за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови
Анархизам, феминистичка врска - Peggy Kornegger
Пред 11 години се наоѓав во училиште во еден мал град во Ilinois, никогаш не бев слушнала за зборот "анархизам" воопшто. Најблиску што дојдов до ова, е познавањето дека анархизмот значи "хаос". Што се однесува до социјализмот и комунизмот, моите часови по историја некако ја пренесуваа пораката дека не постои разлика меѓу нив и фашизмот, збор кој потсетуваше на Хитлер, концентрациони логори и сите видови на ужасни работи кои никогаш не се случиле во слободна земја како нашата. Суптилно бев учена да го голтам кроткиот прост говор на традиционалната американска политика: умереност, компромис, прескокнување огради, Chuck Percy како чудо од дете. Добро ја научив лекцијата: ми требаа години да го препознаам биаското и дисторзијата кои ја формираа целата моја "едукација". "Неговата приказна" (his story) на човештвото (бело) значеше токму тоа; како жена јас бев прогонета на свештеничко постоење. Како анархистка јас воопшто не егзистирав. Цела грутка на минато (а тоа значи можности за иднината) беше криена од мене. Од неодамна открив дека многу од моите прекинати политички импулси и инклинации делеа заедничка рамка - а тоа е анархистичката или слободарската традиција на мислата. Тоа беше како одеднаш да видов црвено по долги години далтонистички сиво. Emma Goldman ми ја обезбеди првата дефиниција на анархизмот: Анархизмот, навистина се залага за ослободување на човековиот ум од доминацијата на религијата; ослободување на човечкото тело од доминацијата на сопственоста; ослободување од оковите и воздржаноста на власта. Анархизмот се залага за општествен поредок заснован на слободно групирање на поединци/ки со цел да произведат вистинско социјално богатство, поредок кој на секое човечко суштество ќе му гарантира слободен пристап до земјата и целосно уживање во потребите на животот, раководејќи се според индивидуалните желби, вкусови и инклинации.1 Наскоро, во главата почнав да ја градам врската меѓу анархизмот и радикалниот феминизам. Ми стана многу важно да запишам некои мои перцепции од оваа област, како начин на комуницирање со другите за возбудувањето што го почуствував за анарха-феминизмот. Изгледа клучно е тоа што ги споделувавме нашите визии еден/на со друг/а со цел да се срушат некои бариери кои недоразбирањето и ресцепканоста ги подигнаа меѓу нас. Иако се нарекував себеси анархо-феминистка, оваа дефиниција лесно може да вклучи социјализам, комунизам, културен феминизам, лезбејски сепаратизам или било кој од дванаесетина други политички етикети. Како што пишува Su Negrin: "Ниту еден политички чадор не може да ги покрие сите мои потреби.2 Ние може да имаме повеќе заедничко отколку што мислиме дека имаме. Додека пишувам овде за моите реакции и перцепции, не ги гледам ниту мојот живот ниту мислите како одделни од оние на другите жени. Всушност, едно од моите најсилни убедувања, кое се однесува на женското движење е дека споделуваме неверојатно заедништво во визијата. Моето лично учество во оваа визија не е да понуди дефинитивни изјави или ригидни одговори, туку повеќе можности и променливи врски, кои се надевам дека ќе отскокнат наоколу меѓу нас и допринесе во продолжителниот проецес на растеж и еволуција/револуција на поединецот/ката и колективот.
Анархизмот толку долго бил озлогласуван и погрешно интерпретиран што можеби најбитната работа со која треба да се почне е објаснувањето што е, а што не е. Веројатно најпреовладувачкиот стереотип за анархистот/ката е дека изгледа на злобен маж кој крие запалена бомба под црната наметка, спремен да уништи или убие се и секого на неговата патека. Оваа слика изродува страв и одвратност кај повеќето луѓе, без оглед на нивната политика; последователно, анархизмот е отфрлен како грд, насилен и екстремен. Друга погрешна концепција е анархистот/ката како непрактичен/на идеалист/ка, кој/а се расправа со бескорисни, утописки апстракции, кој/а нема допир со конкретната реалност. Резултат: Анархизмот е уште еднаш отфрлен, овој пат како "невозможен сон". Ниту една од овие слики не е точна (постоеја и анархисти/ки убици/??
и идеалисти/ки - како што е случај со многу политички движења, левица
и десница). Она што е точно секако зависи од нечија рамка или референци.
Постојат различни видови анархисти/ки, како што постојат различни видови
социјалисти/ки. Она за што ќе говорам тука е комунистичкиот анархизам,
кој го гледам како виртуелно идентичен на слободарскиот (т.е. неавторитарниот)
социјализам. Етикетите можат да бидат страшно збунувачки, па со надеж
дека ќе го разјаснеме терминот, ќе го дефинирам анархизмот користејќи
ги 3-те најголеми принципи ( секој од нив верувам дека е поврзан со
анализите на општеството на радикалниот феминизам - поеќе за тоа подоцна): Така анархизмот звучи супер, но како е можно да проработи? Таков вид на утописки романтизам не може да има никаква врска со реалниот свет...така? Не е така. Анархисите/ките всушност биле успешни (но само повремено) во бројни случаи (ниту еден од нив не е многу познат). Шпанија, и Франција особено, имаат долга историја на анархистичка активност, и токму во овие две земји најдов највозбудливи конкретизации на теоретскиот анархизам.
Револуцијата е работа на луѓето, народно дело; контра-револуцијата
е работа на државата. Отсекогаш било така, и мора секогаш да биде така,
дали тоа било Русија, Шпанија или Кина.4 За таканаречената шпанска граѓанска војна меѓу народот се верува дека била обична битка меѓу франковите фашистички сили и оние посветени на либералната демократија. Она што беше превидено, или игнорирано, е дека во Шпанија се случувало многу повеќе од само граѓанска војна. Широко заснованата социјална револуција која останува верна на анархистичките принципи земаше цврста, конкретна форма во многу области во земјата. Постепеното намалување, и со време целосно уништување на ова слободарско движење е помалку важно да се дискутира тука од она што всушност било постигнато од жените и мажите кои биле дел од тоа. Наспроти огромните чуда, тие направија анархизмот да функционира. Реализацијата на анархистичката колективизација и работничкото самоуправување за време на Шпанската револуција обезбедува класичен пример на организација плус спонтаност. И во рурална и во индустриска Шпанија анархизмот бил дел од народната свест многу години. По селските области, луѓето имале долга традиција на комунизам; многу села сеуште делат заедничка сопственост или даваат парчиња земја на оние без неа. Декади на рурален колективизам и кооперација ја поставија основата за теоретскиот анархизам, кој во Шпанија дојде во 1870-тите (преку италијанскиот револуционер Fanell, пријател на Бакуњин) и со време го подигнаа анархо-синдикализмот, апликација на анархистичките принципи во индустрискиот синдикализам. Confederacion National del Trabajo, основани во 1910, бил анархо-синдикалистички синдикат (работејќи блиску со милитантните Federacion Anarquist Iberica) кои обезбедиле инструкции и подготовки за работничкото самоуправување и колективизацијата. Десетици илјади книги, весници и памфлети, допирајќи го скоро секој дел на Шпанија, придонеле за дури поголемо општо познавање на анархистичката мисла.5 Анархистичките принципи на не-хиерархиска соработка и индивидуална иницијатива комбинирни со анархо-синдикалистичката тактика на саботажа, бојкот и генерален штрајк и обука за производство и економија им дале на работниците/чките позадина, и во теорија и во пракса. По јули 1936тата ова доведе до успешна спонтана апропријација, и на фабриките и на земјата. Кога во Јули 1936тата шпанската десница одговорила на изборната победа на Народниот Фронт со обид за воен пуч, луѓето возвратија со бес кој го прекина пучот за 24 часа. До овој момент, успехот на гласачките кутии бил случаен; започна целосна социјална револуција. и додека индустриските работници/чки, или штрајкуваа, или всушност сами ги водеа фабриките, земјоделските работници/чки ги игнорираа земјопоседниците/чките и започнаа да култивираат своја земја. За кратко време, преку 60% од земјата во Шпанија била колективно работена - без земјопоседници/чки, шефови/ици, или конкурентски поттикнувачи/ки. Индустриската колективизација се случила главно во провинцијата Каталонија, каде анархо-синдикалистичкото влијание било најсилно. А бидејќи 75% од индустријата на Шпанија била лоцирана во Каталонија, ова не било некое мало достигнување.6 Така, по 75 години подготовки и борба, колективизацијата била постигната, преку спонтана колективна акција на поединци/ки, посветени на слободарските принципи. Што всушност колективизацијата навистина значи, и како таа функционира? Општо, анархистичките колективи функционираат на 2 нивоа: (1) ниско партиципаторна демократија и (2) висока координација со контрола на дното. На секое ниво, основната грижа била децентрализација и индивидуална иницијатива. Во фабриките и селата, претставниците/чките беа избрани во советите, кои оперираа како административни или координативни тела. Одлуките секогаш доаѓале од состаноците со поопшто членство, кои го посетувале сите работници/чки. Да се вардат од опасностите на претставништвото, претставниците/чките биле самите работници/чки, и во секое време тема за брза, како и периодична замена. Овие совети или комитети биле основните единици на самоуправувањето. Оттаму, во натамошна координација тие би можеле да бидат проширени во лабави федерации кои би ги поврзале заедно работниците/чките и операциите низ целата индустрија или географска област. На овој начин, дистрибуцијата и споделувањето на добра може да биде изведено, како и имплементацијата на широко-засегнати програми, како што е ситемот за наводнување, превозот и комуникацијата. Уште еднаш, нагласокот бил на процесот од доле па нагоре. Овој прилично зафркнат баланс меѓу индивидуалноста и колективизмот бил најуспешно остварен од Селската федерација на Левант, која вклучувала 900 колективи, и Арагон Федерацијата на колективи, составена од околу 500 колективи. Веројатно најинтересниот аспект на самоуправувањето било изедначувањето на платите. Ова зело многу форми, но најчесто бил користен системот "семејна плата", плати кои биле исплатувани на секој/а работник/чка во пари или купони, зависно од нејзините/неговите потреби и оние на зависниците/чките. Изобилство на добра биле слободно дистрибуирани, додека други можеле да се здобијат со "пари". Бенефитите кои произлегуваат од изедначувањто на платите се огромни,
откако биле елиминирани огромните профити во рацете на некоку луѓе,
влезните пари, беа употребени за модернизација на индустријата/купување
на нова опрема, подобри работни услови) и подобрување на земјата (наводнување,
брани, купување трактори, итн.) Достигнувањата на Шпанските анархисти/ки одеа подалеку од повисок стандард на живеење и економска еднаквост; тие ја вклопија реализацијата на основните човечки идеали; слобода, индивидуална креативност и колективна соработка. Шпанските анархистички колективи не пропаднале; тие биле однадвор уништени. Оние (на десницата и левицата) кои верувале во силна држава работеле - да ги збришат - од Шпанија и од историјата..Успешниот анархизам на приближно 8 милиони Шпанци/ки само што почнува да се разоткрива. C'est pour toui que tu fais la revolution7 Анархизмот имаше важна улога во Француската историја, но наместо да копам во минатото, би сакала да се фокусирам на еден современ настан - мај-јуни, 1968та. Настаните мај-јуни имаат особено значање, затоа што докажаа дека општиот штрајк и превземање на фабриките од страна на работниците/чките, универзитетите од страна на студентите/ките, може да се случи и во модерна, капиталистичка, потрошувачки ориентирана земја. Во дополнение, прашањата покренати од студентите/ките и работниците/чките во Франција (на пр. само-ограничувањето, квалитетот на животот) ги пресекуваат класната линија и имаат огромни импликации за можноста за револуционерна промена во пост-сиромашното општество.8 На 22ри март, 1968ма, студентите/ките од Универзитетот Нантер, меѓу кои и Daniel Cohn-Bendit, ги окупирале административните згради на нивното училиште, повикувајќи на крај на виетнамската војна и нивното угнетување како студенти/ки. (Нивните барања беа содржински слични на оние на студентите/ките од Колумбија, до Берлин протестирајќи, in loco parentis - од позиција на родител/ка). Универзитетот бил затворен, а демонстрациите се рашириле до Сорбона. SNESUP (Сојузот на професори//ки на средни училишта и универзитети) повикале на штрајк, а Сојузот на студентите/ките , UNEF, на 6ти мај организирале демонстрација. Тој ден, во Латинскиот кварт во Париз се судриле студентите/ките и полицијата; демонстрантите/ките изградиле барикади на улиците, а многу биле брутално претепани од полицијата на протестот. До 7-ми, бројот на протестанти/ки пораснал до 20 - 50 илјади луѓе, марширајќи кон Etoile и пеејќи ја интернационалата. За време на следните неколку дена, судирите меѓу демонстрантите/ките и полицијата од Лондонскиот кварт станале зголемувачки насилни, а јавноста била општо вџашена од полициската репресија. Разговорите меѓу работничките синдикати и синдикатите на професорите/ките и студените/ките, и UNEF и FEN (синдикатот на професорите/ките) повикале на неограничен штрајк и демонстрација. На 13ти мај околу 600 илјади луѓе - студенти/ки, професори/ки и работници/чки марширале на протест низ Париз. На истиот ден, работниците/чките на јужно-авијациската плантажа во Нант (град со најсилни анархо-синдикалистички тенденции во Франција9) излегле на штрајк. Оваа акција била онаа која го допрела најголемиот општ штрајк во историјата, вклучувајќи милиони работници/чки - "професионалци/ки и работници/чки, интелектуалци/ки и фудбалерки/и."10 Банки, пошти, пумпи, и затворени продавници; метрото и автобусите престанале да возат; на штрајкот се приклучија и ѓубреџиите со натрупано ѓубре. Сорбона била окупирана од студенти/ки, професор/ки, и секој/а кој/а сакал/а да дојде и учестува во тамошните дискусии. Политичките дијалози кои ја ставаа во прашање самата основа на француското капиталиситчко општество траеле со денови. Низ цел Париз се појавувале постери и графити: Забрането е да се забранува. Живот без мртви периоди. Цела моќ на имагинацијата. Колку повеќе консумираш, толку помалку живееш. Мај-Јуни стана и "напад на етаблираниот поредок, уличен фестивал".11 Старите линии меѓу средните и работничките класи често станува безначајни кога помладите работници/чки и студентите/ките се нашле себеси задавајќи слични барања: ослободување од репресивниот авторитативен систем (универзитет или фабрика) и право да донесуваат одлуки за сопствените животи. Народот на Франција стоел на крајот на цела револуција. Генералниот штрајк ја парализирал земјата. Студентите/ките ги окупирале универзитетите, а работниците/чките фабриките. Она што остана да се стори било работниците/чките да ги работат фабриките, да преземат директна непосредна акција и да не се задоволат со ништо помалку од целосно самоуправување. За жал, ова не се случи. Авторитарната политика и бирократските методи тешко изумираат, а повеќето од најголемите француски работнички синдикати биле оседлани и со двете. Како во Шпанија, Комунистичката партија работела против директните, спонтани акции на луѓето на улиците: Револуцијата мора да биде диктирана од горе. Лидерите на CGT (Комунистичкиот работнички синдикат) се обиделе да спречат контактирање меѓу студентите/ките и работниците/чките, па наскоро здружената левица стана неможност. Додека Де Гол и полицијата ги мобилизирале нивните сили, искрснало поголемо насилство, многу кои штрајкувале прифатиле ограничени барања (подобри плати, пократко работно време, итн.) и се вратиле на работа. Студентите/ките ги продложиле нивните, се покрвави, конфронтации со полицијата, на моментот одмина. До крајот на јуни, Франција се вратила во "нормала" под истиот режим на Де Гол. Она што се случило во Франција во 1968 е витално поврзано со Шпанската Револуција од 1936, и во двата случаи анархистичките принципи биле, не само дискутирани, туку и имплементирани. Фактот што Француските работници/чки никогаш не достигнале работничко самоуправуање може да е заради тоа што анархо-синдикализмот не бил толку влијателен во Франција во годините пред 1968мата како што бил во Шпанија пред 1936тата. Се разбира, ова е преедноставување; објаснувањето за "пропаднатата" револуција може да тече до бесконечност. Она што е битно тука, уште еднаш, е фактот дека им се случи на сите. Мај-Јуни, 1968мата, го оспорува вообичаеното верување дека револуцијата е невозможна во напредна капиталистичка земја. Децата на француската средна и работничка класа, донесени до пасивност, безумен консумеризам, и/или оттуѓен труд, многу повеќе го отфрлале капитализмот. Барајќи право на слободно и значајно постоење,тие ја ставале под прашање во самата власт,. Причините за револуција во модерното индустриско општество повеќе не се ограничени на гладта и материјалниот недостиг; тие ја вклучуваат желбата за човечко ослободување од сите форми на доминација, во суштина, радикална промена на самиот "квалитет на секојдневниот живот".12 Тие ја присвојуваат потребата од слободарско општество, Анархизмот повеќе не може да се смета за анахронизам. Често се вели дека анархистите живеат во светот на идните соништа и
дека не ги гледаат работите кои денес се случуваат. Ние само ги гледаме
премногу добро, и во нивните вистински бои, и тоа е она што не тера
да ја носиме секирата во шумата на предрасуди кои опкружуваат.13 Постојат 2 основни причини зошто била прекината револуцијата во Франција:
(1) неадекватна подготовка на анархизмот во теорија и пракса и (2) неограничената
моќ на државата, удвоена со авторитаризмот и бирократијата во потенцијално
сочуствувачките лево-ориентирани групи. Во Шпанија, револуцијата била
пораспространета и истрајна поради екстензивната подготовка. Сепак со
време таа била уништена од фашистичката држава и авторитарните левичари/ки.
Важно е да ги сметаме овие два фактори во релација со денешната ситуација
во САД. Не само што се соочуваме со моќна држава чии вооружени сили,
полиција, и нуклеарно оружје може веднаш да ја уништат целата човечка
раса, но исто така се гледаме себеси спротиставувајќи се на проникнувачката
стравопочит за власта и хиерархиски форми, чие продолжување секојдневно
е осигурано преку таков вид на домашно пасивно воспитување од семејството,
училиштето, црквата и ТВ екранот. Во дополнение, САД е огромна земја,
со само мала, спорадична историја на анархистичка активност. Тоа би
изгледало дека не само што не сме подготвени, туку сме буквално закржлавени
од држава помоќна од оние на Франција и Шпанија, заедно. Да кажеме дека
застанавме против огромните непотребни работи е потценување. Но каде
не води дефинирањето на напријателот како безмилосен, непобедлив џин?
Ако не си дозволиме себеси да бидеме парализирани од фатализам и ништожност,
тоа може да не доведе да ја редефинираме рволуцијата на начин кој би
се фокусирал на анархо-феминизмот како рамка во која може да се погледне
во борбата за човечко ослободување. Сега жените се тие кои го држат
клучот до нови концепции за револуцијата, жените кои сфаќаат дека револуцијата
повеќе не може да значи прекин на моќта или доминацијата на 1 група
од друга, под било кои околности, и било кое времетраење. Она што мора
да се укине е самата доминација. Самиот опстанок на планетата зависи
од тоа. На мажите не смее повеќе да им се дозволува разуздано да манипулираат
со средината за нивен сопствен само-интерес, како што веќе не смее да
им се дозволува систематично да ги уништуваат сите раси на човечкото
битие. Присуството на хиерархијата и авторитарниот ум се закануваат
на човечкото и планетарно постоење. Глобалното ослободување и слободарската
политика станаа непходни, а не само утописки јалови сништа. Ние мораме
"да бараме животни услови за да преживееме."14 Наскоро ќе нападнеме како плевел. Повеќе нема да има чизми. Кога ќе кажеме Напад Анархистичката подготовка не е непостоечка во оваа земја. Таа постои во умовите и акциите на жените кои се подготвуваат себеси (често не знаејќи) за револуција, чии форми ќе ја срушат историската неизбежности и процесот на самата историја. АНАРХИЗМОТ И ЖЕНСКОТО ДВЕЖЕЊЕ Развојот на сестринството е уникатна работа, затоа што е насочена против
основните социјални и психички модели на хиерархија и доминација... Секаде низ земјата, независни групи на жени започнаа да функционираат
без структурата, лидерите/ките и другите општи работници на машката
левица, создавајќи независно и симултано, организации слични на оние
на анархистите/ките од многу декади и места. А не е ниту случајност.18 Не го допрев прашањето за улогата на жената во Шпанија и Франција затоа што тоа може да се сумира во 1 збор - непроменета. Мажите анархисти биле малку подобри од другите мажи во нивната субјективизација на жените.19 Така постои апсолутна потреба на феминистичко анархистичката револуција. Во спротивно самите принципи на кои е заснован анархизмот станаа тотално лицемерие. Тековното женско движење и радикалните феминистички анализи на општеството многу придонесоа за слободарската мисла, всушност, моја дебата е дека феминистите/ките со години беа несвесни анархисти/ки, и во теорија и во пракса. Сега е непотребно да станеме свесни за врските меѓу анархизмот и феминизмот и да ја користиме таа рамка за нашите мисли и акции. Мора да сме способни многу јасно да видиме каде сакаме да одиме и како да стигнеме таму. Со цел да бидеме поефикасни, со цел да создадеме иднина која сметаме дека е можна, мораме да сфатиме дека она што ние сакаме не е промена, туку целосна трансформација. Радикално феминистичката перспектива е скоро чист анархизам. Основната теорија ја поставува нуклеусната фамилија како основа за сите авторитарни системи. Лекцијата која ја учи детето, од таткото, па учителот, до шефот, до Бог, е да се покорува на големиот анонимен глас на Авторитетот. Да преминеш од детство до возрасна зрелост е да станеш еден развиен автомат, неспособен за прашување, или дури мислење јасно. Преминуваме во средна Америка, верувајќи во се што ќе ни се каже и занемено прифаќајќи го уништувањето на животот околку нас. Она со што феминистите/ките се расправаат е ебениот умствен процес - машки доминирачкиот став кон надворешниот свет, дозволувајќи само субјект-објект врски. Традиционалната машка политика ги редуцира луѓето на статус на објект, а потоа ги доминира и манипулира за апстрактни "цели". Жените пак, од друга страна, се обидуваат да развијат свест за "Другиот/ата" во сите области. Ги гледаме субјект со субјект врските не само како пожелни, туку и како потребни. (Многумина од нас избраа да работат со љубов и љубат само жени само поради оваа причина - тие видови на врски се многу повеќе можни). Заедно ние работиме да ја прошириме нашата емпатија и разбирање на животните работи на другиот/ата и да се идентификуваме со оние ентитети надвор од нас, наместо да ги објективизираме и да манипулираме со нив. Во овој момент, почитта кон сечиј живот е претходно нужна за нашиот опстанок. Радикалната феминистичка теорија исто така ги критикува машко хиерархиските модели на мислата - во чија рационалност доминира сензуалноста, умот ја доминира интуицијата, и постојаните поделби и поларизирања (активен/а /пасивен/на, дете/возрасен/на, здрав/а/луд/а, работа/игра, спонтаност/организација) кои не оттуѓуваат од искуството ум-тело како Цело и од Континуитетот на човечкото искуство. Жените се обидуваат да се ослободат од овие поделби, да живеат во хармонија со универзумот како целина, интегрирани луѓе посветени на колективно лекување на нашите поединични рани и шизми. Во практиката во женското движење, во укинувањето на хиерархијата и доминацијата, феминистите/ките имаа и успеси и падови. Верувам дека жените често говорат и делуваат како "интуитивни анархистки, а тоа значи дека ние приоѓаме или пристапуваме кон целосно одрекување на сите патријархални мисли и организации. Тој пристап, како и да е, е блокиран од моќните и подмолни форми кои ги презема патријархатот - во нашите умови, и нашите меѓусебни врски. Живеењето не спречува да ја оствариме таа битна врска меѓу феминизмот и анархизмот. Кога велиме дека се бориме против патријархатот, не ни е секогаш јасно дека тоа значи борба против секоја хиерархија, секое лидерство, секоја влада, и самата идеја на авторитет. Нашите импулси кон колективна работа и мали безлидерски групи беа анархистични, но во повеќето случаи не ги нарекувавме по име. А тоа е битно, затоа што разбирањето на анархизмот како феминизам може да биде отскочна даска за жените надвор од реформизмот и преземањето мерки за прекинување на јазот, кон револуционерна конфронтација со основната природа на авторитарната политика. Доколку сакаме да "го симнеме патријархатот", потребно е да се разговара за анархизам, да се знае точно што тоа значи и да се користи таа рамка да се трансформираме себеси и структурата на нашите секојдневни животи. Феминизмот не значи некорумпирана моќ и без претседатели/ки. Амандманот за еднакви права нема да го трансформира општеството, туку само им дава "право" на жените да се вклучат во хиерархиската економија. Предизвикувањето на сексизмот значи предизвикување на сите хиерархиско-економско, политички и лични. А тоа значи анархо-феминистичка револуција. Конкретно, кога феминистите/ките биле анархистични, и кога престанавме да бидеме? Додека се ширеше вториот бран на феминизам низ цела земја во касните 60-ти, формите кои ги земаа женските групи често рефлектираа невидена слободарска свест. Во бунт против компетитивните игри на моќ, безлична хиерархија, и масовна организациона тактика на машка политика, жените се распаднаа на мали, безлидерски, и групи за подигање на свеста, кои се бавеа со лични прашања во нашите секојдневни животи. Преку споделување на нашите досега неценети перцепции и искуства лице в лице, ние се обидовме да дојдеме до коренитата причина за нашето угнетување. Научивме една од друга дека политиката не се наоѓа "таму", туку во нашите умови и тела, и меѓу поединците/ките. Личните врски можат, и не угнетуваат како политичка класа. Нашата мизерија и само-омраза беа директен резултат на машката доминација во домот, на улица, на работно место и во политичката организација. Така, во многу неповрзани области на САД, C-R групите се развија како спонтана, директна (ре)акција на патријархалните форми. Акцентот на мала група, како главна организациона единица, на личното и политичкото, на анти-авторитарноста и на спонтаната директна акција, беше суштински анархистички. Но, каде се годините на подготовки кои фрлија искра на шпанските револуционерни активности? Структурата на женските групи носеше невидена сличност со оние групи со аанрхистички афинитети во анархо-синдикалистичките сојузи во Шпанија, Франција и многу други земји. Сепак, ние не се нарековме себеси анархисти/ки и свесно организирани околу анархистичките принципи. Во тоа време, ние дури немавме ниту подземна мрежа на комуникација и споделување на идеи и вештини. Пред женското движење да стане повеќе од помошно средство на изолирани групи, опипувајќји ги одговорите во мракот, во нашите умови постоеше анархизмот како неконкретизиран идеал. Верувам дека ова ги става жените во посебна позиција да бидат носителки на подповршна анархистичка свест која, доколку е артикулирана и конкретизирана може да не одведе подалеку од било која претходна група, кон достигнување на целосна револуција. Женскиот интуитивен анархизам, доколку е изострен и разјаснет, тој е неверојатен скок нанапред (или од другата страна) во борбата за човечко ослободување. Радикалната феминистичка теорија го слави феминизмот како Конечна Револуција. Ова е вистина доколку, и само доколку, ги признаваме и ги тврдиме нашите анархистички корени. Моментот кога не успеавме да ја видиме феминистичката врска со анархизмот, ја прекинавме револуцијата и се фативме во стапица на "тој стар машки политички колосек". Време е да престанеме да опипуваме во мракот и да видиме што направивме и што правиме во контекст на тоа каде сакаме конечно да бидеме. Групите C-R беа добар почеток, но тие често пати беа толку повлекувани
надоле од разговорите за лични проблими, така што не успеаја да го направат
скокот до директна акција и политичка конфронтација. Групите кои се
организираа околку специфично прашање или проект понекогаш дознаваа
дека "тиранијата на безструктурноста" може да биде исто толку деструктивна
колку и "тиранија на тиранијата".20 Неуспехот да се спои организацијата
со спонтаност, често предизвикаше испливување на оние со повеќе вештини
или лична харизма како лидери/ки. А од друга страна, одбивноста и фрустрацијата
кои ги почувстувале оние кои се најдоа себеси како попалени следбеници/чки
на борбата, на чувство на одговорност и на борбите за моќ. Ова пречесто
завршуваше, или во целосна неефикасност, или во насилен одговор на "она
што ни треба е повеќе структура" (во старата машка горе/долу смисла
на зборот). На позитивната страна, структурата на женското движење што се појавува во последните неколку години генерално следеше анархистички модел на мали проект-ориентирани групи, постојано ткаејќи позајмена мрежа на комуникација и колективна акција околу специфични прашања. Делумен успех во избегнувањето на лидерка/"ѕвезда" и ширењето на мали акциони проекти (кризни центри за силувани жртви, Женски здравствени колективи) низ земјата, екстремно отежнаа за женското движење да биде прикачено за еден човек или група. Феминизмот е многуглаво чудовиште кое не може да биде уништено со поединечно погубување. Ние се шириме и растеме на начини кои се несфатливи на хиерархискиот менталитет. Како и да е, ова не е за да се потцени огромната моќ на непријателот. Најподмолна форма што може да ја заземе оваа моќ е кооптацијата (вклучувањето, анг. cooptation), која се храни од кратковидни неанархистички гледања на феминизмот како некаква "општествена промена". Да се мисли на сексизмот како зло кое може да биде искоренето од женското учество во работите какви што се, е да се осигури продолжување на доминацијата и угнетување. "Феминистичкиот капитализам е сам по себе контрадикторен. Кога основаме кредитни унии, ресторани, книжарници, итн. мора да ни е јасно дека тоа го правиме заради сопствениот опстанок, со цел да се создаде против-систем чии процеси контрадицираат и предизвикуваат конкуренција, профитирање, и сите форми на економско угнетување. Ние мора да бидеме посветени на животот на границите"21 , на антикапиталистичките, неконсумерски вредности. Она што ние го сакаме не е, ниту интеграција, ниту државен пуч, кој би "ја пренел моќта од една постава на момци на друга постава на момци"22. Она што ние бараме не е ништо помалку од целосна револуција, револуција чии форми изнаоѓаат иднина која не е исфлекана од нерамноправноста, доминацијата или непочитувањето на поединечната варијација - на кратка, феминистичко-анархистичка револуција. Верувам дека жените цело време знаеја како да се движат во насока на човечко ослободување; ние само треба да ги протресеме колебливите машки политички форми и авторитативните изјави, и да се фокусираме на нашата анархистичка женска анализа. КАДЕ ОДИМЕ ОДОВДЕ? ОБВИСТИНУВАЈЌИ ЈА УТОПИЈАТА "Ах, твојата визија е романтично срање, сентиментална религиозност,
слаб идеализам." "Ти си во поезијата затоа што не можеш да донесеш конкретни
детаљи". Така вели гласот во позадината на мојата (твојата?) глава.
Но челото на мојата глава знае дека доколку беше близу до мене ние ќе
можевме да разговараме. А во нашиот разговор би излегле (конкретни,
детални) описи на тоа како тоа или тоа би можело да се случи, и како
ова или тоа може да биде разрешено. Она што навистина и недостига на
мојата визија се конкретни, детални човечки тела. Тогаш не би била слаба
визија, ами телесна реалност.23 Место сега да бидеме обесхрабрени и изолирани, треба да бидеме во нашите
мали групи - дискутирајќи за планирањето, создавањето и правењето неволји.
секогаш треба да бидеме активно ангажирани и да создаваме феминистичка
активност затоа што сите ние успеаваме во тоа; во (негово) отсуство,
жените земаат смирувачки средства, полудуваат, и се самоубиваат.24 Оние од нас кои живееле низ возбудливите седечки протести, маршеви, студентски штрајкови, демонстрации и револуција сега во шеесетите, може да се најдат разочарани и отворено цинични за се што се случуваше во 70-тите. Откажувајќи се или оддавајќи се ("отворен" брак? моден капитализам? Гуру Махараџи?) изгледа полесно од соочувањето со цела панорама на декади на борба, а можеби дури и со еден краен неуспех. Во овој момент ни недостига една сеопфатна рамка за да видиме внатре во самиот процес на револуција. Без тоа, ние сме, или осудени во ќорсокак, изолирана борба или поединечно решение. Видот на рамка, или заедничка точка, која анрхо-феминизмот ја обезбедува би се појавила како претходно нужна за било кој издржан напор да се достигнат утописките цели. Гледајќи на Шпанија и Франција, можеме да видиме дека вистинската револуција "не е ниту случаен настан, ниту државен пуч, вештачки искреиран од горе"25 Потребни се години подготовка: споделување на идеи и информации, промени во свеста и однесувањето, и создавање на политички и економски алтернативи на капиталистичките, хиерархиски структури. Потребна е спонтана директна акција од страна на автономни поединци/ки, преку колективна политичка конфронтација. Битно е да го "ослободиме умот" и вашиот личен живот, но тоа не е доволно. Ослободувањето не е одделно искуство; тоа се појавува во врска со другите човечки суштества. Не постојат индивидуално слободени жени". Така, она за што јас говорам е долгорочен процес, серии на акции во кои се одучуваме од пасивноста и учиме да преземаме контрола над сопствените животи. Јас говорам за "празнење" на сегашниот систем, преку формирање на ментални и физички (конкретни) алтернативи за тоа како стојат работите. Романтичната слика на мала банда на вооружени герилци/ки кои ја отфрлаат владата на САД е застарена (како што е целата машка политика) и во основа ирелевантна на оваа концепција на револуцијата. Доколку се обидеме, ние би биле смачкани. Покрај тоа, како што вели постерот "Она што ние сакаме не е да ја отфлиме владата, туку ситуација во која се губи во метежот". Ова е она што се случи (привремено) во Шпанија, и скоро се случи во Франција. Дали вооружен отпор ќе биде потребен во некоја точка е отворено за дебата. Анархистичкиот принцип "средствата создаваат цел" изгледа дека имплицира пацифизам, но моќта на државата е толку гоелма така што е тешко да се биде апсолутист/ка за ненасилството. (Вооружениот отпор беше одлучувачки во шпанската Револуција, а исто така изгледаше битен во Франција, 1968та). Прашањето на пацифизам, како и да е, би повлеколо друга дискусија, а она за што сум загрижена тука е потенцирање на подготовката, потребна да го трансформира општеството, подготовка која вклучува анархо-феминистичка рамка, сеопфатно револуционерно трпение, и континуирана активна конфронтација со вкоренетите патријархални ставови. Актуелната подготвителна тактика се работи со кои работиме веќе долго време. Мораме да продолжиме да ги развиваме понатаму. Јас ги сметам дека треба да функционираат на 3 нивоа: (1) "едукативно" (споделување идеи, искуства), (2) економско/политичко и (3) лично/политичко. "Едукацијата" има повеќе пристапен опфат на тоа, но со тоа не мислам "пренесување на зборот до масите" или поединци/ки со чувство на одговорност во пропишани начини на постоење. Говорам за многуте методи кои ги развиваме за споделување на нашите животи, еден/на со друг/а - од пишувањето (нашата мрежа на феминистички публикации), студиски групи, и женско радио и ТВ шоуа до демонстрации, маршеви и уличен театар. Масовните медиуми се чинат особено важна област за револуционерна комуникација и влијание - само помисли на тоа како сопствените животи се погрешно обликувани од радиото и ТВ26. Погледнати во изолација, овие работи можат да изгледаат неефикасни, но луѓето навистина се менуваат од пишувањето, читањето, разговарањето и слушањето еден/а на друг/а, како и од активното учество во политичките движења. Излегувањето на улица заедно ја уништува пасивноста и создава дух на заеднички напор и животна енергија која може да помогне да не одржи и трансформира. Мојата трансформација од се-американска девојка до анархо-феминистка беше постигната преку цела декада на читање, дискусија и ангажирање во различни политики, со различни луѓе - од Средниот Запад до Западниот и Источен брег. Моите искуства, на некој начин може да се единствени, но мислам дека не се чудни. На многу, многу места во оваа земја, луѓето полека започнуваат да го преиспитуваат начинот на кои тие беа условени за прифатеност и пасивност. Господ и Владата не се крајните авторитети кои некогаш биле. Ова не е да се минимизира степенот на моќ на Црквата и Државата, туку да се потенцира дека се чини дека непоследователните промени во мислата и однесувањето, кога ќе се зацврстат во колективна акција, создаваат вистински предизвик за патријархатот. Економско/политичката тактика спаѓа во доменот на директната акција и "целисходна илегалност" (термин на Daniel Guerin). Анархо-синдикализмот специфицира три најголеми модуси на директна акција: саботажа, штрајк и бојкот. Саботажа значи "опструирање, со секој можен метод, на редовниот процес на производство"27. Се почесто, саботажата е практикувана од луѓе, несвесно влијаени од проемнливите општествени вредности. На пр., систематскиот абсентизам (отсуство) е понесен и од белите и сините вратоврски - работници. Предизвикувањето на работодавците може да биде направено суптилно, како забава "или бучно како "заебување". Да се изработи што е можно помалку, што е можно побавно, е заедничка пракса на вработените, како што е и збркувањето на актуелниот работен процес (често пати како тактика на синдикатот за време на штрајк). Вообичаено погрешно фајлување, или губењето на "важни документи" од страна на секретарите/ките, или постојано менување на дестинационите плакати на возовите, за време на штрајкот на железничарите/ките во Италија, во 1967та. Тактиките на саботажата може да се користат со цел да ги направи штрајковите поефикасни. Самиот штрајк е најважното оружје на работниците/чките. Било кој поединечен штрајк има потенцијал да го парализира системот доколку се шири на други индустрии и постане генерален штрајк. Тогаш целосната социјална револуција е само на чекор. Секако, генералниот штрајк за крајна цел мора да го има работничкото самоуправување (како и јасно чувство за тоа како да се достигне и задржи тоа), во спротивно, револуцијата би била само во зародиш (како во Франција, 1968та). Бојкотот исто така може да биде моќен штрајк или стратегија на синдикатот (на пр. бојкотирање на грозјето, салатата, вината и Farah палталоните кои не ги произведува Синдикатот). Како дополнување, може да бидат користени да се предизвикаат економски и социјални промени. Одбивањето да се гласа, да се плаќаат воени такси или да учествуваат во капиталистичката конкуренција и хипер-потрошувачката се сите битни акции кога ќе се здружат во поддршка на алтернативните, непрофитни структури (прехранбени кооперации, здравствени и правни колективи, рециклирана облека и книжарници, слободни училишта, итн.) Консумеризмот е еден од главните столбови на капитализмот. Самиот бојкот на купување (особено продукти, кои биле доведени до непотребни и бескорисни и оние навредливо рекламирани) е тактика која има моќ да го промени "квалитетот на секојдневниот живот." Одбивањето да се гласа е често практикувано од очај или пасивност, повеќе од свесна политичка изјава против псевдо-демократијата каде моќта и парите ја избираат политичката елита. Не-гласањето може да значи нешто друго од тивко сложување, доколку симултано учествуваме во создавањето на вистински демократски форми во алтернативна мрежа на анархистички афинитетни групи. Ова не води во една трета област - лично/политичката, која секако е витално поврзана со другите две. Анархистички афинитетната група веќе долго време е револуционерна организирана структура. Во анархо-синдикалистичките сојузи, тие функционираа како терен за тренинг на работничко самоуправување. Тие може да се привремени групирања на поединци/ки за специфична краткорочна цел, "попостојани" работни колективи (како алтернатива на професионализмот и кариеристичкиот елитизам), или животни колективи каде поединците/ките учат како да се ослободат себеси од доминација или страст за поседување во еден/на - на еден/на односи. Потенцијално, анархистичките афинитетни групи се основа на она што ние можеме да го изградиме како ново слободарско, не-хиерархиско општество. Начинот на кој живееме и работиме го менува начинот на кои мислиме и восприемаме (и обратно), и кога промените во свеста ќе станат промени во акцијата и однесувањето, револуцијата започна. Остварувањето на Утопијата вклучува многу нивоа на борба. Во дополнување на специфичната тактика која може да биде константно развивана и менувана, имаме потреба од политичка истрајност: сила и способност да се види зад сегашноста, кон весела, револуционерна иднина. Да се стигне од тука до таму бара повеќе од скок на верба. Бара од сите од нас ден за ден, долгорочна преданост на можноста и директна акција. Трансформација на иднината Создавањето на женска култура е прониклив процес колку што ние сакаме
да го замислиме, затоа што тоа значи учество во ВИЗИЈАТА која постојано
се равива, одново и одново, во се, од нашите разговори со пријателите,
до бојкот на месото, до превземање на големите продавници и магацини
за центри за грижа на деца, до водењето љубов со сестра. Тоа е откровувачки,
недефинирачки, освен како процес на промена. Женската култура е сето
тоа што ние го именуваме, го создаваме кон визијата за хармонија со
нас себеси, меѓусебно, и со нашата сестра земја. Во последните десет
години нашето содржење една во друга стана побрзо и поблиско од било
кога порано во историјата на патријархатот, во рушењето на неговата
моќ... е причина за заживеана и надежна, заразна, неосвојува, луда НАДЕЖ!
... Надежта, победата на животот над смртта, очај и бесмисленста се
секаде каде што ќе погледнам сега - како талисвомен (анг. taliswomen,
поигрување со зборот талисман, кој поради содржењето на зборот man (маж)
во себе, Peggy го става во женска конотација) на вербата во ЖЕНСКАТА
ВИЗИЈА...28 Порано мислев дека доколку револуцијата не се случеше утре, сите ќе бевме осудени на катастрофална (или барем абнормална) вера. Повеќе не верувам во тој вид, на порано или подоцна, револуција, и мислам дека се поставивме себеси на пропаст и очај со тоа што ќе мислиме на тоа во тие термини. Навистина верувам дека она што навистина на сите ни треба, она што апсолутно го бараме, со цел да продолжиме со борбата (наместо поттиснувањето на нашите секојдневни работи) е НАДЕЖ, а тоа е визија за иднината, толку убава и моќна што мирно не повлекува нанапред во создание до дно на внатрешниот и надворешниот свет, и двата добри за живот и самоисполнувачки за сите.* Верувам дека надеж постои - дека во "женската визија" на Laurel, во "егзистенцијалната храброст"29 и во анарха-феминизмот. Нашите различни гласови го опишуваат истиот сон, и "само сонот може да го скрши каменот кој ги блокира нашите усти."30 Како зборуваме, ние менуваме и како менуваме, се трансформираме себеси и иднината симултано. Вистина е дека не постои решение, поединечно или обратно во нашето општество.31 Но доколку можеме да го балансираме ова депресивното знаење со свеста на радикалната метаморфоза која ја искусивме, како во нашата свест така и во нашите животи, можеби ќе можеме да имаме храброст да продолжиме да создаваме она што СОНУВАМЕ дека е можно. Очигледно не е лесно да се соочиме со секојдневно угнетување и сеуште продолжуваме да се надеваме. Но тоа е нашата единствена шанса. Ако ја напуштиме надежта (способноста да се видат врските, да се сонува сегашноста во иднината), тогаш веќе сме изгубиле. Надежта е женското најмоќно револуционерно орудие; тоа е она што си го даваме меѓу себе секогаш кога ги делиме животите, работата и љубовта. Не извлекува надвор од самомразата, само-обвинувањето и фатализмот кој не држи затворенички во одделни келии. Ако се предадеме на потиснување и очај сега, ја прифаќаме неизбежноста на авторитарната политика и патријархалната доминација ("Очајот е најлошо предавство, најстудено заведување: конечно да поверуваме дека непријателот ќе преовлада".32 Marge Riercy). Не смееме да дозволиме нашата болка и гнев да избледат во безнадежност и кратковиди голи "решенија". Ништо што можеме да направиме не е доволно, но од друга страна, оние "мали промени" што ги правиме во нашите умови, во нашите животи, во животот на другите, не се целосно некорисни и неефективни. Потребно е време да се подготви револуцијата: тоа е нешто за што и двете страни се подготвуваат и го живеат сега. Трансформацијата на иднината нема да биде моментална, но може да биде целосна... континиум на мислата и акцијата, индивидуалното и колективното, спонтаност и организација, опсегајќи се од она што е и она што може да биде. Анархизмот обезбедува рамка за оваа трансформација. Тоа е визијата, сонот, можност која станува "вистинска" како што ја живееме. Феминизмот е врската која го поврзува анархизмот со иднината. Кога конечно ја гледаме таа врска јасна, кога се држиме до таа визија, кога одбиваме да бидеме одделени од таа надеж, тогаш ќе го пречекориме работ на ништото кон тоа да се биде само едвај замисливо. Женската визија, која е анархо-феминизмот, е носена во нашите женски тела со векови."Тоа ќе биде борба што продолжува во секој/а од нас, да и дадеме живот на оваа визија"33 но мора да го направиме тоа. Мора да "го јавнеме нашиот гнев како слонови во борба." Ние сме месечарки мачени од кошмарни болскоти,
Peggy Kornegger беше уредничка на Американскиот феминистички магазин Вториот бран (The Second Wave). Анархизам: Феминистичката врска (Anarchism: the Feminist Connection) прво се појави како статија во пролетниот број на Second Wave во '75та година. Друга статија од оваа авторка е Феминизам, Анархизам и Економија (Feminism, Anarchism and Economics), која се појави во летно/есенскиот број, во '76та година. |