Logo
за терор 13 | архива | контактирај нè | линкови текстови | концерти
Информација

Типови на сквотирање според Ханс Пруит

Ханс  Пруит е професор на Факултетот за друштвените науки во Ротердам, а главно поле на истражување му се урбаните друштвени движења. Инаку, еден од ретките научници во светот, кои од социолошка перспектива се занимава со сквотирањето.

Пруит го дефинира сквотирањето како користење, односно живеење во зграда без сопственик. Тој според многу карактеристики, како што се својствата на актерите (нивните цели и мотиви, класната припадност, фамилијарната ситуација и сл.), видот на градбата која ја заземаат, објаснување кое актерите го користат да би го оправдале сквотирањето, начинот на организирање на сквотерските заедници, барањата кои ги поставуваат друштвата и институциите, начинот на кој се бранат, врските со друштвените движења и политичките организации и сл, развива класификација од 5 основни видови (т.е. конфигурација, како што сам ја нарекува) сквотирање во Европа. Видови сквотирања:

  1. Сквотирање предизвикано од станбен недостаток (deprivation based squatting), кои го прават од потреба, затоа што се загрозени                       (бездомници, подстанари итн.), кои немаат избор;
  2. Сквотирање како алтернативна стратегија (squatting as an alternative housing strategy), поради животот во заедница, комуна и слично, наместо во вообичаената фамилија;
  3. Конзервациско сквотирање (conservational squatting), поради зачувување на историските градби, односно спречување од рушење;
  4. Комерцијално сквотирање (entrepreneurial squatting), за отворање на културни и друштвени центри и други места од јавно значење;
  5. Политичко сквотирање (political squatting), за искажување на политичкиот став за природата на сопственост и друштвата и создавање на автономни простори.

 

Понекогаш се наведува и туристичкото сквотирање, кое било распространето во Амстердам во текот на 1970-те, од страна на туристите кои доаѓале преку лето и привремено ги користеле празните простори без да плаќаат преноќиште.
upad

Сквотирање предизвикано поради немањето станбен простор

 
Ова сквотирање претставува најстар облик на сквотирање. Овој вид на сквотирање одамна е познат под името бесправно вселување. На овој начин на сквотирање се оддават сиромашни луѓе кои се соочени со,, сериозни станбени депривации”, што претставува повеќе од потреба за станбен простор, затоа што станува збор за луѓе кои ,, одвај да имаат некаква друга можност, освен животот во склоништата за бездомници”.[2] Типичен пример за овој вид на сквотирање е фамилијарното сквотерско движење во Велика Британија од крајот на 1960-те. Од другата половина на 1970-те овој вид на сквотирање во Европа е се помалку распространето меѓу домашното становништво, а се повеќе кај емигрантите.

 

 

 

s

 

Сквотирање како станбена алтернатива

Овој вид на сквотирање претставува понова појава и споредено со претходното, вклучува значителен спектар на актери.

 

 

 

3

 

Конзервациско сквотирање

Конзервациско сквотирање најчесто е тактика со кое се посакува да се спречат промените во урбаното опкружување, како што е изградбата на авто-патови или работни простори. Затоа што планираните промени резултираат со испразнување на зградите одредени за рушење, групи кои се противат на промените се служат со сквотирање како средство. Сквотерите кои ги запоседнале овие згради ќе бидат и дополнително заинтересирани да ги спречат планираните промени затоа што ова значи и губење на нивните домови. Во населбите кои се под закана дека промените би предизвикале промена на населбата, често доаѓа до сојузи помеѓу сквотерите и другите станари кои се противат на гентрификацијата и го делат истиот интерес за зачувување на својот крај. Овие сојузи можат да се прошират и околу прашањата за квалитетот на живеење во населбите, јавните услуги итн. Големи бранови на сквотирања во Амстердам, во Берлин започнаа со конзервациското сквотирање.

 

 

 

4

 

Комерцијално сквотирање

 

На овие простори живеењето не е примарна функција, туку би требало да се овозможат разни културни и друштвени содржини отворени за широката јавност. Бројни социјални центри во кои има бесплатна работа, јавна кујна, сквотерски барови, алтернативни бибилиотеки, работилници за поправка на велосипеди, печатници, кино, театар, сметководни центри со слободен софтвер, простор за свирки и проби за бендовите, уметнички галерии, правни советувалишта за емигрантите, женски центри итн. Ова сквотирање нуди можност за простор од јавно значење без големи средства и исцрпувачка борба со бирократијата.

 

 

 

5

Политичко сквотирање

 

Овој вид на сквотирање Пруит го нарекува политички затоа што во него се вклучени радикални политички активисти/ки на кои со сквотирањето им се отвора можност за конфронтација и одмерување на силата со државата. Политичките сквотери/ки често се впуштаат во одбрана на зградата дури и кога за тоа не постојат никакви реални можности;

 

 

 

Пруитовата типологија на сквотирање може да се дополни и со едноставната типологија на сквотери на:

 

 
[2]- Цитирано спрема Ханс Пруит, Squatting in Europe.

[3]- Иако ова обележје недостасува во некои сквотерски групи, како автономците од Германија.

[4]- Спрема концептот за класна борба, друштвото е антагонистички поделено на две класи, богати и сиромашни, меѓу кои постои само борба. Меѓу реформистите е популарниот концепт за социјален дијалог, кој подразбира дијалог меѓу класите.