Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

PGA - People's Global Action (ГАЛ) започна во 1997та. Таа била средство и мешана структура на координирани групи и луѓе кои споделуваат заеднички борби и пракса, во согласност со различни антикапиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги нашите основни поставки поодле). ГАЛ го иницираше меѓународниот караван во 1999 год., како и меѓународните денови на акција против Г8, СТО (Светската трговска организација), Светската Банка, ММФ...

 Во Сиетл, Џенова, Прага и број други помалку преговарачки настани, ГАЛ беше движечка сила зад бројни акции и рефлексии. Помеѓу контра-самитите, социјалните форуми и различните акции, групите блиски на ГАЛ сега бараат нови пориви да ја предизвикаат стагнацијата.

 Основните поставки на ГАЛ:

  • Многу јасно отфрлање на капитализмот, империјализмот и феудализмот; сите договори за трговија, институции и влади кои промовираат деструктивна глобализација.
  • Ги отфрламе сите форми и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на нив, патријархатот, расизмот и религиозниот фундаментализам од сите видови. Со отворени раце го прегрнуваме целосното достоинство на сите човечки битија.
  • Спротиставен став, бидејќи сметаме дека лобирањето нема голем одраз во вакви бесмислени и недемократски организации, во кои транснационалниот капитал е единствениот вистински создавач на политиката.
  • Повик за директна акција и граѓанска непослушност, поддршка на борбата на социјалните движења, застапувајќи ги формите на отпор кои
  • Бескрајна почит кон животот и правата на угнетените луѓе, како и кон создавањето на локални алтеернативи на глобалниот капитализам.
  • Организациона филозофија заснована на децентрализација и автономија.

Во Европа, групите кои се идентификуваат со принципите на ГАЛ се среќаваат отприлика еднаш годишно секои две години, преку иницијатива на локален колектив кој ќе се нафати да ја организира средбата. Од 1997 год. Па досега, овие конференции биле можност за неколкудневна размена на вежби и знаења, и на засновање врски, кои ќе ни овозможат подобро организирање во заедничките акции.

Досега конференции беа одржани во Милано (Италија), 2001та, во Лајден (Холандија) во септевмри, 2001та, во Белград (Србија) во јули, 2004та и во Дижон, Франција (централизираниот дел) и повеќе граддови во Франција и Швајцарија (децентрализираниот дел) во 2006та. Секој пат, тие повлекуваат стотици луѓе да се соберат заедно и изродуваат контакти, разменувања и стратешки рефлексии. Оваа година, собирот на PGA ќе се оддржи во Атина од 20-27ми август.

повеќе: People's Global Action во Европа

People's Global Action глобално