Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти

За Анарха-феминистичкиот фестивал во Загреб 13, 14,15ти април

Вештерките повторно на метли

Иако на почетокот, поради некои чудни здружени сили на физичка ограниченост и бирократски државни  говна, бев во дилема дали да појдам на 18-часовно патување до Загреб, се беше јасно кога ја погледнав програмата на фестот. Немаше шанси да пропуштам едно вакво историско збрање. Па така ете не, цело купе жени на пладневниот воз до зг. Освен четирите  посети од граничните булдози и душкала кои не намирисаа ништо, патот помина во ритам со тракотот на возот. Без жени го сквотираат вагонот, без менструални револуции и слично.

Рано утро, зг железничка. уф, само да спуштам глава. Се разидовме по локалните домаќини/ки. Неколку саата кревет и на нозе. Појдовме со сонцето кон Зелена Акција.

Зелена акција е една прекрасна локација, внатрешна зграда со еден прилично голем отворен простор кој совршено одговори на трите сончеви дена за цела таа релаксирана атмосфера на фестот.

Дан први

Другари/ки, видени и невидени, чуени и нечуени. Едно од задоволствата на патувањето беше повторното среќавање со луѓето кои поради, не толку географијата, колку државниот капитализам со неговите граници и паричен систем, не се толку често до мене колку што сакам.

Содржинскиот дел започна (всушост, претходно се одржала работилницата за диџејување, но јас стигнав подоцна) со паралелните презентации на Тиница - “Вивисекција на инфериорното” и Dead End Female Crew - Работилницата со графити и стенсили. Првата направи паралела помеѓу третманот на животните во експерименталните лабаратории на козметичката индустрија и жените како модни и козметички заморчиња. Грозморни слики на илјадници животни во маки и страдање и резултатот кој излегува од лабараторијата на нивната жртва - Карминот - Шминката. Грозоморни слики на исушени женски тела кои треба да ги задоволат стандардите на модниот пазар. Дискусијата која произлезе од оваа презентација одеше во насока на проблемот на пресликување на модните стандарди на анархо сцената, каде често имиџот претставува се, а движењето станува само уште една униформирана група.

Деад енд фемале црењ е екипа девојки од Скопје кои ги обличуваат сивите скопски улици, им даваат живот и се обидуваат да ја вратат уметноста онаму каде што и местото. Нивниот стрит арт е политизиран од искуствата кои тие ги доживуваат во секојдневното урбано живеење, не помалку имуно на патријархално-капиталистичкиот систем. Па така, нивните стенсили се обликувани анти-милитаристички и феминистички пораки, а нивните графити се приказни во боја кои ги раздвижуваат ѕидовите на скопскиот центар. По нивната видео презентација на својата работа, која беше воодушевено прифатена од публиката, сите страсно преминаа на практичниот дел и шарање на околните ѕидови.

ммм. ручек. Беше очигледно дека колективот храна, а не оружје со денови ги шетаа сите пазари, зошто кујната изобилуваше со разновидни рециклирани зеленчуци, овошје и веган пецива. Иако оброците беа навистина огромни казани полни со различни рецепти, вториот ден мојот ручек го немаше. храната беше навистина вкусна, па идеше екстра брзо. Но, затоа третиот ден бев прва во ред, за жал по цена на отсуство од една од работилниците.

Следеше филм за Ема Голдман, а паралелно, доцна се сетив, одеше (вон)родната работилница. Уф, како само ми беше жал што ја пропуштив неа. Како и да е, два дена по четири часа (кои верувам дека се потребни за темава, и многу повеќе) ќе беше предолго за мене, зошто сакав да фатам и други содржини. Подоцна рабрав дека беше наменета и за почетници/чки и за луѓе кои веќе се на некој начин инволвирани околу родовото, трансродовото, квир прашање. Се почнало од индивидуална и групна анализа на женскиот и машкиот идентитет, женственоста и маженственоста,  препознавање, потекло и сл, а подоцна играта на улоги внела динамика во групата, па следела добра дискусија.

Последното што го видов беше дискусијата Секоја држава е братска заедница, гласеше малку подолго, но тоа е тоа. Беше феминистичка критика на анархистичката теорија и пракса низ историјата. Се одвиваше многу брзо, а имаше и некое недоразбирање околу преводот, па се продолжи со некои локални приватни проблеми на сцената. Содржеше интересни информации во однос на местото на жената во мислата на анархистичките теоретичари/ки низ историјата, почнувајќи од екстремниот мизогенистички став на Прудон, проблемите на хоризонталната организација и провлекувањето на овој проблем - игнорирањето на женското прашање и маргинализирање на феминизмот во денешното анархо движење.

Се стемнуваше. пива веќе вртеа низ хаусторот, па полека во мали екипи групата се префрли во Ксет, каде продолжуваше вечерната програма. Концертот го отворија Евазија, хард кор бенд, силен женски вокал, жени на бас и гитара, и Гајо на тапани. Евазија во основа се дел од екипата на Анфема, колективот кој го организираше фестов, звучеа навистина добро, а и концепциски го осмислија настапот поврзувајќи ги проблемите со кои се соочуваат жените во различните делови од регионот, а сега присутни тука како претставнички/ци на своите анархо-фем сцени од романија, полска, чешка, грција, босна, македонија,  ( и најавените, но не успеаја да дојдат украина/белорусија) со соодветни пораки. Следеше уште еден, ми рекоа (не се разбирам многу во дефинирање на правциве) емо кор женски-центриран бенд Кајла
и Злуради паради, веќе познатиот белградски преведувачки колектив, кој на фем фест ск се појавија со своето дистро, тука не изненадија и со свој бенд, една голема банда, не-знам-каков-кор, кој ја напунија цела сцена со својот провокативен израз и настап. Крај, ко и секој друг, (стрејтерскиот крај помина, али кој го виде) пијани преостали, треба мало пуш супорт, па мало тетеравење испред клуба и кревет.

Сутра

Беше ден на анархо-феминистички иницијативи на Источна Европа. Презентации, дискусии, прашања и одговори. Беше супер да се видат сите тие луѓе кои во ситуации помалку или повеќе слични на нашата, успеваат да го одржат својот бунт, револт, себеси. Love Kills - Романија, Анархофеминистичка иницијатива (можеби попозната како 8ми март) - Чешка, Emancypunx, Sister to Sister, КвирСфера - Полска, групи од Солун и Атина, а беа присутни и голем број на луѓе од различни иницијативи, но и индивидуално од Виена, Грац, Цирих, Финска, од инфошопот во Линц, Ladyfest Виена. Беше импресивно да се чуе како четири девојки од четири различни, со стотици километри оддалечени, градови во Романија успеваат да се најдат и да егзистираат во постојан, не го ни спомнаа егзистенцијалниот фактор, притисок на мејнстрим патријархалната капиталистичка реалност, но уште потажно, на сексизмот, хомофобијата и отфрлањето во анархо и панк сцената, па и од т.н. алтернативната феминистичка сцена. Само напред девојки, не има насекаде!!!

Групата од прага го донесе прашањето на вклучување на децата во анархо заедницата, колективната грижа, одлучувањето во групи со деца, пиењето во заедниците со деца и сл. Нивниот Летен анархо камп за деца (уф, не можам да се сетам на цело име, беше долго) е супер идеја за практицирање на анархо заедништвото, поставување на прашањата што со децата, каде се тие во одлучувањето, разбивање на нуклеусното семејство, преземање индивидуална и колективна одговорност, и веројатно уште куп други проблеми кои се научени и живеени во патријархалната организација. Штета, времето не дозволи да чуеме како иде нивниот само-организиран универзитет, уште еден проект кој успешно се одвива во прага.

Следеше Борбата за право на абортус во полска, една детална, хронолошки проследена презентација на целата борба, ситуација која треба да не потсети /предупреди на опасностите од коалицијата држава-црква, кои нам ни изгледаат историја, но тие се тука, до нас, ако сакате, во една еу. Абортусот е сеуште криминал во полска и се казнува со казни, рамни на оние за убиство.

А не успеав ни да ѕирнам на работилниците Консумерско општество, Барби: Пластичната насмевка како и оние за сито печат и само-одбрана. Слушнав дека Барби вистински се забавувала.

Она што ми привлече внимание беа темите Анарха-феминизмот нема да биде телевизиран и Автономни женски простори.

Првата се однесуваше на користењето на медиумите за што пораспространета информација. Прашањето се разгледуваше од различни пристапи:

  1. сликата на анархо-феминист(к)ите во медиумите
  2. мејнстрим версус алтернативен медиум
  3. како да се пренесе вистинската информација до најголем број на луѓе

Очигледно дека мејнстрим медиумите овозможуваат најраспространета информација, излез од толку критикуваното анархо гето, но корпоративниот медиум е во потрага по спектакл, што значи ќе го пренесе она и онака како што мислат дека најдобро ќе се продаде.Што ако се има доверлива личност во мејнстрим медиум? Што ако се користи анонимно име/различно име? Што ако се испраќаат информации под некои општоприфатени идентитети (железничар...)? Беа поделени различни искуства и предлози на темава, но за жал малку се задржавме на тоа како информацијава да стигне до што повеќе луѓе преку н.с. алтернативни медими.

Вечерта продолжи во веќе историскиот зг сквот Вила Кисељак, една прекрасна куќа со огромно предворје, со потенцијали да здоми многу луѓе, да биде домаќинка на бројни настани. Сите патувачи/ки кои поминале од зг последниве години, а ги има многу, знаат за убавините, за згодите и незгодите на Кисељак. За жал Кисељак се наоѓа пред евикција, а веќе подолго време, поради некои локални непријатни дешавки, ја изгуби својата функција. Како и да е, беше супер да се помине уште една добра журка во сквотот, овојпат ретро. Некако се брзо заврши, а ја и катја бевме токму во оној кулм. моменто Што понатаму? Наеднаш ги снема сите, па се што ни остана е да го отспиеме остатокот од ноќта во сквотот.

Дан задњи

Рано, рано, велам морам да го фатам филмот за XB, па хави не части по едно еспресо у блиското кафе (тој веќе десетина дена во сквотот, па си ги истражил локалните кафиња кај е најјефтиније), собравме некои ситни за трезвениот џус од портокали и на трам. Кога стигнавме во зелена акција беше очигледно дека не само што е рано, ами на никој/а и не и/му се брзаше. само една мешана банда го фаќаше утринскиот залак на влезната врата. XB, XB, документарецот кој говореше за една само-жени заедничка куќа/поранешен сквот во берлин кој со години егзистира и е широко активна и значајна во женското, феминистичко, трансродово, квир, анархо движење во берлин. Во куќата живеат (доаѓаат и си одат) околу 20-тина жени, лезбејки и трансродови луѓе, кој во документарецот трбаше да зборат за тоа како функционира куќата, искуства, активности ... итн.итн.... и да биде вовед во следната дискусија која ја наговестив претходниот ден Автономни женски простори. Но технологијата нема ни да се обиде да рабере колку го чекав филмов, па така тој заврши скоро во истиот момент кога почна и не попушти до крај.

Ок, среќа што дискусијата зависеше единствено од нас (луѓето) па излезе навистина интересна. Во основа се издвоија две/три страни: една која цврсто стоеше на сепаратистичкиот став дека постои потреба од организирање/работење/живеење на само-жени групи/заедници, правејќи дистинкција помеѓу сепаратизмот како самоволно одвојување на група луѓе и сегрегацијата каде членовите/ките дискриминаторски се исклучуваат. Други мислења велеа дека можеби е ок да постојат некој вид на терапевтски само-жени групи, но дека исклучувањето на мажите од другите видови женски/феминистички организации/групи е дискриминација. Потоа постоеа жени кои сметаа дека само-жени групите биле од исклучително важен, но времен карактер во нивниот развој, и мислења кои единствениот пат го гледаат во заедничко организирање, живеење, делување, а дека ваквите сепаратистички групи го расцепкуваат движењето.

Тука некаде беше крајот на анфема фестот. Она што оставив за крај е делот кој посебно ми се допадна, и недостасуваше на фем фестот во ск, а тоа е делот Што понатаму? Во програмата трите дена беа вклучени мали средби на запознавање на групите/индивидуите присутни на фестот и нивните активности, како и споделување на идеи за понатамошно заедничко поврзување и делување. Мислам дека сите бевме воодушевени од оваа можност на меѓусебно запознавање и нетрпеливи за што се може понатаму да понуди оваа ново-организирана борба.

Со полноќниот експрес назад во....

Анфема е анархо-феминистичката акција која беше одговорна за ова задоволство. А Храна, а не оружје за гастерономскиот дел од истото. Фала.

До следната анархо-феминистичка гето средба
Со смрадот против капиталистичкиот поход

своја
Иза-рода