за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Произведување согласност - Ноам Чомски

Неодамна со семејството и пријателите шетав во Националниот парк. Во еден момент дојдовме до споменик на кој пишуваше: „Овде почива Индијанка, Вампоноанг, чие семејство и народ се жртвуваа себеси и својата земја за настанокот на оваа величествена нација“.
Се разбира, не е сосем пригодно да се каже дека домородците се жртвувале себеси и својата земја за толку племенита цел. Поточно е дека биле колени, десеткувани и растурени во еден од најголемите геноциди во човековата историја. Сегашните проценки говорат дека во време на Колумбовото откритие – како што ние велиме – во Латинска Америка имало приближно дваесет милиони Индијанци плус уште дванaесет до петнаесет милиони северно од Рио Гранде. До 1650, кога околу 95% од популацијата на Латинска Америка била збришана, а континенталните граници на САД воспоставени, преостанале само околу дваесет илјади домородци. Накратко, станува збор за масовен геноцид што Американците го слават секој октомври величајќи го Колумбо – значителен број на луѓе извршиле самоубиство на денот на Колумбо.
Стотици американски граѓани, добронамерни и чесни луѓе, стојат собрани околу споменикот, прочитале што пишува, очигледно без реакција; освен можеби чувството на задоволство што барем оддаваме соодветно признание за жртвувањето на домородците, затоа што споменикот веројатно за тоа и е поставен. Можеби поинаку би реагирале кога би биле во посета на Аушвиц и Дахау пронаоѓајќи споменик на кој пишува: „Овде почива жена, еврејка, чие семејство и народ се жртвуваa себеси и својата земја за настанокот и просперитетот на оваа нација“.
Вистината не е во потполност затаена. Истакнатиот Харвардов историчар и биограф на Колумбо, Семјуел Елиот Морисон, коментира „свирепата политика иницирана од страна на Колумбо, а која ја спроведуваa неговите наследници, резултираше со целосен геноцид“. Овој цитат „изостана од славната романса“, објаснува Хауард Зин во својата книга “Peoples History of the USA”, ништо од тоа нема во последното поглавје од книгата во која Морисон го заклучува своето величање на Колумбо:
„Колумбо имал свои пропусти и грешки, но тоа во голема мера се грешки на квалитетот кој го направил голем – неговата нескротлива волја, неговата величествена вера во Бога и неговите сопствени мисии како пренесувач на Исус во краевите преку морето, неговата тврдоглава упорност и покрај небрежноста, сиромаштијата и тешкотиите. Но, нема дамка ниту темна страна на неговиот најизразен и најесенцијален од сите квалитетети – неговото морепловство“.
Го изоставив одговарачкиот извадок кој некои аколити би можеле да го состават за останатите извршители на „целосниот геноцид“ или некои помалку значајни злосторства, или реакцијата која би настанала околу нас доколку постоеа такви примери.
Сеќавањето на споменикот на жената Вомпаноанг не е оригинално. Пред шеесет години Џон Квинси Адамс истакна во својот говор по повод 4 Јули дека американската влада е супериорна во однос на другите заради тоа што е базирана на согласност, а не на освојување:
„Првите доселеници...веднаш после доаѓањето, од страна на Инијанците го купија правото за населување. Тоа беше општествен договор формиран врз елементарните принципи на граѓанското општество, без елементите на освојување и потчинување. Бруталната сила во потполност беше отфрлена: сe беше доброволно, сe беше вистинска согласност: сe беше договор меѓу една душа и друга“.
Цитирајќи ги овие белешки на претстедателот кој строго се држел до законот и кој ги почитувал преговорите со Индијанците, Т. Д. Алман напоменува дека „американското национално искуство на геноцид врз Индијанците е практично непостоечко… Тие не беа човечки суштества, тие беа само пречка на немилосрдниот триумф на Америка, пречка која требаше да се отстрани за да се направи повеќе место за новата американска слобода“. Консензусот бил таков што „нашето сопствено достоинство кое јавно го прогласи правото на живот, слобода и стремеж кон среќа ги забрани правата на луѓето чии што животи, слобода и среќа ги избришавме од лицето на Земјата“. Индијанците беа првите „агресори“ со кои требаше да се соочиме во нашето славје на слободата; дефиницијата на агресорот е таква да мораме да ги нападнеме, што покасно уследи и со Мексиканците, Филипинците, Виетнамците, Никарагванците и многу други. Треба овде да се додаде дека САД се единствениот пример, сe до денес.
Смислата во која домородната популација „ја даде својата согласност во овој договор на една душа со друга„ понатаму ја објаснува еден од раните американски социолози, Френклин Хенри Гидингс, во време кога постигнувавме согласност со Филипинците. Тој ја скова фразата „согласност без согласност“ за да го опише успехот на Британците во ширењето на „британската светина на животот“ и „потребата на општествениот поредок“ над „расно подредените групи“. „Доколку во наредните години“, пишува, колонизираните „видат и потврдат дека спорната врска била наменета на највисоките интереси, со причина би можело да се смета дека власта е наметната со согласност на оние над кои се владеело“ – исто како и кога детето дава „согласност без согласност“ кога родителите го спречуваат да истрча на улица.
За време на посетата на еден угледен и многу ценет американски колеџ, ме одведоа во обиколка на катедралата на колеџот и ми покажаа серија на обоени прозорци на кои е запишана историјата на колеџот од времето кога го нападнале силите на унијата па сe до денес. Еден панел беше посветен на оснивањето на ROTC на воздухопловните сили. Панелот прикажуваше човек кој седи на маса и потпишува некаков документ, додека покрај него стои офицер на воздухопловните сили. Во позадина се гледа американски бомбардер, а на плочата пишува Е=мс?. Отпрвин не можев да верувам, обоен стаклен прозорец во катедрала ја слави атомската бомба фрлена на Хирошима и Нагасаки, она што Труман во свое време го опиша како „најголемото нешто во историјата“.
Но, не сите сметаа дека е токму така. Истакнатиот индиски правник, Радабинад Пал, во своето дисидентско видување на Трибуналот од Токио кој ја проценуваше јапонската воена вина напиша дека „доколку сe уште постои нелегитимно уништување на цивилниот живот и сопственост во војна, тогаш во војната на Пацификот одлуката за употреба на атомска бомба претставува единствено блиско приклонување кон директивите... на нацистичките водачи за време на Втората светска војна. Ништо освен тоа не може да им се препише на моментно оптужените“. Пал не истакна што подразбира под судење за воени злосторства. Сеедно, таквите сфаќања се изоставени од свеста на победникот, и можеби не би требало да не чуди што „најголемото нешто во историјата“ е прославувано на обоен стаклен прозорец во катедрала на колеџ кој е посветен на хумани вредности и религиозна преданост.
Процесот на создавање и зацврстување на високо селектирани, преобликувани или потполно измислени историски сеќавања е она што го нарекуваме „индоктринација“ или „пропаганда“ кога е поврзано со официјални непријатели, а кога ние го правиме тоа тогаш станува збор за едукација, морално образование или градење на карактерот. Тоа претставува вреден механизам на контрола бидејќи ефективно врши блокада врз какво било разбирање на она што се случува во светот. Најважната цел на едукацијата е пренасочување на вниманието на нешто друго – да речеме на Виетнам или Централна Америка, или Средниот Исток, каде што наводно се наоѓаат нашите проблеми – да се одврати од нашите сопствени институциии нивното систематско функционирање и однесување, од вистинскиот извор на големата количина насилство и страдање во светот. Од пресудна важност е спречувањето на разбирањето и пренасочувањето на вниманието од изворот на нашето владеење, тако што елитните групи можат да делуваат без јавни ограничувања во постигнувањето на своите сопствени цели – кои во акедемската теологија се нарекуваат „национални интереси“.
Важноста на спречување на разбирањето, и успехот кој со тоа се постигнува, многу добро е илустриран во денешните афери. Минатата есен Светскиот суд ги отфрли американските препирања кои немаа оправдување после жалбата на Никарагва за американската агресија врз неа. Проблемот се јави во Април 1984 кога Никарагва поднесе жалба до Судот дека Америка ги минира нејзините пристаништа и ја напаѓа нејзината територија. Во прекрасно одбраниот момент, претседателот Реган на тој ден во јавноста ја објави Претседателската прокламација, означувајќи го, 1984, 1 мај како Ден на законот поздравувајќи го нашето „двеста години старо пријателство меѓу законот и слободата“, додавајќи дека без закон единствено само „хаос и безредие“ можат да постојат. Ден порано, како свој допринос кон владеењето на законот, објави дека САД нема да признаат ниту една одлука на Светскиот суд.
Тие случувања предизвикаа многу гнев. Ентони Луис во Њујорк Тајмс ја понижи Регановата „неспособност да разбере што владеењето на законот претставува во оваа земја“. Луис забележа дека сенаторот Мојнихан сторил „голема работа“ кога во говорот на Правната школа ја критикувал Регановата администрација заради „напуштањето на вековно старата преданост кон идејата на законот како водач на нацијата“, заради нејзината „мистериозна колективна амнезија“, заради „губењето на сеќавањата на кои некогаш им бевме толку предани“. „Нашата делегација при ОН“, истакна Мојнихан, „не ја познава историјата на својата земја“.
За жал, Роналд Реган и Џејн Киркпатрик се тие кои разбираат што значи владеењето на законот во оваа земја, додека сенаторот Мојнихан и Ентони Луис патат од мистериозна колективна амнезија. Случајот за кој што расправаат е многу добар пример. Истотото се случувало и порано, практично на ист начин. Приказната ја раскажа Волтер ЛаФебер во својата важна книга „Неизбежна револуција“. 1907 Судот на правдата за Централна Америка е воспоставен на иницијатива на Вашингтон, со задача да пресудува за конфликтите меѓу државите на тој регион. „Во текот на девет години“, објаснува ЛаФебер, „институцијата беше безвредна бидејќи САД на два пати – 1912 и 1916 – одбиле да ја признаат одлуката која била против нивните интереси во Никарагва“. 1912 Судот ја осудил американската интервенција во Никарагва; а Вашингтон таа одлука едноставно ја игнорирал. 1916 Судот го поддржа тврдењето на Костарика дека акциите на САД во Никарагва ги прекршуваат нејзините права. САД повторно ја отфрлија одлуката, ефективно уништувајќи го Судот. „Во воспоставувањето контрола над Централна Америка“, коментира ЛаФебер, „САД ја уништија институцијата која Централна Америка се обидуваше да ја обедини“. До конечниот крах дојде 1922 кога државниот секретар Чарлс Еванс Хјуз повика конференција на државите од Централна Америка во Вашингтон. ЛаФебер тоа го коментира:
Намерата не беше да се повтори конференцијата од 1907, кога државите од Централна Америка требале самите да дојдат до заклучок. Овој пат САД, со помош на верната (и со маринци окупирана) Никарагва, воспоставија агенда која вклучуваше опомена која подоцна никој не ја споменуваше – неисплаканиот Суд за Централна Америка.
Тешко е да се поверува дека сенаторот Мојнихан бил сериозен кога говорел за нашата преданост на владеењето на законите, поверојатно е дека едно говорел, друго мислел, или можеби во прашање била неговата ирска духовитост? Во своите мемоари, во кои го опишува времето на својот мандат, амабасадорот во ОН Мојнихан, дава графички примери за неговата сопствена преданост на владеењето на законот, особено на повелбата на Обединетите нации која забранува употреба на сила во меѓународните судири. На тој начин, кога Индонезија упадна во Источен Тимор 1975, илегално користејќи американско вооружување и со очигледен благослов од страна на САД, Мојнихан се посвети на блокирање на сите чекори на ОН со кои таа се обидуваше да ја спречи агресијата – заради која им се судеше на луѓето во Нирнберг – така што подоцна се гордееше со својот успех во таа ситуација, која, како што сам објасни, водеше кон голем масакр. Интересно е тоа што се гордееше со соучесништво во воениот злочин кој не влијаел на неговата репутација како водечки заговорник на неповредливоста на владеењето на законот меѓу американските либерали.
Инцидентот со Светскиот суд нуди некои лекции кои се однесуваат на системот на индоктринација. Лесно е да се подбиваме со Роналд Реган, но тоа исто така е одвраќање од самиот проблем. Насилството, измамата и безаконието се природни облици на државата, на секоја држава. Она што е важно во дадениот контекст е доприносот на најострите критики (внатре меинстримот) за зајакнување на системот на индоктринација, чии жртви (критичари) се и тие самите – што е правило за образованите класи, кои секогаш се најдлабоко индоктринирани и, во подлабока смисла, најигнорантните групи, воедно и жртви и преносители на догматичноста на верата. Голем успех на критиката е токму тоа што го оневозможува сфаќањето дека она што се случува денес не е отстапување од историските идеали и практика, кое би можело да му се припише на овој или оној поединец. Наместо тоа, станува збор за систематско прикажување на начинот на кој нашите институции функционираат и ќе продолжат да функционираат, доколку не ги спречи возбудената јавност која ја разбрала нивната природа и нивната вистинска историја – токму она што образовните институции мораат да го спречат доколку сакаат да ја исполнат својата функција, т.е., служењето на моќта и привилегијата.
Практичното искуство ни говори: доколку сакате да научите нешто за пропагандниот систем, добро погледнете ги критиките и нивните премолчени претпоставки. Тоа по правило ја конструира доктрината на државната религија.
Да погледнеме уште еден актуелен случај. Нашиот напад на Никрагва го оправдуваме со тоа што тврдиме дека Никарагва е продолжена рака на Советскиот Сојуз, која му прети на Мексико а со самото тоа и на САД. Битно е да се нагласи дека темелните претпоставки на овој доктринарен систем се шират преку политичкиот спектар. Да се потсетиме на бајките за руските Мигови наводно пратени во Никарагва; приказната е измислена за да се одврати вниманието од изборите во Никарагва, кои требаше да се поткопаат, и со фактот дека праќаме напредно воздухопловство во Ел Салвадор за да го овозможиме масакрот на селаните; кој резултираше со подобрена ефикасност благодарејќи на директното учество на американските воени сили базирани во нашите засолништа во Хондурас и Панама, кои го координираа бомбардирањето на селата и селаните во бегство, додека ние дебатиравме околу длабокото прашање – дали Никарагва набавила авиони со кои би можела да се спротистави на нападот на нашата платеничка војска, не „герилците“, туку добро опремената војска која ја надминува војската на Никарагва по квалитетот и количината на вооружување.
Кога временски многу добро избраната приказна е пуштена од страна на администрацијата, воспоставувајќи ја на тој начин рамката за понатамошната дискусија околу прашањата внатре идеолошкиот систем, сенаторските гласници дадоа до знење дека доколку Миговите навистина се пратени, тогаш ние имаме право да ја бомбардираме Никарагва заради нејзината закана кон нас. Сенаторот Дод изјави дека САД „ќе мораат да влезат и да ја разрешат работата – ќе мора да бомбардираат.“
Сенаторот Цонгас додаде: „не можеме да им дозволиме да ги состават тие Мигови, бидејќи Миговите можат да се употребат не само против Ел Салвадор и Хондурас, туку и против САД, а Никарагванците знаат дека не можат да го сторат тоа без повреда на американската сфера на влијание.“ (Бостон Глоуб, 9 Ноември).
Да ја оставиме сега идејата дека Никарагва би „постапила“ незаконски доколку би ги набавила авионите со кои би се одбранила од нашиот напад или би можела да ги нападне Хондурас и Ел Салвадор – а за тоа време САД да стојат на страна како беспомошен џин, како што Никсон еднаш зацвили. Да ја разгледаме заканата која Никарагва ни ја упатува нам. Според тие стандарди, СССР има право да ја бомбардира Данска, која не претставува помала закана за нив отколку Никарагва нам – всушност, таа е многу поголема закана имајќи предвид дека припаѓа на непријателски воен сојуз со голема моќ – исто така има право да ја бомбардира и Турската граница и НАТО базите лоцирани таму кои претставуваат закана за сигурноста на СССР. Пред педесет години Хитлер предупреди дека Чехословачка претставува бодеж во срцето на Германија, неприфатлива закана за нејзината безбедност. Според нашите стандарди, се чини дека Хитлер бил при здрав разум. Повторувам, станува збор за критики кои не се достојни за споменување.
Да се вратиме на тврдењето дека Никарагва е продолжена рака на СССР која претставува закана за Мексико. Маринците 1926 повторно се пратени во Никарагва, која ја окупираа во најголем дел од векот, за да ја сузбијат заканата од болшевиците. Тогаш продолжена рака на СССР беше Мексико, кој претставуваше закана за Никарагва а со самото тоа и на САД. „Мексико е прв на тестирање“, откри претстедателот Кулиџ кога ги испрати маринците во Никарагва, во интервенција која доведе до воспоставување на диктатурата на Сомоза и неговите терористи – Националната гарда која беше истренирана од Американци – и до убиството на автентичниот никарагвански националист Сандина. Иако лицата се променети, улогата останува иста: да се убијат Никарагванците.
Што правевме подоцна кога не можевме да се пожалиме на закана од болшевиците? Вудро Вилсон, големиот апостол на самоопределувањето, ја славеше истата оваа доктрина испраќајќи војници на Хаити и во Доминиканската Република, каде што повторно воспоставија ропство, палеа и уништуваа села, мачеа и убиваа, оставајќи му на Хаити наследство кое денес лежи во едно од најбедните катчиња во еден од најбедните делови од светот, а во Доминиканската Република поставија бина за диктатурата на Трујил, која беше воспоставена после бруталната војна со бунтовниците, војна која е изоставена од историјата; првата книга која се занимава со тоа излезе дури неодамна, после шеесет години. Не постоеја болшевици со кои можевме да ги оправдаме своите акции па затоа се браневеме од дивјаци. Заповедникот на маринците, Торп, опишува како на маринците кои впловувале им рекол „дека и служеле на својата татковина подеднакво вредно како и нивните среќни другари преку морето, и дека војната ќе трае доволно долго за секој човек да добие можност да се бори против дивјаците во Европа како и против дивјаците во Санта Доминго“. Раката на дивјаците беше особено присутна на Хаити. Торп објаснува: „Кој било да ја води оваа револуција, е мудар човек; сигурно има многу корист од црнчугите... Се приметува работата на Германците“. „Ја извршам ли добро работата и ја исчистам оваа... провинција од бунтовници и убијам многу од нив“, додава, „значи дека би бил добар германски убиец“.
Во раните години се браневме од други агресори. Кога Полк зазема третина од Мексико се браневме од мексиканската агресија, и тоа длабоко на мексиканска територија; исто така моравме да ја заземе Калифорнија поради можната британска закана. Индијанските војни беа исто така одбранбени; Индијанците не напаѓаа од своите британски и шпански засолништа па бевме присилени да ја заземеме Флорида и западот (со последици по домородната популација кои се, или би требало да бидат, познати). Пред тоа, доктрината на Котон Маер беше задоволена: тој го искажа своето задоволство со тоа што „шумата е практично исчистена од тие штетни суштества па сега може подобро да расте“. Тоа, случајно, биле штетни суштества кои „се жртвуваа себеси и својата земја за настанокот и просперитетот на оваа нација“. Работата беше толку добро извршена што веќе не колевме Индијанци овде, туку продолживме да ги подржуваме масакрите, кои конзервативната католичка црква ги нарекува геноцид, во подрачја во кои задачата сe уште не беше добро извршена, како во Гватемала, односно внатре „сферата на влијание“ која моравме да ја одбраниме, судејќи според сенаторските гласници, исто како што се браневме од сопствената популација – толку ефективно во изминатите години.
Посматрајќи ја вистинската историја, можеме да ги видиме актуелните напади на Никарагва во поинаква перспектива од онаа конвенционалната и можеме да ги видиме причините за тие напади во нормалното и есенцијално непроменето функционирање на сопствените институции.
Исто така, можеме да ги разбереме техниките на перење мозок задолжени за прикривање на она што нашите очи не успеале да го видат. Прилично е лесно да се побијат доказите на администрацијата, без разлика што постојано се наоѓаме во високо индоктринирано општество во кое основните вистини лесно се губат. Она што треба да се увиди е дека ова е само уште еден допринос кон познатата историска измама, додека самите настани се само уште едно поглавје во срамотната и валкана историја, прикриени од нас со помош на измислена историја обликувана во термини на идеалите како што се владеење на законот, вилсоновите приципи на самоопределување, демократија и човекови права, како и останатите слични термини кои американската историја ја доведуваат во врска со ирелевантноста.
Како е остварена оваа значајна колективна амнезија? За подобро да го разбереме системот, да погледнеме прво на кој начин се одвива тој процес во тоталитарното општество, по внатрешното уредување прилично различно од нашето.
Во мај 1983 се случи значаен настан во Москва. Храбриот спикер, Владимир Данчев, во пет емитувања известуваше за руската инвазија во Авганистан, повикувајќи ги истовремено бунтовниците да се спротистават на инвазијата. Тоа предизвика голем восхит на Запад. Њу Јорк Тајмс тој настан го прогласи „отстапување од официјалната советска пропаганда“ и коментираше дека Данчев бил револтиран од двојните стандарди и новоговорот . Во Париз е воспоставена награда за „новинари кои се борат за правото на информирање“. Данчев беше отпуштен од радиото и пратен во психијатриска болница. Во декември беше вратен на својата положба. Рускиот службеник изјави дека „не го казниле бидејќи болните луѓе не може да се казнат“.
На Запад сето ова беше сфатено како наѕирање во светот на „1984“. Данчев беше славен за својата храброст, заради триумфот на добрата волја, заради тоа што тоталитарното насилство не го престрашило. Сето тоа е вистина.
Она што беше особено значајно во врска со емитувањето на Данчев не е тоа што тој покажа противење на советската инвазија и што повика на спротиставување, туку тоа што инвазијата ја нарече инвазија. Во советската теологија не постои настан како што е руската инвазија на Авганистан; наместо тоа, постои руската одбрана на Авганистан од бандити кои оперираат од пакистанските засолништа, а кои ги поддржува ЦИА и останатите воени хушкачи. Русите тврдат дека биле повикани во Авганистан, што во одредена техничка смисла и е точно. Но, како што лондонскиот Економист направи значајно откритие: „Провалникот е провалник доколку законски не е повикан од владата“, а владата која е поставена од страна на СССР, токму со цел да ги повика, тоа тешко може да го стори надвор од светот на Oрвеловиот новоговор.
Она што беше премолчено во покривањето на случајот на Данчев беше нотата на самочеститање: такво нешто не би можело да се случи овде; ниту еден американски спикер не бил пратен во психијатриска болница затоа што американската инвазија ја нарекол „инвазија“ или затоа што жртвите ги повикал на спротиставување. Би можеле понатаму да се запрашаме зошто тоа никогаш не се случило. Затоа што ниту еден американски новинар никогаш не би ја повторил храброста на Данчев, или никогаш не би сфатил дека американската инвазија од авганистански тип во суштина претставува инвазија или дека некоја разумна личност би можела да ги повика жртвите на пружање отпор. Доколку е така, тогаш ова би била состојба на индоктринација далеку над онаа што е остварена под советскиот терор, далеку над она што Орвел можел да го замисли. Дали е тоа само апстрактна можност или станува збор за нелагодна вистина која ги отсликува околностите во кои живееме?
Да ги разгледаме следните факти. 1962 САД го нападнаа Јужен Виетнам. Таа година претседателот Кенеди, ги испрати американските воздухопловни сили да го нападнат руралниот Јужен Виетнам, во кој живееше 80% од населението. Сето тоа беше дел од програмата со која требаше неколку милиони луѓе да се одведат во концентрациони логори (нарекувани „стратегиски села“) кои беа опкружени со бодликава жица и наоружани чувари за луѓето да се заштитат од герилата која тие, како што ние заклучивме, доброволно ја поддржуваа. Сето наликува на она што го правиме сега во Ел Салвадор, само што во случајот со Виетнам американските пилоти беа директно ангажирани во бомбардирање на цивилни цели, наместо само да ги водат и координираат нападите врз цивилите и останатите цели од страна на оние кои што ние ги истрениравме и наоружавме. Директната инвазија на САД и Јужен Виетнам беше проследена и со поддршка на Французите во обид за повторно освојување на бившата колонија, потоа со нашата повреда на мировниот процес од 1954 година како и со терористичката војна против популацијата на Јужен Виетнам која зад себе дотогаш остави седумдесет илјади мртви, повикувајќи го населението на отпор, кој го пружаше северниот дел на земјата после 1959 истовремено заканувајќи се со рушење на терористичкиот режим поставен од страна на САД. Во наредните години САД продолжија да го одбиваат секој обид за мировно решение така што 1964 започнаа да планираат застрашувачка инвазија на Јужен Виетнам. Инвазијата се случи 1965, заедно со бомбардирањето на Северен Виетнам и интензивирање на бомбардирањето на југ – кое што беше трипати посилно од споменатото бомбардирање на север. САД војната исто така ја проширија на Лаос и Камбоџа.
САД уверуваа дека биле повикани, и како што лондонскиот Економист препозна во случајот на Авганистан (никогаш во случајот со Витенам), „провалникот е провалник доколку законски не е повикан од владата“, а надвор од светот на Новоговорот муштерискиот режим на САД во Виетнам не е ништо полегитимен од рускиот режим во Авганистан. Дури ни самата САД не ја сметаше таа влада за легитимна, поточно, наједноставно тие би ја отфрлиле и поставиле нова кога нејзините водачи би постанале незадоволни со американските планови за зголемување на теророт или кога би постанеле загрижени поради мировниот договор. САД едноставно признаа дека политичката спогодба е невозможна бидејќи непријателот лесно победи во политичкиот натпревар, што за нив беше неприфатливо. Контактот требаше да биде ограничен внатре војните димензии, во кои САД можеа да се надеваат дека ќе победат. Со зборовите на американскиот владин научник Даглас Пике, моментно водител на архивот за Индокина во Беркли и во меинстрим новинарството обожуван како еден од поновите неидеолошки научници, јужновиетнамскиот непријател „нагласуваше дека борбата со (владата поставена од страна на САД и со) САД треба да се води надвор од политичкиот спектар како и дека употребата на масовна воена сила можеби самата по себе била нелегитимна сe додека САД не биле присилени „да ја употребат за да преживеат“. Изминатите дваесет и пет години во потрага сум по какви било референци во меинстрим новинарството или науката за американската инвазија на Јужен Виетнам 1962 (или кога било), или за американскиот напад на Јужен Виетнам, или за американската агресија во Индокина – безуспешно. Таков настан во историјата не постои. Наместо тоа, постои американска одбрана на Јужен Виетнам од терористите поддржувани однадвор (т.е. од Виетнам), одбрана која не била мудра, велат гулабите.
Накратко, овде не постои Данчев. Внатре меинстримот не постои никој кој што инвазијата би ја нарекол „инвазија“ или кој би ги сфатил фактите; незамисливо е кој било американски новинар да ги повика јужните Витнамци на пружање отпор. Таквата личност не би била пратена во психијатриска болница, но сигурно не би била вратена на својата професионална должност. Дури и денес оние кои ја споменуваа инвазијата на САД врз Јужен Виетнам 1962, засилена 1965, наградени се со неверување – веројатно се збунети или многу гневни. Не можеме да се браниме од стравот на државно насилство, на начин на кој што можат следбениците на партиската политика во тоталитарна држава.
Во една лична белешка, во книгата која ја напишав веднаш после руската инвазија на Авганистан, во која таа инвазија ја споредив со американската инвазија на Јужен Витенам, и опширно продискутирав за одговорноста на двете велесили за системот на конфликти и интервенции во студената војна. Американските критичари не успеа да ги сфатат моите зборови и се жалеа дека, иако можеби има некаква вистина во она што сум го напишал, би било поуверливо доколку приказната е малку „поправедно“ раскажана (Кристофер Ламан-Хопт во Њу Јорк Тајмс). Исто така пишуваа дека се чувствувам виновен заради „двојните морални стандарди“ (Џејмс Фолоус во Атлантик Монтли). Истата книга е рецензирана и во комунистичкиот печат, кој го отфрли мојот „неуверлив и неоснаван концепт според кој обете страни оствариле интереси во студената војна“ (Џејмс Вест од Американската комунистичка партија, во World Marxist Review), нудејќи аргументи според кои Студената војна била исклучиво американска афера. Интересно е што тој комунистички коментар, иако неточен, е барем целисходен, додека коментарот на американскиот меинстрим оддржува некој вид на неможност за сфаќање или размислување за едноставноста на прашањата кои понекогаш можат да се пронајдат кај фанатичните религиозни култови.
Сега е нормално да се исмева секоја аналогија меѓу советската инвазија во Авганистан и американската инвазија во Гватемала; тие навистина и се различни по опсегот и по карактерот. Споредбата со амреканската инвазија во Јужен Виетнам би била поприкладна, но внатре меинстримот таа е незамислива. Овде исто така можеме да видиме еден типичен апарат на високо индоктринираниот интелектуалец (некако редундантен израз): избери или измисли една критика на Светската Држава и отфрли ја со презир, потоа замени ја со рационална критичка анализа и истерај ја можност за разбирање.
Во значајната анализа “Demostration Elections”, на Едвард Херман и Френк Бродхед, се наоѓа фотографија на Теодор Хесбург како ја набљудува гласачката кутија за време на изборите во Ел Салвадор 1982 година на кои бил во функција на набљудувач; изборите беа најавени како чекор напред кон она што ние го нарекуваме „демократија“. Описот на сликата гласи: „Свештеникот Теодор Хесбирг ги набљудува изборите во Ел Салвадор, но не ја гледа гласачката кутија јасно прикажана на фотографијата. Една од главните задачи на успешниот образовен систем е да се надарат сопствените жртви со можност на набљудување, но не и воочување, можност која е карактеристична за `одговорните интелектуалци`.
Некој вид на опозиција на војната во Виетнам беше развиена и внатре меинстримот, но таа беше претежно `прагматична`, така што критиката ја окарактеризира како самододворување, дистанцирајќи се од `емоционалните` или `неодговорните` параноици кои приговараа на војната од принципиелни ставови. `Прагматичните` противници докажуваа дека војната не може да се добие со прифатлива цена, или дека постојат нејаснотии околу целите, или двозначност, или пропуст во примената. Слично на тоа, германските генерали беа без сомнение критични кон Хитлер после Сталинград. Ставот на народот беше прилично поинаков. 1982 преку 70% од популацијата војната ја сметаа за „темелно неправедна и морално неисправна“, а не само `грешка`. Меѓу `предводниците на мислењето` таквиот став е многу редок, додека меѓу артикулираната интелегенција тој потполно изостанува, не постоеше дури и во тек на кулминацијата на противење на војната во 1970.
На кој начин таа значајна подлежност на научниот систем е остварена? Не можеме да кажеме дека фактите беа недостапни, како што понекогаш е случај. Уништувачкото бомбардирање на северен Лаос, бомбардирањето 1969 и останатите напади се заташкани од страна на медиумите; тие факти внатре меинстримот се затаени сe до денес (таквите нешта се нарекуваат `тајни војни`, што значи дека владата ја чува тајната – што и го правеше, со соучешништво на медиумите). Но во случајот со Виетнам доволен број на факти беше секогаш достапен. Тие беа разгледувани, но не и видени.
Американското образование е особено интересно. Службениот историчар на администрацијата на Кенеди, Артур Шлесингер, ценет како водечки гулаб, навистина ја споменуваше агресијата. „1962 не беше лоша година“, пишува во својата историја „Илјада Години“: „агресијата беше проверена во Виетнам“. Значи, годината во која САД преземаа директна агресија во Јужен Виетнам е годината во која агресијата е проверена. Орвел би бил восхитен. Уште една респектирана фигура во либералниот пантеон, Адлај Стивенсон, при ОН нагласи дека во Виетнам сме се бореле против „внатрешната агресија“, уште една фраза на која Орвел би се восхитувал; значи се боревме против агресијата на Виетнамците против нас во Виетнам, токму како што еден век порано се боревме против агресијата на Мексиканците против нас во Мексико. Истото го направивме и во Грција касните 1940-ти, објаснува Стивенсон, интервенирајќи да ја заштитиме Грција од „агресорот“ кој „стекнал контрола врз поголемиот дел од земјата“. Тие „агресори“ беа Грците кои водеа отпор против нацизмот и кои ние ги заменивме со масакр, мачење, прогон и општо насилство, правејќи им така услуга на нашите нацистички соработници. Аналогијата беше многу поприкладна отколку што Стивенсон – очигледно многу игнорантна личност – можел да замисли. Како и секогаш, американскиот став е одбранбен, дури и кога ќе нападнеме држава на другиот крај на светот, откакко во неа не сме успеале да ја уништиме политичката опозиција со голема доза на терор и насилство.
Малку подлабок поглед на дебатата која се разви околу Виетнамската војна ни открива некои механизми на индоктринација. Дебатата ги спротистави јастребите на гулабите. Јастребите, налик новинарот Џозеф Алсоп, сметаа дека со доволна употреба на насилство можеме да ги оствариме своите цели. Гулабите тоа го сметаа за неверојатно, иако, како што Артур Шлесингер објасни, „сите ние се молиме господинот Алсоп да е во право“, и „сите ние ја поздравуваме мудроста и раководството на американската влада“ доколку САД успеат (спротивно на неговите очекувања) во воената политика која Виетнам го претвори во „земја на рушевини“. Тоа е книга која Шлесингер го постави како „водечки противник на војната“, според зборовите на Лесли Гелб.
Јасно се гледа дека една можна позиција е изоставена од оваа жестока дискусија, позиција која наводно ја поделила земјата во тешките години: поточно, позицијата на мировното движење, позиција која ја застапуваше поголем дел од граѓаните, исто како и 1982: војната не е само `грешка` како што тоа го наведуваа службените гулаби, туку е „темелно неправедна и морално неисправна“. Да појаснам: воените злосторства, вклучувајќи го и злосторството на покренување агресивна војна, претставуваат зло, дури и кога се користат за `племенити` цели. Таквиот став не беше присутен во дискусијата, дури ниту за да биде оспорен; тоа е незамисливо внатре идеолошкиот меинстрим.
Треба да се нагласи дека отстапувањата од ортодоксноста беа ретки меѓу артикулираната интелегенција, неколкумина критички настроени новинари почнувајќи од Ентони Луис кој своите ставови ги заклучи во 1975, објаснувајќи дека војната започна со „обиди да се направи добро кои тапкаа во место“, но дека веќе во 1969 (1969!) беше јасно дека се работи за „катастрофална грешка“. Во академските меинстрим кругови би било тешко да се пронајде попредана критика на војната од онаа на Џон Кирк Фербанк од Харвард, декан на американско-азиските научници, кој беше сметан за толку екстремен што му дофрлаа дека е „хронично заразен со комунизам“. Фербанк 1968 се обрати на Американското друштво на историчари, една година откако Тет офанзивата го преобрати мнозинството од корпоративната елита и останатите водечки кругови во гулаби. Фербанк беше очекувано критичен кон Виетнамската војна: ова е „време во кое нашата политичка моќ ја проширивме на странските катастрофи како Виетнамската војна, во голема мера преку пречекорување на праведноста и несебичната добронамерност“. „Нашата улога во одбрана на југот после 1965“ беше базирана на аналитички грешки, со што „имавме големи проблеми во уверувањето на нас самите дека постои цел вредна на напорот“. Гулабите ја сметаа војната за „безнадежен случај“, што го знаеме од Ентони Лејк, водечкиот гулаб кој ја напушти владата во знак на протест против инвазијата во Камбоџа, сите се сложија дека тоа беше „неуспешна крстоносна војна“, „племенита“, но „илузорна“, и преземена со „највозвишени интензии“, како што кажа Стенли Карноу во својата најпродавана содржина на PBS телевизијата, високо ценета поради критичката непристрасност. Оние кои не ги почитуваат овие јасни вистини или оние кои љубопитно трагаат по некакви докази, докажуваат дека се емоционални и неодговорни идеолози, или можеби и отворени комунисти. Или уште поточно, нивните необични ставови не можат да се слушнат, тие се надвор од спектарот на промисленото мислење. Неколку диктатори можат да се пофалат со така пропишаното прилагодување на Повисоките вистини.
Сето многу добро илустрира битна компонента на демократскиот систем на контрола на мислата, кој видливо се разликува од тоталитарната практика. Оние кои владеат со помош на насилство сакаат себеси да се прикажат како „бихевиористи“. Што луѓето мислат не е толку важно, важно е што прават. Тие мораат да бидат послушни, а таа послушност е обезбедена со сила. Казните за непослушност се разликуваат во зависност од карактеристиките на државата. Во СССР денес, казната може да биде психичка тортура, или егзил, или затвор под груби и одвратни околности. Во типичната американска колонија како Ел Салвадор, дисидентот веројатно ќе биде пронајден во некој трап, со одсечена глава после страшно мачење; и откако доволен број од нив ќе биде испратен на другиот свет можеме да имаме избори на кои луѓето ќе маршираат кон демократија, отфрлајќи ги нацистите налик Д`Обисон во корист на Дуарте, кој беше на чело на едно од најголемите масовни убиства во модерниот период (нужниот предуслов за демократски избори, кои очигледно не можат да се оддржат сe додека функционираат цивилните организации), и чиј министер за одбрана Видес Казанова објасни дека во 1980 земјата претрпела масакр на триесет илјади селани и дека „денес вооружените сили се спремни да убијат двеста до триста илјади луѓе доколку тоа е потребно за да се спречи комунизмот“.
Демократските системи се во голема мера поинакви. Нужно е да се контролира не само она што луѓето го прават, туку и што мислат. Бидејќи доколку на државата и недостига можност послушноста да ја осигура по пат на сила, мислите можат да одведат до делување па оттаму заканата за поредокот треба да се уништи во изворот. Нужно е воспоставување рамка на мислење кое се допушта и која е ограничена со принципот на државна религија. Таа не треба да се докажува, подобро таа да се подразбира како непотврдена рамка на помисливото мислење. Критиките го зајакнуваат постојниот систем преќутно пифаќајќи ја оваа доктрина, и ограничувајќи ја својата критика на тактички прашања кои се јавуваат внатре нив. За да остварат углед, за да бидат вклучени во дискусија, тие мораат да го прифатат основното начело дека Државата е добротворна, дека е водена од највозвишените интереси, дека го прифаќа одбранбениот став, дека не е учесник во светските афери, туку дека само реагира на злосторствата на другите, понекогаш не толку мудро заради личните грешки, наивноста, замрсеноста на историјата или заради неможноста да се сфати злиот карактер на нашите непријатели. Доколку само и најострите критики преќутно ги прифаќаат овие премиси, тогаш најчесто личноста може да се запраша која е таа да не се сложува со тоа. Што повеќе беснее дискусијата меѓу јастребите и гулабите, така државната религија поцврсто и поефективно се воспоставува. Нивниот значаен допринос на контролата на мислење е што држат до ставот критиките да се толерираат, дури и да се прифаќаат – што и се случува, кај оние кои играат по правилата.
Ова е систем на контрола на мислењето кој Орвел не го сфатил, не го сфатија ниту диктаторите кои не разбираа колку за индоктринацијата се корисни критиките кои ги откриваат грешките и пропустите на водството, додека истовремено преќутно ги прифаќаат премисите на државната религија.
Овие разлики меѓу демократските и тоталитарните системи на контрола на мислењето се приближуваат. Всушност, дури и тоталитарната држава мора да биде загрижена поради ставовите и сфаќањата на јавноста, додека во демократијата политички активниот сегмент на општеството, пообразуван и попривилегиран, е од најголема важност. Тоа е очигледно во САД каде што сиромашните немаат навика да гласаат, а значајните облици на политичко учество – обликувањето и формулирањето на политички програми, изборот на кандидати, поддршка со потребниот материјал, едукациски напори или пропаганда – претставуваат подрачје на релативно малобројната привилегирана елита. Тричетвртини од населението може да го поддржуваат престанокот на нуклеарното наоружување, а некои од нив можат дури да знаат дека тоа е и службената советска политика, но тоа не влијае на политиката на масовно владино субвенционирање на индустријата на висока технологија преку државно обезбедениот пазар за вооружување, бидејќи доколку не постои сериозна алтернатива во системот на политичката економија масовното народно спротиставување претставува проблем за планерите, како што можеше да се види изминатите години во Централна Америка. Токму минатиот декември печатот пренесе меморандум кој го напишал министерот за одбарна МекНамара во мај 1967, предупредувајќи дека ескалацијата на Виетнамската војна би можела „да ги поларизира мислењата до таа граница што гулабите во САД ќе почнат да бидат сe повеќе надвор од контрола – масовно одбивајќи да служат, или да се борат, или да соработуваат, или нешто уште полошо?“. `Гулабите` кои го загрижуваат не се службени `гулаби` на доктринарниот систем, туку општа популација. Но такво спротиставување, иако понекогаш ефективно во зголемувањето на трошоците на државното насилство, е со ограничена ефикасност сe додека не е засновано на разбирање на силите на работа и причините на своето системско однесување, и претендира кон исчезнување подеднакво брзо како и кон настанување. Во исто време, преплашената и несигурна популација, тренирана да верува како руските демони и хорди од третиот свет наумиле да заземат сe што ќе стигнат, склона е кон националистички фанатизам. Тоа се покажа драматично во народниот одговор на инвазијата во Гренада. САД се повторно „непокорена величина“, изјави Реган, откако шест илјади елитни единици успеаа да го совладаат отпорот на дузината кубански војници и малубројната гренадска милиција, освојувајќи осум илјади и седумстотини медалји за јунаштво, на тој начин предизвикувајќи овде реакција која не може да се подреди на пробуденото сеќавање на останатите големи сили кои не толку одамна остварија банални победи.
Префинетите методи на индоктринација, тукушто илустрирани, се позначајни од директното мамење или заскривање на непожелни факти, иако и овие се сосем доволни. Примерите се безбројни.
Да ја разгледаме, на пример, сегашната дискусија околу тоа дали постои `симетрија` помеѓу Ел Салвадор и Никарагва имајќи предвид дека во обата случаи бунтовниците се потпомогнати отстрана и се обидуваат да ја срушат владата. Во еден случај администрацијата тврди дека бунтовниците се „борци за слобода“, а владата незаконита тиранија, додека во друг случај бунтовниците се терористи, а владата сe уште претставува некаква напукната демократија. Критиките се запрашуваат дали Никарагва навистина ги потпомага герилците во Ел Салвадор или веќе подлегнала на тоталитаризмот.
Во дискусијата е изгубена уште поочигледна сличност. Во обете држави присутна е терористичка воена сила која масакрира цивили, и во обете држави ние ја поддржуваме таа сила: владата на Ел Салвадор и контрашите. Не постои сомнение дека е така, особено во Ел Салвадор после што Катеровата администрација се потруди да ги уништи народните организации кои се развија во тек на седумдесетите. Истото е очигледно и во случајот на Никарагва, само што во овој сличај мораме да го прелистаме странскиот печат кој пишува за деструктивните литании на контрашите, кои го убиваат, силуваат, осакатуваат, тероризираат и брутализираат цивилното население кое ќе падне во нивни раце. Примарните цели им се работниците во здравството и образованието како и селаните во кооперативите (Џонатан Стели и Тони Џенкинс, во лондонскиот Гардиан; Мерион Вилкинсон, во австралискиот Нашнал Тајмс; и многу други извори на кои им се достапни деталите). Главниот заповедник на `демократските сили`, Адолф Колесо, цитиран е во Њу Јорк Тајмс: „Не постои никаква линија, никаква цврста линија меѓу цивилните фарми кои ги поседува владата и извидничките позиции на сандинистите“; дури и нередовниот извештај упатува на последиците од ваквите претпоставки, но известувањето на печатот е лошо и спорадично и посветено на позначајни нешта, како спротиставувањето на изборите (во Никарагва).
Тоа е `вистинската` симетрија помеѓу Никарагва и Ел Салвадор. Нејзиното значење е изгубено во дискусијата околу исправноста на владините постапки, додека самата влада продолжува да функционира под мистериозна колективна амнезија која нe спречува да видиме како безмалку и нема нешто ново, и зошто е тоа така.
Де се свртиме кон другиот дел на светот и на она што обично се нарекува `мировен процес` на Средниот Исток, а кој се врзува за спогодбите од Камп Дејвид. Споразумите кои ги води Израел покажуваат дека населението на териториите кои се под израелска воена окупација на големо се противи на `мировниот процес`, сметајќи го штетен по сопствените интереси. Зошто би било тоа така? Сигурно жителите на тој регион се едни од оние кои најмногу копнеат за мир. Меѓутоа, ниту еден новинар не го проучил овој чуден парадокс.
Проблемот може многу лесно да се реши. Мировниот процес, како што беше видливо во дадениот момент и како што би требало да биде очигледно доколку погледнеме наназад, е осмислен на тој начин главната арапска воена сила, Египет, да се повлече од конфликтот, за Израел да може слободно со голема помош на САД, да го засили населувањето и репресијата во освоените подрачја, и да ги нападне своите северни соседи – токму како што и стори и како што постојано прави. Тешко е да се верува дека чудењето може да предизвика жртвите на `мировниот процес` да го осудуваат и отфрлуваат самиот процес; можеби е и зачудувачки што таквите елементарни вистини, очигледно на самиот почеток, сe уште не се воочени. Во меѓувреме, ние мораме да продолжиме да го поддржуваме `мировниот процес`. Кој може да се противи на мирот?
Во овој случај, исто така, би било корисно да ја победиме нашата мистериозна колективна амнезија која се однесува на фактите од неодамнешното минато. Време за прегледување на дипломатските записи нема, но секој кој ќе го стори тоа набргу ќе увиди дека можностите за мир, кој би вклучувал и малку праведност постоеја 15 години и дека секогаш беа блокирани од страна на САД и Израел. Во раните седумдесети тоа отфрлување беше толку екстремно што дури беше блокирана и арапската иницијатива (упатена од Египет и Јордан) за воспоставување на општ мир, која во потполност ги игнорираше правата на Палестинците. Откако со меѓународен консензус се пристана на дво-државна спогодба, секоја таква можност е постојано оневозможувана од страна на САД и Израел, кои истрајуваат во неприфаќањето на тврдењето дека домородната популација несомнено поседува права, без оглед на Евреите кои на големо ги разместија. Америка го славаше ваквиот став наговарајќи ги Палестинците да ја прифатат програмата на Работничката партија која ги негираше палестинските национални права и им одземаше право на `каква било улога` во која било спогодба (работничкиот гулаб Аба Ебан). Овде никој не протестира, ниту пак известува за фактите, кога владата на САД ја стопира мировната иницијатива на ОН, со тврдење дека исклучиво ќе ги прифати преговорите „меѓу страните директно вклучени во арапско-израелскиот конфликт“, исклучувајќи ги Палењстинците кои не се ниту една од тие страни (јануари, 1994). Сличен проблем на Либија и малцинството на ПЛО во Америка се осудува како расистички и екстремистички: истиот таков став на САД и Израел, во суштина расистички, се смета за примерна умереност.
Актуелните извештаи се прикривани, негирани, па дури и преиначени во едно од најуспешните делувања на агитациската пропаганда во модерната историја. Неодамна го коментирав во издадената книга („Верниот триаголник“), извештајот што се однесува на раздобјето до 1983. Оттогаш сe се повторува без промена. Да споменам само еден неодамнешен случај: во април 1984 Јасер Арафат за време на говорот во Грција и Азија, како и по пат на извештај објавен во францускиот и англискиот меинстрим печат упати низа молби кои се однесуваа на мир. Арафат експлицитно повика на директни преговори со Израел, под присуство на набљудувачи на ОН, како и на „меѓусебно признавање на двете држави“, Израел и Палестина; што со години беше основниот облик на меѓународен консензус, вклучувајќи и отфрлање на американско-израелската `мировна спогодба`. Израел веднаш ја отфрли понудата, додека САД едноставно ја игнорираа. Известувањето на медиумите во САД следи интересен модел. Националниот печат – Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост – не ги пренесе фактите. Локалниот `поквалитетен печат` (Бостон Глоуб, Лос Анџелес Тајмс, Филаделфија Енквајерер) го пренесуваше основните факти, кои набргу беа прикриени и заборавени за да бидат заменети со познатите критики на палестинскиот екстремизам. Во Сан Франциско Егзаминер, кој има репутација на најлош весник на кој било главен град, на насловната страна се појави приказна на UPI со основни факти, а над неа преку целата страница стоеше наслов: „Арафат на Израел: Да разговараме“. Рационалниот заклучок би бил дека помалку софистицираниот печат едноставно не разбира кои факти треба да ги отстрани заради тоа што не се совпаѓа со партиската политика.
Оваа разлика меѓу печатот е засилена со интригантниот навод на Ворен Хог, уредник за надворешна политика на Њујорк Тајмс. Еден читател од Детроит испрати кратко писмо на Тајмс во кое споменува дека повикот на Арафат за меѓусебно признавање и преговори не е објавен, иако Тајмс „со години го цитира Арафат и неговото наводно одбивање на преговори и признавање на Израел“. Неговото писмо не беше објавено, но доби одговор од Ворен Хог (што претставува вистинска реткост) кое гласи:

„Ги видовме примедбите на Арафат кои ги споменавте во Новел Обзерватор и ги споредивме со неговите претходни изјави. Тие не претставуваат ништо ново во неговото размислување и за нас би било погрешно да ги објавиме како такви.
На господинот Арафат му даваме многу простор и сме објавиле многу негови јавни изјави и извештаи за неговите тајни преговори со претставници на САД и други западни влади. Кога и доколку господинот Арафат повика на меѓусебно признавање и преговори со Израел, за тоа ќе читате на насловната страница на Њујорк Тајмс“.

Од оваа комуникација може многу да се открие. Првиот извадок е близу до вистината, иако некој тоа не може да го знае читајќи го Њујорк Тајмс кој постојано ги негира тие факти. Но, најинтересниот дел е последната реченица. Арафат отворено повика на „меѓусебно признавање и преговори со Израел“, сеедно тоа не го прочитавме на насловната страница – или на кое било друго место во Њујорк Тајмс. Тајмс повеќе истрајува со својот зачудувачки попис на прикривање и фалсификување објавени претходните години во мојата книга како и цитирани погоре. Тешко дека што било е поочигледно од фактот дека ништо ново нема да влезе во службената историја во која Тајмс се гледа себеси – до некаде со право – како кустос. Идните историчари ќе се свртат кон архивите на Њујорк Тајмс `да одредат` што е историја, а не на архивите на Сан Франциско Егзаминер (доколку воопшто постојат).
Нема да продолжам со понатамошни примери. Клучната поента е дека моделот се шири, дека е постојан и исклучително ефективен во воспоставувањето рамка на помисливото мислење.
Пред 60 години Волтер Липман го продискутира концептот на „произведување согласност“, уметност која е „способна вешто да рафинира“ и која може да одведе до „револуција“ во „практикувањето на демократијата“. Идејата со многу ентузијазам е прифатена во бизнис круговите – постанувајќи главна преокупација на индустријата на односи со јавноста, чија водечка фигура Едвард Бернајс го опиша „измудрувањето на согласност“ како вистинска есенција на демократијата. Всушност, како што Габриел Колко наведува: „од почетокот на векот па до денес, (јавното мнение) беше објект на културната и идеолошката индустрија, колку непопуслив толку и разновиден: распространет од училиштето преку печатот до масовната култура во сите нејзини облици“. Причината за тоа, како што потпретседателот на АТ&Т изјави 1909 е тоа што јавното мнение...е според мене единствената сериозна закана со која компанијата мора да се соочи“. Идејата исто така одлучно е преземена исто така и во општествените науки. Водечкиот политички научник Харолд Ласвел 1933 напиша дека мораме да го избегнеме „демократскиот догматизам“ според тоа дека луѓето се „најдобри судии на своите сопствени интереси“. Демократијата дозволува гласот на луѓето да се слушне, а задачата на интелектуалецот е да осигура дека тој глас има печат на исправен курс. Пропагандата за демократијата е исто што и насилството за тоталитаризмот. Техниките се избрусени во високата уметност, далеку од сe за што Орвел сонуваше. Апаратот на замислената разлика во мислењето, кој ги инкорпорира доктрините на Државната религија и ја елиминира рационалната критичка дискусија, е една од префинетите методи, иако и посурови техники се во употреба, кои исто така ефективно нe спречуваат да го видиме она што го гледаме, да научиме и да го разбереме светот во кој живееме. Потребно е повторно да се нагласи дека она што комунистите го нарекуваат агитациска пропаганда има многу поголемо значење во демократиите отколку во земјите што владеат со помош на насилство. Во Америка го нема Данчев, освен на небитните маргини на политичката дискусија.
За оние кои тврдоглаво ја бараат слободата, најважна задача е да ги разберат механизмите и практиката на индоктринација. Таквите механизми лесно се воочуваат во тоталитарното општество. Многу е потешко да се воочат во системот на `перење мозок под слобода`, на кој сме изложени и на кој сите пречесто му служиме како доброволни и свесни инструменти.