за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Зошто анархистите не гласаат?

Се што може да се каже за правото на глас може да се резимира во една реченица.

Да се гласа значи да се отстапи својата сопствена моќ.

Да се избере еден господар или повеќе, на подолго или пократко време, значи откажување од сопствената слобода.

Без оглед дали се работи за апсолутистички монарх, уставен крал и обичен пратеник, кандидатот кој го издигнуваш на тронот, седиштето или фотелјата, секогаш ќе биде твој господар. Тоа се личности кои ги ставаш „над“ законот., бидејќи имаат моќ да ги создаваат законите и затоа што нивната задача е да се погрижат дека другиот тим ќе се покорува на законите.

Гласањето е за идиоти.

Бесмислено е, како и верувањето дека луѓето од наш ков можат за еден миг да се стекнат со знаење и разбирање за се, додека удриш со дланките. Се разбира дека е така. Личноста која ќе ја изгласате ќе мора да носи закони за се под небескиот покрив; како треба, или не треба да се изработи кутија ќибрит, или како да се води војна; како да се подобри земјоделството, или како најдобро да се уништи некое арапско племе, или неколку црнци. Веројатно верувате дека нивната интелигенција ќе расте сразмерно со разновидноста на предметите на кои ќе сосредоточат своите умови; но историјата и искуството не учат поинаку.

Имањето власт делува изразито иритирачки; парламентите отсекогаш ковале несреќа. Во владејачките собранија на фатален начин преовладува волјата на оние кои се под просекот, морален и интелектуален.

Да се гласа значи да се подготви срамно предавство и предавници.

Бирачите сигурно веруваат во чесноста на кандидатите, а тоа во извесна мера постои додека трае жештината и виорот на борбата.

Но секој ден има и свое утре. Штом се условат промените и луѓето исто така се менуваат. Денес вашиот кандидат понизно се поклонува пред вашето присуство; утре ќе ви каже: „Марш!“. од молител за гласови се претворил во ваш господар.

Како може работникот, кој вие сте го сврстиле меѓу владејачката класа, да биде ист како и претходно, затоа што сега може да зборува за рамноправните услови со останатите угнетувачи? Погледајте ја сервилноста на кој било од нив, им се прелива низ целото лице после посетата на некој богат индустријалец, или кога кралот ги повикува во предворјето на својот двор!

Атмосферата на „Домот“ не е за длабокот дишење; таа е гнила. Ако испратите некој од вас на валкано место, не смеете да се изненадите ако се врати гнил.

Затоа, не откажувајте се од вашата слобода.

Не гласајте!

Наместо одбрната на вашите интереси да им ја поверувате на други, согледајте ги нешатат сами. Наместо да се обидувате да изберете советници кои ќе ве водат во идни дела, сторете го тоа сами и сега! Луѓето со добра воја нема да мораат долго и залудно да бараат шанса.

Да се стави одговорноста за нечии дела на туѓ грб е кукавичлук.

Не гласајте!