Четири дена пат... и Барселона. Место
каде што можеш да се изгубиш и можеш да се најдеш. Во светот, но надвор
од него. Каде секој фрик бидува секојдневие. Каде заминувањето секој
пат го одложуваш за следниот ден. Или заминуваш знаејќи дека се враќаш
повторно.
Времето застанува. Не забележуваш кога еден ден влегува во друг. Ноќ-ден,
ден-ноќ, се е една голема журка.
Спој на опуштеност и борба.
Револуционери и туристи.
Секој/а/е/? со свој филм, нови фаци, стари фаци... сите се љубат...
мала прошетка - сквот до сквот... евикција... нов сквот... нов сквот...
демонстрација... една искршена банка на поминување... полиција нема...
бегаш у сквот, ете ти ги у цивил, се прават туристи.
Ти треба нешто? Храна, облека...? оди во продавница, земи си. Те фатиле?
Само оди си. Полиција не ти доаѓа за ситниш сестро.
Квирум скриптум плагијаториум
Queeruption е НС, анти-комерцијално збирање. Ова значи да није организовано
од некаква си мала група луѓе за да некој/а/? таму би дошол/ла/? да
се појави чисто и да консумира, ами го бара сечие учество за да може
да успее. Квирапшн ти е простор кој го предизвикува родот, што тој значи
и како е конструиран. Битно во битката против родовите конструкции е
да сфатиш како социјализацијата влијае на нас. Квирапшн е родово квир
простор. Обиди се да не праиш некои естетски претпоставки за родовиот
идентитет на друг/а/?. Квировите нема да толерираат непочитување на
квирапшн, шо значи, заеби расизам, сексизам, ејџизам (дискриминирање
врз основа на возраст), ејблизам (дискриминирање врз основа на кој/а/е/?
колку е способен/на/но/?), дебелофобија, класофобија, кинкифобија, би/транс/
хомо/ хетеро/ интерсекс/ асексофобија. Преземи одговорност за своите
зборови и акции. Биди одговорен/на/но/? за себеси. Внимавај на границите
на другиот/та/то/?, запомни не значи не. Биди свесен/на/но/? за телесниот
говор на луѓето. Секој/а го дефинира својот иденитет на свој начин,
или можеби одбира да не го дефинира. Немој да претпоставуваш дека познаваш
нечиј род, етнос, сексуални преференции, политичка позиција, омилена
позиција (сексуална), или било кој друг негов/нејзин/? идентитет. Квирапшн
е Направи сам/а/о/? настан. Ова значи тоа е она што ние ќе го направиме.
Ок, сега кога отприлика е јасно шо се дешаваше во барселона да кажам
шо јас видов и како тоа ја го доживеав. За среќа или несреќа стигнувам
вториот ден од фестивалот, некаде после полноќ, журка веќе на големо.
И веднаш дознавам која фрка се дешавала претходниот ден. Полицијата
го опкружила сквотот, бивша фабрика за латекс (посоодветно за фестов
здравје), никој/а/е/? не може ни да влезе ни да излезе... ќе го евиктираат
ли?.. или нема? разврска, полиција се собира и заминува, останува пак
да кружи и провоцира, но квирапшн продолжува. Бидејќи успеав многу брзо
да влезам во благостање, уз помош на така финиот долг пат, не бев баш
свесна за просторот во кој се наоѓав.
И здогледав утро во огромното фабричко здание. Зградата обиколуваше
еден слободен простор кој беше центар на се што се случуваше деновите.
Неколку простории беа барикадирани поради токсините кои ги содржеа,
голем дел од нив беа простории за спиење, само за жени, само за трансродови
луѓе, потоа огромна бар и сцена просторија, диско, супер-вкусна веган
кујна, видео и перформанс простор, соба за трансоблекување и безброј
други мали и големи.
Она што се случуваше цели седум дена беше континуирано дружење, журка,
свирка, пијанчење, работилници, секс, љубов, демонстрација. Жешката
и разнобојна барселона беше неверојатен спој со цел тој сексуален набој
и разнородност кои кружеа на фестивалот. Виножито од идеи и безродови
кои им пркосат на наметнатите општествени модели, конструкции. Само-организирана
(кујна, работилници, свирка, перформанс, видео, декорирање и креирање,
амбуланта, рецепција, рециклирање, растоварање, бар, бесконечно фасилитирање
состаноци) автономна привремена зона, чија игра е вистинска ерозија
за системската машина.
Квирови без граници, квировите против Г8, како да си направиш дилдо
од латекс, брејкденс, само-одбрана, масажа, геј движење во арапските
земји, како да си направиш беџ, уф, ма имаше сешто. Перформанс вечерта
- квир експлозија, квировите се расфрлаа со својата креативност. Свирката
завршуваше со некој треши панк бенд и сите преживеани ноќта, кои звучеа
исто толку добро на сцена како и самиот бенд. А барот секогаш завршуваше
недостаточен од алкохол, па се случуваше да завршам в постела недопиена.
Иако се подготвував за секс журката, како и сите други, моиве предвремено
пијани мозочни келии не успеаја да ми донесат на површина ниту еден
блиц од таа ноќ. Подземната просторија, која се спремаше од самиот почеток,
изобилуваше со сексуални справи, задоволуваше прилично доста фетиши.
При крајот на фестивалот чув дека не сите биле задоволни од тоа што
се случувало таа ноќ, некој/а/е/? што очекувал/а/о/? учество од сите,
беше разочаран/а/о/? од резервираноста на луѓето и воајерскиот избор.
Конечно малку акција, некаде два дена пред крајот беше предвидена демонстрација
во индустрискиот геј кварт на градот, напад против капиталистичкото
геј движење и против уривањето на неговите револуционерни зачетоци.
Имаше многу поделени, резервирани и контра мислења околу самата акција,
некои сметаа дека треба да се одбере некоја друга капиталистичка мета,
наместо да се напаѓа и онака маргинализираното геј движење. Мене ми
изгледаше супер, мислев/ам дека треба да се нападне и воочи на она што
го уништи револуционерниот карактер на геј движењето, она што успеа
да го претопи и да стане истиот репресор против кој до вчера се бореа.
Капитализмот убива, без разлика дали доаѓа од геј соседството или стрејт
државата. И доколку не завршеше со 9 другари/ки/? во затвор, веројатно
ќе мислев дека ова е најлесно и најдобро изведената акција на која сум
била. Околу 150 од нас започнавме со блокирање на улиците, користејќи
ги контејнерите и се друго што ќе се најдеше по пат како инструмент
и правење бука. Се делеа флаери, се шкртаа графити, барикадираа и бомбардираа
(водени бомби) капиталистичките геј барови, се пееше и извикуваше квир
анти-капиталистички слогани, итн. Се прошетавме до една статуа во близина,
ја трансоблековме, квир-дотеравме и заминавме. Всушност целите улици
изгледаа многу поблиски, попријатни сега. На враќање еден мал дел од
групата се задржа уништувајќи ги прозорците на ексклузивниот геј хотел,
што беше пресвртот. Сето време не ги бев видела свињите, можеби само
при крајот, некои две коли на дистанца, но го искористија моментот кога
поголемиот дел од групата веќе беше во метро, на пат за дома, да ги
испоапси другарите/ките/? кои се забавуваа удирајќи во капиталистичките
ѕидини. Уште истата ноќ некои поупорни се солидаризираа со затворените
пред полициската станица. Рано утро се придружив, беше неверојатна журка,
нојз демо, можеби и за свињите кои стоеа пред нас пред станицата. Звучевме
како извежбан оркестар. Некаде околу 6 попладне одлучивме да се повлечеме,
зошто добивме информација дека најверојатно другарите/ките/? се префрлени
во судот. Следното утро - нојз демо пред судот и дочекување на затворените
другари/ки/?. Една од работите на кои се воодушевував во карцелона е
баш оваа пракса на солидарност со затворените другари/ки. Очекувавме
евикција следните денови, па сите бевме некако по малку уморни, нервозни,
ан гард.
По некоја среќна околност го дочекавме крајот на фестивалот во сквотот,
па и по-крајот, фабрика продолжи да постои и до моето заминување од
карцелона.
Квир значи родово и сексуално слободен/на/но/?. Биди што сакаш, предизвикај
ги, уништи ги општествените лимити, конструкции измислени за обезвреднување
и контрола на индивидуата, лесна нејзина манипулација и ставање во функција
на патријархално-капиталистичките интереси. |