за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Ограничени потреби, неограничени можности - Џон Гуди

Во најголемиот број учебници економијата обично се дефинира како „истражување на начинот на распоредување на ограничените ресурси меѓу заменливите цели“. Луѓето имаат многу долг список на потреби, а од друга страна многу ограничени можности за нивно задоволување. Неминовниот исход на таквиот е однос е скудност. Не можеме да поседуваме сe што сакаме, туку мораме да бираме помеѓу она што ние е достапно. Затоа секој чин на потрошувачка истовремено е и чин на одрекување, кој на крај завршува со чувство на фрустрација. Во таа тмурна состојба на нештата, нашата задача како економски суштества е своите ограничени приходи да ги распорeдиме така што од оние малку нешта коишто можеме да ги купиме да го извлечеме најголемото можно задоволство.

Најголемата иронија на овде изложениот материјал е фактот дека животот на ловците-собирачи, кои стотици илјади години живееле практично без каков било материјален посед, бил во многу нешта побогат и поблагодарен од нашиот. Сосем спротивно на врежаната претстава за дивјаците кои постојано, во тек на целиот нивен беден живот, се борат за гол опстанок, овие луѓе своите животи ги уредиле така да побаруваат малку, малку од тоа да им е потребно, така што, по правило, постојано на располагање ги имале сите средства потребни за задоволување на своите потреби. На пример, !Кунг од југот на Африка работат само 12-19 часа неделно за да обезбедат доволно количество храна. Од младите луѓе воопшто не се очекува да почнат да работат, сe додека длабоко не навлезат во дваесеттите; ниту пак од луѓето кои ја одминале четириесеттата се очекува било што да работат. Сето тоа слободно време тие го поминуваат во јадење, пиење, игра, општествени врски и односи, со други зборови, токму во оние активности коишто ние ги поврзуваме со благосостојба.

Како додаток, а во склад со тоа големо количество слободно време, ловците-собирачи уживале и восхитувачки голема лична слобода. !Кунг и Хаѕа од Танзанија немале никакви водачи или само оние кои во посебни околности би ја преземале таа улога, ограничена со многу строги правила. Во нивните општества не постоела поделба на класи или сексуална дискриминација. Освен тоа, нивниот начин на живот бил и еколошки одржлив. Австралиските Абориџини, Хаѕа и !Кунг располагале со технолошки и општествени механизми коишто им овозможувалке да живеат во склад со своето природно опкружување то текот на десетици илјади години, без сериозно нарушување на ресурсите на коишто почивала нивната економија.

Не учеа дека дури по „откривањето“ на земјоделството (пред 6-8000 години) луѓето стекнале доволно слободно време за да изградат култура и цивилизација; дури тогаш луѓето навистина постанале човечки суштества. Но колку подобро се запознаваме со културата на ловците-собирачи, сe повеќе увидуваме до која мера вредносниот систем на модерниот пазарен капитализам не ја одразува „човечката природа“. Претставата за тоа што навистина е „човечки“ којашто припадниците на трговските друштва ја прифаќаат како универзална вистина – дека конкуренцијата, нагонот за стекнување и општествената стратификација се нешто природно – едноставно не важи за најголемиот број ловеќко-собирачки народи. Доколку како критериум ја земеме количината време и слободата на пристап до сите средства за задоволување на животните потреби, овие општества, во споредба со нашите, уживале во далеку поголема благосостојба.


Култура на пазарот

Сите култури имаат свои системи на верување или организациски принципи коишто не служат само како патокази, туку и како средство со помош на кое светот може да се објасни и оправда онаков каков што е. Западните културни верувања служат првенствено за тоа да објаснат одреден материјален однос меѓу луѓето, како и однос меѓу луѓето и природата. Во нашата култура класната поделба се прифаќа како нужност или дури како нешто пожелно, додека на природата се гледа како на „ресурс“ којшто постои само затоа да би ја придвижувал машината на постојан економски раст и технолошки прогрес.

Моето племе – племето на академски економисти – пак има свој систем на верувања којшто им служи за објаснување и оправдување на светот на трговијата, а особено на еден од неговите главни поими: „економскиот човек“. Овој „човек“ природно е склон кон стекнување, конкуренција, тој е рационален, пресметлив и секогаш во потрага по начин за подобрување на својата материјална состојба. Тој од мали нозе учи сe што му е потребно за еден да може сам да заработува и потоа рационално распоредува своите приходи во вртоглавиот виор на стока и услуги коишто му се нудат на пазарот.

Во поимот „економски човек“ ние на Запад денс не препознаваме само едно културно верување, далеку од универзално, бидејќи тоа прилично точно го опишува секој од нас. Можеме да правиме шеги на сметка на ирационалноста на нашиот вид, но секој од нас, длабоко во себе, се смета себеси за многу рационален и доследен во изборите коишти ги прави. Веруваме дека посакувањето секогаш е повеќе природна човекова особина. Веруваме дека интересите на поединците секогаш се над интересите на заедницата. Конкуренција и експанзија, наместо соработка и стабилност, се правила коишто управуваат со нашиот свет. Сите ние сме економски суштества: имаме ограничени ресурси (приходи) и многу долга листа на нешта кои ги посакуваме.

Ортодоксната економска теорија не е само збир на верувања за човечката природа. Тоа е и идеологија чијашто главна задача е оправдување на сегашната економска организација, употреба на ресурси и дистрибуција на добра. Не се работи само за тоа дека секој човек сака кога има повеќе отколку помалку, туку и за тоа што тој импулс се интензивира со поголемиот имот и повисокиот општествено-пазарен статус. Да се биде успешен значи да се има големи приходи и голем степен на потрошувачка. Всушност, шот поуспешен е некој, ни вели оваа идеологија, тоа е само доказ за неговите поголеми човечки вредности во услови на конкурентски, пазарен натпревар. Економската теорија не се занимава само со располагање на ресурсите. Таа пред сe служи за тоа да се оправда богатствота не едните, сиромаштвото на другите и постоењето на експлоатација.


*

Нерамномерната дистрибуција на добра меѓу поединците во капиталистичката економија се оправдува со теоријата на „маргинална продуктивност“. Работниците се платени во согласност со нивниот допринос кон вкупниот економски аутпут. На пример, ако вкупниот економски аутпут на некоја компанија се зголеми за 100$ дневно преку вработување на уште еден работник, тогаш наемнината на тој работник би требало да биде 100$ (на ниво на модел, се разбира). Оние чиј допринос е поголем добиваат поголем дел од оние чиј допринос е помал. Економистите понатаму ја оправдуваат оваа теорија повикувајќи се на законот на конкуренција, којшто гарантира релативна складност помеѓу наемнините и вредноста на маргиналниот производ на работникот (конкуренцијата е таа којашта ги поттикнува луѓето да работар повеќе доколку сакаат да заработат повеќе). Идеолошката импликација на оваа теорија е дека во конкурентската економија секој работник е платен точно онолку колку што заслужува.

Во неокласичната економска теорија на трговски размени историските и општествените околности, коишто на едни им овозможуваат да произведат повеќе од другите, воопшто не се земаат предвид. На пример, наследеното богатство на некои им овозможува пристап до поголем капитал, па оттаму и неговата маргинална продуктивност ќе биде поголема од онаа на луѓето родени во помалку привилегирани услови. Говорејќи воопштено, личност со поголемо образование – а тоа, уште еднаш, често зависи од семејните околности – ќе има поголема маргинална продуктивност од личност која себеси не може да си приушти квалитетно образование. Неокласичната теорија во поединците гледа изолирани произведувачи и потрошувачи коишто секогаш се наожаат во конкурентен однос. Нечија вредност како личност во најголема мера е функција на нејзиниот економски успех, односно достигнатото ниво на акумулација и потрошувачка.


*

Начинот на којшто западната економска теорија ја гледа човековата природа во историска смисла претставува аномалија. Основните организациони начела на нашата пазарна економија – дека луѓето природно се водени од алчноста и дека повеќе е подобро од помалку – претставуваат микроскопска величина во однос на потполно поинаквите пристапи на десетици илјади човечки култури коишто се развивале од часот кога, пред некои 200 000 години, Homo Sapiens се појавил на лицето на земјата.

На пример, Хаѕа имаат развиени процедури коишто обезбедуваат месото секогаш да биде рамномерно расподелено. Трупањето или желбата да се добие повеќе од останатите се општествено неприфатливи. Утврдени се и начини за спречување на акумулацијата на сопственост, коишто не се однесуваат единствено на личните сопствености (личен прибор, оружје, обредни предмети и сл.). Освен тоа, со оглед дека ловците-собирачи многу често се наоѓаат во двжење, големиот имот би бил само товар. Џејмс Вудбрн (James Woodburn) сведочи дека кај народите !Кунг и Хаѕа едноставно е незамисливо некој поединец да трупа храна додека некој друг гладува. Ловецот-собирач дефинитивно е „не-економичен човек“.

Во пронаоѓањето на патишта коишто водат кон еколошки и општествено одржлив начин на живот, поинаква перспектива се отвора и при поглдот на минатото. Искуството на ловците-собирачи ни овозможува човечката природа да ја согледаме во едно потполно поинакво светло, во услови коишто претходеле и постоеле независно од пазарните односи и модерните економски идеи. Можно е нашиот модел да страда од неотстранливи, општествено условени ограничувања, поради кои западната индустриска економија не може да ја прифати соработката, редуцираната потрошувачка и воопшто еден одржлив начин на живот. но самото сознание дека во текот на 99% од времето ог кога човекот постои на оваа планета тие ограничувања не постоеле, неминовно води до заклучокот дека во ваквата констелација на нештата нема ништо природно. Самото постоење на ловци-собирачи, а особено нивниот успех, претставува доказ дека се можни и поинакви начини на организација на производството и дистрибуцијата, а не само пазарни.


*

Општествениот кодел на ловците-собирачи не е маргинален дел од нашата културна еволуција. Луѓето на тој начин живееле практично сето вртеме од кога постојат како вид. Овие општество очигледно ги решиле или избегнале многу од проблемите на коишто модерното општество сe уште не може да им пријде. Можеме многу да научиме проучувајќи го начинот на коишто овие општества го решиле проблемот на секојдневниот опстанок, општествено и еколошки одржливиот начин на живот.

Модерното доба сe повеќе го проникнува очај. Се чини дека нашите општества се измолкнале надвор од контрола и дека слепо трчаат кон средба со бројни, нерешливи проблеми. Меѓусебно поврзаните попјави ако што се атмосферските и климатските промени, постојаното губење на огромен борј животиснки и растителни видови, пренаселеност и огромни општествени тензии го загрозуваат самото постоење на нашата цивилизација, којашто мнознството од нас сe уште ја смета за супериорна во однос на раните култури. Сепак, речиси дека има некоја утеха во сознанието дека образецот за опстанок на нашиот вид е дел од нашата сопствена културна историја. Во текот на најголемиот дел од нашето постоење на оваа планета луѓето живееле во склад со природниот свет и со самите себе. Тоа биле ислови во коишто се развивал нашиот дух и култура. Разбирањето на начините на коишто ловечко-собирачките општества ги решиле основните проблеми на живеење во конретни, еколошко ограничени услови, достигнувајќи притоа полна мера на слобода, може само да ни помогне во барањето начини за нашиот долгорочен биолошки и културен опстанок.доколку нашата потрага по една одржлива, егалитарна алтернатива на сегашниот систем не успее, нашата иднина лесно бо можела да наликува на онаа за којашто говореа Ричард Ли (Richard B. Lee) и Ирвен де Вор (Irven de Vore), пред речиси триесет години:

„Ловечко-собирачкиот начин на живот бил најуспешниот и најдолготраен облик на човеково прилагодување некогаш остварен. Точноста на оваа оцена особено доаѓа до израз при погледот на нашата сегашна положба, изложена на постојана закана од нуклеарна катастрофа и популациона експлозија. И понатаму е отворено прашањето дали човекот ќе успее да ги преживее сe посложените и понестабилни еколошки услови коишто сам ги створил. Доколку во тоа не успее, некои идни, интерпланетарни археолози ќе говорат за нашата планета како за место на коешто после исклучително долг период на стабилност, во тек на кој луѓето живееле главно од ниско-интензивен лов и собирање, изненадно уследил период на интензивен технолошки развој, којшто многу брзо довел до истребување на видот.“ (Man the Hunter, 1968:3)


*

Во самото средиште на оваа збирка се наоѓаат две идеи: едната, директна и индиректна, е критика на сегашниот светски поредок, којшто непрестано поттикнува нееднаквост и деструктивност; другата е надеж во поостоењето на алтернатива. Како што нe потсетува Ричард Ли, сe уште постои нешто надвор од дострелот на општествено-економскиот систем: „Системот е моќен, но не и семоќен“. Луѓето ја сочувале способноста да направат избор меѓу различни општествени модели. Од друга страна, нашите современи економисти заземаат екстремно конформистистички став, според кој токму постоечката состојба, каква било да е, секогаш е најдобра. Волетровиот Др. Панглос одлично го илустрира тој став на следниот начин:

„Потполно е јасно дека нештата не можат да бидат поинакви од она што се; затоа што сите нешта постојат поради некоја причина, којашто нужно е нејдобрата можна причина. Ќе приметите, на пример, дека носот е обликуван за да наосите наочари, па затоа и носиме наочари. Нозете очигледно постојат зради чорапи, па со самото тоа ние и носиме чорапи“. (Волтeр, Најдобриот од сите можи светови).

Овој резон е близок и до неокласичните економисти, кои на сличен начин се обидуваат да ја оправдаат наводната супериорност на економијата слободниот пазар и сите нејзини последици (Гуди, 1992). Зошто претпријатијата би се смалувале, доколку тоа не е економски оправдано, со други зборови, кога за тоа не постои никаква причина. Зошто да не се поттикнува нееднаквост на приходите кога тоа ги поттикнува луѓето да работат повеќе?

Самото постоење на цела една сфера на успешни култури, коишто ги решиле или избегнале проблемите коишто ние денес ги сметаме за нерешливи или неизбежни, ни дава надеж во остварувањето на една егалитарна и еколошки одржлива човечка економија. светот во којшто живееме сигурно не е најдобар од сите можни светови.

1998


Приложено од Плоштад Слобода