од Вил Вејкарт
за Fifth Estate
Скоро цела современа радикална мисла е одбележана од дијалектиката. Класичниот анархизам, марксизмот (во сите свои варијанти), и ситуационистите и должат многу на мислата на германскиот философ Г.В.Ф. Хегел, а оттука на дијалектиката. На пример, политичката мисла на анархистичките и анти-авторитарни теоретичари/ки како Михаил Бакуњин, Ги Дебор, Мјуреј Букчин и Фреди Перлман, се потпира на дијалектктичкото размислување.
Поструктуралистичкиот социјален теоретичар Мишел Фуко дури ги карактеризираше теориите на Хегел како дух кој демне низ 20тиот век. Всушност, дијалектиката е толку хегемонистичка во радикалните кругови што општа забелешка за ова гледање е дека е “недоволно дијалектична”.
Но современиот радикализам не е “недоволно дијалектичен”, ами повеќе предијалектичен. Дијалектиката е виртуелно сеприсутна (и не само кај левицата), тивко информирајќи за многу од она што правиме и како мислиме, често пати несвесно, па дури (или можеби особено) за оние кои никогаш не го читале Хегел или Маркс. Спротивно на неговите тврдења, токму дијалектиката е таа која е недоволна за анализа на разноврсноста на движењето и промената. Сепак оваа обесхрабрувачка комплексност на светот не е причина за очај и неактивност. Напротив, токму спротивното: наместо да биде редуциран, нашиот комплексен свет треба да биде ценет и возвишен. Треба критички да го преиспитаме нашиот интелектуален багаж со цел да го поставиме како прашање некои од основните претпоставки како да размислуваме и дејствуваме политички.
Едно од најинтересните прашања во однос на ова која изгледа како апстрактна дискусија е: како нашата колективна неспособност да раскрсти со дијалектиката влијае и ја ограничува нашата политичка активност, нашата ефикасност, и нашиот хоризонт на можности? Едно од најасните наследства на хегеловата дијалектика, присвоена и модифицирана од Маркс, е катаклизмичниот и фетишизиран поим на Револуцијата, каде ние луѓето (како засебен, дискретен ентитет) се впуштаме во директна и драматична конфронтација со нашите угнетувачи (друг сојуз) и ги менуваме работите фундаментално кон подобро. Следејќи ја хегеловата “господар / слуга” дијалектика, овој приод вели дека животот нема значење независно од смртта - дека животот има смисла се додека е под закана на смртта и се бори против неа. Па така, ова ја поддржува романтичната револуционерна забелешка дека ние сме присилени, да го ризикуваме својот живот, како и да го земаме животот на другите. Со конкретни зборови, ова значи дека најефективната политичка акција доаѓа во форма на директна конфронтација со моќта.
Но едно од ограничувањата на овој приод е неговиот неуспех да ја признае очигледната огромна маса на моќи против која сме соочени. Се чини дека живееме со чудовиштето капитал / држава машина толку подведено на своето правило дека самиот живот (теренот на биополитичкото - производство и репродукција на истото) е ставен на коцка:”Или ко шо ќе кажам ја или ништо! Ако ме повлечеш надоле,ќе те повлечам со себе!? Оваа моќ е убиствена и самоубиствена во исто време. Токму преку концепти како овие за биополитика и биомоќ (од Фуко) можеме да започнеме да градиме кохерентен радикализам кој ги критикува и државите (како извор на расизмот итн.) и капиталот на комплексен и суптилен начин кој ги зема во предвид технолошките промени и смени во глобалната економија, власта,трудот итн. што искрено не можеше да се предвиди во времето на Маркс. Време е да ги признаеме позитивните приоди кои Фуко ги аргументира и да ги замениме со области во марксовата мисла, каде веќе има изгубено објаснувачка сила... наместо да ги гледаме двете како целосно спротиставени страни.
Како и да е, одговорот на ова прашање има потенцијал да отвори нови можности во теоријата и праксата на Левицата, која често пати изгледа некреативна, импотентна и стагнирана, врзана за излитени и безизлезни идеологии, стратегии и тактики. Ми се чини дека онтологијата заснована на иманентноста е покохерентна со многу од централните начела на анархизмот, како: без богови, без господари. Без трансцеденција. Или како што јас повеќе љубам да кажам (со афирмативно да кон Ниче): сите богови, сите господари.
Дијалектиката била присутна во ембрионска форма уште со грчките пред-Сократови философи, па преку Имануел Кант, пред да се постави себеси како темелник на хегеловата мисла, која подоцна ќе ја наследи Маркс. Онтолошката ориентација на дијалектиката е еден/на кон процес, промена и движење. Спротиставените сили реагираат произведувајќи го новото, и правејќи го тоа, тие се заменуваат самите себе. Дијалектичната мисла скоро секогаш започнува со ДВЕ игра на спротивностите (понекогаш опишана како танц); но принципот на негативноста е исто така центрлен. “Постоењето” е вкоренето во негативноста - на пр. За нешто не може да се знае (да постои) без помош на својата спротивност (она што не е). не постои светлина без темнина, итн. За многумина имепративот на негативноста презеде форма на “немилосрдна критика на се што постои” (Маркс) или во идеја која вели “страста за уништување е исто така креативна страст” (Бакуњин), која за возврат има интереси да создаде нешто подобро (желбата на IWW да изгради “нов свет во школката на стариот”).
Дијалектиката не дека само постои во доменот на идеите - па така, обично се смета само човечка - но исто така може да биде и поширок онтолошки став кој преминува преку физиката (како со идеите на акција и реакција), па ги опфаќа и домените на материјализмот, нештата, супстанцијалното. Во минатото дијалектичната мисла имала влијание дури и на современата научна мисла; идејата на “точниот еквилибриум”, промовиран од марскистичкиот еволутивен теоретичар Стефан Џеј Голд, потекнува од дијалектиката.
Прогресот е исто така централно начело на дијалектиката. Класичен пример на дијалектика е дискусија помеѓу двајца/две која резултира со некој повисок заклучок или разбирање, кое не можеше да биде постигнато доколку мислите на секој/а од нив останеа изолирани. Третиот термин кој излегува од дијалектиката содржи елементи и на оригиналните два, но е супериорен на (ги трансцедентира) двата. Моќта на дијалектиката често пати е претставена визулено/метафорички како спирала - во хегеловиот поглед кој се крева до небеса, апсолутниот дух, подобри времиња и можеби утопија. Теодор Адорно, како и да е, ја превртува на глава оваа идеја и претставува надолна спирала во јасна пеколна дистопија и на крај фашизам - визија позајмена од примитивистот Џон Зерзан кој го гледа тоталитетот на “цивилизацијата” како краен резултат на “прогресот”.
Кај Маркс, клучна дијалектика е историјата, а нејзин мотор е класната борба - конфликт помеѓу трудот и капиталот. Повисокиот (трансцедентен) трет термин е комунизмот, а тука Маркс е ист како Хегел во својот оптимизам. Најбитната интеракција за марксовиот историски материјализам е помеѓу идеите и нештата, телесното и нетелесното: доменот на идеи е во интеракција со, и влијае врз светот на формите/нештата, и вице верса. Но во конечната анализа, социјалната/материјалната состојба на луѓето е таа која ја одредува нивната свест.
Но моќите на системот се безбројни, тие ја спречуваат идејата за револуција да се најде на маса. Бидејќи овие моќи одат толку длабоко и се толку невидливи и скриени (Жил Делуз ги нарекува “општества на контрола”), алтернативните форми треба да се бараат. Овие го вклучуваат концептот на егзодус предложен од автономистите/ките, ризоматските форми елаборирани од Делуз и Феликс Гатари, мултитудите елаборирани од Мајкл Харт и Антонио Негри и поимот “отидени во Кроатан” промовиран од Рон Саколски, Питер Ламброн Вилсон и други.
Приодот понуден тука не е директна конфронтација, ами повеќе паралелна трка, користејќи ги летачките линии кои ги игнорираат/одбегнуваат моќите во корист на шансата да се гради вистинска слобода денес наспроти исчекувањето на магичниот ден на престојната револуција. Освен тоа, барајќи од нас да ги спуштиме сите наши јајца во кошницата на Револуцијата, изнудува сериозни прашања во врска со конзистентноста на средствата/целите, и етиката генерално (зошто се чини дека многу - или можеби дури и повеќето - луѓе не сакаат револуција, како да продолжиме демократски?).
Размислувачката/делувачката иманенција исто така фино се спојува со клишето, мило на толку многу од нас, со разновидни тактики, но исто така и со поимите на флуидност на идентитетот и автономијата.
Делуз го нуди концептот на модулација или флуидност како пракса. Водата, течност, влегува во пукнатините на бетонот, се замрзнува (па така станува цврста) и се шири, предизвикувајќи и растење на пукнатините. Мразот се топи и испарува во гас. Повторување. Во пукнатините почнува да се појавува растителен живот. Бетонот е побавен, а со тоа и поранлив на динамиката на модулирање (промена на состојбата) отворена на H2O молекулите. Движењата кои се преопседнати со идентитет, организација, бирократија, обединетост, итн. стануваат бавни и неефективни (да не споменувам досадни, некреативни и “отуѓувачки”).
Делуз истот така го нуди концептот на “иманенција” како алтернатива на дијалектиката - онтологија на радикалната разновидност и поле на несовладливи разлики, чиста пракса, без идентитет, отворени системи, динамични почетоци и нејасни граници. Тоа е онтологија против сите поими на трансцеденцијата; сфаќање на реалноста кое води кон радикална меѓуповрзаност на се; кое е осетливо на прекрасната разновидност и комплексност на реалноста; кое ја потенцира категоријата постоење на почетокот (наместо суштества во контрадикција, кое дијалектички води кон постоење нус производ); кое ја гледа реалноста како сепостоечка на една рамнина, место на две (земска рамнина и друга, или телесна рамнина и нетелесна рамнина). Иманенцијата е интимно поврзана со поимот на еднозначноста на битието, кое може да се најде кај Хенри Бергсон и Фуко (“битието секаде се изразува на истиот начин”); и е исто така поврзано со пантеистичкото стојалиште на Бенедикт Спиноза дека господ не е одвоен домен, ами постои секогаш во се (правејќи го можеби најрадикалниот атеист и материјалист!).
Тука е можноста на “човекот” како едвај еден модел на “природата” - раздвојувањето навистина не држи - што јас сметам дека ја покажува патеката до можна и кохерентна радикална онтологија и екологија, каде човекот и природата, и се што постои поливалентно, и ниту еден не се здобил со трансцедентност, т.е. доминација над другиот(те). Можеби преку теоретичарите/ките на иманенцијата можеме да најдеме кохерентна анархистичка теорија и пракса кои се во продолжен процес на искоренување на сит хиерархии и сите доминации, од кои и двете излегуваат и се перпетуираат поимите/состојбата на трансцеденција (Бог, татко, господар, држава, итн.). Единствено преку иманенција е можно да се зачне и реализира еднаквост со радикална разлика, свет слободен од се што наликува на капитал и држава.
Извор: anarchistnews.org