за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Не можеме да го прифатиме одрекувањето - Џон Зерзан

Насилство, дури и терор, секогаш постои на периферијата на империјата. Тоа се средствата преку кои империјата се консолидира, брани, проширува. На сличен начин, империјата мора да возврати на напад, или нејзината основа ќе пропадне. Сe што е ново во врска со 11 септември е дека не се случи на некој далечен хоризонт. Тоа е како Рим да бил нападнат пред 2000 години, на врвот од својата моќ.
Срцето на империјата има широко и сеприсутно значење, одвовиво и неодвоиво од оние две кули близначки во Менхетен. Секојдневниот опстанок, под симболот на капиталот и технологијата што Светскиот трговски центар ги претставуваше, исто така негодува.
Живееме во култура на сe поголема празнина; постои вакуум во срцето на нашата империја. Епидемии на нелегални дроги следуваат една по друга, додека десетици милиони, вклучувајќи деца и на двегодишна возраст, имаат потреба од анти-депресанти да го пребродат денот. Постои голем глад за анестезија во лицето на емоционалниот пустош и загуба. Секој знае дека нешто недостасува, дека значењето и вредноста постојано се испираат од секојдневниот живот, заедно со неговата структура.
„Што помалку луѓето живеат – или можеби поточно, што повеќе стануваат свесни дека вистински не живееле - толку погруба и позастрашувачка е смртта за нив и изгледа како ужасна несреќа“. Забележувањата на Теодор Адорно од пред десетици години денес се чинат уште порелевантни. Антракс и авиони што експлодираат можат да застрашуваат; во меѓувреме многу подлабока криза поттикнува уште попродлабочен и фундаментален страв.
Империјата е глобална. Не постои место каде што може да се побегне од нејзината разјадувачка јаловост. Фредерик Џејмсон (Frederic Jameson) нe потсети дека живееме во најстандардизираното општество што кога било постоело. Во Глобална душа, перипатетичарот Пико Ијер (Pico Iyer) го зголемува влогот, размислувајќи за тоа како целиот свет се стреми кон универзална униформност. Глобален сојуз на отуѓеност, на дезориентација и неповрзаност, осуден да наликува на трговски центар или аеродром. Луѓето денес се облекуваат исто во секој голем град во светот. Тие пијат кока-кола и гледаат многу од истите ТВ емисии.
Пејзажот на нереалност и рутинизација на империјата станува с? попатолошки. Штетата сторена на природата и насилството врз духот се натпреваруваат во постмодерната култура на одрекување, проткаена со ерупции на самоубиственото на работа, дома, во училиште. Можеме да очекуваме да слушнеме с? повеќе и повеќе алармни ѕвона коишто ќе н? разбудат сите заедно. Мирното дремење е незамисливо.
Кој не знае, на некое ниво, каде оваа империја – оваа цивилизација - нe води? Нашето движење за ослободување треба квалитативно да се разликува од сите неуспешни, ограничени приоди од минатато. Секојдневниот живот чека на нас – чека да биде вистински одживеан.


Приложено од Плоштад слобода