
Преведено од “Liberacion”, 28ми август 2004
Жоел Оброн, поранешна членка на Action Directe, беше ослободена во јуни поради здравствени причини:
на 14ти јуни Жоел Оброн, 45-годишна, е ослободена после 17 години затвор од Бапауме затворот (Pas-de-Calais). Причината за суспензија на нејзината казна беше рак со метастази на мозокот. Поранешната членка на Action Directe (AD) беше осудена доживотно за две убиства во 1985та и 1986та, врз Рене Одран, генерален испектор на војска, и Жорж Бесе, директорот на Рено. За Liberacion таа се присеќава на нејзините години во затвор и AD.
Како помина времето во затвор?
Ја знаев нашата казна уште од моментот кога ми ставија лисици. Па така подоцна тоа веќе не беше изненадување. Порано мислев дека времето в затвор е долг период. Низ годините, почнав да размислувам поинаку. Принципот беше, да се собере доволно енергија да се држат ѕидовите настрана. Кога одев горе доле по ходникот на одделот размислувајќи, гледав жени кои седеа наоколу, особено во викендите, чекајќи нешто да се случи... мене никогаш не ми беше досадно. Секогаш имав многу што да правам: да читам, да одговарам на писма, да преведувам текстови, да правам колажи, да цртам со водени бои, и згора на се, тие вечни апликации. За буквално се: за да внесам книги, па да ги вратам; за да купам или за да добијам продолжена посета. Ова е систематски организирана зависност, против која мора да се бориш. Сепак, затворот не е смртна казна. Во најлош случај, метаболизмот ти се прилагодува на успорувањето.
Какви се односите помеѓу затвореничките во женскиот затвор?
Многу жени беа заборавени. Наспроти машките затвори, времето за посета никогаш не е преоптоварено. За скоро четири години во Бапауме, само еднаш имав проблеми да ја продолжам посетата заради тоа што ќелијата за посета беше полна. Емотивната мизерија е толку голема, што не мора воопшто да се прашуваш за недостатокот на солидарност помеѓу затвореничките.
Но кога нашите другари/ки дојдоа во септември да демонстрираат пред ѕидот, жените беа среќни. Тие беа допрени од фактот дека по толку години потојат луѓе таму некаде кои мислат на нас и ја покажуваат својата солидарност. Ова беше славење, како да беа самите тие, оние кои се враќаат од заборавот. Атмосферата потоа се промени. Беше многу повесело, со поголема солидарност. Што се однесува до мене, јас се шегувам: 20 години бев мажена за Реџи Шлајкер, но 20 години живеев со Натали Менигон. Заедно, ден по ден, засновавме една солидна врска на другарки.
Како и другите затвореници/чки од AD, помина години во целосна изолација. Како го искуси ова време?
Натали имаше многу добра формула да го опише тоа: “Кога си изолиран/а губиш време, го губиш денот и на крај себеси”. Во изолација немаш никого, освен гомнарите/ките. Ти треба нечиј друг поглед на тебе, за да живееш, за да знаеш дека постоиш. По толку месеци поминати, сама почнуваш да размислуваш за тоа. Некои се сечат. Не секогаш од очај, туку едноставно да ја види крвта како тече и да си докаже, дека е жива. Во текот на сите тие штрајкови со глад кои ги поминавме, јас случајно дознав дека е невозможно да го одделиш телото од умот. Во штрајкот, умот предводи. Кога ќе прекинеш, телото се одмаздува. Во изолација, не е нешто посебно кога телото ќе презме контрола. Ризикот е доколку не го направи тоа, умот ќе земи се. Тоа му се случи на Жорж по шест години изолација и неколку штрајкови со глад.
Како дозна за твојата болест?
Почнав да се чувствувам лошо. Си реков себеси, дека тоа не е ништо, тоа е едноставно внатрешна исцрпеност. Тогаш се онесвестив. Во болницата во Лил, направија MRI и радиологот ми рече дека имам малигнен тумур во мозокот. Не реков ништо. Тој повтори, но јас не реагирав. Тој мислеше дека можеби сум иритирана од оедемата во мозокот, па така тој ми повтори она што го кажа: “Дали разбираш?” Јас реков: “Да, но што да правам?” Гомнарот/ката кој/а ме придружуваше, и кој добро ме познаваше, беше вџашен. Но јас секогаш реагирав многу ладно, многу рационално, без да бидам воопшто фаталистка. Сега се прашувам, како можам да се грижам за здравјето, што можам да направам што би било корисно? Кога свињите ме заврзаа за креветот, беше исто. Вриштењето само ќе ги вознемиреше пациентите/ките, а ќе ми ги врзеа и нозете исто така. Во извештајот на медицинските експерти/ки за суспензија на мојата казна, мојата иднина изгледаше мрачна. Во почетокот мојот/та адвокат/ка се двоумеше, и не сакаше да го прочитам. Но јас повеќе сакав да знам што ми е. Најбитната работа сега ми е да живеам што е можно помирно, опкружена од моето семејство и пријатели/ки, и да потрошам највеќе енергија во борба против оваа болест.
Што се случи при твоето ослободување?
Не го очекував; не гледав ни најмала шанса дека било кој/а од нас ќе биде ослободен/а. Болеста ја промени ситуацијата. Но си реков себеси: “Не го поврзувај својот опстанок со твоето ослободување”. Едвај имав време да ја сфатам надежта за ослободување и конечно самото ослободување. Од моите први чекори надвор, имаше една цела маса новинари/ки, камери, блицеви. Си го покрив лицето со раце. Другарите/ките ме штитеа. Подоцна отидовме до куќите на некои пријатели/ки. Некои од нив не ги имав видено цели 20 години, имаше и други кои ме поздравуваа, кои не ги знаев од порано, други пак се јавуваа, а нашите разговори беа многу кратки и расцепкани. Гледам на неколку работи и си велам себеси: “Го гледам тоа прв пат во 17 години”. Тоа е неверојатно и апсолутно нормално, и двете во исто време. Добро, претходно беше неверојатно. Да бидеш осуден/а на хоризонт ограничен од ѕидови, мрачен коридор и вежби на бетонскиот двор. Сега сум набљудувачка. Не планирам да правам нешто. Слушам, гледам, примам. Исто така, ја ценам мојата феноменална шанса: излегувам надвор и има банда луѓе кои можам да ги сретнам, на кои можам да сметам. Тоа е огромна разлика од повеќето затвореници/чки, кои се пуштаат во општествената и финансиска мизерија.
Што правиш по цел ден?
Го делам денот на време за одмор, време кога се грижам за себе, и време да поминам со пријателите/ките. ги посетувам оние,кои патуваа долго за да ме посетат во затвор. Бев во Корзика и Германија, што исто така му/и кажав на мојот/та судија/ка супервизор/ка, кој/а редовно ме прибира. Моите другари/ки од AD, кои сеуште ги отслужуваат своите казни, се секогаш во моите мисли.
Како гледаш на акциите на AD денес? Убивањата?
Етички и од хуманистичка гледна точка, ничија смрт не е оправдана. Но исто така не можам да формулирам ниту жалење, ниту каење; би се чувствувала нечесна кон жртвите и кон оние кои останаа... Одговорноста е моја, не само затоа што бев осудена, туку исто така затоа што бев членка на оваа организација. Тоа беше одлука во тој особен момент, тоа беше реалноста на борбата. Ние мислевме, јас мислев, дека е можно да се извади моќта на дуел. Ние мислевме, дека можеме да ги одбраниме барикадите. Јас сум прилично нејасна, но сум апсолутно јасна околу тоа. Историскиот и политичкиот контекст, целата атмосфера, на 80тите недостасува. Би можела да го објаснам тоа, но тоа би пополнило неколку страници. Згора на тоа, AD не се појави од ништо. Ние бевме дел од една долга историја, и ние бевме многу, кои верувавме во енергијата, сметавме на неа, која на крај не се случи. Нашата хипотеза падна. Тоа е јасно. Но не можам едноставно да ги оградам тие 17 дури 20 години од мојот живот. Би се прашала себеси: “Се тоа за ништо?” Како и да е, нема нешто што сакам да порекнам. Иако е факт дека притисокот да се одречам од се беше многу присутен во нашите 17 години затвор. Денес моите другари/ки се сеуште соочени со тоа.
Текстот оригинално е земен од: www.action-directe.net (француски/германски)
Жоел Оброн умре од рак на 1ви март 2006
извор: anarchistnews.org