за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови
1. Што претставува и како делува Ф.У.Г.А.? Која е целта на оваа група? Ф.У.Г.А. или Феминистичка Урбана Герила во Акција првенствено беше само спонтана идеја за потпишување на неколку анархо-феминистички графити и анти-рекламни акции низ градот. Во одредени кругови тоа почна да станува препознатливо за улична феминистичка активност, па продолживме да се организираме понатаму под ова име. Ф.У.Г.А. се обидува да делува подземно и надземно (хм, што во рамки на еден град каков што е Скопје е прилично невозможно, токму поради препознатливоста и лесното идентификување и поврзување на еден ваков вид на активност со луѓето кои тоа би можеле да го прават), преземајќи ја улицата за свој простор на изразување. Во последно време, Ф.У.Г.А опфаќа се поширок дијапазон на активности, од улица, дискусиона група, до публикација. Преку предизвикување на вредностите кои ја ограничуваат, врзуваат, газат, условуваат, оутѓуваат, експлоатираат, угнетуваат индивидуата, Ф.У.Г.А. цели на освојување на просторот кој и припаѓа на жената, и човекот, слободата и креативноста. 2. Има ли и што е разликата помеѓу анархо-феминизмот и оној mainstream феминизам?Мислам дека она што кај нас се прикажува преку медиумите како некаков феминизам е всушност тотална спротивност и е контрапродуктивен а т.н. женски организации, барем оние поголемите се само филијали на одредени политички партии! Ох да, мислам, немаше потреба да постои анархо-феминизмот, и ние да се нарекуваме анархо-феминистки, доколку феминистичкото движење, особено во Македонија, а во овој случај, исто така и анархистичкото движење, се содржеа едно во друго. Морам да кажам дека постојат историски примери од феминистичкото движење, некаде од 80тите, вториот бран на феминизмот, кога се развиваа и практикуваа нехиерархиски и безавторитарни форми на организирање, кои анархистичката идеја ја вежбаа во пракса, и тоа навистина успешно, но сепак останувајќи врзани само на рехабилитациони програми за жени и сл. Сепак тоа беше далеку, и временски, и просторно, од феминистичката идеја и активност во Македонија (не би можела да го наречам движење бидејќи воопшто нема такви карактеристики). Многу женски групи во Македонија, кои себеси си лепат феминистичка етикета се само продолжена рака на патријархо-капиталистичкиот систем. Нивното “оснажување” на жените значи тотална асимилација од страна на патријархалниот модел на власт. Успехот на патријархатот не е во тоа што ја покори жената, туку во тоа што ја натера да размислува и функционира како маж. Жената не ја претставува некоја си бескруполозна “силна” сопственичка на ланец продавници, ниту пак политичарка која мисли дека 50% жени на власт ќе ја оправат ситуацијата, ниту пак полицајката која се ставила во филм да изгледа што позастрашувачки, во страв да не биде “сериозно” сфатена. Тие модели не го менуваат патријархалниот систем, туку напротив, го репродуцираат. Тој ни е веќе понуден, а тие го прифаќаат и ја играат истата игра. Жената треба да значи слобода, креативност, бестрашност, независност (во смисла на индивидуална исполнетост и верба во себеси), предизвик на сите окови, а тоа е надвор од сите институционални замки, од целиот најманипулативен систем досега, неолибералниот (капиталистичкиот). Академскиот пак феминизам, кој најдобро всушност го познава феминизмот , иако далеку поблизок на анархо-феминистичката идеја, сепак не ги остава истите институционални замки, а целата женска борба ја сведува на продолжена дискусија, останувајќи надвор од самата суштина на феминизмот, а тоа е акцијата. 3. Колку е анархо-феминизмот развиен во Скопје и Македонија?Постои
ли Мислам дека е во сам зачеток. Но тоа не е случај само во Македонија.
Женското прашање било отсекогаш игнорирано во анархистичкото движење,
генерално. Но исто така мислам дека брзо доби на замав. Цел еден куп
навистина добри феминистички критики внатре во самото анархо движење
имаа оддек, иако најмногу можеби во развивање на таа мрежа на солидарност
меѓу жените во движењето. 4. Независната направи сам/а Hard Core/Punk сцена е најверојатно место каде на феминизмот му се придава најголемо значење и отворено се дискутира за проблемите од оваа тематика. Што е со останатите луѓе? Зошто кај другите луѓе не постои некој поголем интерес ? Може ли тоа да се промени и како? Па ако збориме генерално, мислам дека се должи токму на поагресивниот
напад на анархистките во движењето и жените во сцената. Hard core/punk
сцената, која како и многу други до скоро беше ексклузивно машка, доживеа
вистински “атак” од жени во сцената. Но мислам дека во голем дел тоа
исто така се должеше на се позастапените обработки на “политички коректни”
теми како права на жени, права на животни, права на квир луѓето и сл.
5. При крајот на Април, во Скопје се случи првиот анархо-феминистички фестивал.Што се се случуваше? Какви беа реакциите и дали сте задоволни? Да, конечно. Беше навистина голем чекор, но супер излезе. 6. Што понатаму? Ќе се постигне ли некаков континуитет во анархо-феминистичкиот активизам? Везе немам што и како ќе биде, али надам се (извини што си го вежбам вака српскиов). Мислам, има добри изгледи. 7. До каде сте спремни да одите со борбата за подобар свет? Кои се методи ги прифаќате и користите? Уууу, до бескрај. Методот на само-одбрана и “методот” на хаосот. 8. Фала за интервјуто и ви посакувам среќа во се што планирате за понатаму. Ако имате нешто да додадете за крај... о да, танцувај во револуцијата, и јади чоколадо (може и без млеко) |