за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Сексизам во анархистичкото движење

Оваа статија е обид да се придонесе во дискурсот кој се (или би требало) појавува околу сексизмот, во рамките на истите движења кои велат дека се борат против него. Беше тежок процес на разграничување помеѓу сексизмот во анархстичкото движење и генерално, сексизмот во општеството, затоа што многу критики кои можат да се упатат на анархистичкото движење се критики на поширокото општество. Таму каде што треба да постојат критичките анархо-феминистички/анти-сексистички критики, постои празнина, што доведе до недостаток на дијалог и конкретна акција во врска со сексизмот. Оваа критика ќе биде заснована врз многу од слабостите во анархистичкото движење, кои често пати е изградена од прашањата на сексизмот (и други форми на угнетување). Постои еден континиум на мислата и конкретната акција на кој анархистите/ките му се обраќаат или прифаќаат, со цел да се борат со сопствениот сексизам и сексизмот во поширокото општество.

Предизвикување идеи и однесувања

Континиумот започнува со нашите лични мисли и однесување. Растејќи во сексистичко општество не обзема идејата дека жените се инфериорни на мажите. Освен ако овие идеи не се длабоко предизвикани, во секој аспект на нашите животи, секоја будна минута, тогаш им е дозволено да цветаат во нашето однесување. Многумина може да сметаат дека ова е очигледна работа, но како што Kevin Powell напиша во својата неодамнешна госпоѓа статија, “Секој ден се борам во себеси да не го користам јазикот на родовото угнетување, да го видам сексизмот инхерентен во секој аспект на Америка, да ги предизвикам сите неправди, а не само оние кои ми одговараат мене.”

Антисексизмот не е само борба против очигледните форми на сексизмот - насилно силување, семејно насилство, очигледни сексистички зборови - туку е исто така предизвикување на нашите врски, идеите кои создаваат силувачка култура, начинот на кој луѓето се социјализирани, итн. Овие не се згодни прашања за борба, бидејќи бараат длабоко навлегување во себеси, патување назад во нашиот развој, и посветување време на тешкиот процес на само-промена. Мора да ги предизвикаме идеите и однесувањата кои го промовираат сексизмот на другите мажи и ги отуѓуваат жените - и на ниво на лична врска и во организациите.

Признавањето дека антисексистичката работа е длабок, тежок процес е многу битно, но многумина ја испуштаат поентата. Многу често мажите кои искрено се против сексизмот не успеваат да го признаат и предизвикаат сексизмот кој лежи во самите нив. “ЈАС СУМ анти-сексист”, изјавуваат тие. Но тоа е кажано толку гласно што многу мажи не успеваат да ги чујат гласовите на жените. Тоа станува етикета на горд спорт, наместо сериозен и тежок процес. Немој погрешно да ме сфатиш, доколку мажот е навистина анти-сексист, треба тоа да го покаже, но ова се остварува преку неговите акции и во неговите објаснувања на нашата тековна реалност - особено на другите мажи. Мажите мора да станат пример на предизвик на вообичаените поими за маженственост, а тоа бара многу повеќе од една етикета.

Како и да е, кога жените ги предизвикуваат “анти-сексистичките” мажи често доаѓа до комплицирање. Кога жените ги критикуваат нивните угнетувачки и сексистички оденесувања, мажите земаат одбранбен став. Наместо да слушаат, сварат, и добијат од критиката, се зема одбранбен став, а женските гласови се повторно игнорирани. Како анархисти/ки, критиката и само-критиката треба да ја сметаме за крајно важна. Секој/а е подложен/на на преиспитување, бидејќи не треба да постои непотребна хиерархија. Недостатокот на принципиелна критика и само-критика во анархистичкото движење е прв проблем, кој подоцна, кога се аплицира на прашањата на сексизмот и другите форми на угнетување, се комплицира уште толку. Жените треба искрено да слушаат и , доколку критиките се валидни, мажите треба да најдат начин да ги променат своите мисли и акции.

Политичка студија

Разбирањето на сексизмот е битно за сите во анархистичкото движење. Како и да е, како жена, не е моја должност секогаш да одговарам на прашања и да образувам мажи за тоа како сексизмот влијае на мојот живот. Многу анархистички групи веќе имаат подготвено програма или проект кои можат да се искористат за здобивање со подобро разбирање на сексизмот, без оптоварување на жените со задачата на објаснување животи: политичка студиска група. Кога последен пат ти или твојата група сте прочителе нешто за жените, сексизмот, феминизмот, или женското ослободување? Многу пати, и јас сум самата виновна за ова, сметаме дека четивата за женските прашања не се толку битни колку четивата за капитализмот, или анархизмот, или анти-колонијалната борба, итн. Мора да престанеме да го сметаме женското ослободување како страничен проект, или прашање и да го гледаме како интегрален дел на борбата за ослободување. Овие записи не мора да бидат специфично анархистички или дури револуционерни за да ни доловат добри анализи. Кога последен пат си читал/а нешто од Audre Lorde, bell hooks, Barbara Smith, Angela Davis, Patricia Hill Collins, или Emma Goldman? Кога последен пат си читал/а нешто за жените во ослободителните борби, силувањето, хомофобијата и сексизмот, итн? Мора да преземеме иницијатива да читаме она што жените ни го поставиле пред нас.

Охрабрување на жените

Од мало девојче, јас бев социјализирана да се чувствувам инфериорна на мажите. Бев социјализирана да препознаам каде е моето “место” во општеството, а тоа не беше во еднакво учество во дијалогот со мажите, сигурно не во било кој вид на политика, и дефинитивно не во било која предна линија на револуционерната борба. Дури и тоа што растев во политички радикално домаќинство, полека, полека ми беше всадуван овој менталитет, а познавам и други жени на кои им се случувало истото. Често пати разгледувам наоколу на состаноци, работилници, настани (кои не се женско-центрични) и гледам дека јас сум една од една рака жени кои ги посетуваат, или дури и полошо, единствената жена таму. Од друга страна пак, дури и кога има многу жени во просторијата, гледам дека сум единствената жена која придонесува во дијалогот.

Кога ја истражуваме вклученоста на жените во политичката борба, треба да ги испитаме и коренитите причини. Жените се социјализирани да гледаат на политиката како на нешто надвор од нашиот свет. Кога политиката е радикална или револуционерна, нивото на заплашување се зголемува. Поради оваа реалност, треба да вложиме повеќе време и енергија во создавањето на поанти-сексистичко/про-женско движење. Треба да започнеме со инволвирање на повеќе жени во нашите организации и движења. Првото вклучува ставање на сексизмот како една од главните точки на организацијата, заедно со другите прашања кои влијаат на жените (и сите човечки битија): расизмот, хомофобијата/хетеросексизмот, компетентноста (англ. ableism), колонијализмот и класното угнетување (капитализмот). Иако не можеме да ја сместиме сета наша енергија на сите овие прашања наеднаш, мора да бидеме сигурни дека се справуваме холистички со сите овие прашања, во рамките на нашиот фокус. Второ, мора активно да регрутираме жени во нашите организации. Ова бара различни форми, како говорење на женски настани, постојано доближување до жените и учествување во нивните женско-центрични борби.

Штом жените ќе стасаат во нашите организации, мора да гледаме на нивото на учество на жените во организацијата. Јас сум вклучена во политиката повеќе од седум години. Само во последната година и пол јас целосно учествував во политиката. Ова е така затоа што морав да научам дека јас можам да зборувам на состаноци, дека можам да придонесам на значаен и позитивен начин, и дека моето место е да придонесувам и учествувам. Морав да го надминам заплашувањето што го чувствував кога работев со мажи на кои се огледував и кои ги почитував. Морав да ги надминам умствените синџири кои ме држеа назад.

Неколку фактори придонесоа за оваа промена. Еден драг пријател ми помогна да сфатам дека јас сум целосно способна да учествувам и дека никој/а друг/а не може да каже поинаку. За него, клучно беше да учествувам на еднакво ниво и вложи доста време и енергија охрабрувајќи ме. Тој продолжува со овој напор и понатаму со други жени. Засекогаш ќе му бидам благодарна колку ми помогна и би сакала да видам повеќе мажи кои се нафаќаат за неговата задача. Тогаш, моето ниво на преданост, сериозност, и чувство за одговорност за ослободителната политика, ме принуди, нивото на вклучување да го ставам над моето чувство за конфор. Ова воопшто не беше лесна задача и сеуште се борам со тоа. Ова е нешто со што сите ние треба да се бориме во себеси; мажите можат да им помогнат на жените да дојдат до оваа точка, однесувајќи се кон нив еднакво и со почит.

Исто така мора да ги анализираме нашите организациони однесувања. Дали постојано ги охрабруваме жените да земат лидерски позиции? Дали мажите или жените се тие кои земаат повеќе говорнички ангажмани? Кој/а збори на состаноците? Кој/а ги води состаноците? Кој/а ја врши работата на организирање, и потоа, кој/а ги добива заслугите од тоа? (Еднаш бев вклучена во организирањето на конференција со двајца мажи и четири жени. Еден маж ги доби заслугите за целата конференција а ние, (жените), од него и другите, бевме третирани како негови “помагачки”. Иако ние го завршивме најголемиот дел од работата! Мора да бидеме многу внимателни кога мажите ги надзборуваат жените, обезвреднувајќи и/или игнорирајќи ги зборовите и придонесите на жените. Сите мора да направиме екстра напор да гледаме на родовата динамика на нашите функции и средби. Без директно водство на жените во било кое движење, нашите важни гласови се изоставени од дијалогот и борбата против сексизмот.

Анархистички организирани структури

Еден од најголемите предизвици на анархистичкото движење е создавање анархистички/анти-авторитарни структури за нашите организации. Се бориме да создадеме нови идеи на организација од примерите кои ги имавме и преку нови идеи и иновации. Не само што се обидуваме да го организираме нашето движење на анархистички начин, туку исто така е поле за тестирање на потенцијално идно општество.

Анархизмот бара да создаде општество засновано на големо чувство на лична одговорност и пресметливост за самите себеси и еден/на/ни кон друг/а/и. Сакаме општество засновано на взаемна помош и заедништво. Ова може да се случи со спонтана активност; мора да резултира во добро организирано општество, засновано на демократски, децентрализирани структури. Се надевам дека анархситичкото движење ја сфаќа потребата да се изнајдат нови структурни идеи за нашите организации и новото општество. Знам дека многу сметаат дека создавањето на структура инхерентно води против идеите и принципите на анархизмот. Би се сложила дека не-седењето и формирањето демократски структури е против идеите и принципите на анархизмот.

Jo Freeman во “Тиранија на беструктурноста” напиша дека “идејата на беструктурност не го спречува формирањето на неформални структури, туку само на формалните. Идеалот за групна структура “laissez-faire” станува параван за силните или среќните да воспостават неприкосновена хегемонија над другите. Па така беструктурноста станува само начин на маскирање на моќта. Се додека структурата на група е неформална, правилата како се донесуваат одлуките се познати само на неколкумина, а свеста на моќ е ограничена на оние кои ги знаат правилата.”

Беструктурноста често е средство за воведување на сексизмот, расизмот и класната стратификација. Доколку мажите се социјализирани да бидат лидери, а жените не, тогаш не е тешко да замислиме кои би се развивале во лидери во не-структурната организација. Недостатокот на структура не обезбедува средства за балансирање на оние со одредени привилегии со оние кои се угнетени. Мора да создадеме организациони структури кои инхерентно ги чуваат овие форми на нерамнотежата на моќта. Со формирањето анархистички организациони структури, ние исто така мора да формираме структури кои специфично ќе се справуваат со сексизмот во нашите организации. Едно навистина чувствително прашање со кое мора да се справуваме е сексуалниот напад (и семејното насилство). Слушнав неколку ситуации каде политички активен маж сексуално нападнал другарка активистка. Би било невозможно да се испланираат чекорите на справување со овој тим на ситуација – особено бидејќи преживувачката на сексуалниот напад треба навистина да контролира она што се случува – туку ни е потребен еден цел костур на чекори за да помогнеме во справувањето со ваква ситуација.

Вклучување во борбата на жените

Борбата против сексизмот е борба на секого. Допира секого: мажи, жени и трансродовите луѓе. Особено е важно антисексистичките мажи, кои добиваат од сексизмот, да се вклучат во ослободувањето на жената. Исто како што е особено важно за белите луѓе да се посветат себеси на анти-расистичката борба и стрејт луѓето да се посветат себеси на анти-хомофобична/хетеросексистичка работа, мажите мора да се посветат многу време на анти-сексистичка работа.

За анархистичките мажи, прашањето е, дали се вклучен/а во борбите спонтано иницирани од жените, водени и организирани од жените, и првенствено наменети за други жени? Ако одговорот е не, зошто? Сум чула за тврдењето дека многу од борбите се “премногу реформистички или вообичаени (анг. mainstream)”. Во некои случаи ова е и моја критика, но не гледам револуционерна борба во Соединетите држави која е способна да им помогне на жените на начин на кој овие организации можат. Одговорот не е да ги игнорираме овие движења, туку да изградиме нови движења во рамките на нив или без она што веќе постои. Дали анархистите/ките создаваат алтернативни структури за преживувачките на сексуален напад? Дали сме способни да помогнеме на малтретираните жени на револуционерен начин во овој момент од времето? Не можеме едноставно да ги фрлиме нашите рачни бомби и сите животи на жените да зависат од тоа.

Други ја бришат анти-сексистичката борба како “женска работа”. Други не ја гледаат анти-сексистичката борба како централна во борбата за ослободување. Други веруваат дека можеме да почекаме да го предизвикаме сексизмот откако ќе се случи револуционерната промена. Овие анализи мора да се променат. Доколку вистински сакаме егалитарно општество тогаш мора да започнеме да создаваме поправедно движење - на иста линија со расата, класата, родот, и сексуалноста. Мора да го направиме анархистичкото движење женско движење. Доколку сакаме крај на сексизмот, нашата работа требала да започне вчера.

Секогаш напред, никогаш назад

Анархистите/ките имаат добра анализа на начинот на кој сексизмот е “мешавина од практики, институции, и идеи кои имаат краен ефект на давање повеќе власт на мажите, отколку на жените”. Почнувајќи со институционална анализа е точно, како и да е, мораме исто така да го преведеме сето ова во наши сопствени мисли и акции. Само тогаш сите анархисти/ки ќе можат да работат заедно најефективно (барем во однос на родот, но ние исто така мораме да се справиме со хомофобијата, расизмот и класните прашања). Да создадеш егалитарно општество, нашето движење мора да биде егалитарно, што во моментот не е. Работејќи да создадеш револуционерна промена мораме да започнеме денес, предизвикувајќи го нашето сексистичко, расистичко, и хетеросексистичко капиталистичко општество. Тоа значи, предизвикувајќи го тоа што е во самите нас, нашите семејства, нашите соседства, нашите заедници и нашите движења. Како што рече Kevin Powell, “Исто како што сметам дека белците/кињите треба да бидат побучни за расизмот во своите заедници, исто така сметам дека мажите треба долго и гласно да зборат за сексизмот помеѓу себе”. Анархистичкото движење треба да биде погласно и поактивно во борбата против сексизмот. Сите наши животи зависат од тоа.

Contact Angela c/o Kent Aanarchist Black Cross at: PO Box 942, Kent, Ohio 44240