за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Mujeres Creando

Mujeres Creando
Боливиски анарха-феминистички улични активистки

Правејќи бранови
Mujeres Creando интервјуирани од Katherine Ainger

Преку ноќ, со прекрасен ракопис, се појавија зборови на ѕидовите на Ла Паз, високо надморскиот главен град на Боливија. Тие ја говорат вистината која боливиските жени не сакаат гласно да ја изговорат. Деконструирајќи го мачизмот, анти-геј предрасудите и неолиберализмот, боливиската анарха-феминистичка група Mujeres Creando ја носи уметноста назад на улиците. Нивна е политиката на креативноста, на интервенциите во секојдневниот живот. Изморени од традиционалната левица каде, велат тие, “се беше организирано од врвот надоле”.
Жените служат само чај, или пак нивната улога е чисто сексуална, или тие не беа ништо повеќе од секретарки; три пријателки - Maria Galindo, Julieta Parades и Monica Mendoza - ја започнаа Mujeres Creando (Жените создаваат) во 1992 год. Две од нив се единствените отворени лезбејски активистки во Боливија. На времето, тие објаснуваат дека постоеле некакви разговори за феминизмот - милитантен, радикален феминизам, феминизам на улиците, на секојдневниот живот.
“Се решивме за автономија од политичките партии, НВОи, државата, хегемонистичките групи кои сакаат да не претставуваат. Ние не сакаме шефови/ици, главни фаци или возвишени лидери/ки, никој/а не претставува никој/а друг/а - секоја жена се претставува самата себе.”
“Ние веруваме дека она како ние се поврзуваме со луѓето на улица е најбитната работа. Имаме весник кој го издаваме и продаваме самите, и креативни улични акции. Ние сликаме графити - las pintadas - ова е една од комуникативните форми која навистина ги допира луѓето. Започна како критика на она што е левица, а што десница. Тоа беше наш одговор на нивното сликање на улиците велејќи “гласај за тоа-и-тоа”. Тоа беа афирмативни или негативни фрази, “не на гласот”, “да за ова”, “не за она”. Она што ние го правиме, за разлика од нив, се обраќаме со поезија и креативност, да предложиме идеи кои не се само “да” или “не”, “левица” или “десница”.
Примери од нивните графити вклучуваат “Правењето на твојата вечера и твојот креветот ми ја одзема желбата да водам љубов со тебе”, “Доколку Goni (поранешниот претседател Gonzalo Sanchez de Lozada) имаше матка, би го легализирал абортусот, и би го приватизирал”, и “Ниту бог, ниту господар, ниту сопруг, ниту партија”.
Тие целеа на сите видови на угнетување од феминистичка перспектива - расизмот, диктаторството и долгот.
“Нашите цели не се секогаш фокусирани на женски теми како абортусот, репродукитвните права, мајчинството. Владата вели: “Не можеш да се посветиш на тие прашња, и точка.” Ние може да кажеме “не”, или може да кажеме, “да, тоа не интересира”. Имаме став кон абортусот, контролата на раѓање, но немојте да не категоризирате! Ние сме вклучени во се: ние сме дел од општеството. И поради оваа причина ние сликаме графити за различни работи. Има графити кои ги провоцираат мажите, графити кои ја провоцираат владата, графити кои се насочени само кон жените, графити за политичката ситуација.
“За нас, улицата е простор на заеднички простор, каде сите можеме да бидеме, вклучувајќи ги и децата. Во Европа, се е контролирано, без разлика дали ти можеш да маршираш или не, дали можеш да протестираш или не, дали можеш а продаваш работи или не. Во Боливија, улиците им припаѓаат на луѓето: луѓето кои прават работи, луѓето кои продаваат работи - улиците се наши.
“Многу е битно тоа што она што ние го правиме на улица е во интеракција со луѓето, им говори ним, така да тие можат да ги видат графитите, кои би требало да испровоцират нешто во нив, да испровоцира смеа, да испровоцира здосадување и вознемирување, да провоцира гнев, да провоцира многу други работи.
“Луѓето сакаат да ни одземат нешто што е наше. Да ја претворат креативноста во нешто елитистичко. Но креативноста е човечка - им припаѓа на сите жени и мажи. Таа е фундаментална на се што правиме, во книгите што ги пишуваме, во уличните акции, во графитите. Има луѓе кои ни велат:
“Вие сте уметнички”. Но ние не сме уметнички, ние сме улични активистки.”
Оваа година, една група која се вика Deudora (“должничка”), која во најголем дел содржи сиромашни жени од barrios, дојде да протестира во Ла Паз поради осакатувачките каматни стапки за нивните микрокредитни заеми.
“Ние им говоревме за пацифизмот, изведовме неколку креативни акции против каматите, против банките, против парите... сликајќи ги ѕидовите по улиците. “Mujeres Creando донесе боја, а групата Deudora ги соблече своите чевли и ги натопи нозете во лонците, потоа се подигаа една со друга за да можат да ги оставаат своите траги од нозете на ѕидот. Ова беше симбол на долгото патување до главниот град. На друга улична акција Mujeres се фрлија себеси на подот, за време на протестот на должниците/чките, како штит од нападот на полицијата.
“По три и пол месеци, ние успеавме да седнеме со големите банакарски и финансиски асоцијации и групата Deudora и да постигнеме договор. Па така, на луѓето на кои куќите им беа ставени под хипотека им беа простени долговите.
“Штом беше потпишан договорот од кој добија должниците/чките, ние организиравме еден вид фестивал со цвеќиња и леб. Децата почнаа да го делат лебот со секого, симбол на olla (колективен лонец за готвење) на сиромашните - сиромашните кои делеа она што имаа.”

Статија од New Internationalist Јули 2002


Со динамит и молотови, анархистите/ките ја окупираат владината зграда

Juventudes Libertarias (Анархистичка младина), Боливија, 2ри јули, 2001

Ситните должници/чки повикуваат на решавање на нивните кредитни проблеми за 95 дена. Во 10 часот ова утро некои од нив ја заземаа владината зграда. Меѓу нив беа членки на анархо-феминистичката група Mujeres Creando (Женска инцијатива), кои владата ги именува како одговорни за акцијата.
Околу 100 активисти/ки ја окупираа канцеларијата на Defensoria del Pueblo (Народниот/та правобранител/ка). Неколку десетици исто така ја окупираа канцеларијата на Католичката архиепископија. Но најударниот настан се случи во надзорната банкарска агенција, каде илјада должници/чки ги окупираа канцелариите и задржаа 94 функционери/ки од таа институција.
Една група на активисти/ки поминаа незабележани покрај обезбедувањето, влегоа во зградата на банкарските власти и земаа некои од вработените како заложници/чки. Некои групи можеа исто така да влезат во канцеларијата на попот и во Defensoria пред да бидат забележани.
Штом веќе беа во банкарската агенција, активистите го насликаа влезот на ходникот со бензин-спреј, близу вратата на канцеларијата на домарот. Од највиокот кат на зградата фрлија стапчиња динамит на Isabel la Catulica Plaza со цел да ја спречат полицијата да влезе. Групи на обични полицајци се обиде да ја преземе зградата.
Највисоките функционери/ки од властите на банката беа врзани во нивните канцеларии и покриени со купчиња од динамит кои беа врзани за нивните тела, за да се спречи било каква интервенција од страна на полицијата. Активистите/ките носеа десетици стапчиња од динамит на своите тела, а некои носеа старо воено оружје.
Барем десетина активисти/ки се сместија на терасите на петиот кат од зградата на банкарските власти и држеа говор користејќи биков рог.
“Ние сме тука затоа што никој не не слуша. Овие луѓе ја покажуваат типичната бездушност на банкарите/ките. Ние сме тука затоа што не можеме да ги платиме нашите долгови.” Овие зборови гласно се одгласија од онаму каде што тие се наоѓаа, на петиот кат, придружени со навреди и песни насочени против банкарите/ките.
Носејќи биков рог , молотови коктели и стапчиња динамит, ситните должници/чки прошетаа околу терасите на зградата, поставувајќи повеќе од експлозија во Plaza Isabel la Catulica, со цел да ги натераат да ги чујат нивните барања.
Една жена протестантка користеше биков рог за да ја изнесе својата жалба до полицијата која го опкружуваше местото: “За сиромашните не постои олеснување, не постои правда. Тие ни земаа се, оставајќи ни ги стапчињата динамит да ги јадеме. Затоа што само договорителите/ките имаат права, ние бевме тука, живеејќи на улица, во ладната ноќ, со сиромашен оброк еднаш дневно, повеќе од 90 дена. И никој не сака да не чуе.”
Претставувајќи ги должниците/чките на прес-конференција, друга жена изјави, “Не можеме да заминеме додека не се случи дијалог за рашавање на нашите проблеми, и доколку не се најде решение, ние сме решени да извршиме самоубиство токму пред нив - затоа што веќе не можеме да се носиме со оваа ситуација.”
Ова протестно движење вклучува 12 000 работници/чки и невработени луѓе кои позајмија мали суми на пари и беа искористени од лихварските практики на приватните банки. Денес тие бараат целосно откажување на нивните долгови, крај на судските процеси притв нив и крај на затворањето на проток на нивните сиромашни добра. Во текот на три месеци илјадници должници/чки доаѓаа во Ла Паз од сите делови на Боливија да се приклучат на дневните протести. Ова имаше пацифистички почетоци, но подоцна стана порадикално, одејќи дотаму на обиди за спалување банки. За време на конфликтот, поради мизеријата и очајот кои ги опкружуваа, повеќе од шест должници/чки извршија самоубиство. Многумина беа принудени да се откажат од се што имаа и да живеат на улица. Во меѓувреме, владата беше на страна на богатите, простувајќи ги нивните долгови и давајќи им огромни суми на пари.
Во средината на ноќта, започнаа да ги ослободуваат 94те функционери/ки, сеуште чувани во зградата на банкарската власт. Ова вклучуваше 6-член комитет за осигурување на нивната безбедност, вклучувајќи ја и анархистката Julieta P., како и некои ниски типови, како десничарскиот правосудник F. Kieffer, поранешен парамилитаристички оперативец. Додека течеа преговорите, зградата остана затворена. Во разговорите беа вклучени должници/чки (предводени од анархистката Maria Galindo од Mujeres Creando) и претставници/чки на приватните банки, постари католички свештеници, Defensoa del Pueblo (Народен/на правобранител/ка), и членови/ки на Derechos Humanos (Човекови права).
Имаше забрана за камери и носење храна и пиење. Зградата е постојано опкружена од полициски кордон. Според неофицијални извештаи, на одредени позиции беа поставени снајперисти, а беа донесени и командо единици.
Боливиската влада е отворено фашистичка. Геноцидниот претседател - генерал Banzer уби многу социјални борци за време на четирите години на неговиот режим. Ги отфрламе кловновите за човековите права, реакционерната Католичка црква и банкарските мршојади, како творци на замаглениот екран за пренасочување на вниманието кон преговарачка маса, додека владата ги спрема своите кучиња да извршат крвопролевање.
Активноста на ситните должници/чки е по природа антикапиталистичка затоа што ги делегитимира приватната сопственост и директно го напаѓа профитот. Максимално ги користи директната акција и само-организирањето.
Боливиската држава е позната како најкорумпирана во Америките. Нееднаковста е доведена на ивица на простаклук. Гладта, масакрите и невработеноста управуваат. Интензитетот на класната борба ги прави експлоатираните порадикални во нивната борба. Пред 12 дена Aymara фармерите ги блокираа автопатите во регионот Алтиплано да бараат крај на неолиберализмот. Државата одговори убивајќи двајца од нив. Одговорот на ова беше напад со динамит на електро-централи.
Го повикуваме анархистичкото движење, особено, и анти-капиталистите/ките воопшто, да протестираат пред боливиските амбасади, да ја шират информацијата за нашата борба со цел да запре геноцидот во зачеток.

Насилството е оправдливо, востанието е нужно.

НАПРЕД КОН СОЦИЈАЛНА РЕВОЛУЦИЈА...

ДИРЕКТНА АКЦИЈА ПРОТИВ КАПИТАЛОТ И ДРЖАВАТА

Интервју со Mujeres Creando@

превод од Pat Suthorn March 2002

интервју со Julieta Parades од Mujeres Creando, анархо-феминистичка група во Ла Паз, Боливија

Како дојде до Mujeres Creando? Која е нивната цел?

JP: Mujeres Creando е “лудорија” започната од три жени (Julieta Parades, Maria Galindo и Monica Mendoza) како реакција на арогантната, хомофобична и тоталитарна левица на Боливија за време на 80тите, каде хетеросексуалноста сеуште беше модел, а феминизмот се сметаше за расколнички. Тој всушност и не е некој нов облик на општество како нашево. Така да, веќе развивавме ваков вид на критика. Другиот дел на нашата критика на левицата е насочен кон она што значи конструирана социјална пракса; т.е., дека е неетички, неискрен и има двојна моралност.
Револуционерни на улица, револуционерни по збор, револуционерни во она што го говореа, сепак, дома, тие беа диктатори во сопствените семејства, со своите сакани.
Започнавме да го реализираме оригиналниот предлог на Mujeres Creando, па така ги прибиравме сите наши искуства со левицата, но исто така учевме преку, за прв пат, нашето учество на Конференцијата во Сан Бернард, Аргентина, која беше искуство за сите латино-американски феминисти/ки.
Од гледна точка на Mujeres Creando, еден од начините да се придвижиме кон нашата цел е концептот на различност (другата/иот/ото е креативност). Различноста за нас е фундаментална, затоа што доколку гледаш како се створени нашите групи, тие се најчесто од еден ист вид на луѓе ((barrio - соседство), млади луѓе, работници/чки, лезбејки, итн.). различноста е начин да се критикуваат овие (затворени кутии) во општеството. Mujeres Creando ја содржат лезбејки и хетеросексуалки, бели и индогени жени, млади и стари жени, разведени и мажени жени, жени од село и жени од град, итн. Системот се обидува да не држи во “затворени кутии” и да не подели, за да може поефикасно да не контролира.
Она што е битно е тоа што ние, преку нашата врска со другите жени, започнуваме да ја набљудуваме различноста во која се развива латино-американскиот феминизам; а тоа е, дека постојат фармерки, студентки, војнички, лезбејки, итн. Беше прекрасно, и навистина не обзеде.
После тоа сфативме дека не е доволно само да се биде жена... постоеја длабоки политички разлики. Продолживме со феминистичкото движење и станавме феминистки, но веднаш забележавме нешто што нам ни изгледаше на празен простор: се е добро и различно, но која беше нашата позиција кон (владата) моќта?
Разликата меѓу нас и оние кои говореа за отфрлање на капитализмот е тоа што сите нивни предлози за ново општество доаѓаат од патријархатот на левицата. Како феминистки во Mujeres Creando ние сакаме револуција, вистинска промена на системот; ние не сакаме да го смениме само капитализмот, ниту пак да ги смениме само односите кон жените, туку исто така промена во односот кон младите луѓе и околината. Ние сакаме да го смениме патријархатот, во историска и вечна трансформација која ќе ја создаде феминизмот за кој сонуваме.
Во процесот на конструирање на организација - без шефови, без хиерархија - јас говорам за себеси и не претставувам никој/а друг/а.... го реков ова и ќе го речам повторно дека ние не сме анархистки според Бакуњин или CNT, туку повеќе според нашите баби, а тоа е едно прекрасно школо за анархизмот.

Како е да се биде феминистка во Латинска Америка?

JP: Да се биде феминистка во нашето општество значи да се бориш против неолиберализмот и неговата идеологија; за нас, да се биде феминистка значи отфрлање на расизмот, мачо/сексизмот (во левицата и во анархизмот, како и женскиот сексизам), хомофобијата, семејното насилство, итн. Тоа значи отфрлање на сексистичките, бирократизирани, технократски жени на оваа генерација (за нас, оние жени кои паднале во неолиберализмот и се администраторки на убивачката политика на Светската Банка, ММФ, итн.). Еве ја разликата меѓу нас и нив: тие ја користат моќта, и се во системот, и затоа тие секогаш ги контролираат силите (воени, економски, социјални, политички) кои се насочени против оние кои се спротиставуваат на тоа што тие го велат.
Така, ние не сме заинтересирани за моќ, женски канцеларии, или министерства. Ние сме заинтересирани за дневно конструирање на праксата и теоријата на улиците и за негување на нашата креативност.
Нашата генерација ја отфрла неправедната врска меѓу мажите и жените, исто како што класниот концепт ги отфрли неправедните врски меѓу буржоазијата и пролетеријатот. Затоа, наместо да води кон револуција, се промени во концепт приграбен од ситемот, затоа што единствената работа која функционира е описот на тоа како да се биде маж или жена денес, а не отфрлање на неправдата на таа врска... така, генерацијата станува описен концепт. Феминизмот бара начини да ја опорави оваа категорија, која има описен аспект, но уште побитно, нејзиниот карактер на отфрлање. Го истакнуваме овој карактер во борбата за создавање на нашата анти-патријархална теорија.

Што мислите за “недостатокот на жени” во социјалните движења? Дали тоа е мит или историска реалност?

JP: Мене ми изгледа како да им е ставено марама на очи кога луѓето прашуваат, “каде се жените?” Ние сме тука од самите револуционерните моменти, секогаш.
Од друга страна, во денешно време, социјалните движења (Sem Terra, de los Deudores, Madres y Abuelas de Plaza de Mayo) се сите женско-водени борби на одбивање и спротиставување на диктатурите. Она што ние можеме да видиме е поделба на јавните и приватните работи, заврзани очи, невидливост во борбите.

Како мажите и жените, оние индоктринирани во патријархалното општество, реагираат на целите на Mujeres Creando?

JP: Жените имаат симпатии, исто како и страв. Сексистичките жени се многу потврдоглави и понасилни од мачо мажите. Овие мажи се внимателни околу тоа дали да имаат секс со нас; се плашат, некој вид на комплекс... но на крај тие имаат некоја почит кон нас затоа што ние се бориме веќе десет или единаесет години. Најпрво, повеќето жени имаат симпатии, а подоцна тие се плашат затоа што тоа е радикален предлог кој бара, но тоа е единствениот начин да изградиме место каде се не е така површно и разводнето. А мажите кои симпатизираат со нас, доколку се заинтересирани за се, не следат, но продолжуваат да не посакуваат како мајки, кои ги храниме; малку се мрзеливи затоа што не сакаат да го прифатат предизвикот на создавање на сопствена група.

Која е вашата визија за социјална промена, која е поврзана со книгите кои вие (Mujeres Creando) ги пишувате и видео снимките и графитите кои ги правите?

JP: Можеш да посакуваш микрофон или камера како што би посакувала пушка, ниту со куршуми, ниту пак со аудио или слики. Не, ќе кажам она што сакам да им го кажам на другите.
И дадовме на комуникацијата високо место, на исто ниво со креативноста - тоа значи, креативност во комуникацијата. Така ние префериравме да земеме од нашите корени и, оставајќи ги, започнавме креативен комуникациски процес. Во 1992 год. започнавме да правиме графити. Тоа го направивме на Кочабамба, Санта Круз, и други места. Па така, од сите работи кои ги правиме, графитите (потпишани со Mujeres Creando) не се анонимни - ставаме што сакаме , и сите знаат дека MC се во оваа област, и секој/а што сака да не стави в затвор, тој или таа доаѓа тука и го прави тоа. Кога и да одевме да правиме графити, ние се плашевме, и секогаш се плашиме. Но размислувавме за нашето право да го направиме тоа... Кока Кола плаќа и слика, Repsol плаќа и слика, тогаш зошто не можеме ние да сликаме без плаќање? Проблемот не е во тоа што ѕидовите се насликани, туку проблемот е дека не е платено за тоа. Доколку мораме да платиме за јавен простор, тогаш тоа би било голема контрадикција на демократијата. Што е јавно, а што приватно?
Улиците се јавен простор, целиот град е двор, а не затворски ходник, каде одиш од затворот на твојата куќа до затворот на канцеларијата каде работиш... ако е јавен, тогаш секој/а може да го користи. Но, доколку плаќаш за јавниот простор, тогаш станува приватен. Јавниот простор не постои. Ајде да започнеме со оваа дискусија.
Што е валкано? Што е чисто? “Ги валкаш моите ѕидови!” Ох, кога Кока Кола ќе направи договор со цртач/ка, тогаш не ги валка ѕидовите? Тоа е естетски концепт. Мене ми се чини дека ги извалкал зидовите на одвратен начин. А она што ние го направивме, нашите графити, тоа е прекрасно.

Кои се некои од следните проекти на Mujeres Creando? Дали е можно да учествувате на IMC Боливија?

JP: Ако сакаме Mujeres Creando да продолжи, треба постојано да се преиспитуваме, а не да вградиме некој мит како “слатка група на феминистки”, затоа што мора да имаш корени во општеството. Предлагам да се изгради простор (Creando Feminismo Autonomo (Создавајќи автономен феминизам)) за другите жени и другите социјални групи каде би го граделе феминизмот онаков како на Mujeres Creando... и сметам дека е битно луѓето да се информираат за ваквите искуства преку Indymedia.
Мојот привилегиран простор е со жени. Јас би сакала да започнам со нив. Сакам да започнам од таму, да ги хранам другите и себеси преку просторот на Indymedia. Не сметам дека овој женски простор е разделен од другите, сметам дека би влегле во подлабока дискусија доколку започнеме со жените. Но не сакам да започне со Indymedia и да заврши со жените. Тоа е социјален предлог од жените, за двете групи, жени и мажи.