Драг/а пријателе/ке,
Огромните правни трошоци на здружената палестинско-израелска борба против окупацијата не принудува да го испратиме овој итен апел за пари. Бараме од вас поддршка да ја продолжиме работата на израелската група Анархистите/ките против ѕидот (АПЅ).
Во изминативе четири години групата ја поддржува палестинската борба против израелската окупација и особно против изарелскиот сегргационен ѕид. Недела по недела, АПЅ се придружува на палестинскиот народен отпор против ѕидот, во различни области на Западниот брег, вклучувајќи ги селата Билин, западно од Рамалах, ал Маасара и Ертас, јужно од Витлеем, и Умар, северно од Хеброн.
Активистите/ките често пати биле апсени и обвинети за нивно учество во борбата. За среќа групата е претставувана од посветената адвокатка Габи Ласки. Адв. Габи Ласки безуморно работеше да ги одбрани активистите/ките уапсени на демонстрации на директни акции на Западниот брег и во Израел. Иако правната одбрана која таа ја обезбедува за АПЅ е скоро полно работно време, таа се согласи да и се плаќа само симболичен хонорар. Како и да е, групата не успеа да ја покрие дури ни оваа сума, и сега должи околу 40000$ за правните трошоци на преку 60 обвиненија. На сет овој енормен правен долг, АПЅ активистите/ките се присилени да потрошат големи суми на превоз и тел. сметки.
Ве молиме испратете донација која ќе ни овозможи да ја продолжиме оваа борба.
Фала на вашата солидарност.
Анархистите/ките против ѕидот
За повеќе информации за АПЅ, нашите акции и како да донирате, посетете ја нашата веб-страна: www.awalls.org или контактирајте не на donate@awalls.org.
Извор: WRI внатрешна мејлинг листа