за Терор13 | архива | контактирај не' | линкови текстови | концерти

Играчи/ки со камери за набљудување: 10-годишен извештај

 

Луѓето општо се излажани кога судат за одредени прашања и настани, но подоцна, кога ги сфаќаат работите во нивните особености, повеќе не се лажат (...) Јасно е дека најбрз начин да се отворат очите на луѓето, земајќи во обзир дека некоја општа работа може да ги излаже, е токму да се помине на нејзините посебности.

  • Николо Макијавели, Дискурси за Ливи

Играчите/ките со Камерите за Набљудување (ИКН) е мала, неформална група луѓе кои безусловно се спротиставуваат на инсталирањето и употребата на видео камерите за набљудување на јавни места. ИКН беше формирана во Њујорк Сити, во ноември 1996 од две групи пријатели/ки/активисти/ки: едната концентрирана околу Мајкл Картер, авторот на манифестот за “Герилско пред-програмирање на видео набљудувањето” (1995), а другата околу Бил Браун, од кампањата “Унабомбер за претседател” (1996). И двете споделуваат силен интерес за теориите и акциите на Ситуационистичката Интернационала, особено нејзината примена на “пранк”* или детурнамент (скршнувајќи ги кротките и опресивни материјали за субверзивни цели).

Првиот перформанс на ИКН беше на 10ти декември 1996, кога групата ја претстави верзијата на Алфред Џери, Уби Рои, на стогодишнината од првата изведба на претставата. Текстови во врска со перформансот - кој беше прекинат и затворен од њујоршката полиција - плус оглас за следната сезона на перформанси на ИКН, беа објавени во ситуационистичкиот зин на Бил NOT BORED! (#26, ноември 1996 и #27, мај 1997). После сето ова, за кратко време, ИКН беше целосно неактивна; се до јули 1998, кога групата настапи по втор пат. Но третиот и четвртиот перформанс, кои дојдоа во ноември 1998 и понудија ИКН верзија на Орвеловата 84та, навистина ги придвижи работите. Оттогаш групата е интензивно активна. Од 1999 до 2001 беа особено активни, продуктивни и наградувачки.

Центрирани околу Бил, ИКН исто така вклучуваше неколку долгорочни членови/ки (забележителните Сузан Хал, па Кимберли, Миранда и Шон). Во изминативе 10 години, преку 50 различни луѓе изведуваа во/со групата. Тесногради во еден поглед (само еден/на афро-американец/ка), составот на ИКН прилично варираше: имаше многу жени (преку 75%), неколку геј мажи и лезбејки, и луѓе на возраст помеѓу тинејџерските години до пеесети. Сите ја дефинираат својата политика како анархистичка.

Средина

Во Њујорк беа инсталирани камери за набљудување во три големи бранови: 1. во 1960тите и 1970тите, за борба против крадците/ачките од организираниот криминал (првите камери на њујоршкиот полициски оддел беа инсталирани околу Градското собрание и Тајмс Сквер во доцните 1960ти и раните 1970ти); 2. во 1990тите, како дел од кампањите “нула толеранција” против дрогата и криминалот на градоначалникот Џулијани; и 3. со будењето на 11ти септември, но особено во последната година кога во метроата се инсталираа 1000 поврзани камери со оптичко влакно, направени од Локхид-Мартин, во Бронкс и Бруклин се инсталираа 505 безжични дигитални камери, финансирано од фондот на Одделот за безбедност на земјата, и се најавува дека наскоро ќе бидат инсталирани камери за набљудуање во сите MTA автобуси.

Текстови за претстави

Групата адаптираше девет дела за перформанс пред јавно инсталираните камери за набљудување (вклучувајќи ги адаптациите на 84-тата на Џорџ Орвел и Масовна психологја на фашизмот на Вилхелм Рајх, и напиша седум оригинални претстави (вклучувајќи ги Во ред е, полицаецу, која се покажа дека може да се примени и во други култури, па дури и на други јазици),

Перформанси

Групата има изведено вкупно 66 пати, највеќе во Њујорк Сити, но исто така и во неколку други американски градови (Пикскил, ЊЈ, Балтимор, МД, Џерси Сити, ЊЏ, Сан Франциско, КА, и Бостон, МА) и во градови во Европа (Амстердам, Холандија, Болоња, Италија, Лондон, Бристол, Манчестер и Лидс, Велика Британија, Манхајм, Минхен, Нурембург и Лајпциг, Германија, Грац, Австрија и Барселона).

Мапи

Групата направи 14 мапи од најнабљудуваните места во Њујорк Сити. Исто така направи мапи од други американски градови (Њу Хевн, СТ, Портланд, ОР, Чикаго, ИЛ, Бостон, МА, Провиденс, РИ, и Синсинати, ОХ) и градови во Европа (Грац, Австрија, Лајпциг, Германија и Лидс, Англија).

Пешачки тури

Виртуелно секоја недела од Денот на благодарноста, 2000тата, користејќи свои мапи за водење, групата дава бесплатни пешачки тури на најнабљудуваните места во Њујорк. Овие тури се концентирани на тоа како работите изгледаат, како тие функционираат и како ќе функционираат доколку се подобрат (“паметни камери”). Низ годиниве, близу 3000 луѓе ги посетија. Групата исто така даваше слични пешачки тури во Портланд, Чикаго, Бостон, Провиденс, Синсинати, Грац, Манхајм, Лајпциг и Лидс.

Позициони записи

Групата авторизираше, и веднаш ги пушти он-лајн, 38 позициони записи, понекогаш како реакција на тековните настани, друг пат да ја подобјасни својата теоретска позиција (во однос на Дебор, Фуко, Рајх, По или Арто) или односите на групата со другите групи. Можеби најбитен од овие позициони записи беше оној оригинално објавен на 13ти септември 2001, кој се однесуваше на одлучноста на групата да продолжи со својата работа, и покрај, и поради нападите од 11ти септември.

Музејски изложби

8-минутната видео лента на ИКН, направена од перформансот на 8ми ноември, 84та на Џорџ Орвел, стана нешто како класика: на пола изминат перформанс се појавува њујоршката полиција, за време на сцената со тортура “Соба 101”, поставувајќи прашања, но не го прекинува перформансот,  кој завршува со њујоршката полиција “на сцена”. Освен што беше прикажана на ТВ (види подоле), оваа видео лента беше прикажана од музеите за современа уметност во Австрија (2000), Шпанија (2001), Германија (2001 и 2002), Њу Џерси (2002 и 2006), Канзас (2002), Чикаго (2002 и 2003), Њујорк Сити (2002), Род Ајленд (2002), Масачусец (2002 и 2004), и Калифорнија (2003).

Он лајн енциклопедија

Групата ги стави сите свои горе наведени материјали (текстови, мапи, фотографии и видео-клипови) он лајн, со експлицитни забелешки дека ништо нема копирајт и дека се може слободно да се користи. Веб страната на групата е така-така популарен, привлекувајќи 3000 посетители/ки дневно.

Освен тоа, групата успеа да оддржи: 1. цела една лепеза од “блогови” (некои од нив ги следат вестите поврзани со злоупотреба на камерите за набљудување, протестите против нивно употребување, и истражување на нивнатата ефективност); серија на постојани осуди (корпоративни кои се обидуваат да ја соберат групата, измамници кои водат лажни анти-набљудувачки групи, и посетители/ки кои користат воени и/или владини сервери за да влезат на страната), и 3. еден вид на енциклопедија на набљудувањето (закони и правни правила, истории, технички описи и профили на најголемите инвеститори/ки во тоа и корисниците/чките на технологијата за набљудување).

Покривање од печатот

Групата доби големо медиумско внимание, и тука во САД и низ светот. Приказни/наслови беа емитувани на ТВ, во печатот, на радио и на веб страните, на германски, италијански, француски, холандски, хебрејски и јапонски, како и на англиски. Најголемото покривање дојде од Њујорк Тајмс (6 статии), Вилиџ Војс (6), Њујорк Пост (4), Си Ен Ен (3), ЕмЕсЕнБиСи (3), Вајрд Њус (3), и РАИ италијанската телевизија (3). Поради доста обемното покривање на настанот - и покрај општо поволниот тон - не беше многу интелегентно, групата успеа да оддржи блог во кој најлошите беа критикувани, а најдобрите фалени. Исто така постои блог во кој стојат имињата на оние “дед енд” новинари/ки кои ни одзедоа толку време, а никогаш не објавија некој текст или пак не успеаја да ни пратат копија од она што го објавија.

Книги

Во август 2006тата групата ја објави Знаеме дека не гледате: Играчи/ки со камерите за набљудување 1996 до 2006, од Factory School Books. Оваа 292-страна книга содржи се што е наведено погоре (вклучувајќи и избор на црно бели фотографии), освен покривањето на вестите, реакциите на ИКН на ова покривање, и целосната ИКН енциклопедија за набљудувањето.

Други ИКН групи

Следејќи го моделот на Храна, а не оружје, ИКН секогаш  ги охрабруваше другите да формираат слични групи и, доколку така сакаат, да си го присвојат и ИКН името. Низ годините, ИКН групи се формираа во Темпе, АЗ; Сан Франциско, КА; Стокхолм, Шведска; Болоња, Италија; Истанбул, Турција; Вилнус, Литванија. Координирани акции помеѓу овие и други групи (особено Сурие, Ву Ет Филм во Франција) беа изведени во декември 2000, септември 2001, септември 2002, и март 2006.

Музички придонес

Во 2004, еден хардкор, хеви метал треш бенд од Германија, кој се вика Ба’ал издаде албум кој вклучуваше и песна наречена “Играчи/ки со камери за набљудување. Зборовите идат вака: “Зошто да веруваш во себеси / Кога твојата влада не ти верува. Немој да веруваш никому / Како што тоа го прави твојата влада. Ти си ѕвездата на секојдневната сапуница / дел од големиот 24-7 филм. Оптимистите грешат / А дури и Орвел беше оптимист”. Можеби ова е местото да кажеме дека во видеото од МТВ2 за песната на “Крвта на Абрахам” “Eyedollartree” кратко се појавуваат ИКН.

Документарец

Од 1999 до 2003, многу од перформансите на ИКН, плус уште неколку интервјуа со членови/ки од групата, беа снимени од пар професионални филмаџии/ки (Џед и Аманда). Оригиналната идеја беше да се произведе еден цел филм, наречен Someone to watch over me (Некој да се грижи за мене (или) Некој да ме гледа). Иако 7-минутен трејлер со време беше произведен, самиот филм не излезе. Во 2004, како реакција на самостојното одлучување на филмаџиите/ките да скршнат од општата цел на проектот, а да се насочат кон личностите на индивидуални членови/ки, ИКН немаше друг избор освен да ја прекинат соработката.

Преглед

И покрај тоа што повеќето “пранкстер” групи се краткорочни, ИКН успеа да трае, а во периоди, и да има успеси, веќе 10 години, и покрај преселувањето на неколку клучни членки/ови во градови надвор од Њујорк, и покрај понекогаш доста објавуваните лични проблеми на одредени членки/ови. Генерално, групата е и помогната и повредена од нејзината “спектакуларна” изолација, поради тоа што е единствена група од овој вид. Да бидеме фер: австралиските активискти/ки изведуваат пред јавно инсталираните, полициски камери за набљудување од 1993, а Сурие, Ву Ет Филм беше формирана во 1995, една година пред ИКН. Но ИКН беше прва и останува единствена група да понуди добро обликуван пакет: улични перформанси, видео документација, теоретски придонес, мапи и шетачки тури.

До денес, не вреди тоа што неколку групи или “независни” медиумски веб страни инспирирани од прогресивниот либерализам, ултра-левицата или анархизмот, го направија  набљудувањето - а тоа значи, приватноста, правото да се биде автономен - централна грижа и барање. Можеби ова говори за слабоста на ИКН, нејзиниот неуспех да зачне движење. Но можеби во игра се и други сили. Да завршиме онака како што започнавме ќе ги цетираме Дискурсите за Ливи: “Да се обидеш да ослободиш народ кој сака да живее во ропство е исто толку тешко и опасно како кога се обидуваш да заробиш народ кој сака да живее во слобода”.
Њујорк
10ти декември 2006
http://www.notbored.org/the-scp.html

Водич за уништување на CCTV
http://www.rtmark.com/cctv/

*во превод би дошло украс

извор: anarchistnews.org