за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Што е анархизам? - Џон Зерзан

Со децении, едно непишано но универзално-видливо правило, изискуваше медиумите да ја ибегнуваат употребата на термините анархизам или анархист. Таквото споменување би дало легитимност на доктрината којашто е анатема за власта. Под ова мото, единствено одбивните споменувања на овие термини доаѓале предвид. Имено, секое рушење на авторитет морало да биде портретирано како резултира со потполно ужасна состојба; на пример, „анархијата“ којашто наводно владее, одвреме-навреме, на места како Босна, Сомалија, Бејрут, итн.

Но во последно време тоа е донекаде променето, барем во Јуџин. Страшниот А-збор беше неколку пати употребен во последните неколку години, и иако генерално употребуван во пежоративна смисла, неговото политичко значење е барем донекаде препознаено. Оваа употреба главно се појави како референца на прекрасната, сега веќе згасната, Icky’s Tea House во Вајтејкер дистриктот и нејзината група анархисти. Токму овие анархисти беа оние кои создадоа еден вид на рај за некои од непожелните од страна на општеството, кои одржаа бенефит за Тед Казински во мај ’96, кои беа малтретирани од полицијата за нивните активности, итн.

За многумина останува неодговорено прашањето: едноставно што е анархизам?

Наједноставно, анархија значи „без владетел“. Ова имплицира не само отфрлање на владата туку исто така и на сите останати облици на доминација и моќ. Општото мислење е дека антиавторитарниот принцип е втемелен во автономијата на индивидуата. Но како е сплотен таквиот изглед? Овде започнуваат несогласувањата меѓу анархистите.

Некои ја избегнуваат буквално секоја организација, зашто постојано тежнее кон бирократија и манипулација. Оваа тенденција ја нагласува критиката и/или директната акција наспроти организацијата; а понекогаш вклучува и одбивање на зголемувачки масифицираното индустриско општество во коешто се наоѓаме.

Други пак, во масовната организација ја гледаат единствената реалистична надеж за постигнување потентно анархистичко присуство. Оваа тенденција генерално нема никаков базичен конфликт со модерното технолошко општество, и го ограничува своето спротиставување кон стриктно капиталистичките аспекти на општеството. Најпознатите анархисти, Ноам Чомски и Муреј Букчин, припаѓаат во оваа категорија.

Обете гледишта, сметам, го препознаваат големиот општествен факт на класна поделба. Но како марксистички доминирано, левичарството во светот доживеа пад, а оттаму и неговото влијание на растечкото анти-авторитарно милје. Две развојни точки се истакнаа доволно јасно во изминатите десетина години: (1) спротиставувањето на статусот кво стана во сe поголема мера „анархистичко“ и (2) анархистите стануваат сe покритични кон самата технолошката цивилизација и нејзиниот празен рефрен за Прогрес.

Не изненадува, земајќи ја нејзината фундаментална ориентација, што филозофијата на анархија сегашниот, политички спектар го смета за непривлечен. Конзервативците повикуваат на отстранување на ограничувањата на системот или општествената машина којашто произведува сe повеќе општествени и еколошки катастрофи секој ден. Либералите се изедначуваат со овој мазохизам потценувачки плеткајќи се со него, и на тој начин обидувајќи се да го реформираат и легитимизираат. Сe повеќе и повеќе луѓе ја губат вербата во секојдневното, плата-и-ценовник уредување на животот, што соодветствува на с? поголемиот напад врз човечноста и уништување на природата.

Сe до неодамна беше целосно негирано дека се води војна, во којашто влогот е самиот опстанок на индивидуата и природниот свет. Блекаутот од овој факт изгледа по малку исчезнува; јавната употреба на зборот „анархист“ е почеток, мало препознавање на она што веќе тешко може да биде прикривано.

Што се однесува до мене, а мислам и до многу други анти-авторитарци, недостасува нова порака, нова парадигма. Постојат повеќе работи што треба да бидат предизвикани отколку што мислевме порано. Корените на денешната криза се многу длабоки. Катосатрофата на оваа сезона во југоисточна Азија, каде што пламенот на припитомување се соединува со отровите на индустријализмот, е многу живописен случај. Планетата брзо станува место на ужаси, на лично, Прозак-за-сите, ниво како и на еколошки план.

Блискоста се губи, а таа е голем дел од решението: блискоста со другите, блискоста со природата. Може да се случи нашата единствена надеж да биде општествениот опстанок лице в лице, радикална децентрализација, расклопување на обземувачката, отуѓувачка, продукционистичка, високо-технолошка траекторија којашто е толку осиромашувачка.

Ова беше мала верзија на анархистичкиот предизвик според мое видување. Фала што слушавте.


Приложено од Плоштад Слобода