Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Победа на борбата на "les Tanneries" – Победа на судењето во случајот со окупацијата на мексиканскиот конзулат

1. Минатата година за време на конференцијата на pga во дижон, имаше окупација на мексиканскиот конзулат во солидарност со борбите во Оахака. По окупацијата полицијата уапси 6 луѓе од различни земји и ги обвини за *нелегално преминување* *тешка кражба* и *насилство*. Колективот за правна поддршка, со уапсените и другите луѓе веднаш беше создаден. Различн други акции на солидарност со борбите во оахака и дебати беа организирани во дижон во текот на изминатата година, како и дебати и средба за поддршка пред судот на правдата во текот на судењето во јуни. Резултатот од судењето само што пристигна и 6те луже беа прогласени за *не-виновни* во однос на сите обвиненија. Солидарноста со борбите во оахака продолжува.

2. вторите вести доаѓаат малку доцна на оваа листа, но бидејќи последната pga конференција беше делумно организирана и добредојдена во "les Tanneries" во дижон и бидејќи на истиот простор му се закануваше евикција за време на последните месеци, мислев дека вреди да се испрати тука. Извинете ако сте го читале веќе на друго место. Ова е *победничко* комунике кое го напишавме неодамна.

Tanneries-подддршка: вести, извештај за мобилизацијата, и победа!

Драги пријатели/ки,

Конечно, еве нови информации за нашата ситуација! Се извинуваме на нашите меѓународни пријатели/ки, другари/ки и поддржувачи/ки низ светот кои чекаа толку долго вести, но како што можете да замислите, бевме навистина зафатени. Како и да е, време е да ги потврдиме гласините кои веќе 4 недели кружат: можеби не ја добивме цела битка, но дефинитивно ја добивме првата рунда!

Најпрво, би сакале да испратиме топли поздрави до сите оние кои го овозможија ова, праќајќи протестни писма, факсови и мејлови, заканувајќи му се на советот по телефон, организирајќи протестни акции во вашите градови и пред вашите амбасади, останувајќи со нас, било да е тоа едма ноќ или една недела, испраќајќи ни охрабрување, поздрави и енергија. Повеќе од било кога, ние се чувствуваме дел од една растечка и движечка заедница – создадена од афинитети без граници, бунтовни соучества, прекрасни луѓе и практична солидарност.

Потоа, би сакале да нагласиме дека нашата борба не е само локална, и дека нашата победа може да биде само делумна се додека други автономни простори како Копи и Ригерштрасе во Берлин, Унгдомсхусет во Копенхаген, Блиц во Осло, Ифанет во Солун, како и разни други социјални центри во амстердам, барселона и на други места се под закана или веќе уништени.

Веруваме во засилувањето на неформалните врски кои не врзуваат, во заедничкото заложување, во заеднички отпор!

***

краток извештај за мобилизацијата во и околу дижон

***

доцна во март 2007, откривме дека се одвиваат дискретни преговори помеѓу градскиот совет и корпоративната група "Générale de Santé" за изградба на приватен медицински комплекс на нашето место. Откако неколку пати го прашавме советот за објаснување и не добивме никаков одговор, решивме да одиме со нова кампања, со намера да работиме на прашањето додека е жешко, пред да бидат преземени било какви одлуки.

Во рок од неколку дена, се прошири повик за собирање пред градското собрание на 23ти март. Се појавија околу 300 луѓе и демонстрираа надвор, додека група од 70 активисти/ки влегоа во зградата да ја спречат седницата на советот која се одвиваше во моментот. Состанокот беше блокиран, а градоначалникот мораше да се соочи со нашето првп барање: одговори. Оддеднаш имавме закажан состанок за следниот ден, уште еден доказ дека колективната акција е многу поефикасна од љубезни писма.

По првиот бран на притисок советот призна дека имале 5б проект, но дека ќе сме биле консултирни во врска со било која одлука; на што одговоривме дека не сакаме да ни кажат штп би се случило, туку дека ние ќе го спречиме тој проект да се случи. На идејата за преместување на нашиот простор ние одговоривме дека не доаѓа во предвид ние да се селиме, дека ќе дигнеме кампања и ќе пружиме отпор да ги задржиме структурите кои ги градиме преку 10 години.

Во неделите кои следеа, стотици писма, пораки и тел. повици беа упатени од сите страни на франција и европа до градското собрание, а постери, летоци и графити во одбрана на "Les Tanneries" брзо го прекрија цел град. Повеќето политички состаноци на социјалистичката партија (која го држи градското собрание и се кандидираат на изборите во моментот) беа попречени со говори за нашата ситуација, а беа и остварени контакти со десетици колективи во и околу дижон, од кои еден број испратија протестни писма до советот. За да ги запознаеме сите страни на непријателот си се поканивме кај the "Générale de Santé" како група, и добивме состанок со нивниот главен, кој ги потврди преговорите кои се одвиваат, но рече дека е отворен за идејата да го гради медицинскиот комплекс малку понатаму од нашата локација.

На 6ти мај, десничарот саркози беше избран за претседател. Избувнаа немири во гнев низ цела земја. Во дижон, стотици луѓе се судрија со рајот (riot) џандарите/ките кои го штитеа штабот на десничарската партија, а неколку капиталистички цели беа нападнати. Неколку дена подоцна, локалната десница не обвини нас како одговорни за немрите, барајќи од советот да не затвори. Ние одговоривме изразувајќи ја нашата солидарност со сите демонстранти/ки преку комунике, објаснувајќи дека не би срониле ни солза за искршените прозорци на банката.

Претворајќи голем број на примероци од весникот кој содржеше еден неславен чланок во конфети на една наша демонстрација не само што го разлути одгворниот новинар, туку го наведе да објави голем дел од нашите одговори во следниот број. Ова се случи во контекст на медиумскиот неуспех во однос на автономните и анархистичите кругови во франција, што полицијата го сметаше за одговорен за социјалните немири кои се раширија низ земјата по изборите, резултирајќи во упаѓање во неколку сквотови и задржување на неколкумина.

Сеуште без гаранција дека ќе го задржиме нашиот простор, планираме ескалација на протестите, прво на 19ти мај, за кога најавивме разнобојна и активна демонстрација, и второ на 9ти јуни голем Reclaim the streets концерт мешајќи милитантен хип хоп hop (Keny Arkana), со панк (Guerilla Poubelle) и револуционерни песни (René Binamé)..

Во меѓувреме продолжија да стигнуваат пораки со поддршка, пропратени од прекрасните вести за меѓународната солидарност. Во копенхаген, на 3ти мај беше оддржана демонстрација во одбрана на разните окупирани социјални центри, меѓу кои и Les Tanneries; кога демонстрацијата се обиде да дојде до француската амбасада, беше нападната од полицијата, што доведе до улични немири и запалени барикади цела ноќ. Во берлин, на 8ми мај, демонстрацијата за Köpi собра околу 1000 луѓе, зад банерот "Köpi, Blitz, Les Tanneries, Ifanet – сите сме заедн, се бориме заедно". Во барселона, на 19ти мај, демонстрацијата за автономни простори, која беше блокирана и нападната од полицијата, носеше банер во одбрана на "Les Tanneries" & "Köpi".

Во дижон, на истиот 19ти мај, Les Tanneries демонстрацијата започна со јавно читање на меѓународната солидаристичка изјава која дојде од барселона, па потоа продолжи по улиците, водена од енергична батукада, а следена од некои 400 учесници/чки. Постери беа излепени по ѕидовите во текот нза цела демонстрација, која со време птистигна во паркот веднаш позади советот. Таму група на активисти/ки се искачија на дрвјата, распослаа банери наспрот прозорците на советот и поставија воздушен камп, додека на земја се дистрибуираа летоци, објавувајќи постојана окупација на паркот и негова трансформација во привремена автономна зона, додека градоначалникот не вети да не го загрозува повеќе Les Tanneries.

Ова го направи градскиот совет да излуди малку. Откако полицијата рече дека не можат да ги евиктираат дрвјата, зошто имаад недостиг на луѓе и опрема, градските службеници/чки сеуште доцнеа таа ноќ, предлагајќи да го обноват нашиот договор за уште четири години, доколку се симнеме од дрвјата. Без пишано потврдување, ние одбивме и ја поминавме ноќта на дрвја. Слениот ден (недела наутро), ни беше донесена пишана потврда од градоначалникот, па така одлучивме да си заминеме, по 24 часа окупација.


Не само што добивме уште четири години, туку исто добивме потврда дека приватниот медицински комплекс нема да се изгради над нашата куќа, туку би биле наши соседи. И покрај таа прва голема победа, останавме загрижени: "Générale de Santé" сепак ќе има легално право да си ја присвои цела околна земја во следните 15 години. Како и да е, под притисок на огромната улична забава која трбаше да се случи пред градскиот совет на денот пред парламентарните избори, советот вети дека доколку земјата која ја окупираме треба да се продаде нашата наемнина ќе остане недопрена. Го добивме нивниот збор онолку колку што вреди; по два месеци мобилизација, избравме да се одмориме и да уживаме во првата победа, останувајќи претпазливи и да гледаме.

Како резултат на ова, нашата улична журка од 9ти јуни ја преместивме во нашата куќа, повикувајќи на славење на двомесечната борба, искористувајќи ја можноста да ги отвориме широко вратите и да ја покажеме сета разновидност која лежи во Les Tanneries. Беше прилично возбудлив викенд за многумина, комбинирајќи разгневен хип-хоп и панк на отворено, веган храна и анархистичка литература, говори и видеа за Унгдомсхусет и сквотирањето во Барселона, изложби, конференции и филмови за народното востание во оахака, електро денсфлор и целодневна графити џем сесија.

Како и да е, борбата не е завршена. Само пред неколку дена десничарската патија реагираше, напаѓајќи ја одлуката на советот да н дозволи да останеме. Градоначалникот одговори дека локалните избори се наскоро, и доколку десницата сака да тврди дека се отарасале од Les Tanneries, како дел од нивната кампања, можат да го направат тоа, но тој им посакува многу среќа во тоа! Јасно е дека ќе мора да да бидиме ан гард за време на локалните избори следната година.

Во секој случај, нашите грижи одат подалеку од дижон, кога автономни простори се затвораат насекаде, анархистичките и радикално левите кругови се криминализираат, се наметнува социјална контрола, скоро насекаде. Нашите борбени поздрави летаат до сите оние во копенхаген, берлин, солун, осло, барселона, амстердам, парис и насекаде. Кои продолжуваат да се борат да ги држат настрана рацете на полицијата од неколкуте наши ослободени простори!

Дижон, јуни 2007
Espace autogéré des Tanneries
http://squat.net/tanneries/

Ве молиме поддржете ги нашите другари/ки во борба:
· во копенхаген: http://ungdomshuset.dk/
· во берлин: http://squat.net/r84/ & http://koepi.squat.net/
· во осло: http://blitz.no/
· во барселона: http://okupesbcn.net/
· во Aмстердам: http://www.krakengaatdoor.nl/
... http://squat.net/ & http://indymedia.org/


извор: www.ainfos.ca/en