за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Технологија - Џон Зерзан

Tech-nol-o-gy n. Според Вебстер: индустриска или применета наука. Во реалноста: комплетот од поделба на трудот/производство/индустријализам и нивното влијание врз нас и врз природата. Технологијата претставува збир од посредувања помеѓу нас и природниот свет и збир од оние поделби кои нe посредуваат едни помеѓу други. Таа го претставува сето ринтање и токсичност потребни за производство и репродукција на состојбата на хипер-алиенација во која живееме. Таа е структурата и обликот на доминација на кое било ниво на хиерархија и комодификација.

Оние кои сe уште велат дека технологијта е „неутрална“, дека е „единствено алатка“, сe уште не започнале да размислуваат што сe е вмешано. Јунгер, Адорно и Хоркхајмер, Елил и неколку други во изминативе децении – да не ја споменуваме поразувачката, неизбежна вистина на технологијата во нејзините глобални и лични жртви – доведоа до подлабок пристап кон материјата. Пред триесет и пет години почитуваниот филозоф Јасперс напиша дека: „Технологијата е само средство, по себе ниту добро ниту лошо. Сe зависи што човекот прави од неа, за каква цел му служи, под какви услови ја поставува“. Настрана архаичниот сексизам, таквата надприродна верба во специјализацијата и технолошкиот прогрес сe повеќе се согледува како апсурдна. Многу повеќе напаѓан беше Маркузе кога во 1964 истакна дека: „Самиот концепт на технички разум можеби е идеолошки. Не само примената на технологијата, туку и технологија сама по себе е доминација... методолошка, анаучна, пресметана, пресметувачка контрола“. Денес ја искусуваме таа контрола како постојана редукција на нашиот контакт со живиот свет, забрзана бесмисленост на Информациското доба исцедено со компјутеризација и отруено од смрт, припитомувачки империјализам на високотехнолошкиот метод. Никогаш пред тоа луѓето не биле толку инфантилизирани, толку зависни од машината за сe; како што Земјата забрзано се доближува до своето исчезнување како резултат на технологијата, нашата душа е свената и столчена од нејзиното продорно владеење. Секое чувство за целина и слобода може да се поврати само преку уништувањето на масовната поделба на трудот во срцето на технолошкиот прогрес. Ова е ослободувачкиот проект во сета своја длабочина.

Се разбира, популарната литература сe уште не ја рефлектира критичката свест на она што технологијата е. Некои дела целосно ја опфаќаат насоката којашто ја следиме, како МекКордуковата (MecCorduck) Machines Who Think и Симоновата (Simon) Are Computers Alive?, да споменеме само некои од најморничавите. Други пак, дури и некои понеодамнешни, нудат суд кој конечно се впушта во лице на масовната про-технолошка пропаганда, но безнадежно се неуспешни во своите заклучоци. Марфи, Микунас и Пилота (Murphy, Mickunas, Pilotta) ја уредија The Underside of High-Tech: Technology and the Deformation of Human Sensibilities, чијшто свиреп наслов е целосно укакан со крајот дека технологијата ќе стане хумана штом ние ги промениме нашите претпоставки за неа! Многу слична е и Зигеловата и Маркофовата (Siegel, Markoff) The High Cost of High Tech; после поглавјата кои во детали ги разработуваат различните нивоа на технолошка изнемоштеност, повторно сфаќаме дека сето е прашање на став: „Ние мораме, како општество, да го сфатиме целсното влијание на високата технологија доколку сакаме да ја претвориме во средство за зголемување на човековата удобност, слобода и мир“. Овој вид на кукавичлук и/или неискреност се должи само во дел на фактот дека главните издавачки корпорации не сакаат да публикуваат фундаментално радикални идеи.

Горезабележаниот бег во идеализам не е нова тактика на избегнување. Мартин Хајдегер, сметан од некои за најоригиналниот и најдлабокиот мислител на овој век, согледа како индивидуата во голема мера постанува суровина за бегзраничната експанзија на индустриската технолоигја. Неверојатно, неговото решение го пронаоѓа во нацистичкото движење како суштвествено „соочување меѓу глобалната технологија и модерниот човек“. Зад реториката на национал социјализмот, за жал, стои само забрзување на техниката, дури и во сферата на геноцидот како проблем на индустриското производство. За нацистите и лековерните, тоа повторно беше прашање на како технологијата е сфатена идеално, а не каква навистина е. Во 1940, генералниот инспектор на Германскиот патен систем тоа го постави на овој начин: „Бетонот и каменот се материјални нешта. Човекот им дава форма и дух. Национал социјалистичката технологија во сето материјално достигнување поседува идеална содржина“.

Бизарниот случај на Хајдегер би требало да биде потсетник дека сите добри намери можат наголемо да заталкаат ако се без волја да се соочат со технологијата и нејзината систематска природа како дел од пракатичната општествена стварност. Хајдегер се плашеше од политичките последици за критички да ја согледа технологијата; неговото аполитично теоретизирање оттаму е составен дел на најмонструозниот развој на модернитетот, и покрај неговите намери.

Earth First! Тврди дека во прв план ја става природата, дека таа е над сета бедна „политика“. Но може да биде дека зад мачо надуеноста на Дејв Форман (Dave Foreman) (и теоретичарите на „длабоката екологија“ кои исто така предупредуваат против радикалите) стои неуспех на храброста како Хајдегеровиот, а последиците, следствено, би можеле да бидат слични.


Приложено од Плоштад Слобода