за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови
Анарха феминизам - Flick Ruby
Веќе долго време анархистичките феминистки ги етикетирале како дами-помошнички на фрлачите на бомби. Погрешното сфаќање и манипулација од двете страни: феминистичките и анархистичките принципи и пракса, резултираше во употребата на сензационалистички и смешни тактики од страна државата и нејзините портпароли/ки. Ова не само што ја поларизираше општата јавност од потенцијално ослободителните концепти, туку исто така ги поларизираше анархистите/ките од феминистите/ките. Во минатото, но и во поскоро време, постои обединување на овие верувања, а статијата на Peggy Kronegger: “Анархизам: феминистичката врска” оди дотаму да каже дека двата жанра на мислата се необјасниво поврзани, иако врската многу често не беше свесно артикулирана од феминистите/ките. Kronegger спори дека феминизмот се задржува на малата група, како основна организациска единица, на личниот аспект, додека пак оној политичкиот, анти-авторитаризамот и спонтаната директна акција беа есенцијално анархизам. Сметам дека ова ги става жените во особена позиција да бидат носителки на поповршинска анархистичка свест, која доколку се контролира и концентрира, може да не одведе подалеку од било која претходна група, до постигнување на целосна револуција. Иако анархизмот обезбеди рамка за потребната транформација, веќе долго време дури и оваа револуционерна идеологија беше прилично машки идентификувана; машки артикулирана, насочена кон мажи и машки ексклузивна, и во јазикот, и во учеството. Затоа, за жал, постоеле недостатоци во виталната анализа, особено онаа што се однесува на психолошките И физичките реалитети на угнетувањето, исукусена од мнозинството на човечката популација: жените. Како што Emma Goldman рече за Шпанската револуција од 1936 год.: “и покрај импресивната реторика, во личните врски со жените мажите анархисти најчесто се повлекуваа кон културната ортодоксност... Огромното мнозинство на шпанските другари продолжи да очекува од нивните “придружнички” да обезбедуваат врска на емотивна поддршка и покорност, “неопходна” за активизмот на мажите.” Анархизмот често пати ги дуплираше истите концепти на моќ кои самиот тој требаше да ги отрстрани. Една од основните позајмици на анархистичкиот феминизам е дека ние не сме затвореници/чки на минатото. Минатото не води доколку го натераме на тоа Како анархистички феминисти/ки ние не бараме од мажите да платат за гревовите на нивните предци, ние бараме од нив да ја преземат одговорноста за мажественоста на иднината, ние не бараме од жените да бидат постојано свесни за нивнато угнетување, туку да испливаат од тоа. Најчесто, ние не го лоцираме конфликтот кај одредени луѓе, туку во видот на однос кој се случува меѓу нив. Анархистичкиот феминизам се обраќа на овие поими на моќта, на обидите за критика, гледа надалеку и планира. Се е вклучено во прашањето. Како и да е, она што не притиска кон иднината, без разлика на тоа колку сме лути или засрамени, доаѓа од свесно разбирање на лекциите од минатото. Иако мојата намера не е длабински да ги анализирам традициите на анархизмот и феминизмот, дискусијата за нивното обединување во минатото и бариерите до ова обединување можат да помогнат на двата жанра, бидејќи јас и двата ги гледам како феномени од итна важност. “Нашите животински потреби, тоа е познато, се состојат од храна, облека и засолниште. Доколку правдата значи нешто, ништо не може да биде понеправедно од тоа тие да му недостигаат на било кој човек. Но правдата не застанува тука.” Фактот заради кој анархистите/ките отсекогаш се спротиставуваа на фиксните и авторитарни форми на организација, не значи дека тие ја одрекуваат организацијата како таква. Анархистот/ката не е индивидуалист/ка во екстремна смисла на зборот. Таа/тој страствено верува во индивидуалната слобода, но тој/таа исто така мора да признае дека таквата слобода може да биде зачувана од волјата да се соработува со реалноста на заедницата.” Како интегрален дел на колективното постоење, човекот го чувстувува
своето достоинство, истоверемено кон себеси и кон другите, а во своето
срце ги носи принципите на морал, супериорен, над себеси. Овој принцип
не доаѓа до него однадвор, тој е скриен во него, тој е иманентен. Тој
ја прави неговата суштина, суштината на самото општество. Тоа е форма
на човечкиот дух, форма која зема форма и расте кон совршенство само
од релацијата која секојдневно дава живот на општествениот живот. “Chomski спори дека основата на социјалната и општествена мисла на Humbolt е неговата визија “за крајот на човекот...” највисокиот и најхармоничен развој на неговата моќ до целесна и конзистентна целина. Слободата е прв и нужен услов, а можноста за таков услов ја претпоставува секој развој.” И како жив сведок на успехот на проецесот на социјализација, жените исто така го користат овој јазик, како што Voltairine de Cleyre вели: “и кога модерната револуција ќе биде донесена до срцето на целиот свет, ако тоа некогаш биде, а јас се надевам дека ќе биде - тогаш можеме да се надеваме да го видиме повторното раѓање на оној горд дух на нашите татковци, кој едноставното достоинство на Човекот го стави над раскошот на богатството и класата и држењето до тоа да се биде Американец/ка беше поголемо од тоа да се биде крал. На тој ден нема да има ниту кралеви ниту Американци/ки - туку само men (мажи), низ целата земја MAN (МАЖИ) Тогаш, чувај ме од утрешнината! Некогаш своите текстови мораш да ги издадеш со толку (sic) (sick’s) така што го прави текстот нечитлив. Па така, до кој степен револуционерната идеологија создаде и проговори за жените, кога понудениот јазик, фокус и слобода се толку често јасно предвидени за мажите? Факт е дека жените од неодамна се имаат здобиено со пристап до образование и често пати не ја земаат можноста за политичко ангажирање, земајќи ги во предвид и физичките и психолошките бариери. Отсекогаш постоел женскиот глас во политичките форуми и феминизмот, граден врз овие традиции, теории и храброст да се создаде тело на мисла која специфично се однесува на женското зајакнување. Како што Robin Morgan нагласува во нејзината книга The Demon Lover (“Демонот љубовник”), левицата е доминирана и раководена од машкиот систем на насилство кој со реакционерна точност ја создаде својата “спротивност” (дупликат) на акција, теорија и јазик. Таа спори дека во потрага по “легитимност” мажите револуционери ги присвоија формите и јазикот на насилство и доминација кои продолжуваат да ги угнетуваат жените, но тоа е затоа што овие форми очигледно се единствениот пат за политичка трансгресија; дека жените се поттикнати и ангажирани во борбата која додека се осмислува како револуционерна, таа е револуционерна во машка смисла, а неа само ќе ја искористи и предаде. Толку често феминистките биле злоупотребени од револуционери и било барано од нив да ги потчинат своите барања и фокус на “пошироката борба”. Од жените аболиционистки на кои им се потсмеваа кога ќе им дадеа феминистичко објаснување на проблемите на машкото пијанство и неговото запрепастувачко влијание врз жените, преку суфражетките кои биле обвинувани за пренасочување на вниманието од воените напори, до Zetkin, Luxembourg и Goldman, сите страдајќи од превртување на очи (неприфаќање) и бруталноста, и од постоечката држава и од онаа што би дошла. Гледаме дека Alexandra Kollontai, единствената жена во Рускиот кабинет, по 1917та револуционерна година беше протерана во Норвешка, откако беа издадени и ослабени сите нејзини препораки за неопходноста на феминистичката компонента во револуцијата. Од нас се бара да престанеме да тежнееме кон нашата кауза и да почнеме да ја браниме. Но да спориш за валидноста на нашата кауза би значело дека ние сакаме да сме “во игра”. Дури и неодамна еден почитуван пријател рече дека “во тек е женскиот состанок, а вистинскиот состанок ќе започне по половина час”. Кога беше запрашан, тој додаде “целосниот состанок”. Сеопфатноста на недостаточното чувство на учество под казна, претставувам ги подмачка и подготви, како и секогаш во изолација. Ах, но како некој/а може да си игра со неуредноста на јазикот кога толку добро им служи на нашите цели. Ти благодарам Mirabeau за следново “Секоја партија си има свои криминалци и будали, затоа што секоја партија си има свои мажи”. Влегувањето во политичките кругови со мажи е ризик за компромис и да се биде послушен/а кон овој став или да му се спротиставиш. Потсмевот е најлош, бележењето е нешто подобро, а ретко славна и акутна е нашата радост кога темите ни се сфатени сериозно, кога можеме да бидеме етикетирани како стенкачки, жигосувачки, освен ако веќе не сме згрчено зацврстиле предвидување на одмазда на мажите, изворно неразбирливо и неартикулирано, освен во еден социјализирачки машки одговор: одбранбеноста. Но мора да постои некој начин на кој може да се обратиме на политичката природа на нашата поларизација како полови во политичките форуми кои вклучуваат мажи. Мора да постои некој начин да се посочи на принудната структура на моќта кои водат скриена елита непроменлива кај мажите, но исто што и кај жените. Како и Peggy Kronegger, и јас верувам дека феминизмот може да биде врската која го поврзува анархизмот со иднината, и двете додадени во борбата на едниот и другиот, не да ја мерат, туку укинат моќта, но и двете одат подалеку од социјалистите/ките и дека луѓето не се слободни, затоа што тие преживуваат или дури се економски удобни. Тие се слободни само тогаш кога ја имаат моќта над сопствените животи. Анархистичките феминистки велат дека целта не е да се произведат нови и вештачки општествени форми, туку да се изнајде начин или артикулираат луѓето за надвор од нивните групирања, институциите одговараат на слободно општество кое би можело да се развива. Социјалистичките организации се популарни кај многу луѓе кои се собираат во овие групи, затоа што се чувствуваат дека мора да се вклучат во револуционерна група. Навистина. Но нивната родово-слепа хиерархиска присила на подиумските организации имаат типичен стилл на интерпретирање на феминистички грижи и конкретни жалби како нерелевантни или симптомачни за поголемта борба. “Тие апелираат до жените привремено да ја суспендираат својата кауза, што неизбежно води до негирање на женските прашања, и нивно ставање на маргината, намалувајќи ги до споредни категории.” Анархо-феминистите/ките рекоа дека често и дефинираното тело на теоријата, која толку често е удобна перница за машката доверливост, такво едно теоретизирање на артикулацијата, дава некому илузија дека одговора на критичната ситуација, без вистинско зацврстување, со своја перцепција за тоа. Со капитализмот и патријархатот, толку безбедно редуцирани на објаснување, ние се оддалечуваме од проблемот и потребата веднаш да се реагира на тоа или да се одговори на другите луѓе”. Толку често револуционерите/ките се расправаат со концепти, а не со луѓе. Но, додека како анарха-феминистки ние многу приговараме на политиката на социјалистите/ките (како што еден мој пријател вели “По вашата револуција ние ќе останеме истите, но вие ќе бидете исто што и тие”), ние исто така спориме дека ослободувањето треба да се случи во мали афинитетни групи, за луѓето кои се присилени на мислења да можат да изградат личен однос на доверба кој ќе го олесни жалењето, споделувањето и егзорцизмите на психолошките процеси и искуства кои ги доведе до нивната политика. Ова често е санитетно-компромисен процес, или дали всушност ние станавме здрави за време на тоа тешко време кога сфативме дека личното е политичко. “Оние од нас кои научија да преживуваат доминирајќи над други, како и оние кои научија да преживуваат прифаќајќи ја доминацијата, треба да се социјализираме себеси во тоа да се биде силен/на, без некои игри на доминирање-потчинување, во контролирањето на она што ни се случува нам без контролирање на други”. На овој крај анархизмот мора да започне со цврста феминистичка свест и да се вежба, или во спротивно е осуден на исто толку внатрешни противречности и пропаст, колку што анархистите/ките традиционално им предвидоа на хиерархиските марксисти/ки. |