Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Сите ние сме 129а!

7ми август, 2007

Четири германски активисти/ки беа уапсени под сомневање дека се членови/ки на некојаси *терористичка организација* [правнички печат известувње од печатот | de]. Германската федерална полиција се сомнева дека Militante Gruppe (МГ или Милитантна група) се наоѓаше зад неколку акции со палење на полициските и армиските возила од момеентот кога групата се појави во 2001 [Известување за печат на Федералниото обвинителство]. Директните акции велат вклучувале и напад на на германски федерални полициски возила за да протестираат против нивната вмешаност во депортацијата на емигранти/ки и како одговор на Г8 упаѓањата во почетокот на оваа година. Ако ги прогласат виновни, четворицата/ите може да се соочат со 10 години затвор. Уште тројца се обвинети, но не се приведени.

Од мај 2007, како резултаѕ на четири прелиминарни истраги во берлин, хамбург, штросберг и бад олдеслое, се изведени неколку упади, врз основа на член 129а од германскиот кривичен законик, кој забранува *формирање, членување или поддршка на терористичка организација* [позадина на германски | специјално издание на германскиот закон Journal (pdf на анг.)]. Истрагите од член 129а вообичаено федералната полиција ги користи за да собере информации за активистите/ките и протестантите/ките, како и за да ги заплаши. Само 2% од сите 129а истраги резултирале со осудувања.

Веќе се оддржаа еден број на акции на солидарност, вклучувајќи демо во берлин во средата (1ви август) и уште едно во затворот каде се држат четворицата/ите, во неделата (5ти август). Протест против полициската репресија е планиран за 15ти септември низ цела германија [повик], додека се очекуваат многу акции и потести на солидарност низ светот.

За повеќе информации провери го новиот solidarity blog [анг] и Indymedia Germany.

Терористи/ки!

По едногодишна член 129а истрага, тројца активисти беа уапсени на 30-31 лули, 2007, додека наводно се обидувале да запалат четири армиски камиони на местото на MAN AG во брандербург. Тројцата, идентификувани како флоријан л. и оливер р. и двајцата 35-годишни, и 46-годишниот аксел х. се сега обвинети за *припаѓање на терористичка организација, Militante Gruppe, како и за обид за напад за палење. На 31ви јули, полицијата ги пребара домовите на четири други сомителни кои живеат во берлин и еден од нив, андреј х., 36-годишен беше уапсен за *соработка со МГ*.
Адвокатите/ките кои ги застапуваат седумината во изјавата рекоа, *обвиненијата за тероризам против 7-те луѓе обвинети во овој нов 129а случај се шпекулативни и неиздржани. Апсењето на четворицата е скандал*.

*како што тече случајот во моментот, особено мотивацијата на налозите, уште еднаш покажуваат како службите за спроведување на законот во германија ги користат анти-терористичките закони против одредени сомнителни луѓе, во целосна неусогласеност и без било каква уставна скрупола.*
во нормално уставно судско судење, тројцата осомничени од брандербург би биле обвинети за обид за напад по член 306 од кривичниот закон, а не задржани во притвор. Изјавувајќи дека обид за напад на три возила без некого да загрози е тероризам, очигледно има политички мотиви. Дури и широко дефинираниот член 129а (членување во терористичка организација) бара чинот да треба да *оштети државно или меѓународно тело значително, преку нивната природа или нивниот ефект*.
Пред г8 самитот во хајлигендам во јуни 22007, федералниот обвинител истражи неколку MG членови/ки и ги пребара нивните домови користејќи го член 129а, но не најде доказ да го употреби против нив. Тогаш упадита предизвикаа бран на протести низ цел свет, а беа осудени и од многу мејнстрим организации за човекови и граѓански права.

Член 129а оригинално беше додаден на кривичниот закон како реакција на акциите на Red Army Faction (RAF, позната и како групата Baader-Meinhof) во 1970тите. Негова главна цел е *да ја чува јавната безбедност и редот во државата* објавувајќи ја планирачката фаза како дел од *илегална активност*.

Пенкала и пушки

Според самото федерално обвинителство, полицијата нема доволно познавање за тројцата уапсени од брандербург. Ова, како и да е, *не оди наспроти претпоставката за можно сомневање за членување во терористичка организација*. Од записите на MG тие заклучија, *може да се заклучи дека ова одговара на очекувањата на нивните членови/ки*.

Арбитрарноста на апсењара може најасно да се види во случајот со четвртиот уапсен, андреј х. Полицијата претпостави дека постои врска заснована врз едвај забелешката дека постои контакт помеѓу него и еден од брандербуршките осомничени. Понатаму, единствените две средби помеѓу нив се претпоставува дека се случиле *заговорнички*. Полицијата не знае ништо за што биле средбите во февруари и април 2007. сепак, тие заклучиле дека *заговорничкото однесување помеѓу х и л може да биде објаснето само доколку л е исто дел од терористичката организација MG* и дека *заговорнички договорените средби се поврзани со ова* (организацијата). Една од *конспиративните работи* очигледно било тоа што андреј си го заборавил мобилниот дома.

Андреј х., социолог чија работа се фокусира на џентрификација (преуредување на запуштени средини, простори, станарските права и социјалните издавања, исто така има објавено академска статија во 1998 во која користи фрази и зборови кои можат да се најдат во текстовите на MG. *зачестеноста на коресподенцијата е сомнителна и не може да се објасни со тематски коресподенции*, заклучија тие. *како политички научник*, додадоа, тој е *интелектуално способен да ги пишува технички тешките текстови кои ги користи MG*. Згора на тоа, тој *има пристап до библиотеки кои може да ги користи без да предизвика сомневање за да ги направи потребните истражувања за MG*.

Андреј е исто тка познат како политички активист кој учествуваше во многу локални и меѓународни настани, вклучувајќи го неодамнешниот Центарот на незвисниот медиум (Indymedia центарот) во Росток. Во неговиот налог за апсење беше спомнато дека бил инволвиран во *напредување на левичарските протести против г8* (во германија, јуни 2007).

Сите сме 129а!
На solidarity demo во градот фулда на 4ти август, околу 400 учесници/чки, повеќето од летната академија на attac, извикуваа слогани *сите сме 129а* и *сите сме терористи/ки*. Околу 40 од нив *се пријавија* на одговорниот полицаец бидејќи имаа исти причини за сомневање кои биле наведени против андреј. Во *само-инкриминирање според 129а*, тие изјавија дека
- и тие ги исполнуваат интелектуалните и материјални предиспозиции за составување тврдење одговорност;
- и тие имаат пристап до библиотеки потребни за соодветно истражување, кои можат да ги користат без да привлечат нечие внимание;
- и тие објавуваат текстови кои содржат фрази и зборови кои исто така се искористени во текстовите на Militante Gruppe.

Извор: inymedia.org