за Терор13 | архива |контактирај не'| линкови сите текстови
3ти дектември, 2006 Нашата CrimethInk. келија е пресреќна да ја комеморира седумгодишнината на историските СТО протести во Сиетл, преку издавање на нова публикација, Н30: Мемоар и анализа, со поглед кон иднината. Оваа 64-страна стручна анализа посочува на перспекитвите на анархистичките рајотери/ки и корпоративните тинк-тенкови, сето тоа поткрепено со мапи, заборавен архивски материјал, и современа критика која претставува една кохерентна, сеопфатна слика на она што се случи во Сиетл и како тоа се одрази на текот на историјата. Електронската верзија на книгата и/или репликации-верзиите можеш да ја симнеш тука. Следува избор од поговорот, кој накратко се обраќа на успесите и неуспесите на “Сиетл моделот” на борба и до кој степен тоа останува релевантно и денес. Ретроспектива на СТО протестите: Седум години подоцна... Од оваа позиција денес, СТО протестите е можно да се протолкуваат на безброј начини. Тие беа пресврт во развојот на современото антикапиталистичко движење, во кое илјадници очајни групи се открија меѓу себе и моќта која можат заедно да ја произведат. Тие беа оној момент во кој, една декада по паѓањето на берлинскиот ѕид и крајот на старата “демократија версус комунизам” опозиција, фундаменталната дихотомија на глобалната политика беше повторно ставена на сцена како корпоративниот капитализам версус обичните луѓе. Тие беа, како што самите открија истражувачите од RAND корпорацијата, потврда на теории за тоа како новите комуникациски технологии би го обликувале социјалниот конфликт. Тие беа симултано, почетокот и кулминацијата на “движењето на движењата” кое заврши кога терористите/ките ја киднапираа глобалната сцена на 11ти септември, или кога комунистичките сплинтер групи го киднапираа анти-военото движење една ипол година подоцна, или кое продолжува толку долго колку што им е потребно време за темата на истражување на некои од професорите/ките по антропологија. Она што нас анархистите/ките ни е битно, секако, е што можеме да научиме од минатото, за ефективно да делуваме во сегашноста. Дали има смисла да одиме на “друг Сиетл,”? или пак тоа е само дух од минатото. Дали некоја од тактиките успешни во Сиетл може да да бидат ефективни и денес, или дали се тема на законот на колку повеќе напор, толку помалку резултати.
Што се случи во Сиетл Веднаш по СТО протестите во Сиетл, некои реформисти/ки се жалеа дека конфронтационите тактики и подалекусежните цели на милитантните учесници/чки ги оддалечи луѓето и ја уништи шансата за конкретно насочена национална стратегија. Сепак, според реформистичките стандарди, т.н. анти-глобализациско движење (1) поврзано со протестите во Сиетл постигнаа практично невидени триумфи, а заслугата за ова барем во дел мора да им припадне на милитантите/ките. Следниот СТО состанок треба да се оддржи во Катар, цементирајќи ја сликата на СТО како анти-демократска, опресивна елита. Повеќето од предлозите кои најмногу ги разгневија активистите/ките беа веднаш исфрлени, како што е и со Договорот за Слободна трговска област на Америките (FTTA), кој сега е есенцијално мртов, во вода. Некои аналитичари/ки заклучија дека мобилизацијата против корпоративната глобализација рано го достигна врвот, затоа што нејзините цели не беа доволно амбициозни. Освен тоа што комплетно ја променија јавната слика на СТО, успешно изнудвуајќи концесии од сето тоа, милитантноста на демонстрантите/ките во Сиетл ги натера нивните наводни критичари/ки да усвојат понекомпромисен став. Организираните работници/чки и сегменти на Демократската партија со цел да го оправдаат своето постоење мораа да прикажат илузија дека се во опозиција. Како што искрено беше признаено во извештајот на RAND, тие се надеваа да ја оддржуваат оваа илузија и симултано да апсорбираат и неутрализираат било какви радикални тенденции преку нивно појавување на СТО протестите во Сиетл. Штом се најдоа фатени во огромната, очигледно народна демонстрација против СТО, тие мораа да глумат барем некаква блискост, зошто во спротивно ќе ја откриеја својата “опозиција”, своето преправање. Така, можеме да видиме дека директната акција е најефективното средство, и за вршење притисок врз непријателите и да ја искористиш моќта на наводните сојузници. Дури и да не сакаш да ја симнеш владата, заборави на гласање и потпишување петиции. Единствената надеж за промени е на улиците. Конечно, успесите во Сиетл им донесоа видливост на американските анархисти/ки низ цел свет, заедно со толку потребниот морален поттик, и обезбеди формат за идни акции. “Самит-хопинг”* моделот стана доблест на краткотрајност што беше пречка во антикапиталистичкото организирање во Северна Америка, сакале тоа ние или не, движењето мора да ги искористи своите слабости да стане појако, и кога веќе има толку многу анархисти/ки кои не можат да останат доволно долго на едно место за ефективно локално организирање, тогаш барем оваа мобилност им овозможи повремено да се собираат заедно на капиталистичките самити. Достигнувањата во Сиетл кои влијаеа на анархистичката заедница долгорочно испаднаа опасни подароци: веднаш штом ги снема медиумското внимание, возбудата од победа, и ефективноста на новиот модел, многу анархисти/ки почувствуваа дека се вратија назад на самиот почеток. Комплексно наследство
Во присеќавањето на мобилизацијата во Сиетл, луѓето често пати ги превидуваат годините на неуспех кои и претходеа. Она што се случи во Сиетл беше можно точно затоа што имаше години, ако не и декади, откако толку многу луѓе почнаа да се придружуваат во пореметувачка акција против капиталистичките институции во САД. Како што е забележано и во анализата на RAND, полицијата очекуваше симболични апсења а ла анти-нуклеарните демонстрации во 80тите, а не координираната опструкција и немирите кои ги добија. Последователни масовни акции беше многу потешко да се случат, бидејќи властите го мобилизираа секој свој ресурс за да осигурат она што се случи во Сиетл, да не се случи никогаш повторно. И поркај ова, Сиетл беше следен од серии на демонстрации, за разлика од претходната декада: Вашингтон, Д.Ц. беше затворен следниот април од протестите против Меѓународниот Монетарен Фонд, година подоцна министерскиот состанок на FTTA во Квебек Сити приреди навистина интензивна улична борба, невидена од немирите во Лос Анџелес во 1992. Сите солзавци во земјата не можеа да им бидат рамни на ентузијазмот на антикапиталистичкото движење, штом луѓето имаа веќе модел по кој ќе работат и структура која можат да ја стават во сила. И така беше се до 11ти септември, 2001, кога плимата конечно почна да се повлекува, а ова се случи првенствено како резултат на нашироко само-исполнувачкото распространето пророштво дека кулминацијата на антикапиталистичките масовни акции беше и заврши. Моментумот кој го следеше Сиетл беше уништен, не од владината реакција, туку беше напуштен од оние кои го оддржуваа: најзначајното прашање поставено во пост-Сиетл фазата на борба не беше како да се справиме со репресијата, туку како да го оддржиме моралот. Откако антикапиталистите/ките ја изгубија иницијативата, беше неизбежно да ја повратат партизаните/ките со желна импотенција. Пропорционално на бројот на учеснци/чки, анти-военото движење од 2002 до 2003 беше неверојатно неефективно, во голем дел поради махинациите на либералите/ките и комунистите/ките кои направија се да спречат секого да преземе некоја ефективна акција. И штом легендата за Сиетл престана да биде изворниот мит за постоечкото, вибрирачко движење, за секој/а што се обидуваше да го аплицира моделот на масовна акција, тоа стана товар. Иако многу анархистички демонстрации помеѓу 2002 и 2005 постигнаа многу повеќе од се што се случуваше во средината на 90тите, во споредба со Битката на Сиетл тие изгледаа разочарувачки и скаменети. Минатите достигнувања секогаш фрлаат сенка врз сегашните, и колку подолго некој прави отстапки поради нив, сенките стануваат се поголеми. Министерскиот состанок на FTTA во Мајами, четири години по СТО протестите во Сиетл покажа колку изгубија антикапиталистите/ките, а колку нивните противници/чки, и оние во униформа и оние кои носеа протестни транспаренти, научија. И иако можеби имаше исто толку посветени анархисти/ки во Мајами, како во Сиетл, бројот на други протестанти/ки беше многу помал - делумно поради тоа што Мајами е толку далеку од остатокот од САД, делумно затоа што во него живее најреаакционерната латино популација од било кој друг американски град, и делумно затоа што способноста на антикапиталистичките мрежи да ги донесат протестантите/ките беше исцрпена од деморализираноста и натпреварот со анти-военото организирање. AFL-CIO лицемерно соработуваа со полицијата во повикувањето на демонстрантите/ките да не изведуваат никаква директна акција за време на маршот, а демонстрантите/ките - лудо - се согласија со ова барање. Ова и овозможи на полицијата да се концентрира на тепање и пуштање пепер спреј на луѓето пред заедничкиот марш, контролирајќи ги улиците за време на маршот, а потоа злобно напаствувајќи и апсејќи секого кој/а останал/а во градот по маршот. Полициските тактики во Мајами, кои беа значително поагресивни од оние на полицијата во Сиетл, покажа дека среќната случајност во Сиетл не беше тоа што полицијата беше толку агресивна, туку тоа што корпоративните медиуми беа фатени неспремни и случајно известуваа за нивното насилство (2). Конечно, стратегијата на демонстрантите/ките во Мајами, која во голем дел се состоеше од симболичен напад на оградата која ја обиколуваше средбата, немаше никаква шанса да ја попречи. Протестите во Мајами успеаја единствено во попречувањето на работата како и вообичаено и давање на лошо име на FTAA затоа што властите, кои сеуште ја имаа в глава сликата од Сиетл, преземаа навистина широки мерки на репресија. Гледајќи од моментот на овој запис, министерскиот состанок на FTTA во Мајами е самиот три години зад нас, а од втората инаугурација на Буш пред скоро две години, во САД досега немало некои поголеми масовни акции. Парадоксално, добра вест сега е што помина веќе доволно време од СТО протестите, така што може повторно да се случи некоја масовна мобилизација со паметна стратегија која би ги фатила властите изненадени - но лошата вест е што анархистите/ките, деморализирани од долгогодишното обидување да се “повтори Сиетл”, можеби не се спремни да вложат се во уште еден обид. Што е следно? Претседателската кампања од 2008 ќе биде следниот повод против кој може да се очекува да се случат поголеми масовни акции. Без разлика какви и да претчувства во моментот имаат некои од нас во врска со нив, за анархистите/ките, доколку не го покажат своето моќно присуство во масовните акции во 2008, би имало еднакво значење во нашето исчезнување од националната арена на социјалната борба. Главниот предизвик на моделот на масовна акција е тоа што неговите најголеми предности и слабости се идентични. Тргнувајќи од физичката равенка тензија=сила/површина, овој модел донесува голем број луѓе на мал простор, за нивните координирани акции да имаат забележителни ефекти - но со неопходна претпазливост, државата исто така може да ги концентрира своите сили за да ги неутрализира нивните напори. Па така, успешни масовни акции мора или да дојдат како изненадување, или пак да ангажираат неочекувана стратегија. На пример, на Г8 протестите во Шкотска во 2005, учесниците/чките ги надмудрија властите растурајќи се во провинцијата за да ги блокираат патиштата надвор од областите каде полициските сили беа концентрирани. Ефективната масовна акција има потреба луѓето од широка лепеза на перспективи да работат заедно, без да се ограничуваат меѓу себе. Во тој однос, масовните акции се добар начин на градење на симбиотичките односи, фундаментални за анархистичкото општество. Мобилизациите кои следеа на Сиетл, Квебек Сити, и на други места успеаја затоа што голем број луѓе симултано се вклучуваа во еден разновиден лак на комплементарни тактики. Без обзир на успехот на одредена акција, способноста да се направи самото ова претставува победа над сегрегацијата, изолацијата и конфликтот промовиран од капиталистичкиот систем. Во однос на тоа, СТО протестите во Сиетл не беа неповторливо чудо, ами пример за тоа колку моќни можеме да бидеме секогаш кога наоѓаме начин заедно да работиме. Четива кои ги предлагаме Ние сме насекаде: Неодоливиот Подем на Глобалниот Антикапитализам - преку сведоштва, фотографии, тактики, историја, оваа книга нуди одличен контекст за антикапиталистичкото организирање во годините се до и веднаш по СТО протестите. “Пет години по СТО протестите” од Чак Мансон - во оваа статија, еден од администраторите на www.infoshop.org ги побива медиумските известувања дека движењето зад СТО протестите до 2004 дојде до својот крај. “Комунике на Црниот Блок за Н30”, од Acme колективот, - некои од учесниците/чките во Црниот Блок во Сиетл ја издадоа оваа одлична и градирана одбрана на анархистичкото уништување на сопственоста за време на СТО демонстрациите, веднаш по нив. “Демонстрирајќи отпор”, статија во првиот број на Rolling Thunder – оваа широка анализа следи на анархистичкото експериментирање со моделите на масовна акција и автономна акција кои се појавија помеѓу 2000 и 2005, извлекувајќи заклучоци за тоа кои фактори треба да се присутни за успех на било кој пристап. 1. - Иронично, “анти-глобализациското движење” беше можеби најглобално меѓу-поврзано движење во историјата на протстните движења. Корпоративните медиуми го крстија со тој мисномер??? Затоа што идентификувајќи го со она што е - движење кое се спротиставува на капиталистичката глобализација - го признаваат постоењето на капитализмот, а со тоа и можноста за други социјални и економски системи. 2 - И обратно, бидејќи драматично милитаризираните полициски сили во Мајами се состоеа од барем шест пати повеќе полицајци/ки од оние кои ја штитеа СТО во Сиетл, а се соочија со толпа, можеби една петина од онаа која се собра во 1999, не можеа да се вадат на оправдувањето дека биле “изненадени” и натерани да применат насилство. И доколку нешто значи, полицијата во Мајами беше многу понасилна од онаа во Сиетл, без повод напаѓајќи ги демонстрантите/ките, пензионираните синдикални членови/ки, како и некои репротери/ки од корпоративните медиуми. Извор: anarchistnews.org
|