Франција.
Непотребно е да се спомене дека ние нема да дозволиме советот да ги уништи нашите планови !
Бевме свесни уште од самиот почеток дека ќе треба да одржуваме постојана претпазливост и по години борба беше неизгласана потврдата од советот во 2002 година. На почетокот од март 2007, по гласините за заканувачките проекти, стапивме во контакт со советот барајќи објаснување. И покрај нашите постојани контактирања преку мејл и телефон, беше одбиван секаков одговор. Пред два дена, добивме потврда од доверлив, неофицијален извор, дека градскиот совет доставил пишано барање до « Gnérale de Santé », нудејќи го целиот простор на земјата каде што сме лоцирани, за конструкција на 25 акри широк приватен медицински простор кој ќе биде завршен до 2009 година.
Дали градскиот совет на Дижон ќе ја охрабрат "two gears" (што би требало two gears да претставува, не знам) здравствената заштита додека јавните здравствени сервиси се под заканата на нео-либералните стратегии на приватизација во Европа?
Веројатно сакаат да учествуваат во монополот на европското приватно здравство; транснационално ( 1 741 билиони евра профит во 2006, 10 % контролирани од дивиденди и од американските пензиски фондови ) преку понуда на место кое е блиско до градскиот центар, веднаш до јавната болница? «Generale de Sante» ќе ја искористи ситуацијата за да ја затвори постоечката болница, наместо да ја реновира.
Покрај пропагандата за ,, учествувачка демократија “, ниту градскиот совет, ниту соседството не не запрашаа пред донесувањето на спогодбата со која не само што е заканувачка, туку се одлучува за иднината на голем дел од градот.
Зошто подршката за ,,Les Tanneries” е јасна и гласна?
Градската полиција веќе му се закани на независниот театар "L'Eldorado", како и на сквотот "Le Toboggan". Со затворањето на "Les Tanneries" докажуваат дека таканаречената ,,социјалистичка” партија се стреми кон полициска Франција без места за отпор, експерименти... "Les Tanneries" има концертна хала за DIY бендови и разновидни перформанси, сместување на колективи и групи со анархистички афинитети, ,,hacklab” за развивање на слободен софтвер и на слободни алтернативни сервиси, free-shop, простор за механичари и работилница за поправка на велосипеди, соби за проби (глума), silc-screening средства, простор за состаноци, органска градина, алтернативен медија центар, помошни пунктови, голема библиотека, различни еколошки конструкции; многу колективи, асоцијации, локални и меѓународни мрежи го користат просторот за да организираат свирки, инфо-вечери, акции, размена на мислења, состаноци и проекти. . .
Додека јавните културни простори се помогнати од големи донатори или фондации заблагодарувајќи се на бизнисмените и спонзорите, илјадници луѓе неделно доаѓаат во "Les Tanneries" за да креираат вистински независна култура и бесплатно да се вклучат во сите видови на активност. Оваа слобода на "Les Tanneries" е зачувана со тоа што одбива секаков вид на парична подршка и вработени.
Во оние држави каде што само-уредувачките структури се потиснати и поради тоа кршливи, "Les Tanneries" има долго постоење од тој вид. Оттука, "Les Tanneries" e богат простор и битно место за автономната, активистичката и субкултурата во Европа.
"Les Tanneries" се стреми да вметне радикални социјални погледи во пракса и овозможува средства за секого/ја во реализација на идеите. Ние се стремиме да ги преминеме границите помеѓу нашите лични животи и политичкиот живот и одиме кон организирање на хоризонтален правец, против авторитарци и хиерахиски структури.
Ја градиме реалноста самостојно и ги менуваме нашите животи преку предизвикувањето на доминацијата, нетолеранцијата, расизмот, сексизмот и хомофобијата како на улица, така и помеѓу ѕидови. Сепак најважно е тоа што сакаме да го направиме сега, а не да чекаме да дојде некојси D-day.
Како и да е, "Les Tanneries" не се ,,фини и мили” алтернативци кои не би се бореле против насилната моќ на естаблишментот, ниту пак сакаат да бидат некои толерантни фолклористички градинки кои би ја докажувале добрата волја на градските лидери.
Ние сме тука за да се бориме и да го менуваме светот !
Сепак не фантазираме за маргинално држење на конците на општеството. Спротивно на циничниот политички мејнстрим, искуството, како нашето, докажа дека е можно да се предизвикува капитализмот и авторитетот. За време на постоењето на "Les Tanneries", се докажа дека не е само реалистично, туку и навистина релевантно на само-организирање без институции. Веруваме дека покажавме дека работите кои ги водиме и на начините кои ги реализираме не се само делириумска утопија на група млади кои ќе го променат мислењето кога ќе пораснат.
"Les Tanneries" како и многу други вакви простори стојат против светот, се единствени сами по себе и се врзани за историјата. Извираат од соништата, афинитетите, од судирот и комбинациите од илјадници луѓе. Зачувани меѓу овие ѕидови се радоста и лутината, бесот и страста, доживувањата и емоциите на неколку генерации.
# Нашиот проект не смее да се сели ниту да се уништува!
# Мора да остане во населбата!
Без разлика што градот планира да се случи, ние ќе се бориме да го заштитиме она што сме го граделе околу 10 години. Со реална политичка волја од градскиот совет можат да се најдат соодветни технички солуции.
Благодарејќи на подршката од населението и сериите на притисок низ овие 5 години, "Les Tanneries" му стави крај на градскиот притисок во 2002 година. После 4 години, ние сме спремни да се бориме повторно за да го одбраниме овој простор и да изградиме нова мрежа на население кое што ќе се темели на контакти, искуства и соучество кое ќе се создава низ времето. "Les Tanneries" не е само локално место, туку е и дел од поголема заедница, чии афинитети немаат граници. Очекуваме апсолутно сите да се мобилизираат со нас во давањето подршка за акциите или со доаѓањето во "Les Tanneries" физички за да се одбрани просторот против одземање.
Да се надеваме дека лидерите ќе ги имаат на ум долгите денови и ноќи на борба во Копенхаген, кој беше парализиран со недели, како и бројните радикални акции кои се случија насекаде низ Европа како подршка на нашите пријатели од Ungdomshuset. Ние ќе победиме, благодарејќи на секој вид на протестна иницијатива која ќе ја завземеме и завземете...била голема или мала. Сите видови на солидарни акции се оптимистички. Нешто што може да се направи токму сега е да се пише на градскиот совет во Дижон, со напомена дека имате желба "Les Tanneries"да постои таму каде што е.
Ако сакате да бидете информирани за учеството во акцијата и демонстрациите, пратете ни го вашиот мејл или пак телефонски број на tanneries at squat dot net.
We'll defend, we'll resist. Parce qu'on a la rage!
За повеќе информации на: http://squat.net/tanneries/
Извор: www.indimedia.org