за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови

Washing... and brainwashing
„Другата забележителна карактеристика на „Че“ е неговата валканост. Тој мрази да се мие и тоа никогаш нема да го стори. Тој е валкан, дури и според во голема мера нискиот стандард на чистота што преовладува меѓу силите на Кастро во Сиера Маестра. Одвреме навреме, „Че“ ќе одведе некои од неговите луѓе до некој поток или базен, за тие да можат да се измијат. Во тие прилики „Че“ никогаш нема да се измие ниту себеси ниту неговата облека, тој ќе седне на брегот и ќе ги посматра останатите. Тој навистина е извонредно и спектакуларно валкан“.
- клеветнички опис на Ернесто „Че“ Гевара
во досието на C.I.A. од 1958


Washing… and Brainwashing

Дури и во најистакнатите анти-естаблишмент кругови во андерграундот, зачуден сум колку често слушам луѓе како се жалат на луѓето коишто ги нарекуваат „хипици“ или „крастери“. „Овие крастери дојдоа овде и го замирисаа целото место“, ќе кажат. Какво зло ви имаат направено овие луѓе за да бидат толку клеветени? Тие имаат поинаква ориентација кон прашањето на „чистота“ од останатите нас.
Од каде воопшто доаѓаат нашите идеи и вредности за таканаречената „чистота“? Западната цивилизација има долга историја на поврзување на чистотата со добрината и доблеста, најдобро изразена во стариот израз „чистотата е веднаш до побожноста“. Во античките грчки драми злите луѓе и духови – Фурите, на пример – честопати биле опишувани како валкани. Фурите биле валкани, стари и жени, токму спротивното од тоа како писателот што ги опишал се гледал себеси; нивната валканост, покрај другите нешта, ги идентификувала како група однадвор – како туѓи, животински, нечовечки. Со тек на времето, чистотата постанала мерка со која сопствениците се разликувале од несопствениците. Оние што го поседувале богатството и моќта изискувале да имаат слободно време да останат внатре, неактивни, и ги потсмевале селаните и патниците чиишто начин на живот вклучувал и валкање на рацете и телата. Низ нашата историја, можеме да видиме дека чистотата е користена како пожелен стандард од оние на власт за припишување општествен статус – и оттаму, „Божествените“, самопрокламираните светци што стоеле над останатите нас во хиерархиското општество, прокламирале дека нивната чистота, купена со трудот на другите коишто биле принудени да работат за нив, била мерка на нивната „побожност“ и супериорност. До ден денес, ние го прифаќаме ова традиционално верување: дека да се биде „чист“ според општествените норми е пожелно самото по себе.
Во врска со „чистотата“, би требало да е јасно од историјата на нашите идеи дека секој што е кричен кон меинстрим вредностите, секој радикал или панкер, би требало да е крајно сомничав кон големата вредност којашто се додава на тоа да бидеш „чист“ според традиционалните стандарди. Покрај тоа, што точно значи „чисто“?
Овие денови, чистотата повеќе е дефинирана од корпорациите што продаваат „санитетски производи“ отколку од кој било друг. Ова е важно да се има на ум. Се разбира, повеќето од овие производи ја имаат способноста да навлегуваат преку природната прашина и црнило – но дали отсранувањето на природната прашина и црнило со синтетички хемикалии нужно го претставува единствениот прифатлив облик на санитарна заштита? Јас сум барем онолку исплашен од овие фабрикувани, вештачки производи колку што сум и од малку прашина, кал, или пот, или (чувај боже!) дамка од храна или крв на мојата маица. Барем знам од каде дошла „валканоста“ и од што е направена!
Идејата дека е корисно да се употребуваат хемикалии (без оглед дали тие се деодорант, детергент или шампон) за да се отстрани органската нечистотија има исто така и некои застрашувачки импликации. Најпрвин, го поддржува старото христијанско суеверие дека биолошкото тело е срамно и дека треба да биде скриено – дека нашите тела и нашето постоење во физичкиот свет како животни се природно одвратни и грешни. Оваа проценка е користена за да нe одржи несигурни и засрамени, а оттаму и на милост на свештенците и останатите авторитети коишто ни кажуваат како да постанеме „чисти“: некогаш, преку потчинување на нивното свето одрекување на себството, и сега, преку трошење многу од нашите пари на разни „санитарни“ производи коишто сакаат да ни ги продадат. Исто така, како што капитализмот го трансформира целиот свет од органски (шуми, мочуришта, пустини, реки) во неоргански (градови од бетон и челик, предградија од асфалт и вештачки тревници, пустелии коишто се соголени од нивните природни ресурси, депонии) идејата дека постои нешто покорисно од природната валканост имплицира дека оваа трансформација може всушност да е добро нешто... а оттаму имплицитно го оправдува нивното од профит мотивирано уништување на нашата планета.
Во стварноста, овие корпорации се далеку помалку загрижени за нашето здравје и чистота отколку што се за продажбата на нивните производи. Тие ја користат високата вредност којашто ние и ја доделуваме на санитарната заштита за да ни продаваат секакви видови производи во нејзино име... а кој знае какви се вистинските, долгорочни задравствени ефекти од овие производи? Ним сигурно не им е гајле. Доколку евентуално се разболиме од користењето на нивните специјални средства за чистење и високо технолошки шампони, тие можат едноставно да ни продадат уште еден производ – лекови – и да го одржат текот на капиталистичката економија. А срамот во врска со нашите тела (како произведувачи на пот и други природни флуиди коишто ние ги сметаме за „нечистотија“) коишто тие го капитализираат и охрабруваат исто така им помага во продажбата на други производи што зависат од нашата несигурност: диетални производи, производи за вежбање, модна облека, итн. Со прифаќањето на нивната дефиниција на „чистота“ ние ја прифаќаме нивната економска доминација на нашите животи.
Дури и доколку се сложуваат во врска со сомнителната природа на денешните санитарни производи, повеќето луѓе сe уште ќе тврдат дека санитаријата е подобра од валканоста. До одреден степен ова е вистинито – веројатно е добра идеја да си ги измиеш нозете ако си стапнал во гомна. Но настрана од очигледните случаи како тој, постојат илјадници различни стандарди низ светот за она што е чисто и што е валкано; доколку погледенете различни општества и цивилизации, ќе пронајдете здравствени практики што изгледаат самоубиствени според нашите санитетски стандарди. А сепак, тие луѓе преживуваат исто толку добро колку и ние. Луѓето во Африка пред неколку стотици години живееле удобно во природна средина којашто уништила многу од првите и дотерани западни истражувачи што дошле на нивниот континент. Човечките суштества можат да се прилагодат на голема разновидност од средини и ситуации, а се чини дека прашањето за тоа какви видови на санитет се здрави е најмалку прашање на конвенција на цврсти биолошки правила. Обиди се некогаш да прекршиш неколку од „здраворазумските“ правила на Западниот санитет: ќе увидиш дека јадењето од ѓубре или некапењето по неколку недели не се навистина онолку опасни или тешки како што нe учеле.
Можеби најважното прашање кога станува збор за невообичаената вредност којашто ја припишуваме на традиционалната „чистота“ е она што го губиме правејќи го ова. Некогаш, пред да ги покриеме нашите природни мириси со хемикалии, секој од нас имал уникатен мирис. Овие мириси нe привлекувале меѓусебно и емоционално нe поврзувале преку нивно сеќавање или асоцирање. Денес, доколку имаш позитивни асцоцијации од мирисот на човекот што го сакаш, веројатно колонска вода (идентична со колонската вода на илјадници други луѓе) е она во што уживаш, не неговиот личен мирис. А природните феромони со помош на кои некогаш сме комуницирале едни со други, кои играле голема улога во нашата сексуалност, сега се целосно задушени од стандардизираните хемиски производи. Повеќе не знаеме како е да се биде чисто, човечко суштество, да мирисаме како вистински човечки суштества. Кој знае колку можеби сме загубиле поради ова? Оние кои ме сметаат за одвратен затоа што уживам во мирисот и вкусот на мојата љубовница кога таа не се искапела или намачкала со синтетики насекаде по нејзиното тело, кога мириса како вистинско човечко суштество, веројатно се истите коишто се стресуваат пред идејата да ископаат зеленчук од земја и да го изедат наместо во пластика спакуваната, брза храна на којашто сите сме израснале. Толку сме привикнати на нашето припитомено, конструирано постоење што дури и не знаеме што пропуштаме.
Затоа обидете се да имате малку повеќе разбирање кога станува збор за „крастерите“. Можеби тие само ти мирисаат лошо затоа што никогаш не си имал можност да откриеш како мириса вистинско човечко суштество; можеби има нешто корисно во врска со „немиените “ што порано не си го забележал. Поуката на оваа приказна е поука на сите анархистички приказни: прифати ги единствено оние правила и вредности што навистина имаат смисла за тебе. Сконтај што е добро за тебе и не дозволувај никому да ти каже поинаку – но исто така, потруди се да разбереш од каде останатите доаѓаат, и процени ги нивните дела според твоите сопствени стандарди, не според некоја стандардизирана норма.


Приложено од Плоштад Слобода